Британските медиуми јавуваат дека од почетокот на годината до крајот на јуни се затворени повеќе од 250.000 британски компании. – Ова е рекорд – соопшти Волстрит журнал. Над четвртина милион компании во Обединетото Кралство престанаа да тргуваат во првата половина од оваа година – 16 отсто повеќе отколку во првата половина на 2021 година и 40 отсто повеќе отколку во првите шест месеци од предпандемијата 2019 година, објави Канцеларијата за ...

Дваесетина студенти од универзитетот „Hamburg School of Business Administration“ од Германија, кои посетуваат дуални студии, денес го посетија „Брако“. Оваа посета се одвива во рамките на спроведувањето на „Проектот за дуално стручно образование“, кој се реализира со поддршка на Делегацијата на германското стопанство во нашата земја (AHK Nordmazedonien) и Министерството за образование и наука, а „Брако“ е една од компаниите кои земаа активно ...

Од 1 јануари 2023 година Македонија ќе биде прва земја во регионот, можеби и пошироко која што ќе воспостави дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција за поддршка на инвестиции, односно за давање информации за инвестиции во нашата земја. -Ќе бидеме првата земја во регионот и пошироко која ќе воведе дигитален асистент за поддршка на инвестиции, наместо да добивате 20 различни луѓе кои ќе ви дадат 20 различни информации, ќе го имате ...

Компаниите чекаат поддршка од Владата и исполнување на нивните барања за надминување на последиците од енергетската криза. Доколку продолжи енергетската криза и стопанството не ја добие потребната помош, ќе следи намалување на бројот на вработени од 30 до 50 проценти, предупредуваат од Кризниот штаб при Стопанската комора на Северна Македонија. Потпретседателката на Стопанската комора Јелисавета Георгиевска-Јовеска на денешната прес-конференција ...

Во Штип од денеска до 8 октомври, во организација на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип, се одржува годинашната „Текстилијада – 6“, под мотото „Плата за живот – СЕГА И ВЕДНАШ!“. Ангел Димитров од организацијата на работодавачи истакна дека во текстилната индустрија секоја година почнува да опаѓа бројот на вработени. -Ваквата текстилна индустрија како што ја знаеме досега, во иднина нема да постои затоа што не ...

Дигиталната писменост, односно дигиталните вештини некогаш значеле основно познавање на компјутери – испраќање на електронска пошта или куцање во програми како Word. Сега тоа значи работење прилагодувајќи се и стратешки на сите алатки, уреди и платформи. Тоа е вештина која во голема мера се бара од работниците – луѓе кои би можеле да користат одреден софтвер на работа и мораат точно да знаат како да го користат. Сега дигиталната писменост значи ...

Правото на одмор кај работниците претставено преку уметничкото дело „Работничка клупа“. Со мотивот „И работниците заслужуваат пауза“, „Гласен Текстилец“ во рамки на овогодинешната Текстилијада го откри уметничкото дело во паркот К’ртеке во склоп на споменикот на „Магичниот конец“. Според уметничкиот директор, Денис Апмев, целината на овие дела оддава почит на работниците, а истовремено дава и придонес во однос на борбата за работничките права. ...

Првиот практичен ИТ-факултет во земјава, Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College), вчера ги отвори вратите за својата прва генерација студенти што ќе учат Софтверско инженерство и иновации по најсовремени студиски програми и од искусни професионалци. На Светскиот ден на учителите, започнува нова образовна приказна, која на многу млади што сакаат да учат во една од најперспективните области – информатичките технологии, им овозможи ...

Цените на недвижностите во третиот квартал годинава во државава се зголемиле за 21,2 отсто, во однос на истиот квартал од минатата година. Во периодот јули-септември годинава, споредено со претходните три месеци, растот на цените на недвижностите е за 4,7 отсто, покажуваат податоците на Народната банка. Во вториот квартал годинава цените на становите забележаа зголемување од 16,5 отсто на годишно, односно од 6,8 проценти на квартало ниво, додека ...

Подготвил: Бобан Илијевски Балансот помеѓу работата и приватниот живот станува се поголем предизвик во денешното работното опкружување. Како да се одвои работниот од приватниот живот? За да бидете успешени во кариерата, многу е важно да бидете усогласени и со своите приватни обврски, бидејќи со текот на времето работата ќе започне да трпи поради се, советуваат експертите. Постојат начини како да бидете успешни во работата, а вашиот приватен ...

Гас маски, панцири и плочи ИМАТ СНЕМАНО од “задоволната” Полиција! Синдикат на полиција во Македонија во интерес на полициските службеници, реши да истражува малку на “Google” и социјалните мрежи, а воедно направи споредба од фактичката состојба на терен ,односно да го објасни упатството за користење на комплетот со “Гас маска МC-1”, како и самата гас маска со филтри и останати додатоци за лична заштита (кои во комплетите се почесто ги нема) а ...

Минатата година вкупниот приход на сите небанкарски финансиски друштва што се занимаваат со кредити, а ги има 31, бил 46,8 милиони евра, а нивната вкупна нето- добивка изнесувала 10,5 милиони евра. Тоа се пари заработени од камати и разни административни трошоци за позајмените пари, но има пари и од реализирани други услуги, затоа што според Регистарот на финансиските друштва, дел од нив имаат и други финансиски активности покрај одобрувањето ...

Најави и консултации за мерки и помош во справувањето со последиците од енергетската криза и потребната набавка на енергенси, го одбележаа и вчерашниот ден. Заклучокот од вчерашната седница на владиниот Економски совет е дека енергетската состојба е стабилна, a наредната недела Владата ќе излезе со мерки за најранливите категории граѓани и компаниите. Испратен е и апел за одговорно однесување кон енергенсите. На Економскиот совет коморите и ...

Враќање на 13 пензија, реални зголемувања на пензиите, намалување на даноците на основните производи, се дел од барањата на грчките пензионери кои денеска излегоа на протест во цнтарот на Атина, јави дописничката на МИА. Од пред грчкиот Парламент, пензионерите се упатија кон премиерската палата каде што нивни претставници предвидено беше да се сретнат со претставници на Владата. Пензионерите со кои поразговара дописничката на МИА од Атина, велат ...

Бобан Илијевски Според проценките на Finiance Think, сивата или неформалната економија во 2020 година изнесувала 23,2 % во вкупната економија, што значи дека таа „јаде“ четвртина од бруто домашниот. За политиките и мерките кои државата ги презема за да се справи со неа и какви мерки се потребни за да се намали истата разговаравме со извршната директорка на Finince Think, Благица Петрески. Работник: Колку изнесува неформалната економија во ...

„Денешниот ден е празник на наставниците и светот им оддава почит првенствено за тоа што донеле одлука да се занимаваат со најблагородната меѓу сите дејности, и да им помагаат на индивидуите во развојот и во остварувањето на личниот интелектуален потенцијал, а со тоа да овозможуваат светот не само нормално да функционира, туку да напредува и да се модернизира. Драги наставници, вие сте најважната алка во едукацијата на децата, затоа што ...

Брзото вработување изгледа како тешка задача, особено ако се има предвид дека времето за вработување може да потрае. Долгите процеси на вработување може да остават многу баратели на работа помалку оптимисти кога бараат нова кариера. Ако сакате да направите чекор наскоро, може да се запрашате дали има нешто што можете да направите за да го забрзате долгиот процес. Од надградување на вашата биографија до следење на интервјуто, овие стратегии ќе ви ...

Пари открива: Кои се тие што не се снајдоа? Додека некои од нивните колеги прават годишни профити од над 100.000 евра, или повеќе десетици илјади евра, четворица извршители минатата година ја завршиле во минус. Станува збор за Александра Заринска-Дуровска, Роза Родиќ, Горан Манојлов и Игор Антевски. Комората на извршители веќе крена тревога дека има извршители, особено во малите места, на кои не им се исплати да ја работат оваа работа. Но, каква ...

Од утре започнува шестата по ред текстилијада во Штип. Во наредните три дена, експерти од државата, но и од светско ниво, работодавачи, синдикаи и слично ќе дискутираат и ќе понудат знаење и можности како работниците да ја надминат кризата во државата почнувајќи од 2020 година до денес. “Она што сакам да го најавм е дека во текот на утрешниот ден активностите ќе бидат во Мултимедијалниот центар Киро Глигоров. Ќе почнеме со дебатат Иглата ја ...

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски упати честитка до просветните работници за Светскиот ден на учителите. На сите наставници од основните училишта во Кисела Вода им додели признание за нивната заложба во наставниот процес и за нивната благородна и посветена работа. Тој рече дека одбележувањето на денот, значи почит за нивниот ангажман. Ја нагласи и улогата на локалната самоуправа во како што кажа, креирањето на современи и ...

Енергетиката и инфраструктурата, поддршката на инвеститорите во слободните економски зони, пазарот на труд, како и царинските и даночните прашања, беа теми на тркалезната маса што ја организира Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија заедно со Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Советот на странски инвеститори и Американската стопанска комора АмЧам. Тркалезната маса на која ...

Се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,99% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија од 03.10.2022 година. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит и изнесува 94,50 ...

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Амбасадорот на Австрија, Д-р Георг Вуцас и претставници на текстилната компанија „Текспорт“. На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочува текстилната индустрија во насока на исполнување на предвидениот план за работа, потребата од прекувремена работа поради недостатокот на работници кои се квалификувани и заинтересирани да се вклучат во ...

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска гостуваше во Телевизија 24, каде зборуваше на неколку теми кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика. „Пензионерите ги добија септемвриските пензии, зголемени за 6.8% и согласно новата методологија, усогласување на пензиите ќе има два пати во годината, септември и март. Целта на ваквото решение е воспоставување на систем за постојан раст на пензиите. ...

Состојбата во која се наоѓаат бизнисите е исклучително предизвикувачка и неопходно е итно и неодложно да се обезбедат соодветни, таргетирани и реални мерки за поддршка, истакнува Сојузот на стопански комори на Македонија. Енергетската криза задава тежок удар на стопанството, a ценовниот притисок што го предизвикуваат рекордните вредности на електричната струја на берзите веќе почна да предизвикува затворање на одредени производни капацитети. ...

Владата за денеска во 12 часот ја закажа седницата на Економскиот совет. Една од темите се очекува да бидат дополнителните антикризни мерки со кои би се ублажил ценовниот удар. Како што рече премиерот Димитар Ковачевски во понеделникот, замрзнувањето на маржите функционира, но инпутите, енергенсите и суровините што ги добиваат производителите на основните прехранбени производи, ги влечат цените нагоре. -Сите сме свесни за растечките цени на ...

Подготвил: Бобан Илијевски Уморни сте од чувството кое ви вели дека работите многу напорно за мала плата, но сепак не сакате во потполност да се откажете? Можеби решението е да се обидете „тивко да се откажете“. Сигурно се прашувате што значи тоа? Ако до вас не стигнало виралното видео од Тикток во кое еден корисник на таа мрежа зборува за ова, еве за што станува збор. Накратко, тоа значи да се откажете од идејата, на работа да ги преминувате ...

Родителскиот совет на Косово повика на враќање на нормалноста и подобрување на квалитетот во образованието, како и забрана со закон на штрајковите во основните училишта, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на Родителскиот совет се вели дека тој никогаш нема да го поддржи штрајкот организиран од Обединетиот синдикат на образованието, науката и културата (СБАШК), ниту пак, како што се наведува, „неразумното раководство на ...

Стопанската комора до денеска, за кога е закажана седница на Економскиот совет, и даде рок на Владата да донесе конкретни мерки за помош на компаниите или во спротивно тие ќе почнат да ги затвораат капацитетите. Стопанската комора предупредува дека сметките за струја зголемени и за 6 пати го доведоа стопанството во многу тешка состојба. Процесот на отпуштање работници, намалување на производството и затворање на капацитетите е веќе почнат, но ...

Би било одлично кога сите компании, без разлика на нивната големина, би имале утврдена систематизација на работните места, вели адвокатот Александар Димитријевиќ. Според него, на тој начин може многу лесно да им се олесни на работодавачите, бидејќи ќе знаат кој работник какви работни задачи има. Истото важи и за работникот, кој ќе има и увид во тоа колку изнесува платата на работното место на кое работи. Додаде дека синдикатот, а со тоа и ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.59
46%
1012
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
64%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
56%
1014
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
40%
1012
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.74
53%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
73%
1016
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
6.69
36%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
46%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
50%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
3.6
47%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
1.34
45%
1013
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
63%
1013
Currency

61.535

Currency

53.9688

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57