
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Седумгодишниот син на диететичарката Џенифер Андерсон како мало дете бил многу пребирлив. Затоа, не е чудно што наведувањето на децата да се хранат здраво е еден од најчестите проблеми меѓу родителите. Денес, искуството на Андерсон им помага на родителите да создадат пријатна и привлечна средина за јадење, каде што децата ќе можат да научат да уживаат во нова храна. „Откако поминав години набљудувајќи ги навиките во исхраната на децата и нивното ...
Наутро, пред децата да одат на училиште или во градинка, ситуацијата во повеќето домови може да биде хаотична. И колку и да се трудите да станете навреме, децата да станат навреме, за да нема изненадувања во последен момент, можеби не е лошо да размислите за промена на приоритетите. Како што полека се навикнав на улогата на родител, воведов и утринска рутина која функционира доста добро, иако има денови кога ништо не помага. Но, мојот фокус ...
Заедно ги чекавме децата пред училиштето. Решив сепак да ѝ пријдам. И реков: „Чувствувам должност да ги споделам со вас информациите што ги добив од моето дете, за да ги проверите со вашето дете. Од она што го слушнав, вашето дете навредувало едно момче на одмор, му рекло дека е слаб и го исмејувало пред девојките. Вчера тоа момче плачеше на училиште. Му кажа на мојот син дека не сака да се врати таму. Сигурна сум дека тоа не е само поради ...
Редовниот разговор меѓу родителите и нивните бебиња би можел значително да придонесе за обликувањето на структурата на мозокот на детето, додека тој орган сѐ уште се развива, покажува новото истражување на британските научници. Студија спроведена од истражувачи од британскиот универзитет „Ист Англија“ покажала дека невроните кај многу мали деца со кои родителите редовно зборувале се поефикасни. Имено, скенирањето открило дека областите на ...
Tарин Мери Стејскал, невропсихолог, поминала две децении истражувајќи ја отпорноста како вештина. Додека патувала низ светот, родителите често ѝ приоѓале и ја прашувале како да ги искористат нејзините откритија за да воспитаат издржливи и отпорни деца. Стејскал и самата е мајка. Таа дошла до заклучок дека постои една вештина што го подигнала нивото на самодоверба и издржливост на нејзините деца. Таа ги научила како добро да се грижат за себе. ...
Втората бременост е добра вест. Сепак, можно е кога ќе дознаете дека сте бремена по втор пат, прво да се загрижите, бидејќи не знаете како ќе реагира вашето прво дете. Ако разликата во годините е мала, можеби ќе ве прогонува и вината што повторно сте забремениле, а сè уште не сте целосно поврзани со вашето прво дете. Нашиот совет е: не треба да се чувствувате лошо! Доаѓањето на неочекуван помлад брат или сестра не мора да биде трауматично ...
Целијакија е хронично дигестивно нарушување кое се јавува кај децата што не можат правилно да го сварат глутенот, поточно протеинот кој се наоѓа во пченицата, јачменот, ‘ржта и другите житарки. Иако точната причина за оваа болест не е со сигурност позната, педијатрите сметаат дека е наследна. Постојат одредени симптоми кои може да укажуваат на целијакија кај детето, а родителите често ги игнорираат или мислат дека причината за нив е некоја ...
Следниве два примера ги илустрираат различните начини на кои се формира животот на детето, а следствено и животот на возрасното лице, во краен случај на негово прифаќање и неприфаќање. Го давам првиот пример од моето лично искуство при комуникација со фантастична жена, мајка на три деца, со која имав среќа да поминам неколку месеци. Таа беше неверојатно добра и дарежлива личност. Сè што имала лесно споделувала со другите, наоѓала причини да ...
Тантрумите или изливите на бес се честа појава кај малите деца кои сè уште не знаат мирно да се справат со сопствените фрустрации или да се справат со другите негативни емоции. Со нив се добро запознаени сите родители, а еден од нив е и познатиот водител Енди Коен, кој неодамна на својот инстаграм-профил споделил видео од тантрумот на неговиот син и сето тоа поради еден бисквит. Како што открил во објавеното видео, причина за неутешното плачење ...
Иако бебето може да спие и до 16 часа на ден, вие како родители имате среќа ако спие континуирано неколку часа за да можете да се одморите. Новороденчињата имаат мал желудник и треба редовно да се хранат за да бидат сити. За жал, ова подразбира чести будења во текот на ноќта, што во најмала рака може да биде непријатно кога сте родител на кој очајно му е потребен сон. Некои бебиња спијат подобро од другите, а нема ништо полошо од тоа да бидете ...
Самоувереното дете е отворено, љубопитно, оптимистично, полно со самодоверба. Се вклопува во друштвото на своите врсници, лесно се спријателува, не се плаши да ги покаже своите слабости, расте со оптимизам и доверба во себе и околината. Татковците што воспитуваат самоуверени деца најчесто се препознаваат по следните навики: Овозможуваат безбедна средина Татковците што воспитуваат самоуверени деца обезбедуваат безбедна и стабилна средина, која им ...
Зошто воопшто имаме влакна на телото?! Освен косата и некои други клучни влакна, на пример, трепките, тешко дека можеме да најдеме причина за постоењето на преостанатите иритирачки влакна. Секако, станува збор за женскиот дел од популацијата, додека машкиот сè уште некако полесно поминува низ сето ова, без потреба да ги крие или отстранува во повеќето случаи. Женскиот дел од популацијата ги отстранува влакната речиси по правило, и без ...
Хрватското Министерство за наука и образование ставило во јавна расправа нацрт-документ за воведување нов предмет кој експериментално ќе се изучува во избрани основни училишта во Хрватска. Се работи за „Практични вештини“, нешто како „Домаќинство“, кој всушност бил и задолжителен предмет во сите училишта од поранешна СФРЈ. Во рамките на овој предмет учениците треба да се оспособат за подготовка на здрави оброци, креирање план за потрошувачка, ...
Повеќето доилки добиваат доволни количини од витаминот Б од нивната исхрана, што значи дека и повеќето доени бебиња добиваат доволни количини витамин Б преку мајчиното млеко. Постојат многу различни видови витамини Б. -Витамин Б1 -Витамин Б2 -Витамин Б3 -Витамин Б6 -Витамин Б7 -Витамин Б9 -Витамин Б12. Истражувањата посочуваат дека недостигот на витамин Б12 кај доилките може да придонесе за појава на анемија, со дефицит на витамин Б12 или ...
Кога ќе се сетам на најстресниот дел од нашето патување со аутизам, недоразбирањата со оние што ни беа блиски, се рангирани прилично високо. Се сеќавам на големиот притисок да присуствувам на семејни настани, но имав грутка во стомакот бидејќи дури и како бебе, беа многу тешки за мојот син. Големите собири за него беа премногу стимулирачки. Во тоа време сè уште немавме дијагноза, но почувствував нешто што ми го кажуваше интуицијата како мајка. ...
Од 2019 година учениците во основно училиште во Источна Кина не ја започнуваат наставата со отворање на учебниците, туку со ставање ленти на глава. Лентите за глава се развиени од стартап-компанијата „BrainCo Inc.“, од Сомервил, САД, и користат три електроди – една на челото и две зад ушите за да се открие електричната активност во мозокот на ученикот и да се испратат податоците до компјутерот на наставникот. Софтверот генерира предупредувања во ...
Џени и Џејмс Каспер се шокирале кога дознале дека природно зачнале идентични тројки. Трите девојчиња – по име Харпер-Гвен, Марвела и Евелин – се родени во болницата „Јорк“ на 31 март, девет недели пред предвиденото. На Џена (27) и Џејмс Каспер (26) првично им било кажано дека очекуваат еднојајчени идентични близнаци, а шансите за тоа се 1 наспрема 250. Но, тие останале со отворена уста откако им било соопштено дека очекуваат тројка. „Отпрвин не ...
Вилијамс синдромот, познат и како синдром Вилијамс-Берен, е ретко невроразвојно нарушување кое се карактеризира со многу симптоми, вклучувајќи уникатни физички карактеристики, задоцнет детски развој, когнитивни проблеми и кардиоваскуларни абнормалности. Овој синдром може да предизвика застој во растот во детството, а повеќето возрасни со оваа состојба се пониски од просекот. Вилијамс синдромот може да предизвика и ендокрини нарушувања, како што ...
Објавата на мајката Ники Пенингтон станала вирална. Таа на „Фејсбук“ решила да одговори на прашање кое често ѝ го поставуваат бидејќи се восхитуваат на тоа што таа е заедно со својот партнер Џеред уште од тинејџерските денови. -По 13 години заедно и 11 години брак, луѓето ме прашуваат која е тајната за успешен брак. Обично се смеам. Ги знам типичните одговори како на пример „не одете во кревет лути еден на друг“ или „секогаш кажете му на ...
Родителството е истовремено најдобрата, најлошата, најпредизвикувачката, најнаградувачката, најфрустрирачката и најрадосната работа што некој возрасен некогаш може да ја има. Сепак, како луѓе, ние често им одговараме на нашите деца врз основа на околностите, нивните постапки или однесувања, како и нашата сопствена состојба – физичка, ментална или емоционална. Сакале или не, нашите зборови имаат влијание (штетно или охрабрувачко) врз нашите деца ...
Татковците ја заслужуваат сета љубов, дури и ако не секогаш ја покажуваат својата сентиментална страна. – Мојот татко ми го даде најголемиот подарок што некој може да ѝ го даде на друга личност: веруваше во мене – Џим Валвано. – Татковството не е нешто што го прави совршениот маж, туку нешто што го прави мажот совршен – Френк Питман. – Таткото е човекот кој може да го промени светот од кој нема да биде дел, „градејќи“ го малиот човек кој е дел ...
Американски професори од Универзитетот во државата Аризона и државата Оклахома откриле дека родителите се под најголем стрес и се чувствуваат најнесреќни во периодот кога децата се на возраст помеѓу детството и тинејџерските години. Тука обично се подразбираат 11-тата и 12-тата година. Мајките на децата на таа возраст најчесто страдаат од депресија, многу повеќе отколку кога нивните деца се тинејџери. – Многу мајки не се свесни дека големото и ...
Откако порталот „Gradonačelnik.hr“ го објави конкурсот за избор на најубава градинка во Хрватска, не требаше да помине многу време за оваа градинка да се позиционира на првото место. Градинката „Бамби“ од Општина Андријашевци во Славонија доби многу пофалби. Имено, градинката е полна со секакви содржини за децата, па дури има и базен. Освен што презентираното воодушеви многу родители, заинтригирани се и воспитувачите, па некои веднаш ја ...
Неодамна, додека помагав во кампот за уметност на мојот најмлад син, забележав дека едно мало момче заостанува зад другите и не учествува во активностите. Го допрев по рамото и му покажав кон учителката, како потсетник дека треба да внимава. Ме игнорираше и гледаше низ собата. Неколку минути подоцна главата му беше наведната и не се ни обидуваше да следи. Клекнав пред него и го прашав: „Зошто не работиш на проектот?“ Почна да плаче. „Сите се ...
Студиите покажале дека нарцизмот како појава е во пораст, што значи дека здравите врски ќе стануваат сè поретки. Ако сакате вашето дете да порасне во здрав возрасен човек, не правете ги овие работи. Не правете го вашето дете центар на универзумот Јасно е дека го сакате вашето дете, но треба да научи дека околу него и покрај него има и други луѓе што имаат чувства. Научете го вашето дете дека секој треба да биде во фокусот, да биде внимателен кон ...
Најдобро време за забременување е кога личноста е физички, емоционално и финансиски подготвена за тој чекор. Додека повеќето луѓе се во својот репродуктивен врв во своите 20-ти години, има некои кои сè уште не се подготвени да станат родители. Затоа повеќето експерти и родители се согласуваат дека навистина не постои совршена возраст за забременување. „Колку сте помлади, толку помалку пари и ресурси имате за да се грижите за дете. Колку сте ...
Професорката Вишња Васиљевиќ од Србија споделува совети кои произлегле од нејзиното работно искуство како наставник во основно училиште, кое е подолго од 20 години, но и од искуството од воспитувањето на сопствените три сосема различни деца. Ова се петте, според мислењето на Вишња, најважни правила за воспитување на децата. Бидете доследни На децата им требаат граници. Тие сакаат правила, па додека се мали, поставете ги вие, а како што растат, ...
Децата не се кучиња и нормално е дека глетката на детето кое го води родител на поводник ќе предизвика реакција. Но, кога се движите во сообраќај со мали деца и се плашите дека може да изгубите едно од нив, разбирливо е ако се одлучите за детски поводник. Сепак, според експертите, треба да најдете некој друг начин да ги обезбедите децата и тоа не е затоа што вашето дете на поводник наликува на куче. – Разбирам, имам четири деца и некои од нив се ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Син ми има една година и три недели. Роден е предвреме. Кога ќе се заигра дома или кога е надвор во количка, не се врти кога го викнам по име. Треба да викнам 3-4 пати за да се заврти. Не плеска со рачињата, многу пати имам ...
Секој родител се нашол во ситуација кога расправијата со детето ескалира во целосен излив на бес и лутина. На пример, вие сте во продавница со вашето дете, тоа вели дека сака играчка што ја видело на полицата, а вие почнувате да му објаснувате зошто во тој момент не може да ја земе играчката, што на крајот резултира со тоа што детето има излив на бес. За среќа, постојат зборови кои би можеле да ви помогнат да избегнете такви ситуации. Еден татко ...