
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Новата европска ракета Ariane 6, ќе го реализира својот инаугурален лет во периодот помеѓу 15-ти јуни и 31-ви јули 2024 година, соопшти Европската вселенска агенција (ESA). Нестрпливо исчекуваниот период за првиот пробен лет следува откако пробниот модел на новата ракета го мина клучниот тест на моторите во Француска Гвајана. Земјите членки на ESA се согласија во 2014 година да започнат со развој на Ariane 6, како одговор на растечката ...
На 1. и 2. декември 2023 се одржа Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти во величенствениот амбиент на Офицерскиот дом во Битола, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Северна Македонија под мотото „ Архитектот де факто визави архитектот де јуре.“ Оваа годишна манифестација на архитектите и архитектите урбанисти членови на Комората изобилуваше со актуелни тематски презентации и промоција ...
Кафе Ká, проект на NKP (Nguyen Khac Phuoc) aрхитекти, се наоѓа на периферијата на виетнамскиот град Винх, во близина на големиот индустриски парк Всип, (област во постојан раст, со нови фабрики), територија која сè уште го одржува балансот помеѓу технолошката развојна зона и руралниот карактер на местото. Тивкото село од ден на ден станува привлечно за околината поради појавата на голем број модерни фабрики, што доведува до развој на ...
Саудиска Арабија повторно е во центар на вниманието во светот на архитектурата, со најавата за новиот спектакуларен проект – облакодер наречен Epicon. Овој развоен проект ќе биде фокусиран на два футуристички облакодери. Epicon, кој потсетува на некои од најамбициозните проекти од eVolo Skyscraper натпреварот, ќе биде лоциран на брегот на заливот „Акаба“. Помалиот облакодер ќе биде висок 225 метри, додека поголемиот 275 метри. Во нив ќе се ...
EdF пласираше приоритени зелени обврзници за инвестиции во своите постоечки нуклеарни електрани. Рокот на доспевање е три и пол години, а каматата изнесува 3,75%. Нето приходот ќе биде искористен за рефинансирање на капиталните инвестиции во нуклеарните реактори во Франција. Во објавата на компанијата стои дека пакетот е усогласен со таксономијата на ЕУ. Прв е од ваков вид во Европа. Инаку, после жестоки расправи, ЕУ на почетокот на 2022 ...
Меѓународната канцеларија за изложби (Bureau International des Expositions – BIE) објави дека Ријад ќе биде домаќин на Светската изложба 2030 година, со оглед на тоа дека во првиот круг го освои потребното двотретинско мнозинство. Како што соопштија минатата недела од седиштето на BIE во Париз, World Expo 2030 во главниот град на Кралството Саудиска Арабија ќе се одржи во периодот од 1. октомври 2030 година до 31. март 2031 година. Означувајќи ...
Кога Гугл влезе на пазарот на паметни телефони во 2008 година, Самсунг, Хуавеи и Моторола веднаш го прифатија оперативниот систем Андроид. Нокиа, која своевремено контролираше 51 отсто од светскиот пазар на мобилни телефони, не беше подготвена да го прифати новиот оперативен систем. Менаџментот на Нокиa чекаше до 2011 година и донесе одлука да се потпре на Мајкрософт. Нокиа планираше да го користи оперативниот систем на Мајкрософт за мобилни ...
Веројатно не постои метропола во светот која нуди толку многу, а во исто време толку добро ја крие својата модерна страна. Истанбул е познат, признат како еден од најважните градови во светот, кој со право го носи епитетот на голем, важен град и кој е единствен кој се наоѓа на два континента. Тоа е град со пребогато културно наследство, каде што е навистина тешко да се одредат најзначајните објекти, а особено епохата кога тие објекти се ...
Денес во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „Сјаење“, нова колекција на дела на уметницата Јана Куновска. „Нова колекција на дела на Јана Куновска. Тоа се две серии кои се разликуваат по нивниот технолошки пристап кон дизајнот. Една група изработена со маслени бои на платно. Втората група се дела со комбинирана технологија, каде мотивите се претставени со цртање со јаглен на картонска основа. Некои од нив имаат обоени детали“, ...
Град Скопје продолжува со втората фаза за реализација на стратешкиот проект од програмата „За модерно Скопје“ за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи, соопшти денеска Град Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на стратешката Студија за дијагностика и утврдување на состојбата на двата постоечки челични водоводни цевководи, со димензија 1600 милиметри, што е ...
Студиото АРБ Архитекти во Ханои, се посвети на проектот за музејска зграда посветен на култот на Џао Мау, која претставува гранка на виетнамската религија посветена на мајките божици, основана во 16 век. Истата е прогласено за нематеријално културно наследство од УНЕСКО во 2016 година. Музејот, кој се простира на површина од 5.000 квадратни метри среде стар овоштарник, директно комуницира со локалниот пејзажот и постоечката вегетација. Скриена ...
Новиот блок во состав на електраната – топлана (ЕЛ – ТО) „Загреб“, кој од страна на државната „ХЕП“ е најавен како најголема инвестиција на компанијата во нови капацитети за производство во последните 10 години, ќе ги замени веќе застарените блокови и ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид и азотни оксиди. Новиот блок има гасна турбина во когенерациски режим на работа. Очекуваното просечно годишно производство е 675 GWh електрична ...
Компанијата Google во соработка со стартапот Fervo, го стартуваше својот прв геотермален проект во САД, кој треба да ги напојува центрите за податоци на оваа компанија со „чиста“ енергија. Проектот во сојузната држава Невада има релативно мал капацитет од 3,5MW. Енергијата од таа постројка ќе опслужува два центри за податоци на Google – кај Лас Вегас и Рено. Google планира до 2030 година да користи електрична енергија од извори кои не ја ...
Томаж Криштоф е роден 1974. година во Марибор, Словенија. Како основач на Студиото Криштоф, професионално дејствува со големи станбени проекти, реновирање на станбени блокови од периодот после Втората светска војна, а исто така ја истражува архитектурата како медиум за изразување на општествени пораки. Тој е докторант на Архитектонскиот факултет во Љубљана и редовен соработник на Факултетот за градежништво, сообраќајно инженерство и ...
Градинката Dalezhiye, голем образовен проект потпишан од бирото DIKA Architectural Design Center, излегува од урбаниот пејзаж на кинескиот град Лешан, редефинувајќи го конвенционалниот дизајн на јавните институции за најмладите. Црпејќи инспирација од природни органски форми – земја и слив на три реки, па сè до градската статуа на Буда, стара 1.200 години и висока 71 метар, проектот на објектот има за цел во просторот да внесе локален културен ...
„Архстојание“ е годишен меѓународен ленд – арт фестивал на пејзажни објекти во селото Никола-Лењивец во Калушката област во Русија (210 километри од Москва). Овој уникатен проект нуди нов пристап кон развојот на областите и ја претставува идејата за интеракција со пејзажот преку креативни практики и современа уметност. „Вавилонски водовод“, ::vtol:: Москва, 2013 Монументалните објекти кои овде се поставуваат ги изработуваат уметници, дизајнери ...
Резултатите од неодамна спроведеното истражување Shared Mobility’s Global impact во Германија, на независната советодавна компанија Oliver Wyman и европската платформа Bolt, укажуваат на тоа дека сопствениците на лични патнички автомобили кои годишно минуваат помалку од 15.000 km пропуштаат значителни заштеди. Имено, извештајот ги анализирал вкупните трошоци за поседување автомобил по километар, и ги споредил со цените на различните услуги за ...
Министерството за животна средина, клима и енергетика на Словенија, подготви акциски план за намалување на енергетската сиромаштија кој предвидува издвојување на речиси 34 милиони евра за мерки предвидени во периодот од 2024 до 2026 година. Целта е уделот на енергетски сиромашни домаќинства да се намали од сегашните 7,2% во опсегот од 3,8% до 4,6%. За споредба во земјите од Западен Балкан уделот на енергетски сиромашни домаќинства во просек ...
Во рамки на Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, предвидени се две изложби. Иложба на проекти и/или реализации во периодот од 2018-2020 година и 2021-2023 година, учесници на XX-то и XXI-то Биенале на македонската архитектура – БИМАС 2023. Биеналето на македонска архитектура го организира Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). После повеќе години, со заеднички ангажман на Асоцијацијата и Комората, изложбата доаѓа и ...
СТУДИОТО „ЗРОБИМ“ Сè повеќе проектантски бироа од Источна Европа добиваат интернационален карактер и успеваат да се стекнат со интернационално внимание со своите безвременски и елегантни дизајни и функционални решенија. Едно од таквите бироа е и „Зробим“ од Белорусија. Студиото е основано во 2011 година, кога двајца пријатели, Андреј Бездар и Алексеј Кораблев, почнуваат заедно да работаат на проекти претежно од резиденцијален карактер уште како ...
Нико Краљ е словенечки архитект и дизајнер роден во Завр кај Тројана, Словенија во 1920 година. По смртта на татко му во 1936 година, ја презема неговата столарска работилница, а во 1938 година полага мајсторски испит за столар. За време на Втората светска војна бил затворен во логор, но во 1945 година успева да избега и да им се придружи на партизаните. По завршување на војната се запишува на студии по градежништвото, но во втора година од ...
Истражувањето на Авто-мото сојузот (ADAC) во Германија, открива загрижувачки трендови во однесувањето на возачите на електрични тротинети. Половина од пешаците не се чувствуваат безбедно на улиците, а главната причина се електричните тротинети. Мнозинството од пешаците (71%), смета дека невнимателно паркираните и пребрзо возените е-тротинети е главен проблем, додека 69% од нив укажуваат на непрописното возење по тротоари. Од друга страна, ...
Кои уреди трошат киловати дури и кога не ги користиме, но ги оставаме вклучени? И колку струја може да се заштеди со нивно исклучување? Според најновата студија на „Бритиш Гас“, најдобро би било домаќинствата да ги исклучат повеќето апарати од струја кога не се во употреба, бидејќи овие уреди можат да бидат одговорни за речиси 23 отсто поголема потрошувачка на електрична енергија. Ова првенствено се однесува на бојлерот, за кој експертите ...
Во рамки на Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, Ислам Беркин ќе сподели искуства од неговиот професионален ангажман во Заха Хадид архитекти. Како дел од тимот кој работел на проектирањето, во фокусот на своето излагање Беркин го става проектот за Музеј на научна фантастика во Ченгду, НР Кина. Улогата на архитектот во процесот на проектирање на овој проект, целокупниот процес на проектирање и следење на реализација на ...
Foster + Partners неодамна ги претстави првите визуелни слики кои го прикажуваат проектот на павилјонот на Саудиска Арабија за World Expo 2025, кој ќе се одржи од 13. април до 13. октомври 2025 година во јапонскиот град Осака. Сместен на брегот на вештачкиот остров Yumeshima, Саудискиот павилјон создава просторно искуство што го одразува истражувањето на пустината, како и на градовите на ова кралството, а исто така пружа опкружување за ...
Архитектонското биро BORD го заврши објектот за производство на јаболковина составен од тунели во форма на ромб во Etyek, Öreghegy, Унгарија. Наречен BudaPrés погон за преработка на овошје, објектот од 910 квадратни метри се наоѓа во Etyek, кој често се нарекува Будимско лозје. Објектот е сместен на Öreghegy – познат стар рид – каде што добро работат бројни реномирани винарии. Меѓутоа, на оваа парцела од околу еден хектар, наместо винова лоза, ...
Управата за улици и сообраќај (RTA), која е оператор на јавниот градски превоз во Дубаи, започна со амбициозен проект за инсталирање на фотонапонски електрани на крововите на станиците на подземната железница во одредени квартови. Се очекува во склоп на проектот, кој би требало да биде довршен во првото тромесечие на 2024 година, да се добијат 9,959 MW нова инсталирана моќност од сончевата енергија. Покрај тоа, проектот ќе продонесе кон целта на ...
Научниците од City University of Hong Kong неодамна развиле нов вид на ултра бели керамички материјали кои можат значително да придонесат во ладење на зградите. Овој материјал, чија инспирација потекнува од инсектот Cyphochilus, се одликува со степен на рефлексија на сончевата светлина и топлината, постигнувајќи рекордно ниво на рефлексија од 99.6%. Станува збор за уште една пасивна метода за контрола на температурите во објектите без ...
Архитектите од студиото WaterScales беа ангажирани околу проектот за презервација на остатоците од третиот арапски ѕид лоциран, во Алора, Малага, на југот на Шпанија. Во месноста Серо де лас Торес доминира арапскиот замок Алора од 8 век, каде се среќава импресивна ѕидна маса скриена зад вертикални поенти и бариери. Токму овие два елементи се вреднувани со ослободување од елементите што ги криеле и условувајќи ја нивната околина. Студиото ...
На улиците на Газа претрупани со урнатини, се појавува неочекувана фигура – разиграно маче украсено со црвена машна. Овој скапоцен камен на улична уметност не е ништо друго туку препознатливиот потпис на Бенкси, кое дава ветре на забава на пејзажот на уништување. Мачето на Бенкси, со своето диво крзно и љубопитност во ококорените очи, делува како отпор среде хаосот. Како да вели: „Имам девет животи, а ни овоие урнатини не можат да ме сопрат!“ ...