
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Вчера во Битола во организација на Центарот за климатски промени, се одржа завршната конференција на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничниот регион“ финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка (Македонија – Грција) и Министерството за локална самоуправа. Освен Центарот за климатски промени и Министерството за животна средина и просторно планирање, партнери во проектот ...
Познатата британска компанија Heatherwick Studio неодамна ја заврши работата на импресивниот кинетички стакленик. Наречен Glasshouse, проектот личи на голем дијамант кога е затворен, а се отвора во привлечен облик на круна. Glasshouse е создаден за National Trust, добротворна организација посветена на зачувување на наследството во Англија, Велс и Северна Ирска, а се наоѓа на работ на Woolbeding Gardens во Западен Сасекс во Англија. Неговиот ...
При дејство на хоризонтални сеизмички сили геометријата на лушпите има клучна улога во нивното однесување, пред сè поради нивната лесна маса и големата геометриска крутост. И покрај тоа сеизмичкото оптоварување ретко се зема предвид при првичното одредување на формата на лушпите, иакo би можело значајно да ја подобри материјалната ефикасност и сеизмичките перформанси. Денес се развиени методологии кои генерираат форми за лушпи проектирани да ја ...
Чазма крај Бјеловар е првиот град во Хрватска кој изгради јавен биолошки базен, а овој вторник ја отвори својата премиерна пливачка сезона. Биобазените се веќе широко распространети во многу земји во светот, бидејќи за нивно чистење не се користат хемикалии како хлорот, туку водата се прочистува со помош на растенија и микроорганизми на еколошки начин. Првиот јавен биолошки базен во Хрватска се простира на површина од 1.500 метри квадратни, а ...
Хортензиите со прекрасни цветови во различни бои и нијанси ги разубавуваат градините во текот на летото се до есента. Дури и кога не цветаат, нивните големи темнозелени листови се интересна декорација, особено во комбинација со цвеќињата во градината. Хортензиите по потекло се од јужна и источна Азија. Името на растението Hydrangea sp. доаѓа од грчкиот збор хидро, што значи воден. Името го добила по млада Французинка која во 1768 година, ...
Доколку сакате нешто повеќе од вообичаените слушалки, Huawei има решение. Брендот ги создаде слушалките „FreeBuds“ кои доаѓаат во Bluetooth футрола што наликува на вистински кармин. Концептуализирани и креирани од парискиот центар за истражување на естетиката на HUAWEI, „FreeBuds Lipstick“ се фокусирани на луксузна дизајнерска естетика и инспирирани од врвна козметика. Производот е тестиран на повеќе од 10.000 модели на човечки уши за да се ...
Интерконекторот односно далеководот (Cirkovce – Pince) кој ги поврзува Унгарија и Словенија е веќе во функција. Станува збор за последната фаза од унгарско – хрватско – словенечкиот проект за поврзување на 400 kV преносна електроенергетска мрежа, чија реализација започна во средината на деведесетите години од минатиот век. Интерконекцијата Унгарија - Хрватска е одамна изградена, а новиот интерконектор се надоврзува на дел од оваа ...
Според официјалното соопштение на германскиот концерн, потпишано е партнерство 50:50 со цел соработка во развојот, изградбата и експлоатацијата на ветерни фарми покрај грчкиот брег. Партнерството добива и дополнително значење во светло на моменталната цел на Грција за 2 GW оперативни ветерни офшор капацитети до 2030 година. RWE веќе има партнерство со гршката јавна компанија Public Power Corp. (PPC или DEI) за 2 GW во соларни електрани. ...
Пратениците на Европскиот парламент вчера со мнозинство гласови одлучија нуклеарната енергија и природниот гас да ги означат како „зелена“ енергија, што, како што известува Вашингтон пост, е внимателно следена одлука која може да ја обликува климатската политика во наредните години. Во прашање е климатската рамка позната како „ЕУ таксономија“, која има за цел да ги насочи инвестициите кон проекти кои се во согласност со целта на 27-члениот блок ...
Спомен костурницата во Велес е изградена во знак на сеќавање на партизаните кои се бореле за слободата на Велес и Македонија за време на НОБ од 1941 до 1945 година против фашистичките германски и бугарски сили. Покрај тоа, овој споменик служи како почивалиште (во форма на подземна крипта) на посмртните останки на околу сто паднати партизански војници од велешко. На 6 април 1941 година, градот Велес бил подложен на бомбардирање од страна на ...
Утре, 8 јули (петок), во 20 часот во Чифте амам ќе се отвори мултимедијален изложбен проект на ликовниот уметник Иванчо Талевски со наслов „Пресек: Дама со девет kамења“.Изложба ќе може да се доживее до 30 јули 2022 г. Пресек: Дама со девет камења е мултимедијален изложбен проект на ликовниот уметник Иванчо Талевски, кој преку цртеж, графички техники, проекции и звук, го елаборира и комплицира поимањето на минатото како материјал со цел да ...
Германската влада ќе може да купи удели во енергетските компании кои се во тешка состојба, согласно неодмана подготвениот нацрт закон. „Мораме да се подготвиме за фактот дека ситуацијата нема да се смени во блиска иднина, односно со други зборови – стоиме пред историски предизвик“, им рекол канцеларот Шолц на новинарите после состанокот со челниците на синдикатите и здруженијата на работодавачи, а со цел да разговараат за кризата и трошоците на ...
Еден убав пример доаѓа од соседството. Имено, Крагујевац е првиот град во Србија кој забрани изградба на објекти без садење на дрвја. Ова е едногласна одлука на сите членови на Советот на градот, со која намерата е да се подобри квалитетот на живот. Попрецизно, за секој новоизграден објект со површина до 1.000 метри квадратни, инвеститорите треба да посадат 10 нови стебла во градот. За површина над 1.000 метри квадратни, треба да се посади уште ...
Basilica di Santa Croce се наоѓа на истоимениот плоштад во Фиренца. Станува збор за една од најголемите цркви од овој вид во светот. а во нејзиниот комплекс спаѓаат и 16 капели декорирани со фрески и гробници. Црквата е оригинално изградена во неугледен (или помалку угледен) дел на градот во крајот на 13-тиот век, а во 19-тиот станала јавно добро после темелна реконструкција. После уште една „рунда“ на реконструкции во 2017 година, оваа базилика ...
Дизајнот и функционалноста на јавните простори секогаш треба да бидат под лупа, без разлика дали се работи за пристапноста до градските паркови и зелените површини, оддалеченоста на која живеат луѓето од јавниот превоз или начините на кои просторите можат да бидат проектирани за да бидат побезбедни и достапни за секого. Исто така, клупите или другите форми на мобилијар предвиден за седење се мал елемент од нашиот секојдневен урбан живот, но тие ...
Шиндра распоредена во различни модели на надворешните ѕидови на куќа за повеќе генерации во предградието Кју во Мелбурн. На секој блок на куќата позната како Charles House, шиндрата му дава сопствен идентитет, помагајќи да се фрагментира површина од 350 квадратни метари. Архитектите од бирото Austin Maynard Architects сакале куќата да се разликува од останатите новоизградени во соседството, а ја одбрале шиндрата за да се вратат на историските ...
Во Романија ќе се гради најголемиот солерен парк во земјата со инсталирана моќност од 1.000 MW, а неодамна проектот доби и одобрение за приклучување на мрежа. Соларниот парк ќе се наоѓа во градот Арад недалеку од границата со Унгарија, а во него ќе бидат вложени околу 700 милиони евра. Изградбата е планирано да заврши во 2024 година. Проектот се опишува како најзначаен зелен проект во историјата на земјата, кој ќе отвори повеќе од 1.000 работни ...
„Секој десетти случај на заболување од рак во Европа, може да се припише на надворешни фактори од кои доминира загддувањето“, се вели во извештајот на Европската агенција з аживотна средина (EEA). „Изложеноста на загадувањето на воздухот, канцерогени хемикалии, радон, УВ зрачењето и пасивното пушење, заедно можат да предизвикаат повеќе од 10% од случаите на рак во Европа“, заклучува извештајот. Овие ризици можат да се намалат со борба против ...
На 125тата годишнина, Kömmerling се позиционира кон иднината со преуредување на својот бренд. Одржливоста е во срцето на новото позиционирање и на филозофијата на брендот. За Kömmerling, ова не се само еуфонични декларации на намери, туку се работи за преземање акција денес и донесување правилни одлуки за утре. Ова станува видливо за надворешниот свет со целосно новиот имиџ на брендот во нов дизајн, со ново лого и слоган. ОДРЖЛИВ ЦИКЛУС Д-р ...
Откако минатиот месец склучија спогодба за задолжително складиштење на природен гас, Летонија, Австрија и Словачка во моментот имаат најголеми залихи на гас во следната зима во споредба со годишната потрошувачка. Словачка веќе ги наполни своите складишта до 36% од годишната потрошувачка. Исто така постои и складиште во Чешка кое е поврзано со Словачката преносна мрежа. Со овие складишта, Словачка покрива повеќе од половина од потрошувачката и би ...
Повод за ваквиот наслов и пишување ваков текст е неодамнешниот пожар на тетовската фабрика „Пофикс“, сместена во пространите објекти на поранешна „Македонија Табак“. Нам тетовчани веќе ни стана нормално по лошо да го гледаме нашиот град на националните телевизии. До толку лошите вести од градот ни станаа нормални, та веќе не се ни растревожуваме онолку колку што природнo би се растревожиле жители на еден град гледајќи што сѐ се случува во него. ...
По неколку одложувања поради пандемијата во изминатите две години, во периодот од 23 до 25 јуни 2022 год. во хотелот Метропол во Охрид конечно се реализираше Петтиот симпозиум на Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ). Од самиот почеток на неговото иницијално планирање (веќе во 2019 год.), тој беше поддржан од Меѓународното друштво за механика на карпи и инженерство во карпи (ISRM), па зеде форма на Специјализирана конференција на ISRM, ...
Првите седум контејнери со чист HCH, секој од нив тежок по 22-26 тони, вчера попладне излегоа од Охис и тргнаа на пат кон Солунското пристаниште од каде ќе заминат за Франција. Со ова започна транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од пораншниот индустриски гигант Охис. Од канцеларија за комуникација на Министерство за животна средина и просторно планирање соопштуваат: „Како што беше посветено посебно внимание на безбедноста ...
Ви ги претставуваме најмалите кујни на светот, кои се радикално различни од оние што ги познаваме и се одговор на пазарот на недвижности и новите трендови на домување. Кујните, премиерно лансирани на саемот на мебел во Милано 2022, се одлично дизајнирани и штедат простор и пари. Во модерното живеење на новите генерации, кујната престанува да биде место за семејни собири, целодневна подготовка на храна и хедонистички ритуали. Центарот на ...
Мартин Фишер е професор по зоологија, а Барбара Хапе е културолог. Во брак се од 1987 година и живеат и работат во Јена, Германија. Како големи љубители на архитектура и уметност во 1994 година купиле куќа која ја проектирал Валтер Гропиус. Од шесте семејни куќи што Гропиус ги изградил во Германија тие се исклучително горди што поседуваат една, Auerbach House во близна на универзитетот во градот. Куќата е изградена во 1924 година, го ...
Voltalia го одбележи почетокот на изведбените работи на соларната електрана „Караваста“, во близина на истоимениот залив и мочуришно подрачје во западниот дел на Албанија. Компанијата со седиште во Франција, го доби овој проект на аукција пред две години. Соларниот парк ќе се ссотои од 240.000 двострани или бифацијални панели. Таа технологија е ефикасна бидејќи овозможува дополнително производство од светлината која се рефлектира од површината ...
Компанијата Renault опреми посебна фабрика која се занимава исклучиво со „средување“ на половни автомобили. Интересно е дека Toyota исто така најави дека ќе започне да се фокуира во оваа област. Францускиот производител на автомобили ја стартуваше својата програма пред една и пол година во Флинс, во северна Франција. Сега Refactory, како што е името на оваа фабрика, и натаму е мал дел од постоечките производни погони во Флинс, но се очекува овој ...
Академско истражување за астронаутите утврди сериозно влијание на вселенските мисии врз скелетот на човекот, па тоа предизвика загриженост во врска со планираните мисии на Марс и на Месечината. Имено, утврдено е дека подолгите вселенски мисии доведуваат до зголемен губиток на коскена маса и намалување на веројатноста за опоравување. До загуба на коскената маса доаѓа поради недостаток на гравитација во вселената, каде коските обично се без некој ...
Во Берлин во тек е изградбата на огромен акумулатор на топлинска енергија, во вид на масивна челична кула висока 45 метри и со волумен од 56 милиони литри топла вода. Сместена во една од една од производните погони на енергетската компанија Vattenfall, оваа постројка ќе биде најголема од ваков вид во Европа, кога ќе биде завршена на крајот од годинава. Се очекува значително да помогне во затоплувањето на домаќинствата во Берлин во претстојната ...
Во рамнината на белгиската прокраина Лимбург (што не е исто што и холандската провинција Лимбург), недалеку од градот Борглон, се наоѓа необична црква. Всушност, во класична и строга смисла, тоа и не е црква, бидејќи никогаш не е осветена, односно воопшто нема никаква врска со црковните власти. Што ја прави интересна? Едноставно е, тоа е инсталација. И се вика „Reading Between the Lines“. Тоа е проѕирна црква на белгиското архитектонско дуо ...