
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



На 15.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода И.Н.(28) и И.Ч.(24), двајцата од Битола. При претрес во домот на И.Н., извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Додека, при претрес во домот на И..Ч., извршен, исто така, со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
Се спрема епски криминал на бегање. Повеќе од 140 милиони евра тендери се подготвуваат во РЕК Битола. Околу 6 милијарди денари за увоз на јаглен и околу 3 милјарди денари со вклучен ДДВ за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола. Однапред ќе ви кажам дека тие две јавни набавки ќе ги добијат фирми кои ги знаете и кои се омилени фирми на неколкумина од власта. И ќе го доделат тендерот за ископ на јаглен и јаловина на омилениот конзул на една ...
На истополовите двојки во Грција законски ќе им биде дозволено да посвојуваат деца, по вчерашното гласање во парламентот. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека новиот закон „храбро ќе поддржи сериозна нееднаквост“. Законот беше усвоен со просто мнозинство во парламентот од 300 пратеници. Мицотакис беше за законот, но му требаше помош од опозициските партии за да собере мнозинство, додека повеќе од десетина пратеници од неговата ...
Како дел од грижата на Витаминка за своите вработени, постојано презема активности во чиј фокус се здравјето и добросостојбата на вработените. Со истата цел денеска беше организирано предавање на тема „Превентивата како прв чекор за добро здравје кај мажите“. Поттикнато од недоволното знаење и свесноста за опасностите по машкото здравје, предавањето имаше за цел да информира, едуцира и да ја подигне свесноста за ризиците по машкото здравје и ...
Екипата на Мега Баскет од Прилеп во сабота е пред нов предизвик во Втората кошаркарска лига. Во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски” гостува третопласираната екипа на Шкупи, еден од главните фаворити според досегашните резултати за пласман во најелитното кошаркарско друштво кај нас. Прилепчани ветуваат одлична игра и мотивираност за добар резултат, а за тоа секако ќе им биде потребна помош од домашната публика. Досега Мега баскетџиите ...
МВР на техничкиот министер Панче Тошковски фати корумпирани полицајци на граничниот премин Ќафасан кои земале пари за да помогнат на криминалци да влезат во Македонија. Полицајците, ако се докаже вината на суд” ќе бидат избркани од МВР. ,,Ставаме крај на селективното постапување и ја засилуваме борбата против корупцијата и криминалот во полициските редови. Во таа насока, министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против две ...
Нарекувајќи го скандалозен, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека случајот е особено сериозен со оглед на тоа што, како што вели, ниту Министерството за надворешни работи ниту Амбасадата немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи. Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, побара одговорност од амбасадорот на С Македонија во Рим, ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49% во однос на одлуката од 22.1.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,029%, кај дизелот за 3,417%, ...
Синоќа во киното “Мис Стон” во Прилеп, по втор пат се одржа манифестацијата „Љубов и вино“, која Центарот за култура “Марко Цепенков”, ја реализираше во соработка со Клубот на литературни творци и ОМУ „Ордан Михајлоски“ – Оцка. Aндриана Ристеска, претседател на Клубот на литературни творци – Прилеп ја отвори со свои стихови манифестацијата, што ја поддржаа Витаминка и Блажо Стојаноски. Со поетски дела се претставија 30 учесници, поети од Клубот ...
Денеска во 10 часот на градскиот плоштад во Гостивар, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари ја објави кандидатурата за претседател на државата. Кандидатурата е поддржана од претседателството на партијата и од Европскиот сојуз за промени, коалицијата на Беса, Алтернатива и Демократско движење. До сега во претседателската трка влегоа професорката Ванковска и докторот Вело Марковски. Се очекува свои кандидати да имаат ВМРО-ДПМЕ ...
Денеска е Сретение Господово. Празникот Сретение е еден од 12-те големи црковни празници, заедно со Рождество, Богојавление, Воскресение, и како и тие, има длабока спасителна смисла. Реалниот настан врз кој се темели длабоката содржина на овој празник е расказот за Симеон, кој по неговата средба со Бога беше наречен Богопримец. На овој старец преку ангел му било кажано дека нема да умре дури не го види ветениот Помазаник, Месијата. На неговото ...
На само еден километар од центарот на градот, наскоро во Прилеп започнува изградбата на првиот мол, а прилепчани конечно ќе можат да доживеат посебно шопинг искуство. Во градот под Марковите Кули наскоро започнува изградбата на новиот STRIP MALL, кој ќе се наоѓа во непосредна близина на “Паркот на револуцијата”, веднаш до регионалниот пат Прилеп-Битола. Овој нов супермодерен објект ќе се простира на 9.000м2 и ќе располага со паркинг простор од ...
Се почест е трендот на младите во Македонија да 14-ти февруари, денот кога Христијанската Православна црква го празнува Св. Трифун, да го празнуваат Денот на вљубените, Св. Валентин, кој како празник го празнува Католичката црква. Она што многумина не го знаат оние кои бегаат од своето наследство и традиција, е дека и Свети Трифун се обележува како ден во кој се слави љубовта. Еве и како!. Освен што се смета за заштитник на лозарите и лозјата, ...
Косово и Албанија се единствените места каде што денеска официјално може да се патува со стари документи. Некои неофицијални информации велат дека оваа одлука властите во овие две земји можат да ја сменат во петок и да забранат да се користат старите пасоши. Во Србија официјално не е дозволен влез со стари документи, но неофицијално, голем број на патници се пропуштани да ја поминат македонско српската граница со стара лична карта. Стариот ...
Иако ова е најубавиот период во животот на секој човек, и детството има бројни предизвици, убави и помалку убави денови. Со поддршката од родители и семејството, децата лесно ќе се справуваат со сите предизвици и проблеми. Со овие неколку чекори може да му помогнете на вашето дете да се чувствува подобро. Поставувајте му општи прашања За да дознаете што се случува во животот на вашето дете, поставувајте му прашања од отворен тип. На тој начин, ...
Ќе земиме учество со неколку формаци едно дуо и неколку соло точки.KIDS DANCERS со две формации во Хип Хоп и Стрит Денс. Нашата мала шампионка Нина Димкоска која минатата година во Сарево со конкуренција од повеќе од 60 танчери го освои првото место и во Белград ќе оди соло Хип Хоп, Михаела Јованоска ќе се претстави и со соло Хип Хоп и стрит Денс, Георгина Маркоска во Стрит Денс и исто така Теона Stojanoska. Happy Girls ке ни се претстават со ...
logo МАКЕДОНИЈА СОБРАНИЕ Претседателот на Собранието ќе ги распише претседателските и парламентарните избори Според Изборниот законик, откако Митрески ќе ги потпише решенијата за распишување на изборите, тие треба да бидат проследени до Државната изборна комисија (ДИК), која ќе усвои роковници со што почнуваат изборните дејствија. 14. Февруари 2024. @ 07:59 4 мин. читање Сподели Facebook Twitter Email Претседателот на Собранието ќе ги распише ...
Во емисијата „Објектив“ на МРТ беа презентирани резултатите од анкетата на ИПИС направена пред претстојните парламентарни избори закажани за на 8-ми мај. Во изборната единица 3, огромна предност во рејтингот има ВМРО-ДПМНЕ. Дека ќе гласаат за оваа партија се изјасниле 32,8% од испитаниците. За СДСМ ќе гласаат 14,8% од гласачите во ИЕ 3. Левица добила поддршка од 3,9% од учесниците во истражувањето, а за партијата ЗНАМ се изјасниле 3,5%. 21% од ...
Момче од Кавадарци сликало банкарски картички од сограѓани па им крадело од сметките, за ова попладнево информираа од СВР Велес. Оттаму соопштија дека ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе писмено известување за 17-годишник од Кавадарци, поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“, казниво по член 251 од Кривичниот законик. – Имено, на 23.01 2024 во ...
Градежните трупи на руската војска изградија модерен медицински комплекс во Мариупол. Со површина од над 33.000 квадратни метри, ова е една од најголемите здравствени установи во новите региони на Русија. За изградбата се предвидени две фази, а првата фаза е завршена пред предвиденото. Медицинскиот центар веќе е изграден по современи стандарди и е опремен со најнова медицинска опрема, од која 97% е произведена во Русија. Објектот е веќе ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на отворањето на српско-грчкиот бизнис форум во Палатата Србија истакна дека на Србија и треба пристаниште поради извозот, кој ќе се зголеми и дека Србија е подготвена да купи одредени капацитети на пристаништата во Солун или Пиерија. – Србија се повеќе ќе извезува, мора да имаме пристаниште. За нас е важно да ги искористиме капацитетите на Солун и Пиерија, дури и да купиме дел од пристаништето, ...
На крајот на секоја година, за секого, особено за луѓето од бизнис-заедницата, нормално е да се направи ретроспектива на сето она што поминало, преглед на сите реализирани и нереализирани проекти, како добра основа за тоа што ќе следува и за она што може да се очекува во годината пред нас. Тој преглед е неопходен за да видиме до каде сме, каде би можеле да одиме и како би можеле да донесеме добри одлуки што ќе ни помогнат да ги надминеме сите ...
Градоначалникот на Задар, Бранко Дукиќ, наводно не дозволил концертот на Александра Пријовиќ да се одржи во Задар, јавуваат хрватските медиуми. Според локалните медиуми, концертот требало да се одржи во мај во салата „Крешимир Ќосиќ“, но Дукиќ наводно експресно одбил да ја пушти Александра да пее во градот, па концертот не бил ниту закажан ниту најавен, пишува „Индекс.хр“. Како што понатаму наведува гореспоменатиот портал, Дукиќ ги одбил ...
На 73-годишна возраст, почина Ацо Јованоски – Реган, човекот кој беше сведок за еден од најцрните настани во поновата историја на Прилеп, а истовремено и херој кој со неговиот храбар потег спаси голем број животи. Јованоски беше возач на кобниот 08. август 2001. година, кога албанските екстремисти од заседа во месноста Карпалак, извршија кукавички чин и го гранатираа воениот конвој на АРМ. Иако автобусот кој го возел бил во пламен, Реган успеал ...
Важи ли правичната застапеност, на која се повикуваат поединци (ама само тогаш – кога им одговара), за вработувања во гостиварската општа болница? – прашува пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Таа објави список на вработени лица, доктори, на неопределено време. Меѓу нив нема ниту еден Македонец. Погледнете убаво и уверете се дали и како се спроведуваат во Гостивар балансерот и Бадинтерот“ – вели таа со објавата на списокот. ...
Во црквата Св. Благовештние денеска се одржа Божествената Литургија каде што беше одбележан празникот Светите Три Светители (Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов), познат уште како „Денот на Бакалите“. Со литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар. Бакалите, односно трговците и дуќанџиите од Прилеп велат дека овој ден се празнува уште од 1954 година и ...
Според одлуката на РКЕ, горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат од половина до денар и половина за литар Од полноќ горивата поскапуваат од половина до денар и половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ, бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, Еуросупер БС-98 поскапува за еден денар, а цената на дизелот се зголемува за денар и половина. Според тоа, литар Еуросупер БС-95 од ...
Драган Шеќероски од Прилеп кој со семејството живее во странство БАРА ПОМОШ и ПРЕДУПРЕДУВА: НЕКОЈ ЗЛОНАМЕРНО ГО АКТИВИРА ПРОФИЛОТ НА НА МОЈОТ ПОКОЕН ТАТКО Костадин Шеќероски!!! Преку овој профил се испраќаат заканувачки и вознемирувачки пораки до фамилијата Шеќероски и до нивни пријатели. Поради ова Драган Шеќероски ги предупредува членовите на неговата фамилија и нивните пријатели!!! Истовремено бара помош и од полицијата да го открие човекот ...
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (09/10/11.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 216 возачи, меѓу кои 121 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 22 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкциии за управување без возачка дозвола, осум санкции за користење на мобилен телефон, 10 прекршоци што ги прават пешаците. Сообраќајните контроли ...
Новиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека ако има политичка волја решение за хаосот со документите има. Според него тоа ќе се постигне со измени во Законот за патни исправи и во Законот за безбедност во сообраќајот. „Измените ги подготвив. Тука се. Готови се. Кога пред моите колеги ги предложив овие измени, бев опструиран, министрите ми велеа дека ќе сме прекршеле меѓународен договор. Ова што го предлагам е согласно сите ...