
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Од 61 присутен, 55 кренаа рака за законот за игри на среќа. Без амандмани во матичните комисии и дебата на пленарната седница, пратениците дадоа зелено светло за законот, според кој се забранува да има автомат клуб, спортска обложувалница или друг објект за организирање игри на среќа на 500 метри од училиштата. Опозицијата побара точката да се тргне од дневен ред на денешната седница, а откако не беше овозможено ја напушти салата. Движењето ...
По народната “Турниме да кинисам”, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски, конечно се одважи и излезе на “двобој” со претседателот на ОО СДСМ и Генерален директор на Тутунски-Комбинат Прилеп, Зоран Пачешкоски. Ако се земе тоа дека социјалните мрежи и чаршијата изминатиот период вријат од реакции, а дел од медиумската фела објави и за наводна преќутна коалиција за ненапаѓање помеѓу првите луѓе на двете најголеми партии во ...
ВМРО-ДПМНЕ е со двојна предност пред владејачката СДСМ покажува најновата анкета на мерењето на јавното мислење на граѓаните спроведена од Институтот за Политичко Истражување Скопје за потребите на МРТВ кои беа презентирани во емисијата „Објектив“. На прашањето за која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ е во двојна предност пред СДСМ, односно дури 19.4 проценти од граѓаните даваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, додека ...
На 06.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода М.И.(46) од Битола. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана спакувана за продажба и пари во различни апоени. На ул.„Дебарска” во Битола, полициски службеници го лишиле од слобода и Е.А.(33) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, која ја купил од М.И.. Двајцата биле приведени во ...
Проф. д-р Билјана Ванковска е кандидатот од политичката партија Левица за Претседател на Македонија. Денеска е голем ден за нас, како Левица за прв пат обзнануваме претседателски кандидат и мислиме дека го имаме најдобриот кандидат, професорката Билјана Ванковска, кажа претседателот на партијата Левица, рече Димитар Апасиев. „Сметаме дека партијата стигна до ниво, го полага матурскиот испит, тоа е наредното собирање на десет илјади потписи кое ...
На само еден километар од центарот на градот, наскоро во Прилеп започнува изградбата на првиот мол, а прилепчани конечно ќе можат да доживеат посебно шопинг искуство. Во градот под Марковите Кули наскоро започнува изградбата на новиот STRIP MALL, кој ќе се наоѓа во непосредна близина на “Паркот на револуцијата”, веднаш до регионалниот пат Прилеп-Битола. Овој нов супермодерен објект ќе се простира на 9.000м2 и ќе располага со паркинг простор од ...
СДСМ ВО ПРИЛЕП НА ГОЛЕМО ВРШИ ПРЕДИЗБОРНИ ПОДГОТОВКИ !?! ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ КАДЕ ШТО ДИРЕКТОРУВА ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ ЦАКИО КОЈ ИСТОВРЕМЕНО Е И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ ИТНО ВРАБОТУВА 67 НЕ ПРОДУКТИВНИ КАДРИ – ОПШТИ РАБОТНИЦИ – објави новинарот Зоран Момироски. Според информацијата, огласот е објавен на 06.02., а трае само три дена до четврток (08.02.2024г.). -КОНКУРОСТ Е ОБЈАВЕН ДЕНЕСКА А ЗАВРШУВ ВО ЧЕТВРТОК.КАКВА ЌЕ БИДЕ ДОПОЛНИТЕЛНАТА ОБВРСКА ...
-СДСМ ВО ПРИЛЕП НА ГОЛЕМО ВРШИ ПРЕДИЗБОРНИ ПОДГОТОВКИ !?! ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ КАДЕ ШТО ДИРЕКТОРУВА ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ ЦАКИО КОЈ ИСТОВРЕМЕНО Е И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ ИТНО ВРАБОТУВА 67 НЕ ПРОДУКТИВНИ КАДРИ – пишува новинарот Зоран Момироски. -ОД ОПШТИ РАБОТНИЦИ ДО СПОРТИСТИ. КОНКУРОСТ Е ОБЈАВЕН ДЕНЕСКА А ЗАВРШУВ ВО ЧЕТВРТОК.КАКВА ЌЕ БИДЕ ДОПОЛНИТЕЛНАТА ОБВРСКА НА ОВИЕ ,,ПАРТИСКИ ИЗБРАНИЦИ,, ОД ЦАКИО , САМО ТОЈ И НЕГОВИТЕ НАЈБЛИСКИ ВО ТИМОТ СИ ...
Кривични пријави против седум лица за повеќе кривични дела, меѓу кои „злоупотреба на службена положба и овластување“, ,,примање поткуп“, „примање награда за противзаконито влијание“, ,,давање поткуп“ и „давање награда за противзаконито влијание“. Според информациите се работи за В.Н.(48) од Прилеп, Б.Л.(37) од Скопје, А.А.(51) од Скопје, А.К.(59) од Скопје, М.И.С.(38) од Скопје, В.Е.(34) од Гостивар, А.Е.(39) од Гостивар. Во периодот од ...
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на денешниот ден (06.02.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот. На територијата на СВР Битола биле контролирани 135 возила од кои 23 упатени на технички преглед. При контрола кај возач од Битола констатирано било присуство на 4.03 промили алкохол. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. -Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи ...
Поради големиот број на пристигнати апликации, Министерството за економија донесе одлука, заклучно со крајот на денешниот ден 06.02.2024 година до 15.30 часот, да го затвори Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година, соопштуваат од Министерството. Граѓаните ќе можат да аплицираат само за Јавниот оглас за стекнување со финансиска поддршка преку ...
Првото бебе родено во вода во оваа 2024 година во болницата “Плодност” во Битола е Стефан – еден од новите уникатни методи на породување кои ги нуди оваа болница. Мајката на Стефан, со огромна радост и задоволство го сподели искуството на породување во вода, а од “Плодност” со радост ја проследија сторијата на социјалните мрежи. „Кога пред 4 години се породив во Болница Плодност, методата беше се уште во зачеток и се породив спонтано за мојата ...
Државната лотарија водена од Перпарим Бајрами пулен на Артан Груби само во јануари дала неверојатни 12 милиони евра за терминали за приредување игри на среќа, 12 милиони евра за апарати за коцкање, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. -Екс шефот на кабинет на Груби, сега директор на Државна лотарија, на 4 јануари дава над 6 милиони евра за апарати за коцкање, на 11 јануари 11 милиони и 200 илјади ...
На овој ден е роден еден од најголемите актери во Македонија, Благоја Спиркоски-Џумерко. Денес ќе наполнеше 78 години, но за жал тој повеќе не е со нас. Спиркоски е роден на 6 февруари во 1946 година во Прилеп, од татко Киро и мајка Марија. Бил член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година сè до неговото пензионирање. Остварил голем број на улоги, меѓу кои најзапаметен ќе остане по улогата на Итар Пејо во ТВ-драмата „Солунски патрдии“. ...
Доцна синоќа е завршена ревизијата на нефункционалните закажани термини за фотографирање на исправи. Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека над 30.000 телефонски закажувања го блокираат процесот. Додава дека пунктовите кои се направени се популистички мерки кои се многу слабо менаџирани. Најави дека во следниот период ќе се воведе двосменско работење за да им се излезе пресрет на граѓаните. „165.000 граѓани во Скопје ...
На 04.02.2024 во 13.00 часот на место викано „Вештачко eзеро“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.А.(40) од Прилеп. Тој бил затекнат при бесправна сеча на дрва и кај него биле пронајдени запрежна кола натоварена со огревно дрво и моторна пила. Притоа, тој ги попречувал полициските службеници при вршење на службените дејствија. Пронајденото било одземено и предадено на Шумска полиција, а Н.А. бил приведен во ...
Колумна на Никола Тасев: Ковачевски преку телевизија гледа што се случува во „неговата“ влада. Каков крај за надобудниот лидер од „Бихачка“! Кои зборови најбрзо ќе ви текнат, со кои, најсликовито би го објасниле владеењето на неговата и Заевата партија во последните 7 години? Еве што прво мене ми дојде: попуштање, виткање „кичма“, компромиси на штета на државата, прифаќање на туѓи ултиматуми, усвојување на договори – добиени готови и напишани ...
Полна со препознатлива позитивна енергија, прилепчанката Билјана Зероска повторно го воодушеви жирито на шоуто “Никогаш не е доцна”. Исак Шабановиќ едвај чекаше Билјана да запее, а пред самиот настап го интересираше дали во Лондон, каде Билјана живее повеќе години, е подобро отколку на Балканот. “Кога носиш балканска душа, секаде е убаво, а Англичаните мораат многу да научат од нас, а не ние од нив”, рече Билјана која во овој круг се претстави ...
Приштинскиот медиум Национале објави снимка на која наводно се гледаат општински службеници како се дрогираат на работно место. Меѓу нив е и Драгана Милетиќ, потпретседателка на општината, која набргу по оваа афера беше разрешена. На површина излегоа нови тврдења на Милетиќ за тоа дека била „принудена да се дрогира“, иако на почетокот тоа го демантираше. Порталот Национале објави видео на кое, како што тврдат, може да се види како Милетиќ ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.02.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,50 ...
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот(02/03/04.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 226 возачи, меѓу кои 124 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 31 мерки за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за управување без возачка дозвола. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните ...
Еднонеделен годишен одмор надвор од местото на живеење не можат да си дозволат 55 проценти од жителите на земјава. Полошо од нас во Европа стојат Албанија каде што 58,3% од граѓаните не можат да одат на одмор, Турција (60,8%), Романија (62,5%), Црна Гора (67,2%) и Косово (69,5%). Во Грција процентот на луѓе кои не можат да си дозволат годишен одмор е 48,8, во Бугарија 43,8, во Србија 43,6, Хрватска 41,7, а во Словенија 16,7. Одмор подолг од ...
Во земјава денеска се одбележуваат 152 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски, стигна до петнаесеттиот погодок сезонава во дресот на шкотски Абердин. Во рамките на 24-то коло Абердин го пречека големиот Селтик, натпревар од кој гостите очекуваа сигурни 3 бода, но сметките им ги закомпликува нашиот Миовски со прекрасен погодок за водство во 50-та минута. Мајсторијата на Миовски погледнете ја од втората минута во видеото во продолжение: Натпреварот заврши 1:1, а Миовски ...
Новинарот Зоран Момироски на социјалните мрежи го покрена прашањето за недостатокот на вертикална сообраќајна сигнализација во Прилеп, горливо прашање на кое граѓаните со години реагираат. Но, не само што сообраќајните знаци и патокази недостасуваат на одредени места, туку голем дел од нив се поставени на пешачки и велосипедски патеки. -Во Прилеп недостига вертикална сигнализација. И таа што ја има “дивјаци” ја уништуваат. Ама таа што ја имаме ...
Чествувањето на 152 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата Св. Спас почна со панихида со која чиноначалствуваше г.г. Стефан во сослужение на повеќемина свештенослужители на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). „Споменот за Гоце останува и љубовта кон него не се намалува. Не треба да размислуваме само колку се гордееме со Гоце, туку и колку тој се гордее со нас, дали не смета за ...
Во текот на изминатата вечер (03/04.02.2024)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 20 возачи од кои (9 во Битола, 9 во Прилеп, 2 во Ресен), а откриени биле и 10 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги ...
Претседателот на Алијансата на Албанците Арбен Таравари попладнево на фејсбук најави дека од Собранието на неговата партија ќе побара да влезат во коалиција со здружената Албанска опозиција. Ова би значело дека АА на избори ќе учествува заедно со партиите на Меџити, Касами и Гаши. – Безрезервно верувам во моите сопартијци и во нашата заедничка визија и ја барам нивната нивната доверба Алијансата на Албанците да влезе во изборната трка заедно со ...
Станкоски е категоричен дека нема да се дозволи каква било манипулација со тутунарите. -Нема да дозволиме да се манипулира со тутунарите. Тутунопроизводството е значајна индустриско-земјоделска гранка, влијае и на девизниот прилив во земјава. Нашите подрачни канцеларии во земјава е отворени и сите тутунари може да се обратат во секој момент, вели Станкоски. Ваквата ситуација може да влијае на новото тутунопроизводство. И Инспекторатот и ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки е во дводневна посета на Швајцарија. Денеска во Женева тој имаше состанок со претседатели на многу задгранички комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Европа. -Навистина една исклучително квалитетна атмосфера, мотивирани се луѓето сите тие си ја љубат својата татковина Македонија и се подготвени да дадат максимум во ...