Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска, по експлозијата во Појасот Газа, во која загинаа 21 израелски војник, дека Израел ќе продолжи да се бори во Газа до „апсолутна победа“, и покрај тоа што претрпе еден од најтешките денови од почетокот на воената офанзива против палестинците. „Вчера доживеавме еден од најтешките денови од избувнувањето на војната. Во името на нашите херои, во името на нашите животи, нема да престанеме да се ...

Маж е уапсен и обвинет дека ја вознемирувал и демнел американската музичарка Тејлор Свифт, во близина на нејзиниот дом во Њујорк, пишува Би-Би-Си. Дејвид Кроу (33) од Сиетл е уапсен синоќа по поплаки за „емоционално вознемирен човек кој се однесува чудно“. Тој беше обвинет по две точки од обвинението за малтретирање и следење, соопшти њујоршката полиција. Инцидентот се случил неколку дена откако домот на американската ѕвезда бил цел на обид за ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.763 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,22%, а 59,78% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,59%, кон Итната медицинска помош 32,01%, кон пожарникарите 2,52%, а кон АМСМ 0,36% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие ...

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, се сретна со новоназначената директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Валентина Суперти. На средбата се разговараше за успешно завршениот скрининг процес, за спроведувањето на Планот за раст, одлучноста на двете страни за упорно работење со цел пристапување на државата во ЕУ, реализација на ...

Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на Австралија опен. Првиот светски рекоет го победи Тејлор Фриц по речиси четири часа игра со 3:1 (7:6, 4:6, 6:2, 6:3). Фриц (12. на АТП листата) му пружи силен отпор на првиот фаворит, но беше поразен и во деветтиот меѓусебен дуел со Ѓоковиќ. Ѓоковиќ лошо ги користеше брејк топките во првите два сета и само поради тоа не победи многу порано. Во првите два сета не искористи 15 брејк шанси. Еден од ...

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, објави дека го поканил шведскиот премиер да ја посети Будимпешта и да преговара за членството на неговата земја во НАТО Aлијансата, закочена од Унгарија и Турција. „Денеска испратив покана до премиерот Улф Кристерсон да ја посети Унгарија за да преговара за прием на Шведска во НАТО“, напиша Орбан на социјалната мрежа „Икс“. Во 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина, Шведска и Финска ја ...

Осум лица во воен авион на Мјанмар се повредени откако се излизгал од пистата на аеродром во североисточната индиска држава Мизорам, јавува „Anadolu“. Според официјалните лица, во авионот што слета на аеродромот Ленгпуи за да ги врати војниците од Мјанмар кои минатата недела преминаа во соседна Индија за да побараат засолниште, имало вкупно 14 лица. „Повредените се пренесени во болница“, изјави за „Анадолу“ Назук Кумар, висок официјален ...

Во Сразбур се одржува редовната зимска сесија на парламентарното собрание на Советот на Европа и ја имам честа да бидам реизбран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија, тука во Советот на Европа, објави на својот Фејсбук профил Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. „Оваа позиција за извршував и во изминатите две години, а денес ја добив поддршката од членовите на Европската Народна Партија и во следните две ...

НАТО не гледа непосредна воена закана од Русија кон ниту една членка на Алијансата, но ќе продолжи со операцијата за одвраќање преку претстојната воена вежба „Steadfest Defender“, најголемата во последните неколку децении, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој рече дека Алијансата го прави сето ова за да го отстрани секој простор за погрешно проценување или недоразбирање во Москва за подготвеноста на НАТО да ја ...

Иван Антоновски ја повлече кандидатурата за претседател на Собранието на Друштвото на писателите, коментирајќи дека бил во дилема дали е потребно повлекување на кандидатура за правно непостоечка позиција, а по јавно достапните информации дека според важечката регулатива, позицијата претседател на Собранието на ДПМ, правно, воопшто и не постои. Сепак, тој смета дека има морална обврска да извести дека и формално го презема овој чекор, затоа што ...

Ако СДС и Арсовска се грижеа за вработените за ЈСП тогаш зошто веднаш не собраа мнозинство за гласање за субвенции на ЈСП туку ги оставија на минусни температури да штрајкуваат, прашува ВМРО-ДПМНЕ. Причината за неисплаќањето на платите во ЈСП, како што велат од партијата, не е Советот, туку разузданото раководство на ЈСП, директорот од ГРОМ, Крсте Петревски и уште понеспособната градоначалничка Арсовска. „Во месец октомври, советниците на ВМРО ...

Фудбалската репрезентација на Гана доживеа шокантна елиминација од Африканскиот куп на нации. Гана против Мозамбик водеше 2:0, но прими два гола во судиското надополнување на времето. Гана на Африканскиот куп на нации што се игра на Брегот на Слоновата коска пристигна како еден од фаворитите за титулата и затоа гневот на навивачите, но и на претставниците на „седмата сила“ е огромен. По мечот новинарите од Гана во микс зоната се обидоа физички ...

Најпознатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални тврди дека откако бил отруен, нападнат и затворен без соодветна медицинска нега – се соочува со нов предизвик: тој е принуден да слуша поп-пејач што го поддржува Путин секое утро во 5 часот наутро. Навални (47), поранешен адвокат кој влезе во политиката пред повеќе од една деценија критикувајќи ја елитата на Путин и корупцијата, е во затвор на околу 60 километри северно од Арктичкиот ...

Удинезе доживотно ќе им забрани пристап на стадионо на навивачите кои го навредуваа голманот на Милан, Мајк Мањани за време на натпреварот во сабота, изјави генералниот директор на клубот Франко Колавино. Саботниот натпревар беше два пати прекинуван, бидејќи неколку навивачи на Удинезе имитирајќи мајмунски крици го навредуваа Мањан. Францускиот репрезентативец го напушти теренот со соиграчите. „Работиме да ги најдеме одговорните, се работи за ...

„Новогодишните празници завршија, но подарувањето продолжува. Credissimo мисли на своите потенцијални и веќе постoечки клиенти и после празниците. Каква е новата промоција? Пред неколку дена започна нова промоција која ќе важи за кредитниот производ Credissimo плус, односно кредит на месечни рати до 200.000 денари. Со новата специјална понуда, сите клиенти коишто ќе аплицираат во периодот од 18.01.2024 до 10.03.2023 ќе добијат една бесплатна ...

Во текот на изминативе 24 часа и последните тројца наши граѓани, мајка сo две деца кои претходно по сопствен избор беа останати во Газа, на нивно барање, веќе се евакуирани и со тоа се заокружува бројот на нашите граѓани кои ги имаат контактирано нашите дипломатски конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив со намера да им се обезбеди асистенција при евакуацијата. По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатено кон дома, велат ...

Коко Гоф е првата полуфиналистка на Австралија Опен. Четвртата тенисерка во светот во трилер меч и три часа игра ја совлада 37. на ВТА листата, Украинката Марта Костјук со 7:6 (6), 6:7 (3), 6:2. Костјук започна одлично, имаше два брејка и големи 5:1, но потоа наеднаш попушти. Гоф го прифати подарокот, постепено се врати во игра и од 1:5 стигна до 6:5. Кога сервираше за сетот, Коко не успеа, Костјук направи брејк и избори тај-брејк. Украинката ...

Полска подигна борбени авиони, како и еден авион на сојузник на НАТО, поради „зголемената активност“ на руската авијација против Украина. „Ве информираме дека се забележува интензивна активност на авион со долг дострел на Руската Федерација, што се однесува на намера за извршување напад на територијата на Украина“, соопшти Оперативната команда на вооружените сили на платформата Х, пишува полското радио на 24. Оперативната команда на ...

В.Д. Директорката на Секретаријатот на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), Данијела Гачевиќ, во своето обраќање на вчерашниот состанок на лидерите од регионот посветен на Планот за раст на Западен Балкан ја нагласи клучната улога на ЦЕФТА во унапредувањето на иницијативата за Заеднички регионален пазар и поттикнување поблиски врски меѓу економиите од Западен Балкан и единствениот пазар на ЕУ. На состанокот Гачевиќ ја ...

Сараевската полиција објави потрага по машко лице кое се поврзува со пукањето во ресторанот „Кве Паса“ во центарот на Сараево. Престрелката се случила синоќа кога биле ранети две млади момчиња на возраст од 23 години. На еден од нив му биле констатирани полесни физички повреди во пределот на десната рака, а по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување. На другиот човек му биле констатирани сериозни повреди опасни по живот и бил задржан во ...

Локалната власт на ДПМНЕ создаде хаос со јавниот превоз во Скопје а ЈСП го доведе на раб на функционалност, да нема автобуси, вработените да не може да земат плата, велат од СДСМ преку соопштение. „Иако ДПМНЕ во Советот на град Скопје има мнозинство на вчерашната вонредна седница одби да ги поддржи субвенциите за ЈСП, одби на вработените да им се префрлат средства да може да им се исплати плата. Срамно, тажно и само заради лични хирови на ...

Спречен е обид за криумчарење на 45 женски чанти, 4 куфери и 1 ранец по извршена контрола од страна на царински службеници на граничниот премин Меџитлија. Непријавената стока е откриена при контрола на патничко моторно возило кое се пријавило на влез во држвава. Поради сомнение во изјавата на возачот извршена е физичка контрола на возилото, при што во возилото во просторот помеѓу седиштата и во багажниот простор пронајдени се непријавени 45 ...

Додека вработените во ЈСП мрзнеа на улици советниците на ДПМНЕ договараа како да ги изиграат, објави утрово Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, споделувајќи фотографии од седницата на Советот на Град Скопје. „Додека Скопје немаше автобуси и луѓето не можеа да стигнат никаде навреме, додека надвор на улиците мрзнеа вработените во ЈСП, советниците на ДПМНЕ по групи договараа како да ги изиграат. Диктати и насоки давал и Илија Димовски. ...

Џоел Ембид и Карл-Ентони Таунс ја обележаа изминатаа ноќ во НБА лигата. Актуелниот МВП, Ембид постигна 70, а лидерот на Минесота Таунс „само“ 62 поени. Камерунецот, кој ќе игра за репрезентацијата на САД, постигна неверојатни 70 поени во победата на Филаделфија над Сан Антонио Спарс 133:123. Ова е рекорд на франшизата, чиј дрес низ историјата го носеле легендите: Џулиус Ирвинг, Мотес Мелоун, Ендрју Тони, Чарлс Баркли, Ален Ајверсон… Ова е ...

Русија утринава изврши серија ракетни напади врз главниот град на Украина, Киев, како и врз вториот по големина град во земјата, Харков и Павлорад. „Киев Индипендент“ ја пренесува изјавата на официјалниот претставник дека биле оштетени станбени згради, а најмалку три лица загинале, а 20 се ранети. Large Russian missile attack targeted Ukraine’s Kyiv, Kharkiv and several other Ukrainian cities earlier this morning. pic.twitter.com/Uf14ZiRu5S — ...

Објавени се фотографии од израелските војници кои беа убиени за време на копнените операции против палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа. Претходно беше објавено дека ова е најсмртоносниот ден за израелската армија, со проценка дека загинале 21 израелски војник во нападот. Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека ракетна граната го погодила тенкот во близина на двете згради во кои се ...

Декстер Скот Кинг, помладиот син на покојниот активист за граѓански права Мартин Лутер Кинг и Корет Скот Кинг, почина од рак на простата, соопшти Кинг центарот во Атланта. Неговата сопруга Леа Вебер Кинг изјави дека тој починал во сон во својот дом во Малибу, Калифорнија. Имаше 62 години. „Тој даде се од себе и се бореше со оваа страшна болест до крај. Како и со сите предизвици во животот, храбро и силно се соочи со оваа пречка“, истакна таа. ...

САД и Велика Британија изведоа нова серија заеднички воздушни напади врз осум цели на Хутите во Јемен, потврди Пентагон. Нападите беа насочени кон подземна складиште и нивните ракети и способности за надзор, се вели во соопштението. Ова е втор пат американските и британските сили заеднички да ги нападнат милитантните бунтовници Хути поддржани од Иран како одмазда за постојаните напади на групата врз бродовите во Црвеното Море. САД и Велика ...

Властите на американската сојузна држава Илиноис синоќа почнаа потрага по 23-годишниот Ромео Ненс, осомничен за убиство на осум лица со огнено оружје во градот Џолиет, на околу 56 километри од Чикаго, извести полицијата. Масовниот убиец бил пронајден во голема полициска потрага во близина на градот Наталија, Тексас, каде по пресметката со полицијата извршил самоубиство. Засега не е познат мотивот за убиствата, но осомничениот ги знаел своите ...

Војската на Израел соопшти дека 21 војник е убиен во Газа, што го означува најсмртоносниот ден за израелските сили од почетокот на нивната копнена операција. Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, изјави дека се верува дека ракетна граната го погодила тенкот во близина на двете згради во кои се наоѓале, пренесува Би-би-си. Зградите експлодирале веројатно како резултат на мините поставени таму. ИДФ соопшти дека се уште ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
49%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.12
72%
1014
weather icon

Загреб

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
54%
1015
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
52%
1013
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.45
59%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
3.09
78%
1015
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
6.17
37%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
53%
1013
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
46%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 18ᴼ
2.57
59%
1014
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
49%
1014
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
6.69
76%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52