
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Сообраќајот нагло се менува во одржлива насока. Воздушниот сообраќај има важна улога во напорите на Европската унија до 2050 година да стане првиот климатски неутрален континент, со развој на летала на електричен погон и на водород. За да влезат во комерцијална употреба, треба да се воведат големи промени во екосистемот на таа индустрија. Смислата на Сојузот за авијација со нула емисии е да го охрабри и збарза воведувањето на зелени летала, ...
Пешачкиот мост Јуанданг претставува совршен спој на провинцијата Џангсу и Шангај. Долг е 586 метри и е совршен пример за добро проектирана и обмислена хибридна структура која вклучува пејзаж, инфраструктура и архитектура. Фигурата на мостот наликува на лента и одекнува на бранувањата на водата на езерото Јуанданг долу. Дрвјата и грмушките се вградени во мостот, давајќи изглед на пловечка градина што ги поврзува двата брега. Шест метри широката ...
Во најновиот извештај на Global Wind Energy Council (GWEC), под името Global Offshore Wind Report 2022, се истакнува дека државите ширум светот поставуваат се поамбициозни цели по прашањето на ветерните електрани на вода (офшор), и дека тоа би можело да означува „нова ера на драматичен раст“, која ќе резултира во нови годишни рекорди почнувајќи од 2025 година. GWEC поради овие амбициозни цели ја подигнал својата проекција за 2030 година за ...
На дизајнот навистина му беше потребен грандиозен come back! Милано овој јуни тоа го покажа, навистина, после целата двегодишна фарса, Salone Del Mobile повторно ја покажа својата величественост во полн сјај! Откажувањето на 59-тата едиција во 2020 на најголемиот дизајн-настан во светот отвори плејада сериозни прашања за иднината на ова случување. Проткаено со несигурност и страв, пандемијата го затвори настанот и создаде голем немир и промени ...
Ark of Bukhara (Ark Citadel) е монументална тврдина во северозападниот дел на Buharа – главниот град на истоимената покраина во Узбекистан, која привлекува голем број на туристи. Оваа земјена градба во облик на неправилен правоаголник е изградена уште во 5-тиот век како воена тврдина и резиденција на локалните владетели, но и учители и уметници. Легендата вели дека е изградена од страна на народниот јунак Siyavush за својата сакана, и дека го ...
Иднината дефинитивно носи некои нови стандарди, па така е осмислен и хотелот кој лета и кој благодарение на нуклеарната енергија ќе може да лета неколку години, а никогаш да не ја допре земјата. Според амбициозниот дизајн на лебдечкиот „хотел на иднината“ под името „Sky Cruise“ – леталото би можело да прими 5.000 гости. Во описот, дизајнерите наведуваат дека крстосувачот би бил напојуван од нуклеарна енергија, контролиран од систем на вештачка ...
Од мало биро основано од двајца и промет од 30.000 евра, до тим од 300 луѓе во осум канцеларии низ Европа и промет од над 20 милиони евра. Запознајте го Бранко Зрниќ. ATI Project е меѓународна компанија со седиште во Италија, специјализирана за интегриран дизајн во областа на архитектурата и инженерингот, посветена на развој на одржливи згради со намалено влијание врз животната средина. Просечната возраст на вработените во ATI Project е 32 ...
Во Општина Аеродром во тек е ревизија на договорите на сопствениците на возила со Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје. Поради лошото урбанистичко планирање, следено со профитерските интереси на градежните компании, сопствениците на локации и општинарите, се врши ревизија на договорите за паркирање со станарите во старите згради, каде паркинзите се предвидени соодветно урбанизмот (кога се работел професионално) направен за истите. Но, ...
Апликацијата во сопственост на Мета Инстаграм, тестира три системи за верификација на возраста. Првиот вклучува видео селфи со софтвер за анализа на лице кој може да ја одреди возраста на корисникот, вториот начин е да се испрати лична карта на мрежата за да се потврди возраста и на крајот, корисниците можат да замолат тројца возрасни корисници, кои веќе имаат потврдено профили, да гарантираат за нив. Британската компанија „Yoti“ ќе биде ...
Иако автопилотот е корисна работа за олеснување на долгите патувања, сепак тој сеуште бара надгледување од возачот, па автомобилот не е автономен во вистинската смисла. Меѓутоа, тоа не ги спречува сопствениците на ваквите автомобили да се оглушат од упатството за употреба и да му дадат преголема доверба на автопилотот. Имено, според податоците на Националната администрација за безбедност во сообраќајот, минататa година автомобилите на Tesla на ...
Louis Vuitton летово отвори ресторан во гламурозниот град на Француската ривиера познат по својата џет – сет клиентела, врвни клубови на плажа и бурниот ноќен живот. Модната куќа отвори кафуле на врвот на својата продавница во Осака, Јапонија во јануари 2020 година, ова е нејзиниот прв самостоен ресторан во светот. Поставката е очекувано гламурозна. Louis Vuitton ја презема терасата на White Hotel 1921, кој е сместен на Place de Lices, срцето ...
Локалното биро Kapsimalis Architects го потпишува проектот за Monolithus, куќа за одмор на грчкиот острв Санторини, која е проектирана како распоред на геометриски форми обложени со цемент во земјана боја. Сместена во близина на живописното село Финикиа, проектот на домот се темели на концепт на големо парче вулканска карпа која е еродирана со векови како би се отвориле простори. Ова резултирало со „монолит создаден од човекот“, бетонски блок ...
На островот Закинтос, во увалата Navagio е сместена една од најубавите плажи на Грција, но и на светот. Станува збор за песочната плажа Navagio, која ја красат спектакуларни бели брегови и кристално синото Јонско море. Специфичната локација на северозападниот дел на островот ја крие плажата од љубопитните погледи, што придонесува за нејзината популарност. Покрај тоа, до неа може да се стигне само со брод, што и дава доза на мистерија и ...
Vitruvian Figure е името на макетата на американскиот уметник Paul Pfeiffer, создадена уште во 2018 година. Станува збор за стадион кој со својата конструкција би обезбедил прием на еден милион гледачи. Изводливо или не? Иако вториот понуден одговор е соема извесно дека е точен, сепак мора да се признае дека концептот е интересен, а полека станува и вирален. Разни светски спортски портали пишуваат за оваа импресивна идеја. Pfeiffer е уметник кој ...
Со историски најниско производство на електрична енергија од државните електрани и изгубени години без изградба на нови енергетски капацитети, ја дочекавме енергетската криза и рекордните вредности на цените на електрична енергија на берзите. Огромни средства одлеани за увоз поради недоволно домашно производство, за потоа истата да се продава за потребите на домаќинствата по неколкукратно пониски цени за да се одржи социјалниот мир. Но, во исто ...
La Nave е повеќенаменски павилјон во Росарио, Аргентина, лоциран на имот со повеќе од седум хектари површина што му припаѓа на RJG Group, компанија поврзана со градежни работи, архитектура и развој на земјоделие, во градот Перез. Архитектот Pablo Gagliardo проектирал компактен објект сместен во срцето на мала шума околу езеро, барајќи минимална интервенција на местото. Огледален волумен излегува од вегетацијата за да се вклопи во дрвјата. ...
Шведската компанија H&M и хонгконгшкиот Истражувачки институт за текстил и облека (HKRITA), развиле нова техника со помош на која памучните ткаенини ги зафаќаат стакленичките гасови од воздухот, а со цел модната индустрија да го намали своето влијание врз климата. Пилот проектот го спроведуваат вработените од еден ресторан во Стокхолм, кои носат нови памучни престилки кои го зафаќаат јаглерод диоксидот од воздухот. Текстилната индустрија ...
Повеќе од 110 дена нема дожд на северот на Италија, а овогодинешните снежни врнежи се многу намалени. Недостигот на вода во централното подрачје на Торино доведе до ситуација реката По речиси целосно да пресуши. Недостигот од вода не го ублажија ниту слабите пролетни дождови. По константен период на суша, реката По и нејзиниот слив сега имаат проток на вода половина помал од нормалниот. Сушата не е невообичаена појава, но зачестеноста со која ...
Денес од 12 до 13:30 часот ќе се одржи организирана онлајн панел дискусија на тема „Корупцијата во урбанизмот и градежништвото“. Дискусијата ја организира Коалиција „Сите за правично судење“ во рамките на Годишната програма за работа за 2022 година, финансирана од страна на Европската комисија преку Делегацијата на Европската Унија. На настанот како панелисти ќе учествуваат: – Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за ...
На самиот почеток на развојот на проектот, клиентите им рекле на архитектите од јапонско-виетнамската компанија 07BEACH дека новиот ресторан за нудли во Окинава ќе се вика Kaishin No Ichigeki и им дале слобода да го проектираат ентериерот според тоа име. Имено, името на овој ресторан е карактеристична фраза од познатата стара RPG (role-playing game), која многумина ги потсетува на носталгични видео игри, кои се исцртани со точки, ниска ...
Архитект Милета Бојовиќ е роден 1941 година во Зминица, Жабљак, Црна Гора. Гимназија завршил во Никшиќ, а Архитектонски факултет во Белград (1966). Работно престојувал на постдипломски студии во Франција: во Нанси, кај архитектот Жан Марконе (1964–1965); во Париз, во студиото на професорот по архитектура Жан Фожерон (1966–1969) и на Институтот за урбанизам (1967–1969). На Факултетот за литература и општествени науки на Универзитетот Париз X во ...
Со објектот Kö-Bogen II, поставен е рекордот за најголема зелена фасада во Европа. Но, ова зеленило не само што е исклучително од естетски аспект, туку сериозно придонесува и за поповолна околна урбана клима. Всушност, на овој начин се решава се поприсутниот проблем на бетонските џунгли – урбаните топлински острови. Објектот е дело на Ingenhoven architects и е наменет за деловни и комерцијални цели. Зелената фасада е завршена во 2020 година и ...
Врз основа на Решението на Министерството за внатрешни работи на Народна Република Македонија број 12279/52 од 26.6.1952 година било одобрено основањето и работата на Друштвото на архитектите на Народна Република Македонија (НРМ) со седиште во Скопје и право на дејност на територијата на НРМ, кое сега на 26.6.2022 година како Асоцијација на архитектите на Македонија (ААМ) го одбележува својот 70-годишен јубилеј. ДРУШТВОТО НА АРХИТЕКТИТЕ БИЛО ...
Она што требаше да биде најголемиот крузер на светот според бројот на патници, сега е на пат кон отпад, пред да добие можност да плови по морињата. Со капацитет од 9.000 патници и 20 палуби, „Глобам дрим 2“ беше проектиран со отворен аква парк и огромно кино, но никогаш не го напушти бродоградилиштето. Неговата изградба ја изведе германско-хонгконгшката компанија „МВ Верфтен“ и беше речиси завршена пред компанијата да прогласи банкрот на ...
Романскиот производител објави фотографии од сите модели од својот асортиман со нов логотип. Dacia претходно објави дека нејзините модели наскоро ќе се продаваат со нов визуелен идентитет, кој вклучува изменети амблем и лого, а сега и прикажа како изгледа тој нов визуелен идентитет. Нова значка напред и логотип позади, како и во внатрешноста, на воланот од автомобилот добиваат Sandero, Logan, Sandero Stepway, Duster, електричниот Spring и ...
Една од најубавите атракции на Рим, позната ни е од култниот филм „Празник во Рим“ со Одри Хепберн. Хепберн во филмот јаде сладолед на т.н “Шпански скали“, кои благодарение на овие сцени стекнаа уште поголема светска слава. Станува збор за 135-те скалила кои го поврзуваат Шпанскиот плоштад со споменатата црква, кои се изградени во првата половина на 18-тиот век во барок стил. Името „шпански“ го добиле бидејќи се изградени со цел да ги ...
Аргентинското архитектонско биро Estudio Fernandez Renati проектирало приватна куќа со тенки и заоблени настрешници во шума во Ituzaingóu, Аргентина. Наречена Rita House, куќата од 692 квадратни метри е сместена во бујна шума и обликувана според постоечките карактеристики на топографијата. Куќата е реализирана како дел од втората од серијата органски куќи, како што се Chloé, Borja и Filippa. Бирото ги следело истите принципи во сите куќи, ...
Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ на 26.6.2022 прослави значаен јубилеј, 70 години од своето постоење. Имено, со решение на Министерството за внатрешни работи на НР Македонија се одобрува основање и работа на Друштво на архитекти на Народна Република Македонија (ДАМ) со седиште во град Скопје, а со право на дејност на подрачјето на Народна Република Македонија. Формирањето на нашето здружение се случило само после седум години по ...
Постојат места за кои се вели дека изгледаат како од разгледница, затоа што се нестварни, величествени, едноставно совршени. Едно од таквите места е Алјаска, држава која се наоѓа на крајниот север на Америка, а која претставува мелем за очите, но и за душата. Најголемата американска држава се смета за еден од главните туристички центри во Америка. За странците, Алјаска изгледа како недопрен масив, каде зимата со право е главна. Патниците од ...
“Лета лета Локубија” претставува продолжување на долгогодишните активности во рамките на интердисциплинарниот документарен уметнички проект во организација на визуелната уметница Елена Чемерска кој има за цел физичка и значенска ревитализација на Споменикот на слободата во Кочани и неговата утописка програма. Во рамки на овој проект, предвидена е дводневна работилница во период од еден месец за изработка на летала од рециклирани материјали од ...