Родителите во ирскиот град Грејстоунс се здружија и донесоа заедничка одлука – да не им дозволат на своите деца да користат паметни телефони до средно училиште.

Здруженијата на родители од осум основни училишта усвоија забрана за користење паметни телефони со цел да воведат уникатен модел против детското лобирање.

– Ако никој од вашите врсници не користи телефон, тогаш нема да се чувствувате изоставени. Многу е полесно да кажете не. Колку подолго можеме да ја зачуваме нивната невиност, толку подобро – вели Лора Борн, една од мајките на децата.

Училиштата и родителите во градот ја усвоија иницијативата минатиот месец поради загриженоста дека паметните телефони предизвикуваат вознемиреност и ги изложуваат децата на содржини што не се соодветни за нивната возраст. Ова е редок пример во кој целиот град дејствува заедно кога станува збор за ваква забрана.

Иницијативата вклучува скратување на паметните телефони на децата дома, на училиште и секаде, додека не дојдат до средно образование.

Родителите се надеваат дека забраната ќе се примени за сите деца во околината, ќе се намали притисокот од врсниците и ќе се ублажи секоја огорченост поради ваквата донесена забрана.

Извор



912

X