54-годишниот Сашо Башески од Прилеп, остави голем впечаток кај публиката ширум Балканот и светот, со неговиот прв настап во емисијата “Никогаш не е доцна”. Веднаш штим излезе на сцената, тој ја поздрави публиката, а потоа зборуваше за реакциите на неговите сограѓани кога разбрале дека ќе се натпреварува на ова шоу. Нашиот прилепчанец ја отпеја песната “Да зна зора”, а со самиот избор на оваа композиција веќе предизвика позитивна реакција кај ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е нов претседател на партијата, Нова Алтернатива, формирана во 2007-та година од екс пратеникот од Прилеп Ѓорѓи Оровчанец. На последните избори во 2020-та година партијата партиципираше во владеачката коалција предводена од СДСМ.. Од Нова алтернатива соопштија дека денеска во 18 часот во хотел “Континентал” ќе се одржи конвенција за официјална промоција на Арсовска. Неодамна, таа најави дека ќе ...

По повод празникот Богојавление – Водици, во петок 19 јануари, во 12:00 часот, 120 прилепчани ќе скокнат во базенот од аквапаркот кај хотелот „Салида“ во Прилеп, со желба први да стигнат до светиот крст. -Во соработка со Прилепското архиерејско намесништво оваа година се враќа масовноста на овој свет чин, а освен во Прилеп, Богојавленскиот водосвет, односно чинот на фрлање на крстот ќе биде извршен во уште 15 други населени места на ...

ФБ статус на Јане Ченто по вчерашните нови пресуди на судот во Стразбур: -Како кула од карти им се руши предметот 27ми Април. Стигаат пресуди дека државата, судиите и обвинителите ГИ ПРЕКРШИЛЕ ПРАВАТА НА ОБВИНЕТИТЕ. Ова е само почетокот, финалето следи за многу брзо. 27ми Април е најголемиот монтиран процес во поновата македонска историја и тие што го монтираа МОРА ДА ОДГОВАРААТ! За многу брзо од денес, кога ќе имаме нормална извршна власт, ...

Во овој момент нема ризик второто полугодие од учебната година да почне навреме, следната недела. Комисијата за заразни болести, која денес препорача маски во здравствените установи и во домовите кои згрижуваат стари лица и забрани посети во болниците и во домовите за стари лица, засега не гледа опасност за школите поради зголемената борјка на заболени од грип. „Учебната година стартува. Во моментов нема ризик дека нешто специјално страшно ќе ...

Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија. Рокот за пријавување е 7 дена, вклучувајќи го и денот на објава на Јавниот оглас. Младите лица кои се заинтересирани да се пријават треба да ги исполнат следните услови: да се државјани на Република Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено средно образование, да имаат посебна здравствена и ...

Се додека математиката дозволува ние да имаме можност за формирање влада со опозицијата условно, консолидирана во албанскиот блок, таа можност стои како отворена. Е сега ако резултатот е 22 наспроти 5 или ако е резултатот 20 наспроти 6-7 јасен е параметарот по кој што ние треба да се движиме, но тоа нема да се случи. Еве јас ви гарантирам, запамтете ми го ова што го зборувам дека разликата помеѓу консолидираниот опозициски албански блок условно ...

Македонската заедница во Австралија објави фотографија со забранети знамиња, каде што се наоѓа и македонското знаме. Знамето е забрането заедно со Израел, Русија, Белорусија, Палестина и Тајван, а засега не е позната причината на организаторот, јавува австралиското радио СБС на македонски. Забрането е и старото знаме со 16 краци од Кутлеш. Знамињата на Палестина и Израел се забранети поради војната, а руските и белоруските знамиња поради ...

УХМР најавува врнежи и пораст на температурите во четврток и петок. Како што информира, врнежите ќе бидат од дожд и повремени, а ќе дува и засилен јужен ветер. Под влијание на студен и влажен бран во петок кон крајот на денот и во сабота, врнежите ќе преминуваат во снег и ќе дува засилен северен ветер. Според УХМР, утре ќе биде променливо облачно, претпладне во западните и северните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините и во ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64% во однос на одлуката од 9.1.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,387%, кај дизелот ...

Денеска (15.01.2024) во 04.18 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„1 Мај“ во Битола, патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Битола, удрило во дрво и две паркирани патнички моторни возила „бмв“ и „форд“, двете со битолски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР ...

Припадници на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) вршат претрес во приватни високообразовни установи во областа на Мостар, поради сомнение дека издавале фалсификувани дипломи. Акцијата „Кластер“ се спроведува по налог на Судот на Босна и Херцеговина, а од приватните факултети во Мостар се одземаат документи и сомнителни студентски досиеја, соопшти СИПА. Привременото одземање на документација се врши поради постоење основи на сомнение ...

На 14.01.2024 во 09.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(36) од Прилеп, удрило во ограда од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од ОВР Прилеп. ...

Веќе една година прилепчани имаат шанса да си ја пробаат среќата во еден поинаков амбиент. КАЗИНО ВЕГАС викендов прослави 1 година постоење во градот под Марковите Кули. Роденденот го прославија со сечење на роденденска торта и голем број изненадувања за играчите. ВЕГАС КАЗИНО е единственото место каде љубителите на слот игри имаат можност да се забавуваат, а истовремено да освојат некој од вредните џек потови, кои само таму растат со ...

Светот никогаш не бил толку блиску до избувнувањето на Третата светска војна, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп обраќајќи им се на своите поддржувачи во Ајова. „Мислам дека никогаш не сме биле во таква опасност од трета светска војна како што сме сега. И како што велам во секој говор, ќе ја спречам третата светска војна, ги познавам сите овие луѓе“, рече тој, пренесува РИА Новости. Според политичарот, САД под управата на ...

СДСМ континуирано вложува во унапредување и модернизација на здравството, со капитални инвестиции во објекти и опрема, како и со покачување на платите на здравствените работници – велат од владеачката партија. Во продолжение интегрален текст од соопштението: Само изминатите неколку денови во употреба се пуштени голем број нови реновирани здравствени објекти, како и нова опрема ширум медицинските центри во државата. Скопската Клиника за хируршки ...

Бигорскиот манастир бара извинување од организаторите на Вевчанскиот карневал, за, како што пишуваат, исмевањето на Господ. „Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични ...

Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески -СВ. ВАСИЛИЈ НЕ БИЛ БУРЕКЏИЈА Зошто православните вртат бурек(лепче) со паричка на Василица? Од верски побуди и во чест и спомен на СВЕТИ Василиј Велики, нели? Е па тогаш, убаво е да се знае дека Василиј Велики не бил бурекџија ами СВЕТИТЕЛ, а светителите во православната црква се чествуваат така што, верниците одат на богослужба во храмовите. Вртењето бурек или лепче со паричка е убава традиција од ...

Сопственикот Клејтон оставил пари на шанкот во кујната и половина час подоцна го нашол својот миленик како ужива во најскапиот оброк во својот живот. Сопствениците повикале ветеринар, кој ги советувал да го надгледуваат кучето, а кога Сесил почнал да го исфрла она што го изел, тие се обиделе да ги залепат уништените банкноти. Имено, тие пари ги издвоиле за реновирање во куќата, но нивниот миленик успеал да ги најде, пренесува CBS Pittsburgh. За ...

Во наредните години во светот би можело да се креира ново бојно поле, во однос на кое серијата воени конфликти што започнаа во последната година може да изгледаат како ситница. Ова го пишува британскиот Дејли Меил, кој потсетува дека во 2023 година имаше нагло зголемување на конфликтите во светот. Спомнувајќи ја војната меѓу Израел и Хамас, како и војната меѓу Русија а Украина која трае две години. Истовремено, во субсахарска Африка ...

Триесет и пет лица се повредени, од кои пет се здобиле со сериозни повреди, кога се урна таван на свадбена прослава во поранешен манастир во градот Пистоја, во италијанскиот регион Тоскана, пренесуваат италијански медиуми. Al Convento di Giaccherino di Pistoia in corso le operazioni di soccorso dopo il crollo di una porzione dell'edificio. Al momento risultano 5 persone trasportate al pronto soccorso in codice rosso, dieci in giallo e circa ...

Денеска се празнува Св. Василиј Велики Именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка… Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Обрезанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква. Овој празник се празнувал уште во првите векови на ...

ФБ статус на Отец Оливер Петровски како реакција на една од маските на денешниот Вевчански карневал: -Ти благодарам Господи на Твоето долготрпение!!! Твојата голема љубов кон нас, недостојните Твои слуги, е преголема и иако секојдневно одиме против Твоите заповеди, Ти продолжуваш да нѐ љубиш… Вевчанци, дали имате воопшто ум и разум? Чествувате пагански (сатански) празник и се исмејувате со доброволната жртва на нашиот Господ Исус Христос која ...

Со бурек, греано вино и топол чај, и оваа година ден пред православниот христијански празник Св.Василиј, а во организација на општина Прилеп, се одржа манифестацијата „На Василица во Прилеп“. Голем број граѓани денеска на пладне се собраа на платото пред Градскиот Саат за заеднички да го одбележат дочекот на Православната Нова година. Најсреќен помеѓу прилепчани беше Љупчо Трајкоски, кој ја пронајде паричката, а од градоначалникот на општината, ...

АПЕЛ за помош на семејството Јорданов од Штип. Боби Јорданов почина во средата во болницата Großhadern во Минхен од рак на желудникот, објави Телевизија Стар. Секоја донација ќе значи премноги за неговата сопруга и неговата 17 месечна ќерка, како би можеле телото да го донесат и погребат во Македонија. Лекувањето го донесе семејството до финансиско исцрпување и секоја мала помош за нив е голема. Да бидеме хумани,да и помогнеме на Славица да му ...

Фото/Ohridnews.mk Деветнаесетгодишно момче со иницијали М.М. синоќа загинало во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 1: 20 часот на локален пат меѓу Вевчани и струшкото село Подгорци, информираат од СВР Охрид. Полицијата соопшти дека увид на лице место извршиле полициски екипи, како и дека и јавен обвинител излезен е на местото на настанот. Според информациите од Вевчани, каде денеска треба да се одржи традиционалниот Вевчански ...

Е затоа во многу нешта се први во светот, затоа што нив како нација нема што не ги интересира, особено изучување нешто ново, па дури и јазик на една мала балканска нација. Ова се учениците по македонски јазик во средното училиште Таканава во Токио Тие го изучуваат македонскиот јазик изминативе две години, ја презентираат македонската кујна, природното наследство на земјата и обичаите на училишните фестивали. Иницијатор и инспирација за нивните ...

Трагична вест го потресе Вевчани утрово. Во тешка сообраќајна несреќа почина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски. – На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил ...

Од неработните денови во месец јануари речиси „глава“ не можеме да кренеме. По првите два споени викенди во јануари и двата неработни понеделници, време е да одмараме и во петок пред викендот. Идниот петок е неработен ден во Македонија, но само за граѓаните од православна вероисповед, додека за идниот нереаботен ден ќе почекаме малку подолго време. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во ...

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(30) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Тој, на 18.12.2023 година околу 21 часот во неговата семејна куќа во Кичево, при вршење на семејно насилство, со физичка сила и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
62%
1014
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
79%
1014
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
1.03
79%
1015
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
93%
1013
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.23
89%
1013
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
88%
1014
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
4.12
59%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1016
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1017
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
88%
1013
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
91%
1014
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1011
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.35

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52