
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



По повод Меѓународниот ден на храната и Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата СОУ„Димитар Влахов“ од Струмица организира хуманитарна акција. Од училиштето ги повикуваат сите граѓани кои сакаат да се вклучат во акцијата да донираат храна или облека. -Заинтересираните граѓани кои сакаат може да донираат храна или облека во просториите на училиштето до 12 октомври, информираат од школото. Собраните средства ќе бидат донирани на 14.10.2022 ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека вкупно 29 апликанти ќе ја искористат мерката за финансиска поддршка во набавка на опрема за производство на тутун. Поддршката кон земјоделците доаѓа преку Програмата за рурален развој мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерката 121.7 набавка на опрема за производство на тутун. За оваа мерка во текот на месец април од страна на ...
Општина Василево ги поканува своите сограѓани да се вклучат во креирањето на Програмите и Буџет на општина Василево за 2023 година. Заради поедноставување на процесот и поголема вклученост на граѓаните, на својата веб страна, општината креираше посебна форма УЧЕСТВУВАЈ ВО ДОНЕСУВАЊЕТО НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО ЗА 2023 ГОДИНА, http://opstinavasilevo.gov.mk/?page_id=12151, преку која на најбрз, едноставен и лесен начин граѓаните ќе може да ги ...
На 03.10.2022 година полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш при преземање на зајакнати мерки и активности пронашле и одзеле бесправно исечени огревни дрва. Имено, околу 12.00 часот на место викано „Градска река“, атар на Радовиш, биле запрени три запрежни возила управувани од У.Б.(54), И.Д.(37) и А.Б.(34), сите од Радовиш, кои биле натоварени со бесправно исечени огревни дрва, а околу 16.00 часот во дворно место на ...
Мерките за поддршка кои прават обид на подолг рок да го ограничат или замрзнат пазарот и цените, или да го контролираат, даваат обично само краткорочни, често слаби резултати и акумулираниот притисок врз бизнисите и цените со извесно задоцнување уште повеќе ескалира во иднина, што веќе сите го чувствуваме во изминатите неколку месеци, вели за МИА Борче Треновски, професор на Економскиот факултет во Скопје. Прашан дали веќе требаше да бидат ...
Младата пијанистка Ивана Мазнејкова, средношколка во средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип денеска доби награда од Универзитетот „Гоце Делчев“ за постигнатите успеси во областа на уметноста. Мазнејкова е една од четворицата талентирани ученици кои добија награди денеска на првиот академски час на УГД. Покрај неа се наградени и Дамјан Давков и Амир Дестанов за постигнати европски и светски резултати во природните науки и Марко ...
Приведен педофил во Гевгелија. Вчера гевгелиската полиција уапси 61 годишен жител на Гевгелија под спомнение дека обљубил малолетник. 61 годишниот педофил е уапсен попладнето околу 15.20 во Гевгелија. Лицето е задржано во полициска станица Гевгелија, а за настанот е запонаен Јавен обвинител од основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основниот суд Гевгелија. ...
Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им посака да имаат среќна и успешна година, да го искористат својот потенцијал, да бидат креативни. „Старите Римјани рекле Festinа lente. Брзајте, но бавно, пополека – кон вашата цел, а тоа е кога ќе завршите со ова поглавје, еден ден да станете истакнати правници, адвокати, судии, обвинители, новинари, професори, ...
Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“ викендов имаше соја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска фолклористика 12“ во Тршиќ, Србија. Уредничките на списанието, Ана Витанова-Рингачева и Сузана Мицева го претставија списанието пред книжевници, филолози и научници од Србија, презентирајќи ги визијата и содржините на списанието кое оваа есен ќе го добие двобројот 8-9. Комплет од изданијата на ...
Очекувам во месеците октомври и ноември, сите процеси за сите учебници за основно и средно образование, да завршат во националната Комисија но и во процесот на печатење, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој во изјава за медиумите во Битола предочи дека проблемот со учебниците е од порано и не само во оваа учебна година. -Проблемот со учебниците не е само од оваа учебна година. Ние во претходната учебна година почнавме со ...
Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница го прифати предлогот на Извршниот одбор за започнување со подготовки за одржување на редовното Собрание на партијата, се вели во соопштението. ЛДП соопшти дека била разгледана и оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, по што бил прифатен и предлогот Ристо Пенов да биде избран и именуван за иден министер на оваа позиција во Владата. „Централниот одбор се заблагодари на ...
На денешните парламентарни избори во Бугарија, бугарските државјани можат да гласаат и на 7 избирачки места во Македонија. Иако на последниот попис кај нас, нешто над 3.000 се декларираа како Бугари, а бугарските власти тврдат дека се над 100.000, сепак бугарската изборна комисија официјално објави дека за гласање во Македонија се пријавени 181 граѓанин, објави Телма Во Битола во Генералниот конзулат гласаат 8 лица, во Охрид има 7, во Велес 42 , ...
Радовишани со својот традиционален гурмански рецепт ,,сомун,, имаат намера да го потикнат локалниот економски развој. Во овој град се одржува тридневна манифестација на која се очекува да пристигнат илјадници посетители а да бидат потрошени над 15 илјади парчиња рановидни сомуни произведени во традиционални фурни. Над десетина фурни го изложија производство на традиционалниот радовишки сомун во рамките на три дневната манифестација за познатите ...
До крајот на ноември цената на лебот, брашното и печивата ќе се зголеми за најмалку 10 проценти, најавуваат мелничарите. Причини за поскапувањето, велат, се скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата. Мелничарите бараат субвенции за електричната енергија или да бидат додадени на регулираниот пазар зашто само така, нагласуваат, би се смирила ситуацијата и соодветно би се намалиле цените во корист на населението. Како што изјави за ...
ЈПКД „Комуналец„ Струмица започна со реализација на проектот за реконструкција на постојната и изградба на нова атмосферска канализација на улицата „Младинска“. Со проектот е планирано поставување на 200 метри нова атмосферска канализациска мрежа со широчина на цевки ф 600 мм, од која водата ќе истекува во каналот на улица „Крушевска Република“ со што на делот од улицата „Младинска“ кај поранешната Кожара ќе се надмине проблемот со поплавување ...
Економската криза ја намали посетеноста на Гевгелија со грчки државјани . Гевгеличани тврдат дека овој период ги има но не во толкав број како што беше пред пандемијата со ковид 19. Зголемените цени на горивата, прехрамбените артикли во земјава се причините што грците поретко да доаѓаат. Стоматолошките ординации во Гевгелја за да ги задржат пациентите не ги зголемуваат цените а од општината очекуваат поголема раздвиженост во наредните месеци ...
Вчера 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Кичево, Охрид, Кочани, Штип и Гостивар. ,,Со оваа набавка од 42,5 милиони денари преку Дирекцијата за заштита и спасување овозможуваме сериозно подобрување на техничката опременост за следни интервенции и навремено подигање на нивото на подготвеност на противпожарните служби пред следниот критичен ...
Средношколците од СОУ Јане Сандански од Струмица се дел од караванот кои заедно со Институтот за комуникациски студии го организираат шестиот Медиумски ден. Тие денеска беа во посета на ТВ Канал ВИС во Струмица каде се информираа за медиусмката и новинарската дејност. На Медиумскиот ден учениците се запознаат со работата на новинарите, се информираа како функционираат редакциите, како се креираат медиумските содржини, но акцент ставија и како ...
Државниот завод за статистика објави нов сет на податоци од Попис 2021 кои се однесуваат на брачниот статус на населението, бројот на живородени деца и миграциите внатре во државата. Според Пописот 2021, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според брачниот статус, 23,8 проценти се неженети/ немажени, 65,3 отсто се мажени /женети, 7.2 проценти се вдовци / вдовици и 1,6 отсто се разведени. Регистрирани се и вкупно 3 ...
Подобра координација меѓу надлежните институции и спортските организации, подобрување на регулативата за спорт, како и интензивирање на активностите кај младите за да се укаже на потребата од здрав начин на живот, се прашањата на кои денеска заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска разговараше со експертите од EPAS (Enlarged Partial Agreement on Sport), во рамките на Советот на Европа, ...
Средношколци од СОУ „Гоце Делчев“ од Валандово беа во посета на ТВ Канал ВИС. Во склоп на наставните програми и изучувањето на медиумите како средства за комуникација, гостите се запознаа со начините на кои новинарите стигнуваат до информација, како ја подготвуваат за конечно да биде емитувана на етерот или на дигиталните медиуми. Истовремено учениците добија насоки како да ги препознаат лажните вести и дезинформации, и да не подлегнат на вести ...
Од утре, па наредните три дена, Радовиш ќе биде домаќин на манифестацијата „Самун ем Татлија“. До втори октомври пред Центарот за култура „Ацо Караманов“ гостите ќе може да ги вкусат традиционалните радовишки мајсторства, но и да уживаат во музичката програма на маекдонските ѕвезди. Како што е наведено во програмата, на 30-ти септември за дел од забавата ќе се погрижи Бајабо Бенд, Викторија Бенд и Брас Брадерс. Овогодишната манифестација ќе биде ...
Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 29.09.2022 година (четврток) започнува етапната исплата на пензиите за м.септември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2022 ...
Општина Гевгелија со средства од сопствениот буџет во износ од 1.300.000 денари ја асфалтираше старата асфалтната подлога и ги изврши сите припремни работи, додека државна видео лотарија донираше средсва за комплетна реконструкција. Ова модерно игралиште доби нова тартан подлога, ново оградување по сите стандарди, поставени се голови за фудбал, како и кош за баскет 3х3. ,,Сакам да изразам голема благодарност до Државна видеолотарија на ...
На 26 септември 2022 година во Дојран, деветнаесет млади луѓе, идни потенцијални претприемачи, под менторство на докажани и реномирани професори, претприемачи и експерти го започнаа своето седумдневно патување насловено како „Камп за претприемништво и иновации за млади“ во насока на подобрување на своите претприемачки вештини, стекнување на нови знаења и нови искуства. Запознавање со основите на претприемништво, важноста на деловната ...
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Здружението на слепи лица од Штип. На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост како и за можностите за унапредување на нивниот живот. „За справување со предизвиците секогаш треба да се користиме со правните и законски механизми. Здруженијата во нашата држава имаат целосна слобода и се независни од Владата, ...
Денеска, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, Даниел Апостолов на фагот и Дарко Мариновски на пијано ќе одржат целовечерен концерт. Ќе бидат изведени композиции од: Телеман, Каливода, Кехлин и Тулу. Концертот ќе започне во 19:30 часот, а влезот е слободен. Даниел Апостолов е вработен како фаготист во Македонската филхармонија, а Дарко Мариновски е редовен професор при Катедрата за композиција и инструментален оддел на Интернационалниот ...
Општина Гевгелија, во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и ЈОУ Градска библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, распиша Конкурс за есеј и Ликовен конкурс на тема: „Женски права“, како реализација на една од активностите oд Програмата на Општина Гевгелија во областа на еднаквите можности на жените и мажите. На Конкурсот за есеј на тема: „Женските права во 21 век“, можат да ...
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска се сретна со новоназначениот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон. На почетокот на средбата вицепремиерот Битиќи му посака добредојде во нашата земја и изрази сочувство за смртта на нејзиното величество, кралицата Елизабета Втора, со желби за успех и добро здравје на неговото величество, кралот Чарлс Трети. Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Лосон разговараа за економските ...
Една маска со благородна идеја, едно одделение на чело со наставничката и родителите и десетици патувања. Од Струмица, преку Радовиш до Скопје и Лесковац патуваше овие шест месеци карневалската група „Пчелин рај“ од основното училиште „Видое Подгорец“ од Струмица. Раководителот на класот но и на целиот проект, наставничката Соња Цицимова вели дека иако биле уверени во благородната идеја и освен забавната и едукативна компонента на маската, не ...