
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Многу родители се под стрес, преоптоварени и со чувство на вина во денешно време, што јас го припишувам директно на нашата култура насочена кон децата. Родителите чувствуваат дека мора постојано да се ангажираат околу своите деца, што е многу различно од претходните генерации. Денес, родителите се борат да откријат како да ги натераат своите деца да играат самостојно или сами да си ги бијат битките. Ова доведува до тоа децата да бидат кревки и ...
Се проценува дека дури 50 отсто од децата во одреден момент ги доживуваат ефектите од болки при растење. Но, и покрај тоа што е многу честа појава, има многу мистерии околу овој тип болка. Еве што треба да знаете за болките при растење и како да му помогнете на вашето дете доколку се појават. Болките при растење всушност се однесуваат на болки во нозете кои се јавуваат кај децата, најчесто ноќе, објаснува педијатарот Данел Фишер, кој додава дека ...
Покрај тоа што е вкусно и здраво овошје полно со влакна, витамини и биоактивни соединенија, ананасот содржи и ензим наречен бромелаин. Се верува дека помага во омекнување на грлото на матката и стимулирање на контракциите. Токму затоа често слушаме дека една од препораките за трудниците кои го надминале терминот е да јадат што повеќе ананас. Сепак, д-р Стефани Хек вели дека врската помеѓу бромелаинот и омекнувањето на грлото на матката не е ...
Првите месеци од животот на бебето се многу возбудлив период, исполнет со значајни настани. Првите насмевки, првото седнување, имитирање звуци од околината… сето тоа се прекрасни моменти кои сакате да ги овековечите. Исто така, доаѓа време за нешто што можеби не ви е толку слатко, а тоа е да го научите детето на цврста храна. Кое е најдобро време да се воведе цврста храна во исхраната на бебето, која храна треба да се избегнува, кои се првите ...
Количината на родителската приврзаност и љубов многу влијае врз развојот на детето, но има одредени последици кои се видливи само во зрелата возраст. Како што објаснува психологот Карла Мари Менли, во текот на својата долгогодишна практика видела многу возрасни лица кои се соочуваат со одредени проблеми токму поради тоа што во детството не добивале доволно љубов од своите родители. Имено, токму недостигот на љубов може негативно да влијае врз ...
Сигурно сте ја слушнале познатата изрека од постари и помудри луѓе – патот до успехот е распослан со трње? Така ни велеа секогаш, а ние растевме со тоа убедување. Успешни бизнисмени, милионери, спортисти, олимпијци, светски познати актери и пејачи, сите тие, речиси без исклучок, ќе кажат дека единствената тајна е да работите многу напорно и да ги поместувате сопствените граници. Иако ова несомнено важи за мнозинството вистински успешни луѓе ...
Одењето на заболекар често е трауматско искуство за децата. Заболекарот кој ќе го видите во видеото има одличен трик со кој ги смирува дечињата што доаѓаат во неговата ординација. Малечкото дете кое е снимено во видеото има само 2 години и првпат доаѓа на заболекар. Неговиот лекар успева да го смири, па детето дури и заборава дека е дојдено на преглед. Триковите што ги прави заболекарот се премногу забавни за малечкото, кое ужива и се смее. ...
Пубертетот е период кога децата физички и емоционално се развиваат во млади мажи и жени. Обично почнува да се случува во адолесценцијата: просечната возраст за девојчињата е 10 години, додека за момчињата е 11 години. Меѓутоа, кај некои деца се јавува таканаречен предвремен (ран) пубертет. Тоа значи дека знаците на пубертет почнуваат пред седмата година кај девојчињата и пред деветтата година кај момчињата. За некои деца симптомите може да бидат ...
Докторите објаснуваат дека е вообичаено децата да „соберат“ болести, бактерии и вируси во градинките. – Градинката е легло за вируси, а во моментов ги има многу – вели д-р Томас Русо, професор и шеф на катедрата за заразни болести на Универзитетот во Бафало, Њујорк. Во градинките се шират многу болести бидејќи децата допираат сè, ширејќи ги бактериите во тој процес. Освен тоа, малите деца не знаат добро да го дуваат носот, па често ги користат ...
На „Тик-ток“ е објавено видео од необична сцена која се случила во дневната соба на едно семејство. Мајката ја оставила својата ќерка сама со мачката. Знаела дека нејзиното девојче има бујна фантазија и дека сака да поминува време со мачката, но глетката што ја видела ја изненадила и разнежнила. Таа во еден момент ја слушнала својата ќерка како гласно чита. Кога влегла во дневната соба, сфатила зошто: нејзината ќерка ѝ читала на мачката која ...
Мојот син тогаш имаше четири години. Одеше на фудбалски тренинзи еднаш неделно. Ги сакаше и ги мразеше тие часови. Му беа возбудливи, фрустрирачки и забавни и неодоливи. Сите тие измешани чувства што се интензивни и очекувано непредвидливи кога имате само четири години. Сите сме го доживеале тоа, нели? Едно утро „емотивните копчиња“ на мојот син беа притиснати премногу пати од друго момче на тренинг. Моето дете се обиде да се контролира, но не ...
Џесика Димас е писателка по професија, а писмото што му го напишала на синот сигурно ќе ја трогне секоја мајка. „Нема да се сеќаваш на таа ноќ кога лежев сама во болница, во најстрашните и истовремено најпрекрасните болки, гледајќи ја месечината, и кога тивко ти шепотев и тебе и себеси: Ние го можеме ова! Нема да се сеќаваш како ме погледна само неколку секунди откако дојде на овој свет и нема да се сеќаваш дека те приближив до моите гради и ти ...
Жените се плашат дека нема да знаат да ги препознаат породилните болки. Тоа е само една од темите за кои д-р Љиљана Хорватичек, специјалист по гинекологија и акушерство, отвори инстаграм-профил „@doktoricaza5“ каде што се обидува да одговори на најчестите прашања на идните и новопечените мајки. „Со оглед на тоа што вакви прашања главно поставуваат жени кои првпат се породуваат, често се случува да дојдат во породилиште, а по гинеколошки преглед ...
Повремените стравови се неизбежен дел од детството, објаснуваат психолозите. Некои деца се плашат од грмотевици, други веруваат дека во нивниот плакар се крие чудовиште, додека трети се плашат од духови или темница. Кога ќе се појават овие стравови, природно е родителите да го смират и утешат детето, да му објаснат дека нема од што да се плаши. Сепак, експертите објаснуваат дека родителите не треба секогаш да интервенираат. Тие тврдат дека ...
Кога станува збор за скокови во развојот, 3, 6 и 9 се броеви што долго ќе ги паметите. Првиот скок е видлив по враќањето од болница. Меѓутоа, ако имате млеко, тоа обично оди многу лесно, без преголема нервоза. Во исто време, возбудата што ја чувствуваат новите родители во првите денови со новиот член на семејството честопати значи дека родителите не го забележуваат скокот во развојот, со оглед на тоа што сè е ново за нив. Кога бебето е многу ...
Од она што го јадете додека сте бремени до начинот на породување. Од каде спие бебето и колку спие, до тоа дали ќе решите да го доите или не. Колку го лулате и го држите в раце. Колку време поминува во количката, а колку спие в кревет. Застанете тука бидејќи сè ќе биде: погрешно, погрешно, погрешно. Погрешно во очите на другите мајки. Погрешно во очите на вашите пријатели кои направиле различни избори, со различни околности. Особено погрешно во ...
Лекарите сметаат дека многу родители не доаѓаат доволно подготвени кај педијатарот, па одговорот на прашањата или сомнежите ги бараат преку други извори. „Многу родители не се подготвуваат да добијат одговори на нивните грижи“, вели педијатарот Сара Кларк. На пример, родителите може да имаат прашања поврзани со комбинирање лекови за намалување на температура или можеби ќе сакаат да добијат мислење од лекар за коментарот на наставникот дека ...
Многу родители ја гледаат чувствителноста на нивните деца како лоша особина затоа што сметаат дека оваа особина нè прави да изгледаме преморени, пасивни, па дури и слаби, па ја обесхрабруваат со фрази како: „Престани да плачеш!“ Но, психолозите и невронаучниците открија дека во вистинската средина, децата со високочувствителен мозок имаат ретки предности. Предноста на емпатијата на високочувствителни деца Не само што високочувствителните деца ...
За секое дете што тргнало во прво одделение, учењето на читањето и пишувањето е еден од најголемите предизвици. Она што родителите треба да го знаат е дека пред поаѓање во прво одделение децата не мора да знаат да читаат и да пишуваат. Сепак, сведоци сме дека некои деца ја совладуваат оваа вештина многу порано, додека спротивно, многу деца имаат проблеми со читањето дури и подоцна, во второ и трето одделение. Децата што уживаат во читањето и ...
Околу 67 милиони деца во светот делумно или целосно ги пропуштиле редовните вакцини на глобално ниво помеѓу 2019 и 2021 година поради заклучувања и нарушувања на здравствената заштита предизвикани од пандемијата на квид-19, соопштија ОН. – Повеќе од една деценија тешко стекнати придобивки во рутинската имунизација во детството се еродирани – се вели во новиот извештај на агенцијата за деца на ОН, УНИЦЕФ, додавајќи дека враќањето на вистинскиот ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Син ми има 3 години, оди во градинка и таму е смирен, повлечен и си јаде нормално. Откако ќе го земеме дома, станува нервозен, нѐ тепа, крши работи. Ако седнеме да јадеме, ќе седне и тој и одеднаш ги фрла сите чинии и се ...
Според новиот извештај објавен од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), тинејџерите во САД доживуваат рекордно ниво на тага, насилство и траума. Менталното здравје продолжи да се влошува во текот на изминатата деценија за сите средношколци, но ситуацијата се чини дека е најмрачна за тинејџерките и оние што се идентификуваат како ЛГБТК+. Речиси 3 од 5 тинејџерки во САД се чувствувале постојано тажно или безнадежно во 2021 година – ...
Долго време постоеше теорија дека менструацијата нема да се појави по породувањето сѐ додека мајката дои. Животната практика на денешните мајки не ја поддржува таа теорија, иако некогаш работите биле малку поинакви. Враќањето на месечниот циклус е силно поврзано со нивото на хормонот пролактин во крвта, кој обезбедува производство на млеко и ја спречува овулацијата. Мајките порано исклучиво доеле, освен во многу ретки случаи, што го одржувало ...
„Тик-ток“ предизвици – болест на модерното време. А кога станува збор за возрасните, можеме да се пошегуваме и да кажеме „Дарвин на дело“ и да се насмееме. Но, кога се во прашање децата, таму ја повлекуваме линијата и реагираме сосема поинаку. Децата треба да бидат заштитени од такви работи. А тоа се трудиме да го направиме со поставување старосна граница за креирање профил на социјалните мрежи, допишувања, ограничувања на мобилните телефони… ...
Владата на Обединето Кралство ги отфрлила повиците за воведување закон со кој се забранува удирање на децата во Англија. Многумина повикуваа оваа форма на злоупотреба на децата да биде забранета во таа земја. Имено, физичкото казнување на децата е забрането во Велс, Шкотска и Џерси. Добротворните организации апелирале и Англија да ја следи таквата практика. Додека Владата потврдила дека нема да го промени својот став, портпаролот на ...
Сигурни сме дека досега сте слушнале и знаете сѐ за првата македонска детска апликација за читање и слушање книги – Бокси. Тимот на Бокси е спремен за уште едно изненадување и ја организира најголемата наградна игра за ова лето. Главната мисија на Бокси е да ја разбуди љубовта кон читањето кај најмладите и да создаде една убава навика кај сите додека времето поминато пред екраните е корисно за нив. Светот на книгите е сега блиску до ...
Здравјето на забите, покрај правилната хигиена, го условува и внесувањето храна и пијалаци. Исхраната влијае врз целокупното здравје на една личност, вклучувајќи ја и состојбата на забите и околните ткива. Па дури и ако одржувате „школска“ хигиена, ако исхраната не го следи тоа, здравјето на забите ќе страда. Познато е дека во ерата на слатките, кога стана сосема општествено прифатливо детето да грицка бонбони наместо овошје, не е лесно да се ...
Набљудувајќи го своето дете, родителите често забележуваат некој талент. Но, многу од нив уште од мали нозе го тераат детето да се запише на одредени секции и тренинзи, па доаѓа до премногу обврски во кои најмалите не можат да се снајдат. Затоа се добива спротивен ефект. Родителите многу често се поделени во две групи. Едни се залагаат за ран развој, па од втора година ги тераат децата да посетуваат различни активности, без да сфатат што сакаат. ...
Ненадејна, акутна болка во стомакот на трудниците, според заклучокот на новото истражување, укажува на хируршка интервенција за која не е доволен ултразвучен преглед. Експертите наведуваат дека кај трудници со болки во стомакот треба да се прескокне ултразвукот и пациентката да се прегледа со помош на магнетна резонанса. Ненадејната абдоминална болка е честа појава за време на бременоста, но не и причините што ја предизвикуваат Една нова ...
Мајките денес имаат поинаков пристап кон родителството од родителскиот стил што го користеле нивните мајки, покажува истражување спроведено на над 3.800 новопечени и идни мајки. Од мајките било побарано да изберат придавки за нивниот пристап кон родителството. Речиси 4.000 мајки, на возраст помеѓу 18 и 54 години, кои или биле бремени или имале барем едно дете од 8 години, избрале зборови како поддршка (71 отсто), негување (63 отсто), забава (58 ...