Д-р Ранко Рајовиќ во најновото гостување на јутјуб-каналот „Агеласт“ зборува за порастот на врсничкото насилство како последица од социјалните мрежи. – Кога ќе направиме нешто добро, мозокот дава награда. Што вели мозокот? Потсвесно вели браво, полесно ќе преживееме. Кога ќе направиме нешто добро, мозокот е среќен. И одеднаш се појавува лајкот и децата, за да добијат потврда дека нешто добро прават, ставаат нешто на интернет и добиваат 5, 10, 50 ...

Првите неколку дена по породување се обично стресни за младите мајки, бидејќи тие сè уште не знаат што им кажува расплаканото бебе, па затоа не се сигурни дали има болки или само е гладно. Со текот на времето мајката ќе може да ги препознае тие работи по тонот на плачот на бебето, но важно е да се запамети дека бебињата не „разговараат“ само преку плачење. Има многу суптилни знаци со кои сакаат да ни покажат што ги мачи, па затоа е важно да ...

Бидејќи постојано зборуваме за љубовта што децата мора да ја добиваат во нивните семејства, со цел да израснат во здрави личности, на ред дојде да се зборува и за тоа што претставува родителската одговорност. Прво, родителската одговорност е менталното здравје на самите родители. Ако родителот не е емоционално писмен и не знае како се чувствува, кога и зошто, нема да може да го научи ниту детето на тоа. Второ, родителот мора да биде способен да ...

Ники Јуркуц, болничарка и мајка на три деца, на нејзиниот официјален профил на „Инстаграм“ – „Tiny Hearts Education“ редовно објавува совети за родителите, но и предупредувања, а многу од нив се однесуваат на безбедноста на децата. Таа неодамна објавила видео во кое објаснува каде треба прво родителите да го бараат своето дете, ако се изгуби, за да спречат фатални последици. Имено, на сите ни се случило барем еднаш да не можеме да го најдеме ...

Децата често се борат да останат фокусирани и тоа отсекогаш било проблем, особено кога почнуваат на училиште. Но, во денешно време работите стануваат уште полоши. Со различните кратки видеа на социјалните мрежи, кои не бараат посебна концентрација и подолго следење, и опсегот на вниманието на децата е пократок. Така, кога ќе седнете со нив да повторите некој нов материјал или да ја напишете домашната задача, честопати ги губите нервите. Тоа ...

Кога некој пријател, колега или некој друг ќе направи шега на ваша сметка за која мислите дека не е соодветна, може да биде тешко да го прифатите тоа без горчина и лутина. Ако се однесувате како да не ви пречело, тогаш може да предизвикате повеќе слични коментари да бидат повторно упатени кон вас, а истиот начин на одговарање или влегувањето во конфронтација нема да го решат проблемот. Можеби никогаш не сте слушнале за Сара Џејн Хо, а речиси ...

Во минатото повеќето родители под добро родителство подразбираа воспитување на децата онака како што одлучиле да ги воспитаат нивните мајки и татковци. Но, денес е различно и овој свет се потпира на двајца родители кои работат како тим за да направат ефективен избор за своето семејство, со цел да поттикнат здрави карактеристики на личноста кај нивните деца и да ја задржат емотивната и физичката безбедност на нивните деца. Постарата просечна ...

Како родители, низ многу нови работи поминуваме првпат. Прва температура, први заби, први чекори, прв ден во градинка, прв училиштен ден. Некои први „патеки“ се лесни, убави и возбудливи. Други нѐ прават нервозни. Освен што сме горди затоа што нашите деца направија уште еден важен чекор на патот кон растењето, малку се плашиме. Се прашуваме дали направивме сѐ како што треба? Едно од овие тешки први случувања е првото разделување од мама и тато ...

Инфекцијата со парвовирус е многу честа и заразна болест кај децата и главно тие лесно ја поминуваат. Меѓутоа, кај некои возрасни и кај трудници болеста може да биде многу сериозна и да предизвика здравствени проблеми кај бебето. Станува збор за акутна инфекција со човечки парвовирус Б19, кој предизвикува исип на образите, а потоа се шири на екстремитетите. Инфекцијата се карактеризира со тоа што нема покачена телесна температура. Дијагнозата се ...

Вистина е дека како што изминуваат годините, забременувањето е сѐ потешко. Тоа е така затоа што жените се раѓаат со фиксен број на јајце-клетки кои се намалуваат како што тие стареат. Покрај тоа, бременоста по 35-годишна возраст доаѓа со дополнителни ризици од компликации, како што се хипертензија, дијабетес или хромозомски абнормалности кај новороденчињата. Поради овие причини, на жените често им се советува да забременат порано за да се ...

Д-р Ранко Рајовиќ во најновото гостување на јутјуб-каналот „Агеласт“ зборува за образовниот систем некогаш и сега, како и за нашата неподготвеност за вештачката интелигенција. – Ние дури сега сфаќаме како работи мозокот. На луѓето тоа порано не им беше целосно јасно: кои региони на мозокот работат кога учиме, кога пееме, кога пишуваме, кога мислиме, кога учиме напамет. Тоа сега може да се види. И токму тоа ја насочува невронауката. Невронауката ...

В недела, 11 јуни, сите битолчанчиња што ги обожаваат Биби и Боби и сакаат да трчаат ќе се соберат во Градскиот парк во Битола. МИНИ ТРЧАЈ БЕ е прва детска трка посветена на малите шампиони, со цел да ги вовлече во радоста и енергијата на трчањето и спортот. Ова е моментот кога децата ќе го доживеат бодрењето од публиката и ќе се почувствуваат како вистински победници кога ќе ја преминат целта. Децата се родени да трчаат, тие се нашите ...

Дали сакате да имате дете? Без разлика дали сакате да забремените сега или планирате да имате потомство во иднина, сигурно се прашувате дали сè ќе биде во ред во периодот од зачнувањето до породувањето. Неплодноста е дијагноза со која се соочуваат дури 10-15% од паровите денес. Според Светската здравствена организација, неплодноста се дефинира како неможност да се постигне бременост по најмалку една година редовен незаштитен однос. Некои ...

Секој родител ќе ви каже дека треба да спиете секогаш кога можете откако ви се родило бебе. Во првите два месеца по раѓањето новороденчето обично се буди и сака да јаде на секои два-три часа. Овој распоред варира во зависност од низа фактори, како што се формата на хранење, болест, па дури и собната температура, па затоа се препорачува родителите да спијат кога спие бебето. Меѓутоа, ако вашето бебе конечно спие цврсто во текот на ноќта, дали ...

Децата не се намерно непристојни, туку едноставно сѐ уште не ги знаат правилата на учтиво и културно однесување, објаснуваат психолозите. Најдолго се паметат моделите на однесување научени до седумгодишна возраст, а децата пред да тргнат на училиште треба да знаат дека не треба гласно да коментираат за нечиј изглед. Во секојдневното брзање, родителите немаат секогаш време да се фокусираат на правилата на бонтон. Доколку често ги повторувате овие ...

Подгответе го вашето дете за промени. Сте го организирале патувањето и во одреден ден го напуштате градот и ја напуштате познатата рутина, но вашето дете можеби не е запознаено со тоа, па денот на патувањето може да биде ненадејна и неочекувана промена за него, односно може да му биде тешко да прифати. Затоа би било добро да му покажете на детето слика од местото каде што ќе одите, да му ги објасните патот и движењето, да му покажете на мапата ...

Три нови производи специјално дизајнирани за незаборавен летен распуст! Сетот за игри со песок вклучува сè што е потребно за градење замоци од песок: кофичка, гребло, лопатка и сито. Дополнително на тоа, од денес во продажба се и топки во карактеристични бои и дизајн од „Светот на Биби”. Жолта топка со Зина и сина топка со Биби и нејзините другарчиња. Новите производи може да се купат од е-продавницата www.svetotnabibi.mk и во сите продажни ...

За 40 насто е намален бројот на запишани првачиња во 10. прилепски основни училишта во официјалниот рок до 1 јуни. Според списокот од МВР за деца на возраст за упис во прво одделение се 802, а до 1 јуни во основните училишта се запишани 480. Гоце Бумбароски, советник за млади при прилепската локална самоуправа и одделенски раководител во прилепското ОУ „Кочо Рацин“, вели дека според искуството, очекуваат до 1 септември и други родители да ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Имам 2,5-месечно бебе. Моментално е на адаптирано млеко затоа што одбива да цица. Многу често се случува да се расплаче пред подој, а особено по хранење, но проблемот е што многу често плаче при будење и додека да заспие. ...

Сите знаеме дека играта им користи на децата на безброј начини, од развивање на нивната имагинација до емоционален и физички развој. Но, истражувањето на Меѓународното здружение на производители на опрема за играње (IPEMA) откри дека денешните родители сè помалку ставаат акцент на играта. Здружението проучувало 1.000 американски родители за да ги открие и разбере генерациските разлики во ставовите за играта. Еве неколку клучни информации од ...

Во денешниов свет жените се посилни од кога било. Ние сме силни и амбициозни, знаеме што сакаме и се стремиме да го добиеме тоа. Повеќе не живееме во општество кое очекува жените само да готват, чистат, раѓаат деца и да молчат. Изминавме долг пат за поместување на традиционалните женски улоги во општеството. Денес, ние сме жени со кариера, па и шефици, ги истражуваме нашите желби, страсти, си поставуваме цели и ги кршиме лидерските бариери. ...

Децата очекуваат грижа и љубов од своите родители. Безбедно пристаниште и засолниште. Семејството е како камен-темелник на сите последователни меѓучовечки односи. Но, што ако родителите се камен за сопнување и токсична основа од која започнуваат и се развиваат сите последователни проблеми? Кои се зборовите што ги кажуваат токсичните родители кои можат да влијаат врз животот на детето? Критика за изгледот на детето: „Дебел/а си, мал/а си, ...

Книгата „Пчелата – планетарно чудо“ била инспирација за учениците од четврто одделение при ООУ „Крсте Мисирков“ – Куманово заедно со нивната учителка Хилда Димитриевска да ги проучат значењето, начинот на одгледување и полезноста од пчелите како планетарно значајни инсекти без кои нема живот на планетата Земја. На воннаставните активности тие читале од книгата, истражувале на интернет, проучувале и цртале на тема пчеларство. Но сето тоа не било ...

Родителите во ирскиот град Грејстоунс се здружија и донесоа заедничка одлука – да не им дозволат на своите деца да користат паметни телефони до средно училиште. Здруженијата на родители од осум основни училишта усвоија забрана за користење паметни телефони со цел да воведат уникатен модел против детското лобирање. – Ако никој од вашите врсници не користи телефон, тогаш нема да се чувствувате изоставени. Многу е полесно да кажете не. Колку ...

Татковците се посреќни кога поминуваат време и комуницираат со своите деца. Тие, исто така, се помалку изложени на стрес кога се во прашање децата. Ова се заклучоците од студијата спроведена од група научници, чија цел била да истражат како се чувствуваат родителите кога станува збор за воспитувањето. Студијата покажала дека родителството е предизвикувачка и родово условена одговорност, при што татковците доживуваат повеќе емоционални награди, ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Имам две момчиња, на возраст од 5 и 1 година. Имаме проблем со поголемото. Воопшто не сака деца, ниту да си игра ниту да им се приближи, а ако некој дојде до него, тој бега и се крие, или вика за тие да избегаат како да се ...

Нам никој не ни велеше „те сакам“. Не можеше така лесно да ја извадите таа реченица од нашите навидум тешки и груби родители. Нивните зборови беа скапоцени. Пофалбите уште поскапи. Не можевме да ги слушнеме зборовите „те сакам“. Но, навистина можевме да ги почувствуваме. Во секои меки питулици чиј мирис нѐ будеше. Во секоја торта, кога оревите главно беа на секоја листа. Во секој случаен допир на главата со грубата работничка рака. Во секое ...

Жените денес се соочуваат со многу предизвици. А за мајките со ќерки, знаењето како да градат самодоверба уште од мали нозе е клучно за нивниот иден успех. Не станува збор за предизвици како што се еднаков пристап до образование или плата, или многу непријатни работи со кои жените мора да се справат поради нивниот пол, како што се злоупотреба, омаловажување или погрешна процена. И да не го споменуваме месечниот посетител кој има потенцијал да ...

Да се биде родител е забавно и убаво, но секако најтешката и најодговорната задача што ја имаме во нашите животи. Секој човек сака да биде добар родител за своето дете, а повеќето од нив се трудат да станат тоа. Сепак, дали знаеме и дали можеме да ги воспитуваме нашите деца и да бидеме добри родители? Денес, многу семејства имаат стил на демократија како основа на нивното функционирање. Тоа се рефлектира во тоа што гласот или мислењето на ...

Малите дечиња обожаваат да се смеат со своите родители, а често знаат и да им прават местенки. Во видеото што ќе го видите во продолжение двете деца наредиле пластични чаши пред влезната врата од домот, за кога ќе се врати од работа нивниот татко, да ја отвори вратата и да ги сруши чашите. Сепак, таткото се враќа порано од работа и ја гледа „замката“ која му ја поставиле децата, а истовремено го пречекува и неговата сопруга. Заедно се договараат ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1012
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
3.6
75%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1011
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1013
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
0.55
79%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
89%
1014
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.34
72%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1012
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
75%
1012
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
0.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
71%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52