Последниве денови инцидентот во Мош привлече големо внимание во јавноста. И додека едниот учесник во инцидентот беше предвреме лажно обвинет и насекаде именуван и прозван, другиот остана анонимен. Гостите во барот-сведоци на настанот тврдат дека припадниците на единицата за недозволена трговија со дрога непречено влегле во објектот и ја спровеле својата акција. Инцидент и нетрпеливост помеѓу едниот и другиот учесник внатре во барот воопшто и ...

Имено инвестицијата е целосно извесна и ги има поминато сите стручни филтри кои ги определува законската регулатива, започнати уште од 2021година. Овие инвестиции на градот му носат огромен бенефит на име комунален надоместок и на градот ќе му овозможи нови вработувања и европски лик. Но, за жал некогаш се пролонгираат до недоглед бирократските лавиринти. Ако продолжат ваквите постапки, градот дава лоши сигнали на сите идни инвеститори, како ...

Во петкот се одржа промоцијата на книгата „Заклетва“, која беше пропратена со македонска вечер. Во House of Legends настапија Влатко Миладиноски, Филип Карајановски и Дамјан Стојаноски, а рецензент на книгата е Јохан Тарчуловски, кој имаше и свое моќно обраќање пред присутните, кое се однесуваше на затворените уставобранители: „Заклетва“, како што самото име кажува, е книга за еден збор кој има многу силно и големо значење. Пред еден век ...

Нема чаршиски човек во Прилеп кој не се сеќава на неговите настапи низ прилепските локали, особено оние во поранешна “Апореа”. Беше и остана рапер кој се уште знае да го погоди вистинскиот бит. Прилепскиот рапер Боро Бро Блажески од неодамна со нови песни полека се враќа на сцената. Откако на неговите следбеници им се допадна “МВП”, на ред дојде и “Опсесија”, а сега популарниот БРО објави и видео спот на најновата песна “Носталгија”. Текстот е ...

Триесет и две годишен Македонец бил убиен во германскиот град Есен. Како што пишува Билд.де., тој во два часот наутро имал расправија со двајца Еритрејци на 25 и 29 годишна возраст. Вербалниот конфликт набрзо се претворил во брутална тепачка, во која Македонецот бил тепан од двете лица со пивско шише се додека тој не колабирал. Сведок на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил онесвестен, но за жал ...

Во програмата на “РАДИО ПЕЛА”, денеска со почеток од 12:30ч., во живо гостин ќе биде екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој ќе говори на следните теми: – практиките за успешно локално владеење – како да се изградат институции во интерес на граѓаните – за неговата улога како едукатор на српските градоначалници и за други теми… Што виe би го прашале Ристески? Прашања во коментар, во messenger, дирекно во програма на тел: 075 235 666 ...

„Бројките на анкетите се такви какви што се, јавноста ги знае, ВМРО-ДПМНЕ е голем фаворит за следните парламентарни избори коишто ќе се случат за нешто помалку од или би рекол нешто повеќе од 2 месеци, некаде околу 44-45 дена имаме до почеток на кампањата за првиот круг претседателски избори“, рече претседателот на ВМРО-ДМНЕ Христијан Мицкоски во денешното гостување во емисијата „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија. Тој продолжи и додаде ...

Водоснабдувањето на ден 20.02.2024 (вторник) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење. Вкупната произведена количина на вода 292л/с, од кои 244л/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 48л/с од сопствени извори. Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп: -ул. Блага Ружето -ул. Круме Спиркоски -ул. Ладо Лапецот -ул. Владо Стојаноски ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08% во однос на одлуката од 16.2.2024 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за ...

Македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово и срамота е што не важи и во земјава заради важечкиот законски пропис. Решение за тоа е пратениците, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи и да го решат веќе еднаш проблемот на граѓаните, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. -Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните ...

Најдобрата автошкола во Прилеп, АМД ПРИЛЕПЕЦ подарува 3 вредни ваучери: -20% попуст на технички преглед на возило -10% попуст за обука за Б категорија и гратис обука за Б категорија Се што треба да направите за да бидете дел од наградното извлекување, е за стегнете лајк на фотографијата во продолжение на ФБ фан страната на автошколата, потоа означете пријател во коментар и споделете ја објавата. Добитниците на трите вредни награди ќе бидат ...

На 17.02.2024 во Пирот Србија, се одржа Првиот Меѓународен Турнир во џудо “Победникот на Пирот” во организација на ЏК Ипон – 010 од Пирот Србија. На овој Турнир учество зедоа околу 360 натпреварувачи од 7 држави и тоа: Србија, Црна Гора, Грција, Романија, Бугарија, Молдавија и Македонија. Џудо клубот Сеишин-Прилеп зеде учество со 5 натпреварувачи, а освоени се 3 бронзени медали: 1. Марио Конески 3- то место 2. Тамара Илиоска 3- то место 3. ...

Минималната плата од идниот месец ќе се зголеми на 22.500 денари што ќе биде некои 2400 денари повеќе од сегашните 20.175 денари. Од 2017 година минималната плата постојано растеше и сега изнесува 20.175 денари. За 6 години минималната плата се зголеми 4 пати. Растот на минималната плата доаѓа како последица на инфлацијата која во последните 2 години имаше силен удар врз македонскиот стандард. Денарите се повеќе губеа од својата вредност под ...

На 20 февруари 2024/ вторник/ од 13.00 часот во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата “ВИЗИИ-Глава полна со луѓе“ со дела од доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов. Автор и куратор на изложбата е Јасминка Намичева, од неформалната мрежа на музеи –МузеумЛинк. Посетителите ќе проследат нова и досега неизложена серија на цртежи, работени во техника молив и молив во боја на хартија, во мали формати ...

Вчера во СОУ “Орде Чопела” во Прилеп се одржа Вториот Меѓународен турнир „МАТ 2024“. Пријавени беа повеќе од 200 играчи од 4 соседни држави. Организатор и покровители на турнирот беа фамилиите на прилепските шаховски легенди и Шаховскиот клуб “Прилеп”. Турнирот се играше по Швајцарски систем од 9 кола, според Правилата на ФИДЕ за (Рапид) забрзан шах и истиот беше пријавен и ќе се бодува во ФИДЕ. Пријавени беа од најмали до највозрасни шахисти, ...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (16/17/18.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 208 возачи, меѓу кои 145 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 15 мерки за возење под дејство на алкохол, 15 санкциии за управување без возачка дозвола, седум санкции за користење на мобилен телефон… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме ...

Твит на денот: -Ова се пакечиња кои може да ги купите во Ванкувер, Канада. Можете буквално да одите во продавница во Канада и легално да ги купите овие. Битно за Аналгинче ти треба рецепта, а ако сакаш да се самоубиеш-државата ти нуди бесплатно да го реализираш тоа Сè е у реду горе, Канада? Ова се пакечиња кои може да ги купите во Ванкувер, Канада. Можете буквално да одите во продавница во Канада и легално да ги купите овие. Битно за Аналгинче ...

Во време кога порошувачката на електричната енергија станува луксуз, а сметките одат до плафон, време е да размислите и да го одберете вистинското решение за намалување на трошоците на семејниот буџет. “EУРО ГЛАС” е одговорот за сите ваши проблеми со застарената столарија. За нивните производи и услуга ќе слушнете само пофални зборови не само во Прилеп, туку и пошироко во целиот регион. Во “EУРО ГЛАС” ќе најдете висококвалитетно термопан ...

На 18.02.2024 во 00.10 часот во ОВР Прилеп, Ј.П.(48) од Прилеп пријавила дека околу 21.15 часот во Прилеп, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од две лица, кои подоцна со употреба на сила го внеле него и неговата девојка во возило, по што го однеле во објект во близина на Прилеп каде што физички го нападнале некоку лица и го пуштиле со закани да ја остави девојка му. Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР ...

Екипата на РК Прилеп стигна до вториот триумф во плеј-аут разигрувањето на ракометната Супер лига. По триумфот минатиот викенд против Скопје, вчера падна и Голден Арт. Екипата предводена од тренерот Божидар Мојсов и капитенот Филип Велески славеше со убедливи 29:36 (12:17 на полувремето). Одличната игра во двете полувремиња на целата екипа даде резултат и надеж дека Прилеп и наредната сезона би можел да продолжи да се натпреварува во ...

Поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, денес пренесе дел од атмосферата. Прилепчани, но и луѓе од другите градови, ужуваа во шопингот во градот под Марковите кули. Во организација на Општина Прилеп и Прилепската чаршија, се случува третиот по ред „OUTLET Weekend“ во Прилеп. Започна на 14-ти февруари, а денес е последниот ден. Го носи името Valentine Outlet Weekend, поради празникот Свети Валентајн. Прилепските дуќанџии и ...

Инспектор од Прилеп со големо срце Во средата жители од село Десово дошле во Прилеп да извадат пари од сметка во банка – 4.500 евра (најверојатно од тутунот), а потоа парите ги изгубиле. За среќа парите ги пронаоѓа инспектор од прилепската полициска станица, и тоа не било каков инспектор, туку вистински херој. Луѓето потоа отишле да го пријават случајот во полициската станица, а во исто време инспекторот ги пријавува парите за пронајдени. ...

На 16.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Р.(47) од Битола. Тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во помошна просторија од куќа на ул.„Илинденска“, сопственост на С.Т.(27) од Битола. Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор признал уште четири кривични дела „тешка кражба“ извршени во куќи, станови и во параклис на подрачје на Битола. Одземеното ќе биде вратено на ...

Почитувани, ве известуваме дека претставата “Стапица за глувци” закажана за утревечер, сабота 17.02.2024, e ОДЛОЖЕНА заради здравствени проблеми на актер – информираат од Центарот за култура “Марко Цепенков”. -Следната изведба е во среда 21.02.2024 во 19.30ч. кога ќе го одбележиме и 74 – от роденден на театарот. Купените влезници и резервациите ќе важат за среда. Ве молиме да ги потврдите вашите резервации на тел.076 442 378. Ви благодариме за ...

Професионалниот готвач Виктор Настески кој повеќе од две децении работи на крузери, заглавен е на островот Фиџи поради Преспанскиот договор. Во својата објава тој истакна голем револт кон оние кои се одговорни за оваа ситуација, а како што вели тој, да е третиран како најголем криминалец. Тој, како што напиша, доживеал големо понижување токму од неговата татковина – Македонија, иако цел свој живот го посветил да ја претставува во најубаво ...

Во пресрет на започнувањето на предизборната кампања за претседателските и парламентарните избори Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува, односно укажува дека пишувањето графити и особено на графити со вулгарна и навредлива содржина на јавни места и објекти е спротивно на Законот за јавна чистота , како и самоволното лепење на плакати на места кои не се определени за таа цел и намена. Покрај тоа, зависно од видот и обемот на оштетување ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48% во однос на одлуката од 15.2.2024 година. Од 17.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 ...

Денеска со почеток од 19:00 ќе се одржи промоцијата на книгата „Заклетва“, која ќе биде пропратена со македонска вечер. Во House of Legends ќе настапат Влатко Миладиноски, Филип Карајановски и Дамјан Стојаноски. Рецензент на книгата е Јохан Тарчуловски. „Заклетва“, како што самото име кажува, е книга за еден збор кој има многу силно и големо значење. Пред еден век нашите револуционери давале заклетва за да станат дел од МРО. Тоа меѓу другото ...

Велосипедска Федерација на Македонија ги прогласи најдобрите велосипедисти и клубови за 2023 година. Велосипедскиот Клуб “ИЛИНДЕН” од Прилеп беше единствен кој освои награди во три различни дисциплини екипно и дури шест награди во поединечна конкуренција. – АНДРЕЈ МАЏОСКИ – ШАМПИОН во МТБ, второ место во Роад и трето во Вело Крос во јуниорска категорија; – КОНСТАНТИН КОСТОСКИ – ШАМПИОН во Роад, втор во Вело Крос во категорија кадетти; – ...

Театарот „Војдан Чернодрински“ во сабота 17.02.2024 ќе прослави 74 години од формирањето, од денот кога завесата се кренала на 18 февруари 1950 година со изведбата на претставата “Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Годишнината ќе биде одбележана со изведбата на најновата претстава „Стапица за глувци“ според текст на Агата Кристи, во режија на младиот и талентиран режисер Борис Василески, од 19.30 часот во театар, во која се ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
87%
1021
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
8.23
82%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
1.54
91%
1007
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
6.69
76%
1021
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.53
80%
1020
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
98%
1007
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
1.34
66%
1021
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
88%
1019
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
100%
1018
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
4.63
77%
1021
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
5.14
92%
1011
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
4.63
76%
1024
Currency

61.525

Currency

53.9617

Currency

71.2182

Currency

34.0995

Currency

38.9862

Currency

66.4819

Currency

7.42428

Currency

0.6582

Currency

0.37859

Currency

0.52535

Currency

1.42287

Currency

0.62881

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

14865.78

Рутениум

20190.67

Калај

31.42

Сребро

1039.99

Злато

103219.96

Бакар

9.24

Паладиум

3022.17

Платина

30326.74

Родиум

175221.57

Цинк

2.65