
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот им рече на азиските сојузници дека рускиот народ е пообединет од кога било досега во неговото прво појавување на меѓународен форум по краткотрајниот бунт од минатиот месец на платеничката група „Вагнер“ на Евгениј Пригожин. „Рускиот народ е поконсолидиран од кога било досега. Руските политички кругови и целото општество јасно ги покажаа своето единство и високото чувство за одговорност за судбината ...
Според СЗО, Европа има најголема потрошувачка на алкохол по глава на жител од сите континенти во светот. Според податоците собрани од Централната разузнавачка агенција (ЦИА), врз основа на информациите од 2019 година, кои ја анализирале потрошувачката на алкохолни пијалаци во светот во 189 земји, „светски шампиони“ се – жителите на Куковите Острови! Mакедонците не се ни блиску до листата, ниту по место, ниту по количина на пијалаци. Куковите ...
Владимир Путин го понижи шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, по неговиот неуспешен воен удар во Русија, испраќајќи ги безбедносните служби во неговата палата во Санкт Петербург. За време на претресот, полицијата пронашла гардеробер полн со перики, скривалиште, златни шипки, складиште за пиштоли, кадифен алигатор и врамена фотографија за која руските медиуми тврдат дека прикажува отсечени глави на непријателите на прогонетиот приватен воен ...
Германската полиција уапсила седум лица под сомнение дека основале терористичка организација со цел да извршуваат напади слични на Исламската држава. Полициски антитерористички акции врз слична група на исламисти биле извршени и од страна на полицијата во Холандија. Уапсените се државјани на Туркменистан, Таџикистан и Киргистан. Тие на територијата на германската сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија влегле веднаш по почетокот на руската ...
Четири лица се лишени од слобода во вчерашната контрола на подрачјето на Прилеп, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, извршена од полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, во соработка со инспектори од Државниот девизен инспекторат, со цел откривање на кривични дела од Законот за девизното работење. При контролата, соопштија денеска од МВР, биле затекнати четири лица кои неовластено вршеле размена на странски и домашни ...
Цените на становите во Скопје во вториот квартал годинава бележат раст од 1,6 проценти на квартално, а од 12,9 проценти на годишно ниво, објави денеска Народната банка. Во првиот квартал годинава цените на становите забалежаа раст од 18,8 проценти на годишно ниво, а од 1,3 отсто на квартално ниво. Во првиот квартал лани недвижностите поскапеа за 12,4 отсто на годишно ниво, по што следеше раст, од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во ...
Во текот на вчерашниот ден (04.07.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 303 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 170 возачи ја пречекориле ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим поради официјална посета на албанскиот премиер Еди Рама. За сообраќај ќе бидат затворени булеварите „Александар Македонски“, Гоце Делчев“ и „Климент Охридски“, улиците „Беласица“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Орце Николов“, како и дел од улицата „Франклин Рузвелт“. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира граѓаните да ги почитуваат ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година, во споредба со мај 2023 година, е зголемен за 0.3 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.2 %, Алкохолни пијалаци за 1.0 % и Безалкохолни пијалаци за 0.5 %. Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 12.2 %. ...
Полицијата вчера спроведе сообраќајна контрола, при што санкционирани се 231 возач и 207 пешаци. Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, изречени се кази за седум возила кои се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Како што ...
Упадот на дел од жителите на кумановското село Слупчане во трафо-станицата со цел да се приклучат на електричната мрежа е причина покрај ово село без струја да останат и околните села – Ваксинце, Лојане, Оризаре. Домаќинствата во овие подрачја немаат струја од доцна синоќа откако се случи дефект во енергетскито објект на ЕВР кој беше насилно отворен. -По ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери ...
Во 2018 година основана е „Хелиос Плант“ фирма во сопственост на синот на Али Ахмети, Шкумбин и неговите братучеди Бесиан и Дрин. Фирма чија основна дејност е производство на струја. Две години подоцна, Зоран Заев како премиер и Крешник Бектеши како министер за економија ја најавуваат програмата на владата „Акција 21“, при што Заев најавува распишување на тендер за фотонапонска централа од 60 MW, инвестиција која самиот Заев ја најавува дека е ...
„Има разлики меѓу нас. Ние сме фракција во ДУИ и инсистираме овие прашања да се решава со аргументи во рамките на Демократската унија за интеграција. Јас, Муса Џафери и Невзат Бејта сме против создавање нов политички субјект. Нема потреба од формирање нова политичка партија. На овој начин ќе се подели албанскиот електорат“, изјави Блерим Беџети, фракција во ДУИ. Ваквиот став на Беџети се потврдува со она што го изјави Изет Меџити пред неколку ...
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска одржа прес-конференција пред СВР Куманово на која информираше дека по анонимна пријава бил повикан на разговор во СВР Куманово за наводен предмет за исплати и недоместоци на лица вработени во општината. -Сакам да ве информирам дека денеска со покана бев повикан во СВР Куманово на разговор во врска со предмет за исплати и надоместоци на лица вработени во општина Куманово. СВР ...
„Во пријавата се наведува дека од страна на Секторот за финансии при Општина Куманово на вработените во Секторот за инспекција, незаконски им бил исплатен додаток на плата од 30 отстои тоа на кандидати за инспектори, кои не се стекнале со лиценца инспектор, а со тоа е оштетен буџетот на Општина Куманово. Потенцираме дека за сите наводи постои документација која на барање од СВР Куманово е доставена од страна на Одделението за човечки ресурси од ...
Денеска (06.07.2023) од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци, по претходно спроведена истрага, од правен субјект за производство на канабис за медицински цели во с.Сопот, одземени се 225 килограми сув цвет марихуана, 111,1 килограми био ...
Министерот за здравство Фатмир Меџити во интервју за „Макфакс“ зборуваше за лекот „трикафта“ кој им е потребен на лицата со цистична фиброза. Меџити кажа дека се финализира протоколот кој ќе покаже кои пациенти треба да го примаат лекот. – Кога дојдов јас, немаше протокол за „трикафта“, немаше ниту центар, ниту комисија. Ние направивме сè и го пративме на Фонд на здравствено осигурување и добивме позитивно мислење. Вие знаете дека пред два ...
Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гаврил му се јави на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем с ? до осмиот ден по раѓањето на Јован. Тој ...
Судот му изрече мерка куќен притвор на Драги Рашковски, осуден на осум години затвор за случајот „Софтвери“. Рашковски доби и забрана да комуницира со првите тројца обвинети Ивица Димитровски, Игор Христов и Даниел Станчев. На Димитровски, Христов и Станчев им се изречени мерки на претпазливост. Овие мерки ќе останат во сила до правосилноста на пресудата. Обвинителката на случајот „Софтвери”, Ивана Трајчева рече дека ќе има жалба за одлуката на ...
Пациентот Игор Пехчевски, болен од Цистична фиброза бара извинување од министерот за здравство Фатмир Меџити за изјавата дека правел шоу кога бараше лек „трикафта“. Тој бара министерот јавно да се извини, а лекот да биде донесен одма. „Го слушам и гледам министерот за здравство. Јас барам лек од кој животот ми зависи, а тој си дозволи како доктор и министер за здравство да каже за мене дека со барањето на лек правам шоу во јавноста на ...
Виктор Осимен се уште е максимално интересен за европските гиганти кои бараат врвен голгетер, но Наполи јасно стави до знаење дека нема лесно да се раздели од својот најдобар стрелец. Доказ за тоа се и најновите преговори со ПСЖ, во кои „наполитанците“ побарале огромни 150 милиони евра за трансферот на нигерискиот репрезентативец. „Светците“ се во потрага по врвно решение за нападот по заминувањето на Лео Меси, а на врвот на листата со желби се ...
Партизан ја прекина доминацијата на Црвена Звезда во АБА лигата и се врати на тронот во регионалното натпреварување, откако вечерва успеа да победи во „мајсторката“ која се играше во големото финале. По двете победи на Црвена Звезда на домашен терен и израмнувањето на 2:2, беше јасно дека одговорот за новиот шампион ќе го добиеме во „Штарк арена“, каде навивачите на Партизан приредија фантастична атмосфера која беше иницијална каписла за ...
Килијан Мбапе во новата сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, објавуваат француските медиуми. Голгетерот имаше разговори со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани и сите мислеа дека ќе биде договорено продолжување на соработката, но се случи спротивното. „Мбапе ќе се приклучи на Реал Мадрид. Катарскиот емир и Флорентино Перез договорија цена од 200 милиони евра плус 50 милиони евра во вид на бонуси“, стои во објавата на француските медиуми. ...
Германските медиуми се погласно тврдат дека актуелниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп ќе биде новиот селектор на Германија како замена за Ханси Флик. Јавноста во Германија, по лошите резултати на селекцијата, смета дека Флик не треба да ја води репрезентацијата на Европското првенство, иако од германската федерација не сакаат никаква промена. На оваа тема се огласи и менаџерот на Јирген Клоп, Марк Косицке кој демантира можност на Германецот за ...
Цезар Аспиликуета за неколку дена ќе стане слободен играч и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Интер. Шпанецот со 44 настапи за националниот тим, во август ќе наполни 34 години. Капитенот Аспиликуета има договор со Челси и за следната сезона, но италијански извори, меѓу кои и стручњакот за трансфери Џанлука Ди Марцио, пишуваат дека тој договор ќе биде раскинат и дека Аспиликуета ќе се пресели во Интер. Аспиликуета во Челзи пристигна од ...
Новинарот Дејвид Орстајн информира дека Манчестер ја кренал понудата за пет милиони фунти, од 45 на 50, со тоа што остануваат дополнителните пет во облик на бонуси. Ова е реакција на одговорот на Челси на втората понуда, дека ќе бил задоволен со 60 + 7 милиони фунти. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо ја соопшти истата информација, додавајќи дека во новиов, трет предлог на Челси имало и променети детали во динамиката на плаќање, која би ...
Арсенал по секоја цена сака во своите редови да го доведе Деклан Рајс, капитенот на Вест Хем и репрезентативец на Англија. „Топчиите“ испратија понуди, првата од 80 милиони фунти, а втората од 90 милиони фунти, но „Чеканите“ ги одбија и двете со барање сумата да надмине 100 милиони фунти. Во целата приказна по втората понуда се вмеша и Манчестер Сити, кој секако е финансиски поспособен од Арсенал. Сепак, последните информации од островот говорат ...
Челзи ја одби и третата понуда од Манчестер Јунајтед за Мејсон Маунт, пренесува „The Athletic“. Челзи не се согласил да го продаде играчот од средниот ред за 50 милиони фунти плус 5 милиони во форма на бонуси. Лондончани им порачале на „црвените ѓаволи“ дека ќе се согласат за понуда од 58 милиони фунти плус уште 7 милиони во форма на бонуси. Маунт е дете на Челзи, на почетокот на професионалната кариера беше позајмуван во Витесе и Дерби Каунти. ...
Серхио Бускетс како слободен играч му се приклучи на Меси во Интер Мајами и по времето во Барселона повторно ќе биде соиграч со Аргентинецот.Бускетс ја напушта во Барселона откако му заврши договорот и Мајами за него нема да плати оштета.Бускетс низ годините во Барселона стана еден од најдобрите пријатели на Меси и со него и со Жорди Алба често се сретнуваше по заминувањето во Пари Сен Жермен. Се уште не е потврдено, но се најавува дека во Интер ...
Соединетите Американски држави ќе бидат домаќини на новото и проширено Светско клупско првенство на ФИФА во 2025 година, објави Светската куќа на фудбалот. Извршниот одбор на ФИФА едногласно ја донесе одлуката САД да го организираат првото Светско клупско првенство со 32 екипи.„ФИФА Светското клупско првенство 2025 ќе биде врв на елитниот професионален машки клупски фудбал, а со потребната инфраструктура и големиот локален интерес, САД се ...