
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54% во однос на одлуката од 15.5.2023 година. Од 23.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин Еуросупер БС – 95; 78,50 (денари/литар) Моторен бензин Еуросупер БС – 98; 80,50 (денари/литар) Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 69,00 ...
Сите ученици навреме ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, завршена е постапката за набавка и во тек е испораката, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН). -Учениците од основните и средните училишта навремено ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, во текот на јуни. Бирото за развој на образованието под чија надлежност е спроведувањето на постапката за набавка на педагошка ...
Просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари и во однос на просечната плата во март лани е повисока за 12,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,8 проценти), Образование (15 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (14,9 ...
ЈПКД „Турија“, во координација и соработка со општина Василево реализираше низа комунални активности, односно чистење на диви депонии и уредување на земјени патишта во повеќе населени места на општината. Исчистени се дивите депонии во населените места Чанаклија, Василево и Радичево. Пробиени и порамнети се неколку улици од наноси на земја и песок во населеното место Чанаклија. „Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната ...
Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, во соработка со кафе-барот „Нагоре“, како дел од неформалниот тековен проект „Ѕид на уметноста“, вечерва, во 21 часот ќе ја отвори петтата изложба на дела, насловена „Портали“ од Христина Мазнеска. Историчарот на уметноста Марјан Минов во својот осврт кон изложбата ќе напише дека човечката желба за осознавање на далечните вселенски простори и светови, ...
авен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп казниво согласно член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 42-годишник, со пријавено место на живеење во струмичко Ново Село, но вработен како службено лице – раководител на сектор во АД Водостопанство на РСМ во државна ...
На дванаесет локации во Струмица се поставени контејнери за електронски и електричен отпад, со што општината го стави ви функција организираниот систем за собирање електронски и електричен отпад и отпадни батерии. Општина Струмица во партнерство со „Нула отпад“ постави контејнери на булеварите „Ленинова“, „Гоце Делчев“ и „Маршал Тито“, улиците „Сандо Масев“, „Младинска“, „Панче Пешев“, „Братство и Единство“ и „Ванчо Китанов“. За подобро ракување ...
Вечерва премиера на „Вујко Вања“. По неколкумесечна подготовка, струмичани премиерно ќе ја погледнат претставата „Вујко Вања“ од Чехов. Режијата е на Дејан Ангелов, кој за првпат работи во струмичкиот театар. „Оваа претстава за мене има посебено значење. Прво затоа што станува збор за “Вујко Вања” – Хамлет од провинцијата. Текст којшто зборува за тоа колку е лесно да се промаши животот и дека совеста посуровo казнува за ненаправеното и ...
Преквалификација за избор на достоинствено работно место е решение за намалување на невработеноста кај нас, смета вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. За него стапката на невработеност кај нас е се уште загрижувачка, но тоа вели дека е резултат на погрешните политики на неговите претходници изминатите децении. „Стапката на невработеност во нашата земја се уште е висока. Според последните податоци од Државниот завод за статистика и ...
Владата на синоќешната седница ја разгледа и усвои и Информацијата во врска со потребата од ставање налепници со „НМК“ ознака на регистарските таблици, предложена од Министерството за внатрешни работи. Со ставањето налепница на регистарските таблици, според информацијата од МВР, во целост се почитува обврската за ознаката на новиот код на Република Северна Македонија на регистарските таблици на возилата, од една страна, а од друга страна, ...
На вчерашната седница на Владата беше усвоена Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје за 2023 година. По тој повод, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, беа во посета на градинката ЈОУДГ „13 Ноември“, Општина Центар. Министрите им се придружија на децата и учествуваа во дневните активности кои беа во тек, во ...
Делови од веб-страницата на Фондот за здравство повторно не функционираат. Матичните лекари се жалат дека неколку дена не може да пријавуваат и одјавуваат пациенти. „Опцијата да пријавиме нови пациенти не е достапна веќе 3-4 дена. И претходно имаше периоди кога е недостапна, паѓа системот, па повторно се враќа во функција, но неколку дена веќе воопшто не е достапна. И тоа во услови кога секојдневно се затвораат ординации со по неколку илјади ...
Стручен тим од Националната установа Завод и Музеј од Струмица, овие деновиве ја отпочна постапката и во моментов изработува проект за реставрација и конзервација на Спомен-костурницата над градот. ,,Спомен-костурницата во Струмица е започната да се гради во 1979 година, а моштите на загинатите борци во НОАВ со свечен чин биле пренесени и полжени во саркофагот на 04.07.1982 година. Таа е дело на архитектот Благој Колев и градена е од бел мермер. ...
Убиство и самоубиство се случило утринава во Демир Капија, ваквата вест ја поресе демиркаписката, но и јавноста во Тиквешијата. Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило. Неофицијално, повозрасен човек над 64 години, пукал во соседот што живеел над него во зграда, на возраст од околу ...
Уверение за државјанство во електронска форма наскоро ќе можат да добиваат граѓаните на Македонија. Целта на новината која се воведува е до крајот на 2023 година да се дигитализира над 150 услуги кои ќе бидат достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk. Ова го ветија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за информатично општество Азир Алиу на денешниот настан во просториите на „Една Точка за Услуги” – проект на ...
Францускиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Сирил Бомгартнер, беше почесен гостин на вчерешната претстава „Бајка за бајките“, изведена на француски јазик од членовите на Драмската секција за деца при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Пред почетокот на претставата, во своето обраќање пред учениците и наставниците, како и пред родителите, амбасадорот Бомгартнер истакна: – Ви благодарам што во голем број сте присутни денес за да ја ...
Изведбените работи за изградба на атмосферската канализација во јужниот дел на Гевгелија се при крај, информираше градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Согласно планот за работа за финиширање на овој значаен проект, во тек се и изведбените активности за асфалтирање на раскопаните улици. Изминатиов викенд, беше асфалтиран дел на потегот на улиците „Ристо Фаршинин“ и „Јосиф Јосифовски“, за што градоначалникот Сармандов изврши ...
По пауза од речиси четири децении повторно се вршат археолошки истражувања на лок. Св.40 Севастиски маченици во с.Банско. Предводени од стручни лица од НУ Завод и Музеј Струмица, археолозите д-р Душко Цветанов виш кустос и Ване Секулов советник кустос. Станува збор за средновековна црква изградена во периодот 11-12 век. Сакралниот објект поседува синтронос на источната страна што упатува на заклучокот дека била епископско седиште. Во 2021 година ...
Јавното претпријатие за заловување бездомни кучиња „Лана“ од Струмица и Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје договoрија соработка на полето на ветеринарната медицина. Како што информираа од Општина Струмица, договорот за соработка, денеска во кабинетот на градоначалникот Костадин Костадинов, го потпишале директорката на претпријатието д-р Сузана Стојкова и деканот на факултетот професор д-р Лазо ...
Цената на дизел горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,6 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 77,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР ...
Денеска во 01.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.П. (20) од село Ангелци, струмичко. Тој се сомничи дека на синоќа околу 22.20 часот заедно со уште две малолетни лица од струмичко, во Градскиот парк во Струмица физички нападнале тројца малолетници од Струмица и со закана со остар предмет им ги одзеле мобилните телефони. Од страна на полициски службеници, по добиена судска наредба, бил ...
Денис Јанкуловски, познат како Космонаутко ја објави книгата „Авантурите на Космонаутко“. Книгата претставува еден вид дневник што низ објави на Фејсбук го водеше авторот за време на пандемијата. Во неа хронолошки се собрани неговите доживувања, настани од раотата и од животот во периодот на Ковид-19. Јанкуловски беше во првите „борбени“ позиции како медицински техничар кој учествуваше во земање брисеви на граѓаните во нивните домови, а стана ...
Од денес, па се до 18 мај, на повеќе места низ регионот постои опасност од појава на поплави и лизгање на земјиштето, како и значително покачување на нивоата на реките. Интензивни врнежи од дожд се очекуваат речиси во сите држави од регионот, и тоа поради влијанието на моќниот циклонски систем и тоа со центар над Средоземјето и над Италија, пишува на страницата Метеоаларм. Најголема опасност од појава на поплави и на лизгање на земјиштето постои ...
Циклусот на времето и промените што ги носи во општеството претставени низ движењето на стрелките на часовникот. Симболично, токму часовникот го симболизира развојот на новите занаети и вештини и пренаменувањето или исчезнувањето на постарите. Вака, со презентирање на занаети и вештини автентични за Струмица се одбележа Денот на Европа во овој град. А, занаети има. Изменети, но, присутни и сакани и од младите. Барем тоа го потврдуваат младите ...
45 граѓански организации од осум општини во државата, меѓу кои и пет од Гевгелија, ги претставија своите проекти за млади, социјална кохезија и инклузија, човекови права, заштита на животната средина, култура, туризам, на информативната средба во Скопје. Проектите ги имплементираат во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2) На средбата, амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир и постојаниот претставник на УНДП, ...
Фотографи и видеа со риба исфрлена на брегот на езерото ги вжешти социјалните мрежи од коментари со загриженост, но и критика дека Дојран е во опасност. Првата фотографија ја објави поранешната пратеничка и функционерка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева која напиша во објавата на фејсбук напиша „Риба останата без вода“. Градоначалникот Ангов реагирше дека ова се тенденциозни коментари и лажни информации што му штетат на Дојран во очи новата ...
Засилени полициски контроли во струмичките основни и средни училишта. По двајца полицајци се определни за обезбедување на училиштата. Директорите биле известени дека контролите ќе ги има во следниот период но не им е прецизирано како ќе се одвива следната учебна година. Граѓаните се согласуваат дека по маскрот во училиштето во Белград и пријавените инциденти од ученици во македонски училишта, безбедноста треба да биде на повисоко ниво. Од МВР ...
Времето во земјава денеска ќе биде сончево и потопло со умерена облачност која попладне ќе се зголемува и локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а дневната ќе се движи од 17 до 23 степени. Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од ...
Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица. Според наводите во кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, постои основано сомневање дека осомничените сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 ...
Викарениот Епископ Стобиски, г. Јаков, на официјалната страна на Тивериопол.мк ја објави колумната за актуелно.мк со наслов „Родово изедначување или изобличување на личностите“. Во неа се вели: Ги слушам и читам деновове апологетите на Предлог-законот за родова еднаквост. Спектарот е прилично шаренолик – од пратеници па сè до активисти од НВО, но и оние од категоријата којашто е сублимат од двете – ем владини ем невладини, и секако, што е уште ...