Старите парчиња дрво можат со хемиски третман да се претворат во нов супер-јак материјал кој се вика „излечено дрво“. Вака направениот материјал од рециклирано дрво е пет пати појак од природното и може да се направи од било кој нус производ на дрвото, вклучувајќи ги и струготините. И покрај тоа што еднаш употребеното дрво може да се користи на различни начини, сепак милиони тони годишно се одлагаат на депониите. За да се изгради вистинска ...

Шарлот Бишоф од Холандија, дури на 101. година дочекала да и се врати сликата што нацистите ја украле од нејзиниот татко за време на Втората светска војна. Сега одлучила, делото на познатиот холандски сликар Каспар Нетшер, да го продаде во Лондон, со помош на аукциската куќа „Sotheby’s“ и да обезбеди егзистенција за семејството. Завршена е шест месеци долгата процедура, и Шарлот Бишоф ван Хемскерк ја испратила сликата на аукција во „Sotheby’s“ ...

Бироата Meta Architectuurbureau и Van Bergen Kolpa Architecten се проектанти на Agrotopia, стаклена градина во Белгија поставена на кровот на земјоделскиот пазар за да се создаде урбан центар за производство на храна. Сместена во градот Roeselare, Agrotopia е најголемата европска јавна зграда за урбано производство на храна и ќе се користи и за одгледување храна и за едукација на јавноста за земјоделството, пишува Dezeen. Стакленикот од 9.500 ...

Како нераскинлив дел од природата, приземната семејна куќа Laaneotsa House целосно се вклопува во нејзината околина. Ненаметлива, само на приземје, обвиткана околу борова шума, и внимателно распослана, за да не се наруши природата на ниту едно дрво. Архитекти од KUU Architects од Естонија го имаат проектирано овој семеен дом за кој може да се каже дека е во хармонија со природата. Дискретно интегрирана во околината, без да се преправа дека ...

Националната галерија организира омаж за почитуваниот и ценет сликар Омер Калеши, кој почина во април годинава, по подолго боледување. Изложбата во негова чест, ќе биде отворена во Чифте амам, на 16ти јуни 2022, во 12 часот. Изложбата се организира во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје и членови од семејството на Омер Калеши. На отворањето на изложбата за личноста и творештвото на Омер Калеши ќе одржи поздравен говор директорката ...

Холандската компанија Lightyear го претстави, како што самата тврди, првиот соларен автомобил на светот спремен за производство. Моделот Lightyear 0ne е семејна лимузина со вградени 5 квадратни метри соларни панели, кои можат да обезбедат енергија за 70 km возење дневно. Холандската компанија со 500 вработени склулила договор со над 100 добавувачи и има намера да започне со производство на овој електричен автомобил на соларна енергија. Освен ...

До 2025 година, Србија треба да започне со производство на водород од обновливи извори на енергија, а потоа до 2035 година годишно ќе произведува околу 5.100 тони, а до 2050 годна вкупно 20.600 тони. Ова се главните поенти од Нацртот на водородната стратегија на Србија, која е фокусирана на зелениот водород. Авторите на овој документ порачуваат дека водечките светски компании и технолошки лидери веќе сериозно го имаат започнатао процесот на ...

Оваа година, Kралицата Елизабета Втора стана првиот британски монарх кој го прослави платинестиот јубилеј, одбележувајќи 70 години од нејзиното стапување на тронот. Во времето на нејзиното крунисување, далечната 1952 година – прва церемонија од ваков вид што беше емитувана на телевизија – новинарите и ТВ коментаторите зборуваа за „новата елизабетанска ера“ која ќе ја оживее Британија по мрачниот повоен период. Денес, седум децении подоцна, ...

Google конечно го отвори својот кампус во Силиконската долина во Калифорнија, кој има широки панели кои наликуваат на скали на кровот. Кампусот Bay View има две деловни згради до центарот за настани и 240 краткорочни сместувачки единици за вработените. Проектиран од London Heatherwick и Danish BIG, овој кампус има три структури со лабави куполести профили кои се стеснуваат кон нивото на земјата. Секоја структура е покриена со кров налик на ...

Норвешката компанија за мебел Eikund повторно ја произведува столицата Krysset, класично парче норвешки мебел дизајнирано од Fredrik A. Kayser. Krysset е икона на норвешкиот дизајн со нагласен израз на прекрстени ногарки. Fredrik A. Kayser дипломирал на Националната академија за занаетчиство и уметничка индустрија во 1945 година. Неговиет мебел се карактеризира со елегантен дизајн и чувствителност на материјалите и ретко чувство за пропорција и ...

Меѓународниот експертски панел при UNECE (United Nations Economic Commission for Europe), се согласи да ја зголеми максимално доуштената брзина за автономните возила во одредени ситуации. Според таа одлука, ограничувањето на брзината за автономните возила ќе биде подигнато од 60km/h на 130km/h. Промената на коловозните ленти исто така ќе биде дозволена. По уртврдување ан преостанатите формалности, ова правило ќе стапи во сила за шест месеци. ...

NASA именувала две комерцијални компании, на кои им понудила 3,5 милијарди долари, да произведат нови вселенски одела, кои ќе се користат за мисиите на Месечината. Тимовите кои ги предводат Axiom Space и Collins Aerospace, добиле договори во вредност од 3,5 милијарди долари, за развој и испорака на вселенски одела на новата генерација, наменети и за првите астронаути на NASA кои ќе се вратат на Месечината после 50 години. Новите одела ќе го ...

Косовските власти го одбија предлогот на претседателот на Србија, Алекасндар Вучиќ, според кој Србија би испорачала електрична енергија на Косово, во замена за јаглен. Албин Курти оваа одлука ја оправдува со непризнавањето на Косово од страна на Србија, како и со недистанцирањето на српските власти од Владимир Путин. Имено, после декемврискиот крах во производството на јаглен и електрична енергија, Србија има сериозни проблеми да обезбеди ...

Почнувајќи од тркалото за точак на Марсел Дишан од 1913 г., уметноста на готовиот објект има безмалку стогодишна традиција и делата на Дишан, Пикасо, Реј денес имаат култна вредност. Но, за денешниот уметник ангажираната уметност е нешто повеќе од потребата да шокира и иновира. Уметноста, особено големите скулптурални дела и уште повеќе оние кои произлегуваат од студијата во кои славни уметници вработуваат голем број асистенти/помошници, ...

Пратениците во Европскиот парламент со мнозинство гласови ја поддржаа забраната за пордажба на нови возила на бензин и дизел од 2035 година, со цел да се забрза преминот на електрични возила. Гласањето е во согласност со клучните планови на ЕУ за намалување на вкупните емисии на стакленички гасови за 55% до 2030 година, во споредба со нивото од 1990 година, што е цел која бара побрзо намалување на емисиите во индустријата, енергетиката и ...

Три жени архитектки кои, меѓу другото, ја проектирале и зградата на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, кој го прослави својот 60-ти роденден, добија награда за животно дело од Женското архитектонско друштво на Србија – ЖАД, именувана по Јелисавета Начиќ, првата жена архитект. Иако архитектите Душанка Менегело – Аќимовиќ, Весна Матичевиќ и Софија Палигориќ – Ненадовиќ се навлезени во десеттата деценија, живо се сеќаваат како во далечната 1957 ...

Голема количина на енергија се троши за греење и ладење на домаќинставта и деловните обекти, па важно е да се пронајдат нови начини за намалување на топлинските загуби и добивки на објектите со цел заштеда на енергија. Инженерите во Кина и Германија развиле нова пена на база на дрво која може драстично да ја смени состојбата во поглед на термичката изолација на објектите. Станува збор за научници од Универзитетот во Гетинген и Универзитетот во ...

Ревизијата на системот на Европската унија за тргување со емисии (EU ETS) во моментот е во застој. Европскиот парламент гласаше против предлогот овој механизам да се прошири на компании со кои би биле опфатени вкупно 61% од емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, во споредба со моменталните 43%. Овој изненадувачки исход ги потопи и осмислените законски решенија за воведување на Механизмот за прекуграничко оданочување на јаглеродот, ...

„Епл“ ќе мора да го промени конекторот на „ајфон” уредите што се продаваат во Европа до 2024 година, бидејќи земјите и законодавците на ЕУ се договорија за единствен порт за полнење на мобилни телефони, таблети и камери. Ова е прв договор од ваков вид во светот и следи откако компаниите не успеаа да се договорат за заедничко решение. Европската комисија се залагаше за една порт за полнење на мобилни уреди пред повеќе од една деценија, пренесува ...

Американското биро Olson Kundig на горниот кат на оваа резиденција до плажата Bilgola Beach во Сиднеј постави жалузини кои се преклопуваат за да ги изложат просторите за живеење на свеж воздух и погледи на морето. Куќата на Bilgola Beachе е прв проект завршен во Австралија на Olson Kundig од Сиетл и е проектирана за брачен пар кој сакал идеален дом за големи семејни собири и дружење со пријателите. Сместена на околу 35 километри северно од ...

Еден од најомилените цртани ликови Пајо Паторот (Donald Duck) денес полни 88 години. Многумина не знаат како му е средното име, додека некои се прашуваат зошто никако да се ожени со Пата. Славниот Пајо Патор го имаше своето деби на девети јуни 1934 година во седумминутниот анимиран филм на Дизни „The Wise Little Hein“, во кој се појави во морнарска капа и кошула и лептир машна. Тој остана верен на својот стил на облекување (никогаш не носи ...

Квалитетот на европската вода за капење е драматично подобрен во последните децении, а новиот извештај објавен оваа недела од Европската агенција за животна средина (ЕЕА) открива дека скоро 85 отсто од нејзините капалишта сега се рангирани како „одлични“. Годишниот извештај за водата за капење следеше скоро 22.000 копнени и крајбрежни места за капење низ земјите членки на ЕУ, Албанија и Швајцарија во текот на 2021 година. Велика Британиј, затоа ...

Биле потребни осум години за да се заврши комплексот згради во Осло, чиј проект го потпишува германскиот архитект Klaus Schuwerk, а кој ги собира збирките на пет норвешки музеи за уметност и дизајн под ист покрив. Овој нов музеј вреден 607 милиони евра, ќе биде отворен за јавноста следниот викенд, и така ќе ја открие својата богата постојана поставка на уметнички дела заедно со некои од најголемите светски музеи. На површина од 13.000 квадратни ...

Кабинетот на новиот словенечки премиер Роберт Голоб, уште од првиот ден започна со осмислување на мерки за ублажување на ефектите од енергетската криза. Тој се залага за вистински социјално правична држава заснована на знаење. Еден од приоритетите на неговиот кабинет е фаќање во костец со инфлацијата во областа на храната и енергетиката. Голоб најави интензивни и одлучни долгорочни мерки фокусирани на енергетската криза и енергетската ...

Сезоната на отворено е почната, а времето е жешко и луѓето сонуваат да се опуштат во базен каде ќе се нурнат по напорниот работен ден. Често се случува дворот или градината или кој било друг простор на отворено да е мал и да изгледа дека нема можност да се смести базен. Не се вознемирувајте, можете да направите тесен базен. Тесните базени во градината, долж куќата се одлична идеја за топлите летни денови. Можат да бидат мали и тесни – само ...

Шефот на Rimac Automobili, Мате Римац објави на Фејсбук дека фабриката ги добила потребните дозволи за сертификација на својот електричен суперавтомобил и дека се е подготвено за испорака на моделот Nevera на првите купувачи. „Конечно од надлежните тела добивме документација за ЕУ сертификација на Nevera. Овa е важно за нас бидејќи вложивме неброeни часови, илјадници тестови, години тешка работа и многу уништени суперавтомобили за да дојдеме до ...

Вчера 7.6.2022 год. со почеток во 12 часот во амфитеатарот на Градежен факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се одржа Изборно собрание на Друштвото на Градежни конструктори на Македонија – ДГКМ. На истото присуствуваа 79 претставници од 18 институции, кои едногласно го избраа новиот претседател на ДГКМ – Вонр. проф. д-р Дарко Наков, како и останатите органи на друштвото: Извршен одбор, Надзорен одбор и Суд на честа. Со ...

Нигериското проектантско биро cmDesign Atelier на архитектот Tosin Oshinowo изработило проект за целосно бел минималистички павилјон на полуостровот Лагос, Нигерија, до кој може да се пристапи само со брод од средиштето на градот. Наречен Coral Pavilion, павилјонот од 310 квадратни метри проектиран е за клиент кој сака да избега од напорниот живот во градот и да го најде мирот во павилјонот. Нудејќи впечатливо и минимално присуство, ...

ЈСП Скопје информира дека поради завршувањето на учебната година 2021/2022, од понеделник (13.06.2022 год), јавниот превоз ќе сообраќа по летен возен ред, а ученичките бесплатни билети нема да важат за време на летниот распуст. Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни. Основците/средношколците (не важи за средношколците кои сега завршуваат четврта година) по повластени цени можат ...

Јазикот на локалната архитектура и минималистичкиот концепт го поттикнале дизајнот на ентериерот на овој дом на реката Big Wood, сместен јужно од Sun Valley, Ајдахо, САД. Домот се состои од два едноставни облика кои користат практични градежни форми. Поранешна двокатна класична штала е стилизирана за дневните простории, додека гаражата, оставите и терасата ја превземаат предноста на ниските градби на ранчот. Овој рустикален дом проект на ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
72%
1010
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
53%
1009
weather icon

Загреб

22ᴼ / 21ᴼ
2.06
55%
1010
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
63%
1011
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.18
69%
1010
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.51
76%
1011
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
3.6
44%
1009
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
72%
1011
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
52%
1010
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
43%
1011
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
1.54
51%
1010
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
8.75
76%
1012
Currency

61.535

Currency

53.9688

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57