
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Сè што сака родителот е неговото дете да биде среќно. Но, како што возрасните можат да поминуваат низ тешки времиња, и малечките ги мачат проблеми. Помислата дека нешто не е во ред со вашето дете е загрижувачка, но не кревајте паника, предупредува детскиот психолог, професор Сем Вас, кој споделил неколку конкретни совети како да препознаете и да решите можен проблем. Се манифестира на два основни начини Професорот, експерт за детски стрес и ...
Вештачката интелигенција доживеа огромен напредок и голема популарност, не само во технолошкиот свет туку и кај општата популација. Има малку млади луѓе што не слушнале за „Чет-ГПТ“, а многумина „муабетеле“ користејќи ја таа апликација. Вештачката интелигенција покажа потенцијал не само да ги промени животите во деловна смисла, туку и да влијае врз нашиот секојдневен живот, вклучувајќи го и начинот на кој децата играат и го поминуваат своето ...
Сакаме нашите деца да растат и да се развиваат, а и да бидат слободоумни и секогаш внимателни, но љубопитни за светот околу нив. И тоа започнува од нас. Мораме да внимаваме како разговараме со нашите деца за животот, особено за некои непријатни теми. Можеби вашите баба и дедо починале и тоа е денот кога се обидувате да останете присебни, заради тригодишното дете кое го имате, кое не разбира што значи смртта и ве прашува каде е дедо. Како да му ...
Заљубувањето е составен дел од растењето, а многу родители се изненадени кога нивното, до вчера мало дете, ќе им каже дека се заљубило, дека има симпатија. Но, експертите советуваат дека зборувањето со децата за заљубувањето е најважно. Ако забележите дека вашето дете има симпатија, дефинитивно ќе сакате да дознаете повеќе за тоа. Ако имате дилема дали сте ја преминале границата на пристојноста додека разговарате со вашето дете, експертите ...
Да се биде мајка е работа со полно работно време. И со прекувремени часови. И работна недела која трае многу подолго од 40 часа. Тоа е веројатно најодговорната работа во светот. Пораснав гледајќи ја мајка ми како се бори да балансира помеѓу работата и семејството. Гледав како таа секојдневно се бореше, без солзи и забелешки. Свесно или несвесно, гледајќи ја, научив толку многу лекции – само од начинот на кој таа ги надминуваше секојдневните ...
Некогаш детето изговара некоја целосна глупост, па се прашувате од каде му е тоа. Понекогаш кажува нешто што ви звучи злобно, но се трудите да останете смирени. И понекогаш вели – не те сакам! И колку и да велите дека се само деца, дека нема смисла да се нервирате поради тоа, едноставно не можете – болат зборовите. Дури и кога се толку мали што не можат да разберат што точно значат тие зборови, токму тие зборови – не те сакам – можат да ...
Кога повеќето луѓе ќе го слушнат терминот „пречувствително дете“, можеби прво ќе помислат на мало дете кое плаче и за најмалата ситница што ќе му се случи. Сепак, родителите на хиперчувствителни или многу чувствителни деца знаат дека е во прашање нешто повеќе од интензивни чувства. Имено, како што објаснуваат психолозите, таквите деца имаат нервен систем кој брзо реагира на речиси секоја промена, а тоа е феномен кој се јавува кај 20 проценти од ...
Децата често се жалат дека им е досадно, но тоа што им е досадно всушност може да им помогне да развиваат вештини, како креативноста и самодовербата во некои случаи. Како што објаснуваат психолозите, на децата им е потребна помош во смислувањето на работите што ќе ги прават во слободното време. Без разлика на возраста на детето, корисно е да седнете и да разговарате за неговите интереси и страсти. Потоа можете да смислите листа со краткорочни и ...
Повеќето родители се способни да одгледаат среќно, здраво и емотивно стабилно дете. Но, многумина се борат на патот. Во две децении искуство и работа, детскиот психолог Шефали Сабари запознал и работел со многу родители и деца. Како што вели, во тоа време открила дека кога родителите не го усогласиле правилно својот пристап кон детето со неговиот темперамент и уникатен карактер, тогаш ја изгубиле можноста да го видат и ценат детето такво какво ...
Децата се мали луѓе, со свои желби, приоритети, чувства, па не е тешко да се разбере дека, многу често, нема да постапат онака како што мислиме дека би требало. Заедно со сите други предизвици што ги носи родителството, ова може да биде доста фрустрирачко. И нашата прва реакција често е викање. Од друга страна, кога им викате на децата, додека тоа го ослободува вашиот гнев и ви помага да се чувствувате посмирени, никому не му носи ништо добро. ...
Многу родители често се во дилема дали да имаат второ дете или треба да почекаат уште малку. Но, покрај сопствената подготвеност, се случува и да ја преиспитуваат подготвеноста на првороденото дете. Експертите, пак, објаснуваат дека има јасни знаци кои покажуваат оти детето не е сосема подготвено за братче или сестричка. Дури и ако не планирате да ја одложите бременоста поради тоа, барем ќе можете да работите на подготовка на вашето дете за ...
Навидум безопасниот чин на влечење на раката на непослушното дете може да заврши навистина лошо. На ова предупредува педијатарот Амулија Мајсор на социјалната мрежа „Инстаграм“, каде што објавила видео во кое објаснува зошто не треба да го кревате детето држејќи го само за рацете или наеднаш да го повлечете за раката. „Повреда на лактот се јавува кога лактот на детето делумно се дислоцира. Бидејќи коските и мускулите на малото дете сè уште се ...
Лажното плачење кај децата се дефинира како „плачење“ што не е мотивирано од витални потреби, како што се храна, сон и внимание од родителите, или, пак, болка и емоционални проблеми. Кога се многу мали, децата плачат барајќи задоволување на нивните потреби бидејќи не знаат за друг начин на комуникација. Како што растат, тие учат да комуницираат, а плачењето станува помалку ефективно од порано, објаснуваат психолозите. Меѓутоа, кога разговорот со ...
Децата ќе останат деца и ќе се случуваат несреќи, но одредени активности носат поголем ризик од другите, предупредуваат педијатрите. Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, несреќите сè уште се водечка причина за смрт кај децата и тинејџерите во Соединетите Американски Држави, но за среќа, многу од нив може да се спречат. Постојат одредени активности кои педијатрите никогаш не би им дозволиле на своите деца да ги прават ...
Кога станува збор за влијанието на екраните и нивната употреба врз развојот на децата, ставовите се доста контрадикторни. Повеќето експерти се согласуваат дека децата под две години воопшто не треба да се изложуваат на екрани и мобилни телефони треба да им се даваат подоцна. Ова е став и на Американската академија за педијатрија. Од друга страна, постојат и опсежни студии кои наводно покажале дека од 350.000 тинејџери што биле учесници во ...
Кога станува збор за изборот на име за детето, родителите често размислуваат како тоа може да му влијае на детето подоцна во животот. Имајќи го тоа на ум, една мајка решила на своите близнаци да им даде исто име, а како што објаснува таа, тоа сака да го направи за да бидат заедно дури и кога се разделени. Меѓутоа, нејзината идеја воопшто не му се допаднала на нејзиниот сопруг и иден татко на момчињата, кој решил својот проблем да го сподели на ...
Одам на роденден кај својот внук. Тоа ќе биде моето прво излегување по долго време, а воедно и прекрасна можност да се пофалам со мојот син. Го облекував и пресоблекував сто пати за да ја најдам вистинската комбинација за неговата прва забава. Има и пруги, и кошула и окер панталони, па тоа е момче и пол со само три месеци. И додека со насмевка на лицето гледам како семејството се радува на дојденецот, ми одѕвонува во ушите некој глас: Погледнете ...
ПРАШАЊЕ: Син ми има една година и десет месеци. На осум месеци беше запишан во приватна градинка каде што беше во група само со две дечиња. На година и шест месеци го префрливме во државна градинка. Веќе четири месеци оди во група со 20-ина дечиња, но сѐ уште не се опушта за да се дружи, ги игнорира. Секој ден го шетаме во парк, го играме, но нема некоја посебна интеракција со деца освен што кога е со нас, знае да ги тегне, а многу ретко се ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Сакам да се посоветувам во врска со моето синче, кое сега наполни четири години. Сѐ уште не зборува како што треба, многу е темпераментен, но не оди во градинка. Изолиран е од деца, а го чуваат баба му и дедо му. Веќе станува ...
Јас и мојата сопруга почнавме да одгледуваме орхидеи пред повеќе од 35 години. Ја купивме нашата прва орхидеја и ја донесовме дома во Минесота. Ја сакавме таа орхидеја! Набрзо откако стигнавме дома, лисјата почнаа да пожолтуваат и почнаа да паѓаат. Набргу потоа овена. Што тргна наопаку? Ја сакавме премногу. Излегува дека премногу сме ја полевале со вода. Да, можеш премногу да сакаш нешто, а тоа прави штета. И со децата разликата не е голема. На ...
Во четвртата недела по вашата последна менструација можете да проверите дали сте бремени. Почекајте до крајот на неделата и купете домашен тест за бременост во аптека. Имајте на ум дека повеќето од нив можат да откријат бременост дури во петтата недела, па ако го направите тестот сега, може резултатот да е лажно негативен. Бебе Ако сте бремени, вашето бебе сега е со големина на зрно афион, помало од 1 милиметар. Оплодената јајце-клетка, која ...
Според податоците на Хрватскиот завод за јавно здравје, леукемијата е најчеста малигна болест кај децата на возраст под 15 години. Во повеќето случаи причината за оваа болест не може да се утврди, а симптомите на леукемија може да варираат од дете до дете. Тие обично се развиваат бавно, но оние што укажуваат на акутна леукемија може да се појават одеднаш. Исто така, некои симптоми лесно се мешаат со симптоми на вообичаени детски болести. Како ...
Мала е веројатноста бебињата што се доени или се хранат со мешавина од адаптирано млеко и мајчино млеко во првите шест до осум недели од животот да имаат тешкотии со учењето или да имаат посебни образовни потреби подоцна во животот, покажува студија со која не се согласуваат сите експерти. Истражувањето спроведено од Универзитетот во Глазгов, објавено во списанието „Плос медицин“, испитувало податоци за 190.000 деца. Целта била подобро да се ...
Не добивте менструација и домашниот тест излезе позитивен? Вие сте бремени! Откако ќе уживате во ова знаење и ќе ја споделите радосната вест со вашите најблиски, можете да го контактирате вашиот гинеколог, кој најверојатно ќе ви го закаже првиот преглед помеѓу 6. и 8. недела од бременоста. Бебе – ембрионска фаза Иако можеби штотуку дознавте дека сте бремени, според официјалниот начин на пресметување (од првиот ден на последното менструално ...
Луѓето што имаат домашни миленици уживаат во нивното друштво, па и ги пуштаат во нивниот кревет, да спијат заедно. Додека медицинските експерти претходно советуваа да не спиете со домашните миленици, ново истражување посочува дека оваа практика може да има позитивно влијание врз физичкото и емоционалното здравје на сопствениците. Домашните миленици нудат сигурност, но можат да влијаат и врз квалитетот на сонот или да предизвикаат алергии кај ...
Глутенот е протеин кој се наоѓа во пченицата, јачменот, ‘ржта и другите житарки. Го има во многу вообичаени јадења и пијалаци, вклучувајќи ги тестенините и житарките, а неретко го има и во одредени лекови. Според Клиниката во Кливленд, многу родители ја мешаат алергијата на глутен и нетолеранцијата, кои се всушност две сосема различни работи. За разлика од алергијата на глутен, кога симптомите се многу потешки и поопасни, детето што има ...
Денеска голем број парови го одложуваат моментот за основање семејство. Додека во минатото се одлучувале на овој чекор во раните дваесетти, жените сега зачнуваат во триесеттите или четириесеттите години. Денеска се евидентираат дури 50 отсто повеќе мајки над 40 години што раѓаат дете првпат, но лекарите не препорачуваат толкаво одложување. Веќе по 35-тата година шансите за зачнување значително се намалуваат, додека по 40-тата година се ...
Кога би можеле да погледнете во вашиот стомак, ќе видите темни дамки на главата на бебето каде што се очите, две дупки каде е носот, а устата и ушите почнуваат да се формираат. Мозокот исто така интензивно се развива: секоја минута во него се формираат 100 илјади нови нервни клетки. Во седмата недела од бременоста вашето бебе е големо како зрно боровинка, или гума за молив, речиси половина сантиметар. Технички е во фаза на ембрион и има мала ...
Запекот или констипацијата кај децата е честа појава и во повеќето случаи не е причина за сериозна загриженост. Се јавува кога детето има многу тврда столица и врши нужда поретко од вообичаено. Тоа е многу чест гастроинтестинален проблем и се дефинира со помалку од три испразнувања на дебелото црево на неделно ниво. Иако бројот на празнења на дебелото црево може да биде различен кај секое дете, ненадејната промена може да значи дека постои ...
Драги испеглани, чија облека зрачи со свежина од чист пролетен планински поток, ве известувам дека поради вашите забелешки и озборувања, го зедов предвид прашањето за редовно пеглање на алиштата на сите членови на моето семејство. Кога од моите расположливи 24 часа на ден го одзедов: -времето потребно за спиење: што е 7-8 часа бидејќи со помалку сон станувам многу злобна и опасна личност; -времето поминато на работа со кое се плаќа нашиот стан, ...