
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



На одредена возраст сите мислиме дека сме експерти. Без разлика дали сме во брак, разведени, повторно венчани или никогаш не сме се венчале, веруваме дека знаеме што треба да прават сите други за овие работи, како и за огромен број други работи – од работа до лични животни избори. Имаме совети за пријателите, соработниците, познаjниците и, се разбира, за нашите возрасни деца. Дали имаме кристална топка преку која можеме да ја видиме иднината? ...
Знаците што покажуваат пречки во развојот до 2-годишна возраст ќе ни помогнат навреме да се обратиме на специјалист за поддршка и помош. Постојат одредени способности кои детето треба да ги стекне од 18 месеци до 2 години и според нив се следи дали има доцнење во развојот. Има широк спектар на способности и секое дете напредува со свое темпо. Некои деца овие способности и вештини ги стекнуваат порано, а некои подоцна, бидејќи развојот на секое ...
Времето за бањање е една од најдобрите можности за детето уште подобро да се поврзе со родителот, но и да се забавува. Сепак, педијатарот Томас Фелпс открива дека има и многу потенцијални ризици поврзани со бањањето на детето за кои секој родител треба да биде свесен. „За бањањето на детето да биде безбедно и забавно и за вас и за него, клучот е да бидете присутни, подготвени и внимателни. Безбедноста доаѓа со поголемо ангажирање, а повеќето ...
Шеќерот денес буквално може да се најде на речиси сите полици во продавниците, особено во производите наменети за деца. Имено, децата се најголеми потрошувачи на додадениот шеќер, без разлика што исхраната богата со шеќер е поврзана со дебелина и срцеви заболувања, па дури и со нарушена функција на меморијата. Сепак, помалку се знае за тоа како консумацијата на шеќер во детството влијае врз развојот на мозокот, особено на региите за кои се ...
Мирното родителство понекогаш е како оксиморон. Секако, можеме да се чувствуваме мирни – но дали можеме да го направиме тоа заедно со нашите деца? Ова е особено точно ако не сте биле воспитани од мирни родители. Можеби ќе ви биде тешко да се справите со предизвикувачкото однесување на децата без да ги повторите циклусите за кои знаете дека не функционирале за вас. Можеби ви недостигала емоционална безбедност и водство засновано на поврзување, ...
Со површина од 1,5 до 2 квадратни метри, кожата на возрасен човек е најголемиот орган во телото. За време на бременоста, овој орган може многу да страда: поради хормоналните промени, кожата станува сува и се јавува чешање, особено во пределот на стомакот. Со соодветна грижа, можете да избегнете проблеми со кожата за време на бременоста, а еве како: Гелови за туширање кои содржат навлажнувачки масла Ако повеќе сакате бањи, треба да се откажете од ...
Детето што се преплавува со обврски не е амбициозно, туку мисли дека љубовта и почитта мора да се заслужат уште во детството и дека тие работи не им припаѓаат на сите деца. Поради стравовите и непријатните чувства, тие прибегнуваат кон обврски. Не можат долго да бидат слободни и не можат без редовна потврда за нивната вредност. Тие тоа го нарекуваат „јас сакам“, а родителите „таа/тој го сака тоа“, а ние експертите најчесто го нарекуваме ...
Идните родители во последниве години се чинеше дека се натпреваруваат во тоа кој ќе има пораскошна и поинтересна забава за откривање на полот на детето. Нивните снимки ги преплавија социјалните мрежи и често беа предмет на дискусии. Но, тоа би можело да стане историја бидејќи сега се појавува нов тренд. Трудниците и нивните партнери направиле нов чекор и сега објавуваат видеа во кои го откриваат името што го избрале за своето бебе. Едно такво ...
Во ова интересно видео ќе видите како едно шестмесечно бебе учи прво да плива, а потоа и да се превртува во вода (во текот на третата недела од тренингот), а во четвртата недела веќе сите тие вештини ги применува без проблем. Бебето плива дури и со облека. Ова слатко бебенце уште од многу рана возраст ја добива обуката за успешно пливање, додека дури и многу повозрасни лица имаат голем проблем и страв од совладување на оваа навистина потребна ...
Таа има девет години и се вратила од училиште целосно несвесна за сè што се случило. Не знаев што да правам. Како да ѝ кажам? Таа е доволно голема за да разбере дека е тоа страшно. Но, не знам дали е доволно зрела да го обработи и разбере сето тоа. Се обидов да ѝ кажам накратко, без детали. Но, прашањата започнаа. Многу прашања. И конечно – солзи. Мамо, јас не одам на училиште. Што ако тоа се случи во моето училиште? Мамо, јас седам веднаш до ...
Драга учителке, која ми кажа дека мојот син никогаш нема да научи да чита: Бевте нерасположени, уморни и очајни. Бевте осамени и огорчени. Ако некогаш сте сакале да предавате, тогаш таа љубов сигурно згаснала пред неколку години. Бевте нетрпеливи, ладни и арогантни. И ви благодарам од сѐ срце поради тоа. Вие бевте најдоброто нешто што му се случило на моето дете. Дали имаше одбивност или презир во вашиот глас тој ден? Во секој случај, имавте ...
Постојат научни докази кои посочуваат дека бабите по мајка навистина најмногу ги разгалуваат своите внуци. Истражувањето спроведено на 1.400 деца во Англија и Велс, на возраст од 11 до 16 години, испитувало колку често секоја баба и дедо ги гледа внуците, се грижи за нив, им дава финансиска помош. Комбинираните и анализираните одговори покажуваат дека децата добиваат најголема грижа од нивната баба по мајка. Вториот најинвестиран се чини дека е ...
Нема ништо поубаво од тоа родителите да си донесат дома прекрасно новороденче. Родителите се возбудени додека ги гледаат своите деца како ги прават првите чекори, ги кажуваат првите зборови и им го исполнуваат животот со гордост – на училишните рецитали, спортските активности и кога ќе ги добијат заслужените дипломи. Сепак, родителството може да биде исцрпувачко и стресно, дури и кога детето е здраво. Но, што ако детето не е здраво и наместо ...
Кога детето ќе дојде на свет, секој родител се надева дека ќе може да му го понуди најдобриот можен живот и да го води по тој пат. Љубовта кон децата може да ги натера родителите да направат сè за да ја осигурат нивната безбедност и среќа. Ова особено важи за децата на кои им е потребна посебна грижа, како Кристијан Бауерс, момче со Даунов синдром, чија мајка направила нешто неверојатно за тој повеќе да не се чувствува сам. Кристијан беше многу ...
Често ме трогнува реченицата: „Какви ти се мислите, таков ти е животот“. Ја кажуваат сите, ја банализираат и ја трошат. Од мислите до живот има уште најмалку 6 фази. Додека не го сфатив тоа, се мачев себеси. Некако верував дека само треба да повторувам некоја мисла, како на пример: „Секој ден во секој поглед мене ми е сè подобро и подобро“ и дека така навистина ќе ми биде подобро. Се трудев, си ја кажував мислата секој ден… и така со месеци. И ...
Просперитетно училиште, главен град, добри луѓе и, навидум, нема причина за да дојде до суров чин на еден тинејџер, кој, всушност, е сè уште дете… Се поставува прашањето: Како воопшто можеше да се случи ова, изјавила за „РТ Балкан“ рускиот психолог Карлова-Иљина, посочувајќи дека зад сето тоа се крие стравот. Семејството и наставниците се првата линија на одбрана од ужасни трагедии, изјавила професорката на Институтот за дополнително образование ...
Овој викенд (20-21 мај), пред „Синеплекс“ во „Сити мол“ ќе се одржат бесплатни едукативни работилници со Биби и Боби во неколку термини: 12:00 ч., 13:00 ч., 14:00 ч., 15:00 ч. Придружете им се на Биби и Боби и донесете ги вашите најмили да се забавуваат, креативно да се изразуваат и да научат нови нешта! Очекувајте суперинтересни активности, забавни игри и многу смеење. Едукаторите од „Бибиверзум“ ќе се погрижат сите другарчиња да си поминат ...
Наша главна цел како франшизо-даватели и креатори на IQ UP! франшизата, методологијата и програмите, преку постојана поддршка и развој, е да овозможиме квалитетна едукација и запазување на стандардите во сите IQ UP! училишни центри во нашата франшизна мрежа. За таа цел, тимот на IQ UP! оваа недела беше во посета на IQ UP! училишниот центар во Кавадарци. Насмеани лица, деца што не сакаат да ја напуштат просторијата, прашања што ќе се случува ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Моето дете има 7 години и оди во второ одделение. Пресреќен е што оди на училиште, ама таму не сака да седи долго во клупа, да пишува, да слуша и слично, па почна да шета низ училница, да се противи на моменти и да ги задева ...
Тоа се случи многу одамна, пред 15 години, кога бев почетник терапевт и постапив како што не би постапила сега. На пример, сега на мојата прва детска консултација присуството на членовите на семејството е задолжително од почеток до крај. И потоа… Дојдоа кај мене родители и буквално „оставија“ седумгодишно девојче на консултација. Прваче со очила. Не ги гледа луѓето в очи – рекоа тие – и страшно ја малтретира нашата мачка. -А како е со учењето? – ...
Научниците тврдат дека нашле начин да го решат проблемот со заспивањето на бебињата. Тие тестирале техника на одење и седење за која велат дека можеби е најдобриот начин да се смири расплаканото бебе, да заспие и да остане цврсто заспано. Ниту една од компонентите на овој метод не е револуционерна, но можеби ќе бидете пријатно изненадени ако ја испробате препорачаната секвенција. Техниката се однесува на бебиња кои плачат пред да заспијат и ...
Комуникацијата е основа на сите човечки односи, но не е секогаш само едноставно споделување информации. Постојат многу секојдневни ситуации кои вклучуваат убедување, преговарање, изразување мислења и постигнување договори. Дали воопшто треба да се спомене сето тоа? Ако имате едно или повеќе деца, сè ви е јасно. Можеби понекогаш ви се чини дека е подобро да сте во некаква супериорна позиција за да одлучувате за сè, но факт е дека е важно и детето ...
Невиноста, искреноста и разиграноста се најубавите карактеристики на малите деца. Прашање е само колку како возрасни успеваме да ги зачуваме тие карактеристики за подоцнежниот живот, со оглед на брзото темпо на живеење и стресните ситуации. Но, доказ дека разиграноста и позитивноста на децата се „заразни“, може да се види во следното видео: The inner child within us is ageless.. 😅 pic.twitter.com/gbShMQiFwj — Buitengebieden (@buitengebieden) ...
Децата од предучилишните установи ќе добиваат свежи сезонски овошја од домашно производство како кајсии, праски, сливи, круши и јаболка во текот на пет месеци, односно секое дете треба да добие по еден килограм овошје неделно. Министрите за труд и социјална политика и за земјоделство, Јованка Тренчевска и Љупчо Николовски, денеска го најавија почетокот на програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје за 2023 година што ги вклучува ...
Само да знаете, нема ништо да разубавувам. По ќерката, која речиси и да не покажуваше бес, дојде „син на мајка“, кој беше пример како од книга, за двегодишно дете со многу енергија за која понекогаш мислев дека е насочена исклучиво против мојот нервен систем. Среќа што јас сум една од оние мајки што учат и истражуваат. Така научив дека двегодишните деца се „тешки“ со причина. А таа причина најчесто НЕ е разгалување или манипулација. Да се научи ...
Во неодамнешно истражување на 268 момчиња на возраст од две до 18 години, кои биле на Одделот за педијатриска ендокринологија на Универзитетот „Катанија“ во Сицилија, заради контрола на телесната маса, истражувачите откриле дека момчињата со нормално ниво на инсулин имале двојно поголем волумен на тестисите од момчињата со покачени нивоа на инсулин. Кај момчињата што имале прекумерна тежина, односно биле дебели, инсулинската резистенција ...
Дали сметате дека се мачите во односот со вашиот брат или сестра? Дали често мислите: „Да не беа толку лукави“ или „Да го сменеа однесувањето, сè ќе беше подобро?“ За жал, не е секогаш така едноставно. Во моето 50-годишно искуство со работа поврзана со односите помеѓу браќата и сестрите, открив дека она што тие го доживуваат како проблем е често само површината. Коренот на нивните тековни проблеми можеби е утврден години претходно. Моето ...
Дали сте спремни за неверојатно патување во магичниот свет на науката, технологијата, инженерството и математиката? IQ UP! летниот камп за СТЕМ-едукација е тука да ве води на возбудлива авантура! IQ UP! ви нуди уникатен 10-дневен летен камп за деца од 5 до 10 години, со мултидисциплинарна програма во која се интегрирани сите области од СТЕМ-едукацијата, со литература, географија, програмирање и роботика за деца. Преку уникатна и иновативна ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Како да одржиме добри односи со бабите и дедовците на нашите деца, со кои е разговарано околу воспитувањето на детето, навиките за исхрана, телефоните, има јасно поставени граници околу тие клучни работи, но сепак не се ...
Вашето дете отсекогаш било „мамино галениче“ и покажувало нежност, но одеднаш почнало да покажува отпор при секој ваш обид да го прегрнете или бакнете? Иако е познато дека многу родители се загрижени кога ќе се случи тоа, психолозите објаснуваат дека ова е всушност многу честа и сосема безопасна појава, особено кај малите деца. Имено, одредена отпорност кон прегнувањето е нормална, особено во годините кога детето учи да биде самостојно. Сосема е ...