
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Сериозно мнозинство од граѓаните на Европската унија ја поддржува заедничката безбедносна и одбрамбена политика. Покрај тоа, кога станува збор за енергетската независност. посебното истражување на Eurobarometеr, број 526 под името „Главните предизвици на нашето време: ЕУ во 2022“, Европјаните очекуваат дека ЕУ постепено ќе се ослободи од зависноста од руските енергенти. Тоа истражување е спроведено во периодот од 19-ти април до 16-ти мај 2022 ...
Отворени се пријавите за учество на Неделата на одржлива енергетика во Европската унија - EUSEW 2022, која ќе се одржи од 26-ти до 30-ти септември. Настанот ќе се организира и со физичко присуство и во онлајн формат. Просторот за учество на конференцијата во Брисел е ограничен. Организаторите за оваа година најавуваат конференција на високо ниво, можност за вмрежување, саем на енергетика со иновативни проекти во областа на зелената енергија, ...
Некаде кон средината на февруари, за време на предизборната кампања, во реновираната зграда на Народниот музеј беше претставена стратегијата Белград 2030 година. Во ек на кампањата, но и видните промени кои ги доживува Белград последниве години, ова е прв пат некој да ги поврзе идните планови во јасна стратегија. На презентацијата говореа Горан Весиќ, заменик-градоначалничк на Белград и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, што ѝ даде одредена ...
Овој необичен музеј на уметност е како облак кој лебди над мочуришниот парк Кингжен во Кина. Дали постои музеј кој посовршено се вклопува со околината? Неговата заоблена проѕирна стаклена структура целосно го поддржува мазниот покрив во облик на облак, кој во исто време обезбедува неверојатен поглед на фасцинантната околина. Всушност, целата зграда е проѕирна и светла, што ја прави нејзината боја и сјај смирувачка и мека. Музејот, со проект ...
Бирото GamFratesi црпело инспирација од формите на гранките и лисјата за да го создаде закривениот стол Edaha за јапонскиот бренд Koyori. Edaha е целосно направен од фурнирано дрво, а GamFratesi настојувале да изгледа индустријализирано, а сепак да ја изрази убавината на природата. Дизајнерското биро ја искористило соработката со Koyori, кој ја слави јапонската изработка, за да ги истражи можностите на дрвото и да реинтерпретира дел од ...
Бироата за дизајн на јахти Van Geest Design и Rob Doyle Design осмислиле концепт на тримаран, кој има за цел да биде „првата јахта со нулта емисија над 750 бруто тони“. Мегајахтата „Домус“ би ја движеле комбинација на водородни горивни ќелии, хидрогенерирање – создавање енергија преку пловење – и соларна енергија. Дизајнерите велат дека ова ќе и даде на јахтата неограничен домет, со систем за складирање на батерии за да го одржува пловилото во ...
Европската унија и Египет, објавија зедничка изјава на своите челници, а во врска со климата, енергијата и зелената транзиција. „сакаме да го искористиме полниот потенцијал на односите помеѓу ЕУ и Египет, а преминот на чиста енергија и борбата против климатските промени ќе биде окосница на нашето партнерство. Се радувам на соработката со Египет, кој ќе претседава со конференцијата COP27, и понатамошниот напредок на темелите поставени минатата ...
Намалувањето на испораките на природен гас од Русија, ја примора Европа да ги користи залихите подготвени за претстојната зима. Од падот во испораката погодени се Франција, Италија, Австрија и Германија, поради одлуката на „Газпром“ да ја запре работата на компресорските единици на Siemens, откако се појави спор во всрка со нивната поправка. Затоа, залихите во европските подземни складишта на гас, паднале за прв пат од средината на април. ...
Во Австрија на греење се троши една четвртина од вкупната потрошувачка на природен гас, и се трошат сериозни средства за увоз на овој енергент. Затоа, амандманите во Законот за греење од обновливи извори предвидуваат запирање на греењето на гас во новите згради веќе од 2023 година. Според сеуште актуелниот закон, оваа технологија требаше да се забрани од 2025 година. Доколку постоечки котел на фосилно гориво се расипе, ќе мора да биде заменет со ...
Како еден од најстарите и културно најразновидните градови во САД, Њу Орлеанс е архитектонско чудо. Во тоа се уверив кога го посетив во 2004-та, или пред катастрофата од ураганот Катрина годината потоа. Денес животот во градот е главно вратен, а архитектурата во голем дел сочувана. Познатиот Француски кварт и натаму е преполн со фотогенична палета на пастелни бои – куќи со совршено симетрични фасади главно во креолски стил, чардаци со леано ...
Во средата, на 15. јуни, 94-годишниот индиски архитект Балкришна Доши беше официјално награден со Кралскиот златен медал за архитектура 2022 година од претседателот на RIBA, Сајмон Олфорд. Годишната награда на Кралскиот институт на британски архитекти се доделува во име на Нејзиното Височество Кралицата „на личност или група луѓе кои имале значително влијание, директно или индиректно, врз подобрувањето на архитектурата“. Балкришна Доши и Сајмон ...
Официјалниот постер за 2022 FIFA World Cup, дело на катарската уметница Bouthayna Al Muftah, беше претставен во средата на Hamad International Airport во Доха. Овој главен постер прикажува традиционална марама фрлена во воздухот, која го симболизира славењето на фудбалот низ Катар и низ арапскиот свет. Седумте пропратни постери ја прикажуваат страста кон фудбалот и игрите како нешто што ги поврзува семејствата. Директорот за маркетинг на FIFA, ...
Во новобелградскиот Блок 13, на темелите на одамна започнатиот Музеј на револуцијата и во непосредна близина на Палатата „Србија“, Белградската филхармонија ги одржува своите концерти на отворено и на тоа место треба да биде нејзина нова зграда, која беше голема желба на Иван Тасовац, нејзиниот неодамна починатиот директор. Минатата година, Програмата за развој на Обединетите нации, заедно со бројни владини институции од Србија, распиша ...
Холанѓаните се познати како многу пријателски настроен народ, а здравјето, безбедноста и општото задоволство се приоритетите што се следат во оваа земја. Исто така, нивната култура е опишана како исклучително либерална и отворена, а табу темите се непознати. Ако некогаш сте ја посетиле земјата на лалињата и ветерниците, сигурно сте ја почувствувале опишаната атмосфера, како и доживеале дека нејзините жители немаат проблем да ја споделат својата ...
Помеѓу игра и иронија: ова е краток опис на оваа неодолива колекција на маси кои едноставно се создадени да внесат радост во секоја средина. Дизајнерското студио Favaretto & Partners ја претстави својата нова колекција на прекрасни и разиграни странични маси кои се совршени за создавање разновидни и шарени катчиња во внатрешноста. Поточно, новиот објект во колекцијата е масичката Amanda, окарактеризирана како парче мебел со „зелена“ душа, ...
Пристаништето Бар потпиша меморандум за разбирање со LNG Alliance Pte Ltd, компанија која е заинтересирана за вложување во терминал за течен природен гас, како и гасна електрана со инсталиран капацитет од најмалку 100MW. LNG Alliance се занимава со изградба на терминали ширум светот по принципот „клуч на рака“. Партнер во овој проект ќе биде црногорското електростопанство (EPCG – Elektroprivreda Crne Gore). Меморандумот кој EPCG го потпишала со ...
Повеќе пати наградуваниот проект на Етнографскиот музеј во главниот град на Унгарија неодамна беше отворен за посетителите во Градскиот парк во Будимпешта, познат како Варошлигет. Новиот објект е дел од најголемиот европски урбано – културен развој Liget Budapest Project, а проектот на идејното решение го потпишува локалното архитектонска биро Napur Architect. Зградата на новоотворениот музеј се карактеризира со динамични, но едноставни ...
Еден од најочекуваните нови делови на гастрономската понуда и забава на црногорското приморје – Buddha-Bar Beach Porto Montenegro ги отвори вратите за гостите кон крајот на мај и донесе нова димензија на летна забава за жителите на Порто Монтенегро и за сите посетители. Новоотворениот Buddha Bar Beach се наоѓа на реномираната спектакуларна локација PMYC pool, добро позната на гостите на овој меѓународен комплекс. Малку се амбиенти кои повеќе се ...
Во Хрватска, во моментот во погон е само уште една термоелектрана на јаглен – „Пломин 2“ или „Пломин Б“, со инсталирана моќност од 217 MW. Таа постројка во Истра е изградена во 2000 година и користи увозен камен јаглен. Енергетската криза, дополнително влошена со војната во Украина, ја поттикна компанијата HEP (Hrvatska Еlektroprivreda) да бара решенија. Компанијата одлучила да ги испита можностите за враќање на електраната „Пломин 1“ на мрежа. ...
Музејот на современата уметност – Скопје објавува меѓународен повик за учество на 14-то Биенале на млади уметници на тема „Будења“. Од среда, 16 јуни до среда, 20 јули 2022 година се повикуваат сите македонски и странски автори на возраст до 35 години да се пријават за учество користејќи го електронскиот формулар за пријава преку линковите: https://forms.gle/ckuPywL9Pr9vcjKU6 https://forms.gle/zE1b4p1vuDrFJHZ99 Задолжителни податоци за пријава: ...
Скулптурални бетонски ѕидови и низа завршни обработки го дефинираат овој дом во крајбрежниот град Алибаг, Индија, проектиран од локалното биро Samira Rathod Design Atelier. Наречена „Куќа на бетонски експерименти“, домот има фрагментирана форма што овозможило ниту едно од дрвјата манго што се затекнале на локацијата да не се одстранат за време на изградбата. Куќата се карактеризира со бетонски ѕидови, опишани од Samira Rathod Design Atelier ...
Во голем број на европски држави во последните неколку децении при изградба на нови објекти или при реконструкција на постоечките се обрнува големо внимание на превентивна заштита од пожари како уште во фаза на проектирање, така и при добивање употребна дозвола. Под превентивна заштита од пожар се подразбираат сет на мерки кои се имплементираат уште во фаза на проектирање, сè со цел да се сведат на минимум ризиците од појава на пожар, односно ...
Откако минатата недела Apple најави нови верзии на софтверот за своите уреди, но и новата генерација на MacBook Air, оваа недела се појавија нови информации за идните производи на компанијата. Станува збор за нови уреди кои компанијата има намера да ги воведе во следните две години, а со кои се влегува на еден целосно нов пазар – проширена и виртуелна реалност. Претходните информации укажуваа на тоа дека првиот модел на VR очилата на Apple, ...
За заштита на животната средина, во Европската Унија биле потрошени 292 милијарди евра во 2021 година. Притоа, посебно е интересно да се истакне дека овие трошоци бележат раст од просечно 3% на годишно ниво, па во однос на 2006 година, лани биле повисоки за дури 54%. Ако се анализира нивниот удел во бруто домашниот производ (БДП), тој е релативно стабилен. Со други зборови, издатоците за заштита на животната средина сочинувале приближно 2% од ...
Покрај реставрацијата на оригиналната зграда на музејот Арнем во Холандија, заедно со карактеристичната историска купола, завршено е и уникатно ново продолжено крило со фасада што привлекува внимание. Ова ново крило, високо до петнаесет метри, не само што им дава на посетителите чувство дека лебдат над врвовите на дрвјата, туку и крие широки јавни скали што го поврзуваат крилото со реновираната градина со скулптури. Во исто време нуди прекрасен ...
Сините, жолтите и црвените светилки се живописен додаток на новата колекција на осветлување што доаѓа од реномираниот италијански производител Catellani & Smith. Ова се живи иновации кои комбинираат крајно неочекувани детали за да внесат малку радост и свежина во секој амбиент. Преслатките светилки за на маса и едноподната комбинираат течни нијанси на магента, жолта, сина и портокалова, како и хемисфери во боја, основи со оригинални детали ...
Грчкиот ноќен клуб La Cage Noire има дива енергија и е создаден за сите сезони. Благодарение на проектот на објектот, кој е одвоен од правоаголниот план на подот, постигнат е интересен монолитен волумен со силна симболика. Самото име на клубот (црн кафез) е како почетна инспирација за проектот. Во согласност со споменатата симболика, следен потег било ослободувањето на дивиот свет, а ова значење е прикажано преку портрети на диви животни кои ...
Европската инвестициска банка (EIB – European Investment Bank), порачува дека и покрај актуелната неизвесност со испораката на енергенти во ЕУ, повеќе нема да финансира проекти кои се однесуваат на природниот гас, туку ќе се фокусира на обновливите извори на енергија. Ова го истакнаа челниците на банката, на конференцијата „Регионален раст“ организирана во соработка со Европскиот парламент во грчкиот град Патрас. Оваа заложба доаѓа во време ...
Федералната агенција за авијација (FAA) и наложи на компанијата SpaceX да направи низа промени со цел исполнување на еколошките барања пред издавањето ан дозволата за проширување на постројката Starbase која се наоѓа во Тексас. FAA побарала од SpaceX да направи вкупно 75 измени пред да добие дозвола за лансирање на ракетите на Марс и на Месечината. Starbase се најде во средиште на контроверзи, откако директорот на компанијата Илон Маск ги откри ...
Под името „Операција термостат“, грчката влада ги утврдува насоките во врска со потрошувачката на енергија и нуди субвенции за државните субјекти кои ќе ја намалат потрошувачката. Планот е претставен во јавноста, а се фокусира на потрошувачката на енергија во јавните згради и предвидува зададената температура кај клима уредите да не биде пониска од 27 степени Целзиусови во лето и да не биде повисока од 19°C во зима. Покрај итната ...