Урбанизирањето на градовите се повеќе го намалува зеленилото, а со тоа и чистиот воздух. Постарите генерации со сигурност носталгично се сеќаваат на раззеленетиот Прилеп во годините на поранешна Југославија. Безбројните дрвореди од тоа време, во последните 30-тина години се повеќе исчезнуваат, а причина за тоа е изградбата на нови проширени сообраќајници, кружни текови и слично. Ниту со изградбата на новиот кружен тек на раскрсницата кај ...

Екипата на РК Прилеп ита кон сигурен опстанок во ракометната Супер лига. Синоќа во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, прилепчани стигнаа и до третиот триумф во плеј-аут разигрувањето, совладувајќи ја екипата на Мулти Есенс со 34:31. Се чини дека на кaпитенот Филип Велески и тренерот Божидар Мојсов, конечно успеваат целосно да ги мотивираат момците и да им вродат желба за победа. Во “Ричко” синоќа и двете екипи се покажаа како тврд ...

Парламентот на Флорида, под контрола на републиканците, усвои нацрт- закон со кој се забрануваат социјалните мрежи за деца под 16 години, потег што поддржувачите велат дека ќе ги заштити малолетниците од онлајн ризиците за нивното ментално здравје. Мерката, која сега треба да ја потпише републиканскиот гувернер Рон ДеСантис, бара од социјалните мрежи да ги укинат сметките на сите помлади од 17 години. Претставничкиот дом го усвои законот со 108 ...

Деновиве на социјалните мрежи стана актуелна веста за состојбата на пони коњчињата во Паркот на револуцијата во Прилеп. Веста ја рашири активистката и ветеринар, Дариа Шафрина Најческа, која на својот Фејсбук профил објави фотографии и алармираше дека коњчињата се во лоша состојба и лесно би можеле да останат инвалиди, доколку итно не се најде ковач. На веста брзо реагираа голем број граѓани, па од ЈКП “Комуналец” Прилеп ги слушнаа апелите, ...

За два денари се намали цената на дизел горивото, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад Непроменети остануваат цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра леснотомасло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС. Од 24.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар) ...

На 23.02.2024 во 19.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепска“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(68) од Битола и патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.А.(29) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“ П.Ч.(45), ...

Општина Прилеп ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица од Прилеп и останатите градови и населени места од Република Македонија, со особен акцент на основни и средни училишта, градинки, едукативни центри, здруженија и останати креативци, да земат учество на манифестацијата Карневал “Прочка 2024”, која ќе се одржи во Прилеп на 17.март. Вашето учество со грушни и поединечни маски ќе ја збогати програмата на карневалот и воедно ќе ...

По победите над Скопје и Голден Арт, екипата на РК Прилеп утре (сабота), со почеток од 18:30ч. во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, во рамките на третото коло од плеј-аут разигрувањето го дочекува Мулти Есенс. Прилепчани се во залет и ветуваат сигурен опстанок во најелитното ракометно друштво и во следната сезона. Од друга страна Мулти Есенс забележа победа на гостувањето кај Голден Арт, а загуби дома од Вардар Неготино. Во ...

46-рилепчанец Александар Јошески, по кого вчера трагаа семејството и прилепската полиција, е пронајден починат. -Во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп, информираат од МВР. По наредба на ...

Гостување на претставата „Грета“ во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп на 28 февруари,среда, со почеток од 19:30 часот. Влезници на тел. 076 442 378 ******************************* „Грета“ според Луц Хибнер и Јохан Волфганг фон Гете Режија и адаптација: Тамара Стојаноска Преведувачи: Тамара Стојаноска и Ане Блажовски Играат: Димитрина Мицкоска Трајкоска и Ане Блажовски Музика: Лука Тошев Вокал: Дина Јашари Дизајнер на плакат, маски и ...

Серијата „Александар: Создавање бог“, со Бак Брејтвејт во главната улога, се соочува со остри критики од грчките медиуми, Министерството за култура, како и од Парламентот поради претставувањето на Александар Македонски како хомосексуалец во документарната серија на Нетфликс. Министерката за култура Лина Мендони го критикуваше Нетфликс за „исклучително лоша фикција“, која „се заснова на историски неточности“. Таа им се приклучи на критиките од ...

Светец кој ја држи чумата во синџири Свети Харалампиј е христијански светец и маченик од 3 век. Oвoј свeтитeл бил eпискoп вo Магнeзија и пoстрадал вo свoјата 113 гoдина. Кoга настаналo прогонувањето на христијанитe вo врeмeтo на царoт Септимиј Север, старeцoт Харалампиј продолжил јавнo да ја прoпoвeди Христoвата вeра. Според христијанското верување, ситe маки ги прeтрпeл какo вo туѓo тeлo. А кoга oд нeгo жив кoжата му ја oдралe, нeзлoбивиoт ...

Новинарот Зоран Момироски го објави најновото издание на својата актуелна колумна “Во Прилеп нема проблем, а се’ е проблем”, и повторно ги елаборираше најактуелните случувања во Прилеп во изминатите 7 дена, каде се осврна и на гостувањето на поранешниот градоначалник на општина Прилеп, во програмата на “РАДИО ПЕЛА”. Според Момироски, Ристески би можел да биде идниот министер или заменик министер во ресорот Локална самоуправа, доколку ВМРО-ДПМНЕ ...

Новинарот Зоран Момироски го објави најновото издание на својата актуелна колумна “Во Прилеп нема проблем, а се’ е проблем”, и повторно ги елаборираше најактуелните случувања во Прилеп во изминатите 7 дена. Посебно внимание новинарот овојпат посвети на предизборните прегрупирања и растрчаноста на партиите на терен, како и на реакциите на членството на средбите со партиските чиновници. -ВМРО-ДПМНЕ си ,,турка,, изборна агенда во месните комитети. ...

Нов раст на функционерските плати. Зголемувањето ќе биде од 300 до 500 евра, во зависност од позицијата. Па така, шефот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума и премиерот, а пратениците над 2 илјади евра, објави ТВ Сител. Откако лани платите пораснаа за 78%, Владата најави дека сама ќе ги скрати платите, па се премисли и формираше работна група, денеска техничкиот премиер кажа дека пресметката не може да ја регулира секој. ...

Потрагата по лицето Александар Јошовески од Прилеп на кого му беше изгубена трагата вчера попладне за жал е пронајден починат вечерва. Ова преку социјалните мрежи го пренесоа неколку луѓе, но и новинарката Каролина Дурло. „Потрагата по лицето АЛЕКСАНДАР ЈОШЕСКИ од Прилеп, кој од вчера околу 12 часот се водеше за исчезнат, ЗАВРШИЛА доцна вечерва, за жал, со најнепосакуваниот исход“, пишуваа таа во својот пост на Фејсбук. ...

С О О П Ш Т Е Н И Е Се организира јавна презентација и јавна анкета за ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 3, БЛОК 3.1, ОПШТИНА ПРИЛЕП. Опис на планскиот опфат: Јужната и југозападната граница се движи по должина на осовината на собирната улица, бул.“Гоце Делчев” со ознака С2 во должина од 1198,2м’, врти кон североисток каде оди по осовината на собирната улица “Новопланирана” со ознака С12 во должина од 455,1м’, формирајќи ја северозападната ...

Веќе со денови беснеат пожари низ пелагониското поле, a густ чад се шири низ целата котлина. Вечерва ситуацијата е навистина алармантна на ридот над село Тополчани, каде огнените јазици се простираат на голема површина. Најчесто ваквите пожари се подметнати од несовесни граѓани, кои ги палат стрништата по нивите пред пролетното орање. Засега надлежните немаат фатено ниту еден од овие сторители, кои освен што предизвикуваат енормно загадување на ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесувала 39 998 денари и во однос на декември 2022 е поголема за 16.4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Растот на платите се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и ...

Во текот на вчерашниот ден во Прилеп намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп, Марјана Илиеска. Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело. Според првичните сознанија, за сега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со ...

Со оваа соработка што денеска и официјално ја објавуваме, Кожувчанка станува горд поддржувач на Кошаркарската Федерација на Македонија во наредниот период. Кожувчанка со новото партнерство обезбедува значајна поддршка за КФСМ за да поттикне нови успеси и значајни заеднички победи на сите македонски национални тимови под капата на кошаркарската федерација. -Веруваме дека македонската кошарка има потенцијал, сила и моќ во себе за да поттикне ...

2.500 евра на сметките на поранешните функционери Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски ќе легнува во следните 12 месеци. На поранешните владини функционери од редовите на СДСМ, поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски веројатно јасно им е дека никогаш повторно нема да бидат на истите функции – пишува “ЛИДЕР”. Откако не останаа на истите позиции како и досега во техничката влада ...

Житието на овој маченик јасно покажува дека Бог ја отфрла надменоста и со слава го овенчува смирението и братољубието. Во Антиохија живееја двајца блиски пријатели, учениот свештеник Саприкиј и простиот граѓанин Никифор. Нивното пријателство некако се одметна во страшна меѓусебна омраза. Богобојазливиот Никифор повеќепати се обидуваше да се помири со свештеникот, но овој никако не го сакаше тоа. Кога настана гонење на христијаните, свештеникот ...

Европскиот фронт за кој СДС и коалицијата заедно со ЛДП беа многу гласни дека со преземање на мнозинството во Советот на општина Македонски Брод на пролет ќе оди на сигурна победа, траеше МНОГУ кратко – велат од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина. -На денешната седница на Советот на Македонски Брод е разрешен претседателот Дијана Јованоска од СДС, заедно со коалицијата и ЛДП! За нов претседател е избран независниот советник ...

На 21.02 2024 во 04.51 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Прилеп, настанал пожар во гаража сопственост на М.И.(59) од Прилеп, при што е опожарено патничко моторно возило „опел инсигнија” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на М.И.. Екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увидот го извршила увидната екипа на Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување ...

Никола Мариноски, сопственик на конфекцијата „Кули“ од Прилеп и советник од редовите на СДСМ во Советот на општина Прилеп, е новиот претседател на прилепската Регионална стопанска комора. Мариноски на оваа позиција доаѓа на местото на сопственичката на “Комфи Ангел”, Ирена Јакимоска, на која и’ истече петгодишниот мандат. Јакимоска останува да биде потпретседател на Регионалната стопанска комора, заедно со сопственикот на “Прилепска пиварница”, ...

Во врска со Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија ја информираме јавноста дека крајниот рок за поднесување на пријава истекува денес. На истиот се пријави проф-др Гордана Силјановска-Давкова која поднесе план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати. Гордана Силјановска-Давкова била професорка по Уставно право и Политички систем на Правниот Факултет Јустинијан Први. Таа е ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видео обраќање повика граѓаните да покажат хуманост и кој колку може да донира за младиот Леонид кој се повреди лани на летување во Грција, Калитеа и остана врзан за кревет. Донации за Лео се собираат од сите страни, со цел на ова момче на кое државата му сврте грб, да му се овозможи да стане од кревет и да може да се врати во училишните клупи. За момчето се потребни 140.000 евра за ...

Македонските граѓани кои поседуваат пасоши со старото уставно име отсега можат да уживаат неограничено патување во рамките на Европската унија. Оваа добра вест доаѓа по писмото што го доби техничкиот министер за внатрешни работи од комитетот за патни документи на Европската комисија. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, гостин во утринската програма, откри еден клучен аспект од ваквиот развој на настаните. Според него, Македонија во ...

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Во светот денес се зборуваат околу шест илјади јазици, а на половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот. Околу 200 земји се наоѓаат пред предизвикот да ги сочуваат ...

Скопје

4ᴼ/4ᴼ
1.54
93%
1013

Белград

6ᴼ/3ᴼ
1.03
90%
1011

Софија

6ᴼ/3ᴼ
3.09
87%
1013

Сараево

6ᴼ/6ᴼ
2.8
79%
1011

Љубљана

6ᴼ/3ᴼ
1.03
93%
1001

Атина

16ᴼ/12ᴼ
2.06
59%
1011

Тирана

9ᴼ/9ᴼ
2.57
93%
1013

Подгорица

9ᴼ/6ᴼ
1.54
93%
1013
Currency

61.5453

Currency

57.3622

Currency

71.7715

Currency

37.389

Currency

41.9994

Currency

62.879

Currency

7.9235

Currency

0.62181

Currency

0.36864

Currency

0.52531

Currency

1.7628

Currency

0.6882

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

552 $

Никел

610450 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

870 $

Злато

74392 $

Бакар

8 $

Паладиум

31935 $

Платина

28923 $

Родиум

152411 $

Цинк

89903 $