
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Одбојкарите на Струмица Никоб иако загубија од Динамо Апелдорн во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, македонскиот одбојкарски првак Струмица Никоб не се простија од Европа. Тие че играат во Купот на ЦЕВ Купот и тоа од квалификациите за шеснаесет финалето од ова второ по ранг европско натпреварување. Противник на избраниците на Кире Ричлиев ќе биде ОК Мурса од Осијек од Хрватска . Според календарот хрватите ќе бидат домаќини на ...
По поразот со максимални 3:0 на првиот меч во Апелдорн, македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб вечерва (19 часот) во реванш натпреварот против холандскиот шампион Динамо ќе се обиде да возврати со иста мера, па да се избори за „Златен Сет“ во кој че се решава прашањето за патникот во 2. квалификациско коло од ЦЕВ Лигата на шампионите. Струмичано, конечно, вечерва ќе заиграат со комплетниот ростер кој на располагање го има тренерот Кире ...
Премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашање поврзано со светската енергетска криза, истакна дека Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза, а тоа е ставање во функција на сите производствени капацитети. „Веќе се работи на оспособување на блок три во РЕК Битола, потоа во функција е ставен ТЕЦ Осломеј кој долги години не работеше и ставен е во функција ТЕЦ Неготино. Поточно, утрово е ставен првиот котел ...
Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против Д.А.(53) од село Војиславци, радовишко. Лицето се сомничи дека во периодот од октомври 2021 година до август 2022 година извршил пет кривични дела „тешка кражба“ во два манастира и една црква во близина на село Војславци, радовишко. На 26.09.2022 во 17.30 часот во Полициската станица Радовиш биле приведени З.Ј.(30) и Т.Ј.(58) од село ...
Проектот во земјава се реализира од министерството за транспорт и врски, со поддршка на Светска банка, целта е подобрување на патната инфраструктура. Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на настан по повод презентација на „Проектот за поврзување на локалните патишта”. На настанот свои обраќања имаа и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, за внатрешни работи Оливер Спасовски, а свое видео обраќање имаше и Масимилијано Паолучи, ...
Младите не треба да ги задржуваме, туку да им дадеме крилја, да создадеме можности што ќе им овозможат да го достигнат својот целосен потенцијал во сопствената земја, но во исто време ќе ги направи доволно конкурентни за светот, порача денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. – Скоро секогаш кога зборуваме за миграција ја слушаме и кажуваме реченицата „да ги задржиме ...
Организараниот градски превоз може да реши многу проблеми во движењето на граѓаните во градските средини. Намалување на сообраќајниот метеж, загадувањето, високите трошоци за гориво. Според сообраќајниот инженер Миле Стојменов, во Струмица е изводлив ваков проект, но и потребен со оглед на сѐ поинтензивното ширење на градот. Низ улиците на Струмица денеска се тестираше електричен автобус. Тим од општина Струмица, но и образовните институции се ...
Младите пијанистки, сестрите Мазнејкови од Струмица во саботата одржаа електроакустичен концерт за деца во Музејот на македонската борба во Скопје. Талентираните девојки, средношколката Ивана и Ана која е основно училиште, изведоа 16 композиции во два циклуса од македонската композиторка Ана Пандевска. Овие композиции се дел од проектот „Во светот на чудата“ а сестрите Мазнејкови вториот дел од композициите го изведоа за првпат пред македонската ...
Иако одамна е во пензија сепак љубовта кон грнчарството како занает не е пензионирана. Велин Манасиев од Габревци општина Конче секојдневно изработува грнчарски производи. Занаетот го презентираше и на радовишкиот плоштад со надеж дека некој млад ќе го засака па ќе го учи. На грнчарското колче обликуваше стомна. Тврди дека во овој регион нема други колеги камоли пак млади Цели 40 години се занимава со овој занает. Паралелно се занимавал со ...
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на ГРЕВИО првата евалуциска посета на Република Северна Македонија која се одржа во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање. На средбата присуствуваа претставници од Советот на Европа, ГРЕВИО, Министерството за труд и социјална политика и од Агенцијата за аудио, аудио-визуелни медиумски услуги. Од страна на претставниците на ...
На 25.09.2022 во 21.19 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во дворно место на А.М.(57) на улица „Цветан Димов“ во Струмица настанал пожар во корпа за отпадоци, од кој биле зафатени дел од помошен објект и преден дел од патничко моторно возило „форд фокус“ со струмички регистарски ознаки. Со интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа на СВР Струмица. ...
Балканската рута за криумчарење е жива-на границата со Грција активно се пренесуваат мигранти. Ова го констатира министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во телевизиско интервју за Алсат. Тој рече дека иако интензитетот на криумчарење не е како пред шест години кога буквално вриеше од криумчари и мигранти и бегалци, со што притисокот врз македонските безбедносни служби беше многу силен, сепак уште се живи дивите рути на Блаканот. Голем ...
Дали ќе имаме топла и блага есен или ќе треба уште на почетокот на октомври да се подготвиме за топли ќебиња, џемпери и греење на домовите? Ова е едно од најчесто поставуваните прашања периодов, особено поради стравот од енергетската криза со која е неизвесно колкава ќе биде цената на енергенсите и дали воопшто ќе ги има во доволна количина. Според есенската прогноза на УХМР, за септември, октомври и ноември годинава се очекуваат просечни ...
43 годишен Македонец е уапсен во Хрватска за шверц на дрога. Хрватската полиција информира дека во поголема полициска акција се фатени шест лица кои од лани шверцувале хероин во Хрватска. Хрватската полиција разоткри шестчлено злосторничко здружение чии членови, меѓу кои еден Македонец и еден Србин, се обвинети дека од септември минатата година шверцувале хероин во Хрватска, а потоа го продавале на наркопазарот во окрузите Истра, Загреб и ...
Независниот советник во општина Струмица, Ѓорги Танушев, кој изминатата недела беше во стусиаска посета на општина Малме, Шведска, во интервју за Канал ВИС зборуваше за искуствата кои членовите на Комисијата за еднакви можности ги стекнале таму. Танушев рече дека има многу сличности, но и разлики во начинот како заедниците ги решаваат своите проблеми и како се носат со предизвиците. На пример, вели Танушев, концептот на приватно здравство е ...
Утрово во временскиот период од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од сите Сектори за внатрешни работи, во соработка со инспектори од државните инспекторати и од Управата за јавни приходи на територијата на целата држава, спроведоа акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти, контрола за точење и продавање алкохол на малолетници, откривање и злоупотреба на престој од страна на странски државјани и други прекршоци ...
На 23.09.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и заедничка акција со полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија, извршија претреси во гевгелиско, при што се лишени од слобода две ...
Денеска ќе продолжи дебатата во собраниската Комисија за одбрана и безбедност за кризна состојба во енергетиката.Тоа ќе биде трет ден расправа во матичната комисија, а по нејзиното завршување на пленарна седница ќе може да се гласа да продолжи уште половина година кризната состојба во оваа област, што е во сила со одлука на Владата од 1 септември. Владата со соседните земји постигнува договори за гарантиран увоз на струја и енергенси, но тие би ...
Општините, јавните претпријатија и министерствата имаат неплатени сметки за струја во износ од околу 35 милиони евра кон ЕВН, потврдуваат од компанијата за САКАМДАКАЖАМ.МК. Но, вкупниот долг на државните институции за неплатена струја е далеку поголем од овие 35 милиони евра, бидејќи тие се на слободниот пазар и голем дел од нив имаат договори со други добавувачи. Од ЕВН не откриваат детални податоци околу тоа кои институции се најголеми ...
Средношколецот Јанко Мицев денеска беше градоначалник на еден ден на Општина Струмица во рамки на истоимениот проект на локалната самоуправа со „Европската куќа“. Градоначалникот Костадин Костадинов денеска ја отстапи својата фотелја по трет пат, откако претходно оваа „функција“ ја извршуваа две ученички. ,,Денешното прво доброутро во мојот кабинет му го посакав на младото момче Јанко Мицев, ученик во втора година во СОУ „Никола Карев“, кој ...
Со велосипедско дефиле денеска во Струмица беше одбележан Меѓународниот ден без автомобили и Европската недела на мобилност, која трае од 16 до 22 септември и се одржува под мотото „Безбедни и здрави со одржлива мобилност“. Неколку стотини ученици и граѓани денеска продефилираа на велосипеди по главните струмички улици, а дефилето го предводеше градоначалникот Костадин Костадинов. Додаде дека стартот на оваа „Европска недела на мобилност“ ...
Врз основа на добиена нотификација за пласиран небезбеден производ на пазарот во Република Северна Македонија – виршли од брендот „Вуди“ (Wudy), кај кои вo земја членка на ЕУ, било утврдено присуство на бактерија Листерија моноцитогенес (Listeria мonocytogenes ST 155), како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (RASSF) на Европската Унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), нареди итно ...
Инфлација на храната во Македонија последниве три месеци надминала 20 проценти, споредено со истиот период лани. Во август цените на храната во земјава биле поголеми за 25,1 процент споредено со август 2021 година, објави Светска банка, во својата последната анализа за инфлацијата на храната во светот, во која меѓу другото се наведува дека се зголемува несигурноста со храна во светски размери, во услови кога повеќето од земјите и сиромашните, но ...
Горан Пандев и официјално потврди дека ја заврши фудбалската кариера, нешто што веќе се знаеше и на почетокот на оваа сезона, кога го немаше во составот на последниот клуб за којшто играше, италијанскиот второлигаш Парма. Популарниот „Ил Мачедоне“ имаше прекрасна кариера, грото со настапи во Италија, а круна беше шампионската титула со Интер во Лигата на шампионите во 2010 година и, секако, настапот со репрезентацијата на Македонија лани на ...
Лебот, зеленчукот, месото или со еден збор храната драстично поскапе. Цените на маслата за готвење особено нагло се зголемија, но и основната храна, како што е лебот, исто така стана значително поскапа. Ова главно се должи на руската воена операција во Украина, која значително ги наруши глобалните пазари бидејќи Русија и Украина беа главни извозници на жита, пченица, пченка, маслодајни семиња (особено сончоглед) и ѓубрива. Во август 2022 година, ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00% во однос на одлуката од 19.09.2022 година. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00% во однос на одлуката од ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на повеќе мерки од програмата за директни плаќања. 188 корисници се исплатени со финансиска поддршка во висина од 17.5 милиони денари за засеани и ожнеани површини со полјоделски култури за кои е употребен сертифициран семенски материјал, а пријавената површина е од 5 до 50 хектари. Висината на поддршката е условена со остварени просечни приноси и тоа ...
Холандскиот првак, Динамо Апелдорн, ги совлада струмичани со 3-0, во првиот меч од првото квалификациско коло во ЛШ. Македонскиот претставник беше конкурентен само во првиот сет, кој го загуби со 25-20, меѓутоа одржуваше резултатски контакт накде до 16-15. Преостанатите два сета беа лесен плен за Холанѓаните, ги освоија со 25-13 и 25-16. Реваншот е во Струмица, на 27 септември, но мисијата на македонскиот шампион ќе биде тешко остварлива. ...
Како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ во Радовиш е отворена првата сензорна соба. Оваа специјална просторија од денеска ќе ја користи стручниот тим на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и во неа ќе се поттикнува аудитивниот, визуелниот, физичкиот и тактилниот развој кај учениците со и без пречки во развојот или образовни потешкотии во ова училиште. „Со огромно задоволство се вклучивме во процесот на создавање на ова мулти – ...
Општина Василево добила петпати повисока сметка за електрична енергија. Ако до пред осум месеци оваа мала рурална општина плаќала околу 200 илјади денари месечно за електрична енергија, сега сметката за струја и е неколкукратно сголемена. Градоначалникот Славе Андонов за канал ВИС изјави дека пред неколку денови ја добиле новата сметка која изнесува еден милион денари или околу 20 илјади евра само за еден месец. Општините апелираат државата да ...