
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



На 10.02.2024 борачите на “7-ми Mај” настапија на силен меѓународен турнир во Косово и ги постигнаа следниве резултати: Михаил Илијески прво место во категорија до 50кг, Елена Дејкоска второ место во категорија до 49кг, Ангела Трајкоска трето место во категорија до 49кг, Деспина Богеска трето место во категорија до 53кг, Тамара Цветкоска прво место во категорија до 61кг. Екипата беше предводена од тренерот Стојанче Тушески и новиот и млад ...
-Драги наши сограѓани, Македонци. Сакаме да ви кажеме дека секој оној наш сограѓанин што ќе добие казна за возење со старата возачка дозвола да ни се обрати за да му помогнеме околу плаќање на истата. Не сме држава, а уште помаклу сме богати, но пред се сме луѓе и колку можеме ќе учествуваме во неправдата нанесена врз секој наш сограѓанин! Апел до секој еден полицаец да се подзамисли кога ќе сака да казни некој шофер за најсмешниот “закон” во ...
Денес дадовме Отчет пред граѓаните на општина Прилеп. Тоа е наша должност кон граѓаните за вашата укажана доверба – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, по денешната во Центарот за култура “Марко Цепенков” за сработеното во изминатите две години. Објавата на Јовчески на социјалните мрежи ја пренесуваме во продолжение: ✅Напишаниот отчет на 60 страници е доказ дека нашите ветувања ги исполнуваме но и дека сме само на ...
Околу возачките дозволи, ги известуваме граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија, информираа од Министерството за внатрешни работи. Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме и дека во случај на ...
Денеска во Прилеп се одржа Вториот ГРАН-ПРИ турнир “Прилеп 2024” . Со 7 поени победник е Дејан Ѓорѓиески од ШК “Пелагон” , додека второто место го поделија Горан Готовуша и Тони Кироски со половина поен помалку. За поздравување е 4 место на ветеранот Стефан Присаѓанец, кој освои 5 поени. На турнирот зедоа учество 17 играчи од 4 општини: Прилеп, Битола, Крушево и Долнени. Сите нестрпливо го очекуваат Вториот Меѓународен турнир „МАТ 2024“, ...
Воздухопловниот Клуб „ФИЛ ФЕНИКС“ од Прилеп одржа свечена седница во присуство на спортисти од клубот, овластени стручни лица и претставници на медиумите. На средбата беа промовирани постигнатите резултати и на добиени признанија, прогласени беа најдобрите спортисти во 2023 година, доделени беа лиценците на меѓународни судии и спортисти, како и беа споделени информации од домашна и меѓународна воздухопловна сцена. На долгогодишната јуниорска ...
Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, денеска во салата на Центарот за култура “Марко Цепенков”, го промовираше сработеното во изминатите две години. На настанот присутен беше и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој порача дека партијата во својата програма предвидува 34 милиони евра за реализација на проекти во општина Прилеп. –Денеска во Прилеп го видовме отчетот за работата на градоначалникот Борче Јовчески. ...
Пожарот избувнал околу 2 часот и 40 минути рано утрото вчера по локално време од главниот трансформатор на третата нуклеарна единица во неактивна зона, стои во соопштението на Е Де Еф. Реакторот беше исклучен автоматски според протоколот. Од компанијата истакнуваат дека пожарот е изгаснат. Бидејќи четвртиот реактор е поврзан со третиот, тој исто така беше исклучен од безбедносни причини, додаде Е Де Еф. Француската агенција за нуклеарна ...
Со цел излезат во пресрет на граѓаните, особено на оние кои имаат неодложни патувања за надвор од Македонија, како и за фирмите на кои превозот на стока и патници им е примарна дејност, компанијата “Авто Контрол” од Прилеп, утре 10.02.2024г. (недела), ќе работи од 10 до 16 часот, па сите оние кои имаат потреба ќе можат да подигнат налепници со ознаката “НМК”. Како што веќе е познато, сопствениците на возила со регистарски таблици со стариот код ...
Русија не можеше да помогне во одбраната на Србија за време на војните во поранешна Југославија, изјави претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во интервју за Такер Калрсон. „Штом почнаа настаните во Југославија, Борис Елцин го крена гласот за поддршка на Србите, не можевме а да не застанеме во одбрана на Србите, бидејќи Србите се посебен и близок народ за нас, со православна култура. Тоа е народ кој страда со генерации“, рече тој, ...
Американскиот новинар Такер Карлсон, наводно, се сретнал со поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден и Тара Рид, која го обвинува актуелниот американски претседател Џо Бајден за вознемируавање. Информацијата ја објави порталот Семафор, кој неофицијално наведува дека Карлсон неколку часа разговарал со Сноуден, а интервјуто со Тара Рид го снимил. Во јуни 2013 година, Сноуден предизвика голем меѓународен скандал објавувајќи до Вашингтон ...
Во организација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), во Сокобања, Србија, се одржа дводневен настан на кој слушателите ги запознавме за концептот на транспарентно, одговорно и отчетно локално владеење. Предавањето е дизајнирано присутните да ги опреми со практични примери, како и вештини и стратегии кои се неопходни за транспарентно работење во интерес на граѓаните и заедницата. Со дванаесетгодишното искуство како Градоначалник на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло наместа со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието. Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од – 0 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ...
Собранието вечерва со 62 гласа „за“ и ниту еден глас „против“ ги разреши министрите за здравство и за информатичко општество и администрација Фатмир Меџити и Азир Алиу. На гласањето не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Меџити и Алиу се разрешени по предлог на техничкиот премиер Талат Џафери кој од собраниската говорница денеска образложувајќи го предлогот за разрешување рече дека според законот, не може да има два опозициски ...
Собранието вечерва со 62 гласа „за“ и ниту еден глас „против“ ги разреши министрите за здравство и за информатичко општество и администрација Фатмир Меџити и Азир Алиу. На гласањето не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Меџити и Алиу се разрешени по предлог на техничкиот премиер Талат Џафери кој од собраниската говорница денеска образложувајќи го предлогот за разрешување рече дека според законот, не може да има два опозициски ...
Граѓаните кои што се затекнати во странство по 12 февруари, а се со стари патни исправи, ќе можат да се вратат во државава со патен лист кој се издава во дипломатско-конзуларните претставништва, информира на денешниот брифинг со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи. Османи кажа дека нема простор за паника кај граѓаните, ДКП-ата ќе работат во повеќе смени, додавајќи дека најголем наплив за барања на патни листови има во Германија. ...
Празниците на виното и љубовта, Св. Трифун и Св. Валентин, прославете ги на најдобар начин. Ресторан “Деспина” e иделната локација каде во одлична атмосфера ќе уживате во добрата храна, место кое ќе им ги стопли срцата на заљубените и ќе им пружи топлина во душата на љубителите на добрата капка вино. Па така ако се’ уште се двоумите каде и како да ги поминете овие празници, резервирајте на време и уживајте во прекрасната празнична атмосфера ...
Има ли полиција, инпектори, служби, или сведочиме на тотален колапс – распад на систем во Македонија? Со огнено оружје среде урбана средина во Прилеп, завчера, 05.02. се застрелани и убиени 6 кучиња кои се нашле на патот на монструм кој плански им пресудил, шетал наоружан за да убива – пишуваат на социјалните мрежи од Здружението за заштита на животни “Анима Мунди”. Фејсбук објавата од ова Здружение за заштита на животните во целост ја ...
Билјана Зероска од Прилеп, со својот настап остави неверојатен впечаток во последната емисија од шоуто “Никогаш не е доцна”, каде после енергичната изведба на “Мама миа”, во ревијалниот дел од емисијата предизвика и прекрасни емоции кога настапи заедно нејзиниот брат, Методија Зероски. После мини спектаклот кој го приреди, ги сподели и своите впечатоци, и истакна дека со овој заеднички настап ја исполниле желбата на нивната покојна мајка. “Тој ...
3.555 работници чии месечни примања во семејството не надминуваат нето приход од 50.000 денари ќе добијат ваучер во вредност од 18.000 денари за одмор во домашни туристички капацитети. Министерството за економија в понеделник ќе распише јавен повик, а право на учество ќе имаат физички лица кои се вработни, но нивните примања не надминуваат 50.000 денари. Како што велат од Министерството, Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ...
Дерек Мулер, експерт за изборно право на Правниот факултет Нотр Дам, кој поднесе неутрален поднесок во кој ги анализираше клучните правни прашања, откако Врховниот суд на САД ги слушна усните аргументи, рече дека судиите најверојатно ќе го вратат Доналд Трамп на гласачкото ливче во Колорадо. -Се чинеше дека судиите се загрижени дека една држава може да влијае на целиот процес на претседателски избори и оти се потребни одредени насоки од ...
Воден од принципот на поставување на чесни, искусни и професионални кадри, новиот министер на МВР, Панче Тошковски, направи измени во полициското раководство на СВР Битола. Од денеска, функцијата Началник на Одделението за внатрешни работи Прилеп ќе ја извршува Марјан Станоевски, долгогодишен професионалец и посветен на службата кадар, кој пред се’ е високоценет во средината во која работи. Со Секторот за вратрешни работи во Битола пак, ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва со жрепка во Париз ги дозна противниците во групната фаза во Ц дивизијата на Лигата на нации. Жрепката одлучи македонската репрезентација да биде дел од групата Ц4 заедно со селекциите на Ерменија, Фарски Острови и Латвија. Лигата на нациите стартува со натпреварите во септември, на петти и осми, а продолжуваат со натпревари во октомври и ноември. Од ова издание од секоја група по две селекции се ...
Без пензиско и здравствено осигурување и за минимална плата, со години работат околу 120 здравствени работници и во прилепската Болница. Задолжени со истите работни задачи како и нивните вработени колеги, овие луѓе, помеѓу кои има и лекари, и медицински сестри, и технички персонал, за овој месец немаат ниту нови договори што дополнително ги вознемирува и разочарува, бидејќи стравуваат дека ќе останат и без мизерниот минималец – oбјави “ТВ АЛФА”. ...
Реакција на Ректорот на Универзитетот “Скопје”, Аце Миленковски, за актуелната состојба со личните документи: Голема срамота, навистина голема срамота е за една сериозна држава, како нашата Македонија, актуелен аспирант за ЕУ- (таа истата која многу ја зборуваа), да ја остават во ваков хаос и на штета на македонските граѓани, кои апсолутно немаат никаква обврска да менуваат нешто што сеуште е важечко! Срамотно и крајно понижувачки е жени и деца ...
Во недела со почеток од 11ч. во големата сала на Центарот за култура “Марко Цепенков”, ќе се одржи промоција за сработеното на Локалната самоуправа на Општина Прилеп во изминатите две години, 2022 и 2023. -Ве поканувам во недела на 11.02.2024 година со почеток во 11:00 часот во НУЦК „Марко Цепенков“, на промоција за сработеното на Локалната самоуправа на Општина Прилеп во изминатите две години, 2022 и 2023. Ветивме пред Вас дека ќе работиме ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ниту еден од функционерите на странски држави нема политичко влијание врз него, премиерот и претседателот на парламентот, дури ниту од Русија. На заедничката прес-конференција со германскиот министер за одбрана Борис Писториус, тој исто така рече дека е горд што претставува земја која, како што нагласи, е слободна и независна. „Што се однесува до руското влијание, да бидам многу јасен… ...
Македонскиот ракометен интернационалец и прилепчанец, Димитар Димитриоски го продолжи договорот со шпанскиот прволигаш Атлетико Ваљадолид. Крилото и следната сезона ќе го носи дресот на Валјадолид откако клубот му го продолжи договорот и тоа официјално го објави на својата интернет страница. Димитриоски досега има постигнат 77 голови за оваа екипа, а сезонава има просек по 2 гола по натпревар. По настапот за неколку македонски екипи, левото ...
„Овој пат е различна ситуацијата, овие избори Албанците ќе имаат поголема излезност. На крајот од денот треба да видиме дали гласачкото тело на Алијанса сака да ја одржи на власт ДУИ или не. Дури и гледаме дека струшкото крило што му беа најблиски на Села, сега се со Таравари. Изгледен ми е резултатот во Алијанса за Албанците. ДУИ му врши работа на Села, но ги затвораат вратите кон другите од Алијанса, изјави синоќа Илија Димовски при ...
Пратениците во Собранието денеска во рамки на 140. седница, дискутираа и гласаа по повеќе закони, меѓу кои и за измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, како и за измени и дополнување на Законот за Академија за судии и јавни обвинители. Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ бараше измените и дополнувањето на Законот за Академија за судии и обвинители да не се става на дневен ред бидејќи со повторно воведување на ...