
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Младата и талентирана Јана Мрческа од Прилеп, ученичка во втора година во ДМБУЦ “Илија Николоски – Луј”, со своите 16 години сними преработка по повод 43 роденден на нашата вечна ѕвезда Тоше, a така и гласи насловот на нејзиниот кавер – “Вечна ѕвезда“. -Инспирација за насловот на каверот – “Вечна Ѕвезда” ми беше тоа што иако немав шанса да го запознаам Тоше во живо, тој бил ѕвезда на сцената, a јас го чувствувам како ѕвезда водилка низ мојот ...
Европската Народна Партија е најголема политичка партија во Европа, има најмногу пратеници во ЕП, и најмногу пратеници во Парламентарното собрание на Советот на Европа каде што сум и јас. Има и најмногу премиери и претседатели во држави кои што се земји членки на ЕУ, и ја има и претседателката на ЕУ, Урсула Фон Дер Лајен“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија говорејќи за ...
Во Шпанија, која ја погоди топлотен бран среде јануари, денеска се регистрирани температури од околу 30 степени Целзиусови, соопшти локалната метеоролошка служба. Во Валенсија денеска беше 29,5 степени, а во Малага 27,8 степени, соопшти службата, додавајќи дека во околу 400 метеоролошки станици се забележани температури над 20 степени. Ваквата температура е специфична за средината или крајот на јуни, односно во текот на летото, изјави ...
Пациенти загрижени за своето здравје од долненска општина, неколку дена реагираат на овој срамен проблем во 21 век. Зачудувачки е како политичките субјекти во Прилеп никако не го потенцираат проблемот со парното греење во Здравствениот дом. Местото каде што секојдневно своето здравје го контролираат пациенти од 3 општини е оставено на милост и немилост на времето. Докторите, пацинтите и медицинските сестри се премрзнуваат во текот на целото ...
Спрема програмата за изградба и реконструкција на основните училишта за 2024год. владата одобри 4 милиони евра за сите основни и средни училишта ширум државата – пишува во ФБ статус директорот на ООУ “Климент Охридски” од Прилеп, Ахил Јаков. Неговиот ФБ статус во целост го пренесуваме во продолжение: -ООУ”Климент Охридски” од Прилеп конкурираше со готови,спремни изработени проекти во висина од 200 000 еу Во службен весник денес на нашето ...
Ако сакате кандидат за губитник кој ќе ја стави Америка на последно место, гласајте за Ники Хејли. Но, ако сакате претседател кој секој пат ја става Америка на прво место, ќе гласате за Доналд Џеј Трамп, наведе поранешниот претседател на митинг во Лаконија. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата поранешна амбасадорка во ОН, Ники Хејли денеска се соочуваат со републиканските прелиминарни избори во Њу Хемпшир, гласање што ...
Германија се споменува како ветена земја за здравствените работници од Балканот, но како функционира здравствениот систем таму покажува и случајот со докторката што доби отказ откога нејзините колеги пријавиле дека ја напуштила болницата во Хамбург 28 минути порано по 24-часовна должност, а таму работела 23 години. Франциска Шлосер ја тужеше болницата и доби 400.000 евра отштета. -Не можам да дозволам обвинението да стои така. Не направив ништо ...
Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески. Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“. Во 2004 година, Проески беше именуван ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Топ Тема“ на Телма ги соопшти имињата на техничките министри и заменици кои ќе ги предложи ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, потенцирајќи дека тоа се компетентни и неизвалкани кадри чија задача ќе биде да ја обезбедат волјата на народот. Пред извесно време добив овластување од ИК и ЦК на партијата да предложам имиња кои ќе бидат дел од оваа техничка влада, и врз основа на тоа на состанок на ИК ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јануари. Денеска е Св. маченица Татјана. Света Татјана потекнувала од видно римско семејство. Татко и три пати бил префект на Рим. Уште од младоста била длабоко проникната од Христовата вера, а подоцна била посветена за ѓакониса. Како Христијанка била забележана од римските власти, затворена и мачена. После измачувањата била фрлена на лавовите, но овие се умилкувале околу неа како во ...
ВМРО-ДПМНЕ ги утврди кандидатите за две министерски и три дополнителни заменички позиции во техничката влада која треба да спроведе фер и демократски избори закажани за 24 април и 8 мај. Според нивните биографи станува збор за исклучително професионални кадри, со интегритет и долгогодишно искуство, експерти во својата област. На чело на Министерството за внатрешни работи е предложен Панче Тошковски, долгогодишен познат адвокат. Тошковски е ...
Просечната плата во Србија ќе надмине 1.000 евра за година и два месеци, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ. „Очекувам дека нивото на месечната плата во Србија во март ќе биде околу 840 евра, а можеби и 845 евра, во декември ќе биде околу 955 евра. Следната година ќе надмине 1.050 евра. Верувам дека за година и два месеци ќе ја надминеме оваа волшебна бројка од 1.000 евра просечна плата“, рече Вучиќ при посетата на ремонтот ...
„Sport Life“ обложувалници, ја заокружија годината со резимирање на резултатите од работењето и воедно ги претставија своите највредни и најуспешни вработени во изминатата 2023 година. Вкупно 52-ца вработени од најразлични сектори, беа прогласени за најдобри и беа наградени со еднократен износ од 200 евра за својот успех и залагање во минатата година. „Секоја година го прославуваме успехот и професионалното работење на своите вработени, и ги ...
Aфриканскиот Куп на нации и оваа година донесе многу интересни дуели. Собирот на најдобрите африкански репрезентации се одржува во Брегот на Слоновата Коска, а стандардно проверката на стадионите во Африка е многу построга од било каде во светот. Лица во воени униформи вршат навистина “темелен” претрес, а како изгледа тоа погледнете во продолжение: This is why Ivory Coast 🤔 you can’t treat women like this and expect to make progress Chika Mr ...
На Државниот натпревар по македонски јазик и литература за осмоодделенци, кој се одржа во Филолошкиот факултет “Блаже Конески”, ученикот Глигор Иваноски од 8-Г одделение во ООУ “Кочо Рацин” од Прилеп, го освои првото место. Глигор освои 95 од можни 100 бода и донесе огромна радост за целиот колектив во училиштето. Негов ментор беше наставничката Габриела Стојаноска-Станоеска. Во изјава за “Нова Македонија”, Иваноски објаснува дека за него ...
Турскиот парламент го одобри предлог-законот за протоколот за пристапување на Шведска во НАТО, јави ТРТ. По денешното гласање во турскиот парламент, Унгарија стана единствената членка на НАТО која сè уште не ја одобрила кандидатурата на Шведска за влез во Алијансата. Предлог – законот е испратен до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на конечен потпис, што се очекува да се случи во наредните неколку дена. Во октомври 2023 година, турскиот ...
На 22.01.2024 во 09.20 часот во Полициската станица Кавадарци, 57-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавеното, лицето се претставило како претставник на странска банка со претставништво на Балканот и се договориле да ѝ помогне да добие кредит со ниска каматна стапка. Како што е пријавено, таа во текот на месецот во неколку наврати уплатила по 270 евра за наводната услуга, но тој барал да префрли уште ...
Агенцијата за млади и спорт бара од Општина Прилеп и од Општина Велес да се обезбедат локации за затворени базени. Во дописот кој од Агенцијата го испратиле до градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески стои: -Агенцијата за млади и спорт го реализира Проектот „Изградба на 14 пливачки базени во РСМ”, каде општина Прилеп е предвидена како дел од истиот. Согласно планот за развој на спортот и изградбата на спортска инфраструктура во ...
Пратеникот на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски, e во првите тројца најголеми трошаџии на државниот буџет за патни трошоци во Собранието – објави “Инфомакс” Според објавениот текст, Миле Талевски во 2023 година за патни трошоци побарал и добил 602.929 денари. Талевски бил во Собранието 83 дена, што значи дека во просек добивал по 119 евра за секој ден. Пред Талевски на листата е Јадранка Поцкова која за патни трошоци земала 676.414 денари и Љубица ...
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, специјалното одделение за високотехнолошки криминал, уапсен е мажот кој му се заканувал на Александар Вучиќ. На социјалната мрежа Х се заканувал дека ќе го убие. Како што пренесуваат медиумите, станува збор за корисник на мрежата по име О.С, кој на таа социјална мрежа напишал „Атентат, реално, би бил благословен“, како коментар на објавата „целата програма на опозицијата може и мора да се ...
Државниот завод за статистика објави дека просечната нето-плата во ноември изнесувала 38.359 денари, а тоа значи дека е помала за дури 484 денари во однос на октомврискиот републички просек кога изнесувала 38.843 денари. За разлика од месечното намалување кое е 1,2 проценти, на годишно ниво имало номинален раст на просечната плата од 16,2 проценти, или за 5.384 денари, затоа што во ноември 2022 година просечната нето-плата била 33.011 денари. ...
-Тоа се проминентни политичари кои што доаѓаат од држави како Германија, Италија, понатаму, тука е Норвешка и Полска што значи е еден навистина престижен избор кој што само покажува што треба да правиме во следниот период и на каде треба да се движи политиката и на мојата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, но и на Македонија, рече тој. Во Стразбур се одржува редовната зимска сесија на парламентарното собрание на Советот на Европа и ја имам честа да ...
Обезбедени се бесплатните униформи за сите 5460 ученици од Кисела Вода – напиша на ФБ градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. ФБ статусот во целост го пренесуваме во продолжение: -Денес, на првиот ден од второто полугодие започнавме да ги доставуваме бесплатните униформи до сите наши ученици, во сите основни училишта на територија на општина Кисела Вода. Оваа мерка е уште еден од чекорите за обезбедување еднакви можности за ...
Утрово најниска температура од -16 степени е измерена во Берово и Битола. Следат Тетово и Прилеп со -13 степени, -12 во Демир Капија, -11 Скопје-Петровец и Дебар, -10 Кавадарци, -9 Штип, Струмица и Велес, -8 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Куманово, Претор и Гевгелија, -7 Охрид, -6 Виница, Крушево, Маврови Анови, -4 Дојран и 0 степени на Попова Шапка. Највисока снежна покривка има во Маврови Анови – 17 сантиметри, 15 во Битола, Дебар, Попова ...
Вложувањето во квалитетна дограма во денешно време е пред се спас од високи сметки за електрична енергија, а за прилепчани најчесто тоа е инвестиција која значи домаќинлук. Прашањето секогаш е кому да му се даде довербата, кој нуди поевтини цени и квалитет и кој најбезболно ќе ви го реши проблемот со дотраената надворешна столарија. Ако ги прашате прилепчани, особено оние кои веќе се увериле, ќе ви речат да се обратите во “Гермак Дизајн”, една ...
Екстремно-десничарската Алтернатива за Германија (АфД) ќе се заложи за референдум во стилот на Брегзит за членство во ЕУ, доколку дојде на власт, изјави лидерот на партијата Алис Вајдел, поздравувајќи го излегувањето на Велика Британија од Унијата како сосема правилен потег. – Тоа е модел за Германија, опција да може да се донесе таква суверена одлука – рече Вајдел во интервју за „Фајненшл тајмс“. Вајдел ја води партијата АфД од 2022 година и ...
Одиме на Уставен бидејќи сметаме дека овој закон е неуставен бидејќи не обезбедува законитост, односно усогласеност со другите закони и од друга страна наметнува обврска да се прифатат луѓе од Министерството за политички систем за кои институциите и немаат потреба, рече во интервју за Телма претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска балансерот и вработувањето во администрацијата по етнички клуч. ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,36% во однос на одлуката од 15.1.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,733%, кај дизелот за 3,253%, ...
Луис Суарез неодамна им се придружи на Меси, Бускетс и Алба во Интер Мајами, а викендов Уругваецот го имаше и своето деби за екипата чиј сопственик е Дејвид Бекам. Интер Мајами играше пријателски натпревар против Салвадор, кој заврши без голови, но она што остави огромен впечаток, а снимката го обиколи светот, е акцијата на четвроката која своевремено настапуваше во Барселона. Алаба нафрли до Суарез кој го пронајде Бускетс, а потоа следуваше ...
Не е ништо ново снегот да претставува проблем за надлежните во Македонија, па често како што умеат да кажат граѓаните ги изненадува, иако сме месец јануари, кога оваа природна појава не треба воопшто да не зачудува. Викендов како и најголемиот дел од државата, и Прилеп беше зафатен од снежни врнежи, а од Јавното комунално претпријатие “Комуналец” побрзаа да се пофалат дека успешно се справиле со чистење на јавните површини. Но, граѓаните не ...