
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Во текот на изминатата вечер (02/03.01.2024)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 14 возачи од кои (9 во Битола,4 во Прилеп,еден Македонски Брод),а откриени биле и 13 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните ...
Околу 1.500 граѓани вчера лично поднеле барања до Архивата на Министерството за економија за ваучер за набавка на инвертер клима уред, а во четвртокот тоа го направиле 500 граѓани. Дополнително голем дел од апликациите пристигнале по пошта, претежно од граѓани од другите градови во земјава и тие ќе се обработуваат во текот на викендов, информираат од Министерството за економија. Од Министерството за економија очекуваат набрзо да се искористат ...
Денеска се одбележуваат 20 години од загинувањето на македонската пејачка на народни песни, Петранка Костадинова. На 3 февруари 2002 година, таа загина во сообраќајна несреќа во центарот на Скопје. Пред несреќата, била во МРТВ за да ја направи студиската снимка на песната што требало да ја изведува на престојниот фестивал “ГОЦЕ ФЕСТ”. Таа е воедно и нејзината последна снимена песна. Појавата на Петранка Костадинова, во македонската народна ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52% во однос на одлуката од 29.1.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,804%, кај дизелот за ...
„Сите вие што сте родени од 1991 година наваму во индексот кај држава на раѓање треба да ставате исклучително само Македонија и ништо друго. Никакво РСМ, Р.С.М., РС Македонија и слично не сакам да видам“, порачува професорот на Филозофски факултет др. Владимир Трајковски во објава на Фејсбук до неговите студенти. „Таму не ви пишува држава на живеење, а дури и тоа да ви пишува, не мора да бидете толку политички коректни. Ви укажувам на прва ...
Извадоци од полицискиот билтен на МВР -На 31.01.2024 во 13.20 часот во ОВР Прилеп, А.Р.(55) пријавил дека на ул.„Т.Николоски“ бил каснат од куче скитник. -На 31.01.2024 во 15.40 часот во СВР Битола, В.Н.(21) од Битола пријавил дека на ул.„Димче Лахчански” во Битола бил каснат од куче скитник . -На 31.01.2024 во 21.00 часот во СВР Битола, И.М.(43) од Битола пријавил дека на ул.„Широк Сокак“ во Битола неговата малолетна ќерка била касната од к ...
Новинарот Зоран Момироски го продолжи серијалот колумни: “Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем”, кој отсега ќе оди на неговата ФЕЈСБУК СТРАНА (Зоран Момироски). Mомироски одново пишува за сите неделни случувања во градот и разни пикантерии, а особено интересен е делот каде новинарот пишува за наводна договорна коалиција на општинско ниво помеѓу двете најголеми партии, или во случајов на двајцата претседатели на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Дејан ...
Пријателскиот натпревар меѓу белградска Црвена звезда и бугарскиот Ботев од Враца беше прекинат во 67. минута поради хаотични сцени на теренот кога се степаа фудбалерите на двете екипи. Диогу Барбоза во таа 67. минута му удри бокс на Урош Спајиќ, по што се вмешаа и останатите актери на теренот. Причина за бесниот настап на Барбоза беше фаулот на Спајиќ. 😮 Udarac Barbose koji je prethodio prekidu utakmice Crvena zvezda – Botev! ...
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Во сабота времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Во недела времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе ...
Сите 27 земји на Европската унија договорија 50 милијарди евра помош за Украина на специјалниот Самитот на Унијата што денеска се одржува во Брисел, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на Икс. – Имаме договор. Сите 27 лидери се согласија за дополнителен пакет за поддршка од 50 милијарди евра за Украина во рамките на буџетот на ЕУ. Ова значи стабилно, долгорочно, предвидливо финансирање за Украина. ЕУ презема лидерство и ...
На 31.01.2024 во 19.45 часот, во СВР Битола се јави лицето О.П.(54) од с.Кравари и пријави дека на ден 31.01.2024 година, во околу 14.00 часот неговиот дедо Л. Н.(75) од с.Кравари се оддалечил од домот и се упатил во непознат правец, односно истатиот го пријави за исчезнат. По добиената пријава, веднаш од страна на полициски службеници од СВР-Битола преземени се мерки и активности за негово пронаоѓање при што беа организирани патроли за ...
Министерството за внатрешни работи во декември минатата година склучи договор за набавка на нови регистерски таблици и на налепници за регистрациите на кои ознаката „МК“ ќе се замени со „НМК“. Договорот е склучен со фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“. Од Министерството за внатрешни работи велат дека согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен е договор за ...
Екипата на Мега Баскет со триумф го започна пролетниот дел од сезоната во Втората кошаркарска лига. Минатиот викенд во поларните услови во спортската сала во Куманово, совладан е истоимениот противник со повеќе од убедливи 35-73. Таа победа, како и двете пријателски средби претходно, одиграни во Лерин и во Битола, треба да бидат увертира за подобри резултати во однос на есенскиот дел. Со четири победи и осум порази, прилепската екипа се наоѓа ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против шест деца во судир со законот за кои постои сомнение дека сториле продолжено кривично дело кое е санкционирано како – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Малолетниците, сите ученици во деветто одделение во основно училиште, како соизвршители, неовластено преземале приватни ...
На прашањето која партија сметате дека ќе победи на парламентарните избори во ИЕ 1 анкетираните одговориле дека ниедна 9.0%, не сака да каже 7.7%, не знам / немам одговор 26.2%, СДСМ 8.3%, ВМРО-ДПМНЕ 28.1%, ДУИ 5.9%, ЕСП 4.5%, АА 1.6%, Левица 4%, Знам 3.5% и друга 1.2% Додека пак за претстојните претседателски избори во Македонија во ИЕ 1 својот глас за претседателскиот кандидат од СДСМ би го дале 9.7%, за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ 19.4%, за ...
На само еден километар од центарот на градот, наскоро во Прилеп започнува изградбата на првиот мол, а прилепчани конечно ќе можат да доживеат посебно шопинг искуство. Новиот STRIP MALL PRILEP ќе се наоѓа на излезот од градот кај “Паркот на револуцијата” и ќе се простира на површина од 9.000м2. Се работи за еден совршен проект кој пред се’ ќе има огромен економски бенефит за Прилеп, објект кој ќе ја збогати понудата на градот, ќе привлече голем ...
Градоначалкникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, заедно со директорот на ЈКП Водовод и канализација, Игор Гулабоски, и Раководителот со секторот за образование во општина Прилеп, Марјан Матракоски, беа дел од Самитот Б40 – Балканска мрежа на градови, кој што се одржуваше од 29 до 31 јануари во Тирана. За посетата на овој Самит, Јовчески во соопштение за медиумите вели: -Остварив билатерални средби и имав прилика да разговарам со домаќинот на ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес е во посета на тетовското Кале и црквата Св. Атанасиј. -Нека е за многу години. Тетово е гордо на своите традиции. Заедно да се избориме за промени и победа над хаосот. Тие ја одземаа државата, ние ќе ја вратиме во рацете на народот. Заедно и силно. Момент за промени“ – истакна Мицкоски. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права ...
Битолчанецот К.К. (42) го загуби животот, а 19 лица се со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа која се случи вчера попладнето на регионалниот патен правец Битола – Демир Хисар. Од СВР Битола потврдија дека во сообраќајката која се случила вчера во 14:57 часот учествувале патничко возило „пежо“ и комбе, и двете со битолски регистарски ознаки. -Сообраќајна несреќа се случи меѓу комбе управувано од А.С. (25 г.) од селото Вирово, ...
На 30.01.2024, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода С.Ф.(36) од с.Суводол, демирхисарско. Имено, во ОВР Демир Хисар Н.С.(41) од с.Суводол пријавила дека била опожарена влезната врата од нејзиниот продажен објект во с.Суводол, а по преземени мерки и извршените оперативни проверки било констатирано дека сторител е С.Ф.. Во службен разговор тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе следува ...
Поради поставување заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, од денеска до 3 февруари, ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 8:00 до 16:30 часот, соопшти АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се ...
Вчера на првата седница на преодната Влада беше усвоена информацијата за Програмата за користење средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2024 година, со која Министерството за култура ги поддржува капиталните проекти од областа на културата во единаесет општини. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека оваа година е обезбеден поголем буџет, 50 милиони денари, со кој ...
Денеска е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие. Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте… Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен. Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови ...
Карате федерацијата на Македонија на гала свеченост ги избра најдобрите за 2023 година. Најдобриот македонски каратист на сите времиња, Емил Павлов повторно е избран за најдобар каратист на Македонија во борби, додека Ангела Мојсовска го доби признанието кај дамите. Меѓу најдобрите беше и каратистката од Карате клубот “Бонсаи” од Прилеп, Елеонора Ковилоска, која во конкуренција на ката за јуниорки е второрангирана. Сите добитници на ...
На 27.01.2024 година во Битола, во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка поддршка од џудо клуб “Пелистер” Битола, се одржа стручен семинар за лиценцирање на џудо судии и џудо тренери. Семинарот го предводеа Томе Јосифоски – Претседател на судиската комисија, Ѓорѓија Стојанов – Претседател на комисијата за лиценцирање и едукација на џудо тренери и Јован Велески член на комисијата за едукација. Учество зедоа околу 60 стручни ...
На сите лица повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на излезот од Битола, им е пружена итна медицинска помош, изјави за МИА, Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола. Повредените лица се чувствуваат добро, а дел се пуштени на домашно лекување, потврди Ивановска. -Веднаш интервениравме. Во одделението за ортопедија примени се 13 лица и на сите им е укажана лекарска помош и не се хоспитализирани. Во ...
Бугарските медиуми јавија дека речиси во половина од државата е прогласена епидемија на грип. Во градовите Велико Трново и Јамбол од денеска е прогласена епидемија на грип, мерките ќе останат во сила до 5 февруари, а од среда епидемија на грип е најавена и за Шумен и Перник. Инаку во дванаесет региони во Бугарија веќе се на сила антиепидемиските мерки – Бургас, Варна, Велико Трново, Габрово, Пазарџик, Перник, Плевен, Пловдив, Софиско, Смолјан, ...
Центарот за поддршка на учењето во OOУ “Климент Охридски” Прилеп, од денеска е збогатен и опремен со нова и современа асистивна технологија. -Оваа донација е “плод” на учеството и соработката на нашето училиште во рамките на проектот “Инклузија на деца со посебни образовни потреби” под покровителство на Здружението за асистивна технологија “Отворете ги прозорците”, а финансиски поддржан од Детската фондација Песталоци. Да го направиме ...
Египќанец, роден околу 250 година во некое село Кома, близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрвин, се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне обеспокојувањето од ...
По апелот за помош од Здружението Шепи-2021, згрижен е коњот кој во близина на Плетвар беше удрен од несовесен возач и оставен на патот, извести градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. „Беше потполно мирен, се тресеше од шокот и од светлата на автомобилите што минуваа. Но, сепак ова исплашено и рането животно како да знаеше дека спасителите се тука и ќе му помогнат“, пишува Јанчев. Тој упати благодарност до сите што учествувале во ...