100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулиј Цезар, римски војсководец, политичар и писател, еден од најпознатите личности во класичната историја, а во последните години од животот диктатор во моќната Римска империја. Неговите записи од Галските војни спаѓаат меѓу ремек-делата на старата римска литература. Група републикански заговорници го убиле во Рим, на 15 март 44 г. пред н. е. 1536.- Умрел Ерзамо Ротердамски, прочуен холандски хуманист. Поради големото ...
1291.- Умре Рудолф Први, основачот на династијата Хабзбург. Владеел од 1273 па се до смртта во 1291 година. 1556.- Во Рим свечено била осветена грандиозната купола на црквата „Свети Петар“, која ја изградил прочуениот италијански архитект, вајар, сликар и поет Микеланџело Буонароти. Овој датум бил земен како ден на раѓањето на барокот. 1606.- Роден е Харменсон ван Рајн Рембрант, познат холандски сликар. Умрел во Амстердам, на 4 октомври 1669 ...
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со неговата флота испловил од Лисабон и во втората половина на ноември поминал крај `ртот Добра Надеж. 1621.- Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен, француски поет и баснописец. Има напишано 240 басни. Умрел во Париз, на 13 април 1695 година. 1709.- Руската војска под водство на царот Петар Велики по двочасовна битка кај Полтава сосема ги поразила шведските трупи што ги водел Карло Дванаесетти. ...
– Меѓународен ден на уништување на оружјето. 1441.- Умрел фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден од најголемите европски сликари во 15. век, родоначелник на ренесансното реалистичко сликарство во северна Европа, творец на фламанската сликарска школа. 1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се истоварил на Мексиканскиот Залив, каде го основал градот Вера Круз и започнал со освојувањето на Мексико, кое завршило во 1521 година со уништување на ...
138.- Умрел римскиот цар Публиј Еилиј Адријан, кој по доаѓањето на престолот во 117 година откако увидел дека Римското царство слабее, се одрекол од освојувања и ги утврдил границите во Германија и во Британија. Бил голем почитувач на грчката култура и покровител на уметноста, пишувал стихови, вајал и сликал. 1509.- Роден е Жан Калвин, верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква. Следбениците на Калвиновото учење биле ...
– Светски ден на населението 1533.- Папата Клемент Седми му се заканил на англискиот крал Хенри Осми дека ќе го екскомуницира од римокатоличката црква ако не го обнови бракот со Катерина Арагонска, од која се развел во мај 1533 година. Хенри Осми ја игнорирал заканата, ги раскинал сите врски со Ватикан и во 1534 година ја основал Англиканската црква – прогласувајќи се себеси за нејзин поглавар. 1804.- Поранешниот претседател на САД Арон Бер го ...