
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, заедно со министерот за здравство Фатмир Меџити, генералниот директор на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани, и директорот на Гинекологија, д-р Башким Исмаили, ја промовираа новата онлајн услуга: електронска регистрација на новороденче. – Задоволство ми е што денеска сме во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир за промовирање на ...
„Ти мене воопшто не ме слушаш!“ – сигурно сте слушнале како тинејџер ги кажува овие зборови. Типична фраза која е придружена со чувство на фрустрација и гнев кај тинејџерите, а која предизвикува чувство на вина кај родителите. Кога сте родител на тинејџер, многу е веројатно дека на моменти ќе се чувствувате како сè што правите да е погрешно. Дека сè што кажувате е погрешно. Еве една едноставна вистина: Тинејџерите, во најголем дел, сакаат да ги ...
Некогаш се работи за „натпревар“ со другите, некогаш за погрешна процена, некогаш за непромисленост. Но, сите понекогаш купуваме работи што не ни се потребни или работи без кои навистина би можеле да живееме. И секогаш е најлесно да трошиме пари кога се во прашање децата и сето она што е поврзано со нив. На социјалната мрежа „Редит“ беше покрената дискусија токму за тоа: на што потрошивте пари и за што зажаливте. Еве што велат корисниците. ...
Кога станува збор за вежбањето во бременоста, се чини дека сите имаат мислење за тоа што е безбедно, а што не. Можеби сте слушнале дека бремените жени треба да го одржуваат пулсот на или под 140 отчукувања во минута, но за среќа, Американскиот колеџ за акушери и гинеколози (ACOG) го разоткрил овој мит пред неколку години. Не постојат прецизни „правила“ кога станува збор за отчукувањата на срцето и вежбањето во бременоста, но еве неколку ...
Јаготките им се омилено овошје на многу деца. Иако се здрави и вкусни, важно е постепено да ги внесувате јагодите во исхраната на вашето дете поради алергиските реакции. Порано се сметаше дека јагодите не треба да им се даваат на децата пред нивниот прв роденден, но најновите упатства на СЗО укажуваат дека освен млекото и медот, во исхраната на бебето треба порано да се воведат сите намирници што можат да предизвикаат алергии. Секако, треба да ...
„Мамо и тато, не сум јас виновна што вам ви е лошо… Не сум јас виновна што живеете вака… што така комуницирате меѓу себе… Не сум јас виновна што немате храброст и одлучност да промените нешто во вашиот живот… Тоа не е моја вина! Самите одбивате да бидете возрасни. Вие самите ја избирате таа позиција, дека за тоа што ви се случува се виновни сите други, вклучително и јас, но не и вие. Толку многу сте се оптовариле што паѓате на колена, се ...
Случајот со злоупотреба на деца во градинката во Оџаци, Србија, од страна на педагошки соработник, е само еден во низата настани што ја шокираа јавноста во регионот во последните денови. Се работи за нешто што не е дозволено да помине без соодветни санкции и остра и брза реакција од надлежните. Имено, пристигнати се дури 30 пријави против И.О. (26) поради сомневање дека ги фотографирал децата во градинката без облека, велејќи им да не кажуваат ...
Многу родители често се прашуваат кое е најдоброто време за планирање на бременоста, без разлика дали станува збор за годишно време, месец, па дури и одреден ден од годината. Имено, многубројни претходни студии покажале дека најголем број деца се раѓаат во месец септември. Сепак, според последните податоци на организацијата „World of Statistics“, еден ден во годината се издвојува како ден со најголем број раѓања. Како што покажува нивната ...
Кога се исплашени и вознемирени, понекогаш на малите дечиња не им се доволни само цврста прегратка и бакнеж, туку и конкретно ветување дека сè ќе биде во ред. Во животот може да се појават многу вакви ситуации во кои нашето ветување како родители е пресудно, па затоа е неопходно да ги препознаеме и да им влееме сигурност на децата, со искрен став. Ќе дојдам по тебе Знам дека се плашиш дека нема да дојдам да те земам од градинка. Но, дури и ако ...
Сигурно сте се запрашале зошто луѓето имаат деца ако толку често едвај чекаат да ги однесат кај баба и дедо на чување или да одат во градинка/училиште. Пред да имате деца, сигурно сте се нашле во ситуација кога сте им суделе на родителите кога се шегувале на такви работи и сте биле убедени дека нема да бидете таков родител. Но, тогаш се случи и вие да станете родител. И сите овие предрасуди станаа ваше секојдневие. Ви ги пренесуваме најчестите ...
Правила. Штом помислите на правила, помислувате на тоа како децата се бунтуваат против нив. И не сте премногу изненадени од тоа бидејќи се сеќавате на истите ситуации од вашето детство. Но, постои разлика помеѓу какви било правила и вистински правила. Овие правила што ги откривме се подготвени од детски психолози и терапевти, и додека некои се за децата, други се за родителите. Но, всушност, сите правила мора прво да ги следат родителите. Важно ...
Како да креирате објава за родителство што добива илјадници лајкови? Само напишете нешто за тоа како сите ограничувања кои им се наметнуваат на децата се штетни и дека само треба да дозволиме нивната совршена природа да се изрази. Зошто толку ни се допаѓаат овие и слични гледишта? Затоа што дисциплинирањето на децата е тешка и одговорна работа. Веројатно самиот збор дисциплина малку ве вознемирува – звучи како да сме во некој суров воен логор, а ...
Се разбира, болеста на детето е нешто што секој, апсолутно секој родител едноставно би ја прескокнал или избришал. Никој не сака да однесе дете на ургентно или да остане со детето во болница. Тоа не е место каде што сакаме да поминуваме ни една минута, а камоли денови. Сепак, тоа не ни дава за право да се однесуваме како да постоиме само ние и нашето дете во светот. Претпоставуваме дека тоа е незамисливо за многу родители, а повеќето од нив се ...
Д-р Ивана Стевановиќ, директорка на Институтот за криминолошки и социолошки истражувања во Белград, на гостување во телевизија „К1“ истакна дека мора да влеземе во вистински процес на жалост и, пред сè, во процес на поддршка на семејствата на загинатите во „Рибникар “ и во Младеновац. „Се чини дека родителите на жртвите се многу поразумни од нас. Сè уште се занимаваме со нас, возрасните, уште не сме стигнале до децата. Се справуваме со нашата ...
Еден татко предизвикал жестока дебата на платформата „Редит“ откако открил дека ја откажал забавата на својата ќерка за нејзиниот 16. роденден поради нејзиното лошо однесување. Како што објаснил, откако неколку пати неуспешно ја предупредил за нејзиното однесување кое не го одобрувал, решил да ја откаже прославата, која веќе била планирана. „Таа праша дали може да го слави својот 16. роденден дома, а јас ѝ реков дека немам проблем со тоа, сè ...
Татковците генерално се премногу посесивни кон своите ќерки и тоа често може да доведе до премногу мешање во нивните животи. Кај девојките, односот со нивниот татко може значително да влијае врз нивниот психолошки развој. Во реалноста, кога татковците се вклучени во животот на нивните ќерки, тие развиваат силно чувство за себе и се посигурни, посамоуверени и посвесни што сакаат од животот. Односот меѓу таткото и ќерката е беспрекорен и чист, но ...
Пред многу години имав ситуација кога мирно и воздржано четиригодишно девојче преку ноќ се претвори во агресивно девојче кое ги удираше сите нејзини другарки. Набљудуваното однесување на девојчето ѝ го соопштив на нејзината мајка, која ми одговори со познатата реченица: „Да, и другите ја тепаа, па и реков да им врати!“ Да се разбереме, сите вие што имате такво убедување, го носите со себе од одредена причина. Можеби вие како дете не сте биле во ...
Многу родители се трудат да го заштитат своето дете од штетните УВ-зраци на сите можни начини, особено во периодот на високи температури и интензивни горештини. И додека употребата на капчиња и кремови за сончање се смета за одлично решение, постојат и помалку препорачани решенија кои всушност можат да бидат исклучително опасни за детето. Иако сите знаеме дека останувањето под сенка, без директна изложеност на сончева светлина, е важно кога сме ...
Летните месеци се пред нас, горештините веќе почнаа, па повторно се поставува прашањето дали можеме да го оставиме детето само во автомобил барем една минута. Родителите обично го прават тоа кога плаќаат гориво на бензинските станици или кога накратко одат во продавница да купат нешто. Мајките се поделени во мислењата – некои мислат дека е во ред да го оставите детето во автомобил паркиран под сенка на многу кратко за да платите бензин, но други ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Имам 5,5-годишен син кој е социјализиран, воспитан, сака да се дружи и да им помага на другите. Пред 1,5 година доби братче. Во тој период имавме неколку ситуации на лутина (кога му се забранува гледање цртани подолг период ...
Држење за раце, нишање, цицање работи – родителите се често загрижени и се прашуваат зошто се случуваат овие работи кај децата. Ако пребарувате на интернет, може да ви излезат страници кои пишуваат за ментални болести. Или, пак, ако им ги опишете овие чудни однесувања на други родители, некоја добронамерна мајка ќе му дијагностицира аутизам на вашето дете, АДХД или анксиозност. Иако е важно родителите да бидат свесни за раните симптоми на некои ...
Пцуењето понекогаш го применуваме сите, а некои од нас дури и малку почесто. Децата се сунѓери и апсорбираат сè, особено кога се обидуваме да го спречиме тоа. Така, понекогаш може да се слушне сочна пцост и од мало дете што оди во градинка. Детето сигурно го слушнало тоа од постарите членови на семејството и најверојатно како израз на љубов, сладост, зезање или слично. А тоа невино пцуење не е голем проблем, бидејќи штом престане да биде ...
Ајан има шест години и веќе е интернет-сензација. Неговата мајка Алиса Холдер ја снимила неговата утринска рутина, го објавила видеото на „Инстаграм“ и биле потребни само неколку дена за да стане вирално. На видеото се гледа како шестгодишното дете опуштено пие чај и чита книга. „Тој е толку мирен и сконцентриран секое утро. Се надевам дека денот ќе ви започне еднакво убаво и вам“, рекла мајката на момчето. View this post on Instagram A post ...
Средбата со Наташа Димоска, франшизер на IQ UP! училишниот центар во Кичево, ни открива уникатен поглед во образованието на децата. Извонредна личност која ги спојува страста кон учењето и бизнисот, Наташа е дел од иновативниот образовен модел кој IQ UP! го нуди. Со фокус на СТЕМ-едукацијата, програмирање и литература, IQ UP! ги збогатува малите умови и ги подготвува за иднината. Во следните редови Наташа ни ги споделува нејзините искуства и ...
Секој родител сака да има здраво и среќно дете, а предуслов за здравјето на детето е дефинитивно здравата исхрана. Лошата исхрана може да има негативни последици врз растот и развојот, спречувањето болести и нарушувања, а може да доведе до доцнење на пубертетскиот развој, како и да влијае врз расположението. Денес знаеме дека лошата исхрана на рана возраст има последици врз здравјето во зрелата возраст. Со правилна исхрана и усвојување здрави ...
Вообичаените и чести инфекции на увото и проблемите со носот и грлото кај децата може да се поврзани со аутизмот, покажува истражување објавено од германската новинска агенција „Дпа“. Експертите велат дека нивната голема студија открила врска помеѓу симптомите како што се дишењето на уста, ‘рчењето, тргањето и ставањето на прстите во ушите, како и црвените уши и послаб слух и главните карактеристики на аутизмот и дијагнозата на аутизам кај ...
Не грижете се, ова е нормална фаза од процесот на растење. Иако вашето дете досега било доста дружељубиво, сакало да оди кај други луѓе и не плачело поради тоа, сепак, на возраст од 7, 8 или 9 месеци тоа може да се промени. Во таа возраст детето сѐ подобро го разликува „познатото“ од „непознатото“. Инаку, тоа и многу порано може да препознае дека се приближува странец, но дури сега навистина станува свесно за овој факт. Не е чудно што наеднаш ...
Царскиот рез сам по себе е доволно тешка операција, а ако на тоа се додаде и фактот дека покрај новороденчето, следува и сериозен процес на закрепнување, периодот по породувањето станува уште потежок физички и психички. Резот од интервенцијата е обично колку должината на средниот прст, но понекогаш може да биде подолг и се наоѓа веднаш над срамната коска. За да може бебето да се роди со царски рез, потребно е да се исечат неколку слоеви ткиво ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Се соочувам со еден доста исцрпувачки период. Моето девојче има 3 години, од минатото лето спиеше сама во соба, знаеше во текот на ноќта да се разбуди и да побара некој да дојде кај неа или таа да дојде кај нас во спална. ...
Д-р Ранко Рајовиќ вели дека мозокот на нашите деца се промени и дека отупува поради овие причини: – Некои деца ги тепаат своите родители. Создаваме генерација на отворени усти без обврски и работни навики. Мозокот на нашите деца станува поинаков. Веќе долги години наставниците и воспитувачите предупредуваат дека секоја нова генерација што ќе стигне во прво одделение е малку послаба од претходната. Тие се моторички послаби, со послаби општи ...