Имаме две добри вести, првата е дека конечно ќе се воспостави директна линија од Скопје до Амстердам, што е огромна можност за туризмот, со оглед дека Македонија е популарна дестинација за Холаѓаните. И најновата вест е дека авиокомпанијата Изиџет формално поднесе документи во министерството за Скопје-Париз до аеродромот “Орли”, кој што е најблиску до центарот на Париз, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој ...

Опозициската ДУИ пред интерпелацијата го обвини вицепремиерот и министер во ресорот односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, дека наводно бил странски агент и дека ја ставал државата во подредена улога на други држави и интереси. Во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски, на овие луцидни обвинувања дека е русофил и странски агент и на шегата дали можеби се претставува како Бонд, Иван Бонд, вицепремиерот вели дека ДУИ треба да се погледнат во огледало и ...

Европската комесарка за проширување Марта Кос најави дека во следните месеци на агендата ќе има многу важни одлуки за проширување на Европска Унија. Многу важни одлуки за проширувањето на ЕУ ќе бидат на нашата агенда во наредните месеци, а полското претседателство со Советот на ЕУ има големи амбиции. Ајде да работиме заедно за да изградиме посилна и пообединета Унија за да ги зачуваме мирот, слободата и безбедноста на нашиот континент, напиша ...

Експресниот пат Куманово-Страцин-Крива Паланка е првиот проект кој се завршил навреме во историјата на Македонија. Патот е од народот и за народот и ќе значи големо економско заживување на источниот дел од државата – истакна во Вечерното шоу на Богдан Илиевски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Станува збор за еден прекрасен проект, со четири ленти, две од едната и две од другата страна, каде дозволената брзина е 110км ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член 258 став 1 и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, во последните неколку дена од старата година, испратиле повеќе заканувачки пораки кон трето лице, изнудувајќи му парични средства. Соочен со сериозни закани кон сопствениот и животите на членовите на ...

Бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес се зголеми на десетмина, а речиси 10.000 структури се уништени, додека округот продолжува да се бори со пет активни пожари, на кои сила им даваат пустински ветрови. Пожарот Палисадс меѓу градовите Санта Моника и Малибу и пожарот Истон кај Пасадена веќе се сметаат за најразорните во историјата на Лос Анџелес, зафаќајќи површина од над 13.700 хектари и претворајќи цели населби во прав. Шерифот на ...

СДС се тие кои дозволија Артан Груби да прави што сака и да ја краде државата. Артан Груби со друга владина структура не би можел така да се однесува. Но, бидејќи СДС беа гладни за власт и сакаат да останат во владините фотелји што подолго и по секоја цена, му дозволија на Груби да краде од Државна лотарија и од други институции, да игра фудбал по државни институции и да покажува ароганција на највисоко ниво, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС со ...

ОВЕН Некои ситуации на работа се покомплицирани и бараат поголемо внимание. Ако работите со пари, бидете внимателни. Низа љубомора може да се вовлече во емотивните односи. На вашиот партнер му пречи нешто што вие го доживувате само како интересна комуникација. БИК Имате многу работа пред вас, но имате доволно енергија за се. Не само тоа, сакате да се докажете пред некои луѓе, па ќе се потрудите дополнително. Некој ве поттикнува да комуницирате и ...

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на претседателот на САД Доналд Трамп на 20 јануари, потврди вицепремиерот Александар Николоски.Тој смета дека ова е голема работа и чест и говори за добрите односи меѓу двете зејмји. Премиерот доби покана и веројатно ќе биде единстениот лидер што ќе присуствува на инаугурацијата.Тоа е огромна чест и привилегија, нешто што многу говори и за државата и за него лично како е доживеан и ...

Времето денеска ќе биде Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на ...

Винисиус е посебен случај. Се чини како да нема натпревар кога тој не е вмешан во инцидент. Така беше и на мечот со Валенсија кога го удри Столе Димитриевски и заработи исклучање, а така беше и синоќа на средбата со Мајорка кога во неколку наврати беше во “дуел“ со Пабло Мафео, а по мечот на патот до соблекувалните и со Ману Морланес. Јасно е дека и Мафео, кој даде предизвикувачка изјава пред оваа средба и тоа како беше во елемент и ги ...

Како што пренесуваат медиумите на Островот, ѕвезда во Премиер-лигата е обвинета за силување. Не се наведува неговото име од правни причини, но се наведува дека има 31 година, бил истакнат интернационалец и дека има неделна плата од шест цифри. Тој е под истрага за наводно силување на две жени како и за сексуален напад врз трета жена. Првпат е приведен во 2022 година, сепак откако бил пуштен од притвор тој подолжил да игра за својот клуб, но ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека никој не може да рече дека спојувањето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) сигурно ќе доведе до редуцирање или до најдобри решенија во поглед на безбедноста на државата внатре и надвор, но оти најважно е секогаш да има механизми на контрола, заради опасноста да се развијат овие служби и да бидат држава во држава. Во интервју за емисијата „За или ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони порача дека се согласува со изјавата на американскиот милијардер Илон Маск дека американскиот финансиер Џорџ Сорос се меша во внатрешните прашања на други држави и додаде дека Маск не го прави тоа. „Проблем е кога овие луѓе користат ресурси за финансирање партии и здруженија низ светот за да влијаат на политиката, што сметам дека Маск не го прави за разлика од Сорос“, кажа Мелони. Шефицата на италијанската ...

Централниот дефанзивец на ПСЖ, Милан Шкрињар ќе му биде понуден на Наполи како дел од договорот за купување на грузискиот репрезентативец, Квича Кварацхелија. Веста ја објавиинсајдерот Фабрицио Романо. Според информациите, во моментов Наполи не се согласува да го вклучи дефанзивецот во зделката, бидејќи платата на Шкрињар е превисока. Претходно медиумите објавија дека грузискиот крилен напаѓач е блиску до преселба во францускиот клуб за 80 ...

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на Даглас Луис од Јувентус, а за таа цел е подготвен да разговара за евентуална трампа за холандскиот репрезентативец Џошуа Циркзе. Претходно беше објавено дека клубот од Торино е подготвен да го позајми 26-годишниот играч од средниот ред, но јасно е дека „Старата Дама“ е во обид да го врати Циркзе во Италија. Двата клуба се заинтересирани за размената, но засега нема ништо конкретно. Ако Бразилецот ...

Европската фудбалска унија (УЕФА) одлучи да укине дел од санкциите против Русија, со што ќе им се овозможи на младите руски фудбалери да учествуваат на развојниот турнир на УЕФА. Како што јави агенцијата „РИА Новости“, руската репрезентација до 16 години од 12 до 18 април ќе гостува во Минск заедно со селекциите на Белорусија и Казахстан. Четвртиот учесник на турнирот ќе биде одреден подоцна во рамките на програмата „УЕФА Асист“. Иако Русија не ...

Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа екипата на Мајорка со 3:0 во полуфиналето на шпанскиот суперкуп кое се одигра вечерва во Ријад. Избраниците на Карло Анчелоти се пласираа во финалето и закажаа дерби дуел со вечниот ривал Барселона. Во првото полувреме немаше многу шанси и двете екипи заминаа на одмор без постигнат гол. Фудбалерите на Мајорка играа дефанзивно и многу претпазливо со цел да задржат нерешен резултат за натпреварот евентуално ...

„Маск не претставува закана за демократијата. Џорџ Сорос - да“, рече италијанската премиерка Џорџа Мелони. Премиерката на Италија Џорџија Мелони во четвртокот рече дека забелешките на Илон Маск на Х за надворешни прашања не претставуваат закана за демократијата, всушност, американскиот бизнисмен Џорџ Сорос е тој што се меша во политичките работи на другите земји. „Дали проблемот (со Маск) е во тоа што е богат и влијателен или што не е левичар“, ...

Младата ѕвезда Амад Диало и официјално го продолжи својот договор со Манчестер Јунајтед до 2030 година. Светските медиуми веќе неколку дена пишуваа дека репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска е пред продолжување на договорот, а младиот крилен фудбалер денеска и официјално го потпиша новиот договор. Иако Диало имал понуди од неколку европски клубови тој сепак одлучил да остане во Англија и да продолжи да ги брани боите не „црвените ...

Првите луѓе на Fenway Sports Group, Џон Хенри и Том Вернер, кои го презедоа Ливерпул во 2010 година, одговорија на се почестите прашања за тоа дали ќе го продадат клубот во блиска иднина. „Во последно време има бројни промени во сопственоста на клубовите од Премиер лигата и се почесто добиваме прашања за нашите планови. FSG неодамна доби неколку писма со намери од трети страни кои покажуваат интерес да станат дел од сопствениците на акциите на ...

Во политиката нема ништо случајно ни наивно, ниту пак тие (ДУИ) се наивци во политиката, напротив, изјави вицепремиерот и прв човек на министерството за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ во новата епизода на „Наткаст“ со Љупчо Цветановски. Ова е дел од трасираната агенда на ДУИ за дестабилизација на државата, посочува вицепремиерот, ценејќи дека интерпелацијата и политиките на ДУИ немаат никаква „блага“ врска со реалноста. – И без оглед на ...

„Ова е непристоен предлог. Намерата не е чесна, намерата не е заради почит. Обратно. Намерата вака да се искаже еднострано, всушност значи непочитување, значи непризнавање. Тогаш мојот коментар е дека фрустрации се во прашање“, изјави вечерва претседателката Гордана Сиљановска Давкова во интервју за емисијата „За или против“ на Алфа ТВ, коментирајќи ја изјавата на лидерот на бугарската партија „Преродба“, Костадин Костадинов, за припојување на ...

Реал Мадрид почнал разговори со агентот на Винисиус Жуниор за продолжување на договорот. Според „Релево“, мадриѓани сакаат да го решат проблемот со новиот договор на Бразилецот пред крајот на сезоната, а во блиска иднина преговорите меѓу Реал и Винисиус ќе бидат обновени. Реал Мадрид смета дека понудата од Саудиска Арабија со која на Вини му нудат 1 милијарда евра за 5 сезони, може да стане пречка за продолжување на соработката. Сепак, Реал ...

Лос Анџелес и неговата околина со округот Вентура се опустошени од пет активни пожари, од кои двата најголеми, Итон и Палисеjд, сè уште се целосно надвор од контрола. Повеќе од 130.000 луѓе се евакуирани, а 18 милиони луѓе се на готовс да се евакуираат бидејќи огновите не стивнуваат. НАСА објави сателитска снимка направена вчера на која се гледа како чад се издига над Лос Анџелес. Сателитските снимки од областите погодени од овие пожари ...

На 21 Јануари во 19.00 часот, во Кинотека на Македонија, ќе се одржи промоција на книгата „Гледна точка“ на авторот Јани Бојаџи, македонски режисер, продуцент и сценарист. - Договоривме со промотерите тоа да биде забавно направено, со прашања и одговори, не толку кон мене, туку кон оние за кои раскажувам во книгата! Дали навистина сум таков во текот на работа на сет или пак можеби не сосема? Со нетрпение чекам да видам дали е така како што сум ...

Обвинителот на Основното јавно обвинителство Лесковац му одреди притвор до 30 дена на Ј.Ј.(67) од околината на Црна Трава. Тој е обвинет дека удрил маж (84) во ходникот на установа за возрасни и стари лица во Лесковац, кој паднал и со главата удрил во подот, а од повредите починал неколку дена подоцна во Клиничкиот центар во Ниш. J.Ј. денеска беше сослушан во судот, каде во присуство на бранител ја изнесе својата одбрана пред јавниот обвинител, ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека нејзината влада е подготвена да продолжи со планот за отворање центри за мигранти во Албанија. Мелони на годишната прес-конференција рече дека Европскиот суд ќе започне да го разгледува случајот во февруари и додаде дека повеќето членки на ЕУ го поддржуваат планот на Италија за албанските мигрантски кампови, пренесува Ројтерс. Минатата година Мелони постигна договор со Тирана според кој дел од ...

Добро е што Венко Филипче, после години громогласен молк и оправдување на политиките на СДС кои директно ја поткопуваа македонската државност, конечно се осмели макар и лажно да направи било каков чекор во одбрана на националните интереси. Меѓутоа, вистинската искреност бара не само зборови, туку и извинување и преземање одговорност за сите предавства на СДС изминативе седум години, се вели во одговор на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук објавата на Венко ...

„Мета“ на Марк Закерберг одлучи да ја прекине својата програма за проверка на факти почнувајќи од САД, а притоа основачот и сопственик на компанијата посочи дека: „Проверувачите на факти едноставно беа премногу политички пристрасни и уништија повеќе доверба отколку што создадоа“. Во соопштението од Мета, исто така, се изедначува со цензура системот за означување на проверени дезинформации, наведувајќи дека „Програмата наменета за информирање ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
80%
1010
weather icon

Загреб

14ᴼ / 10ᴼ
2.57
67%
1010
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.05
78%
1011
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.45
81%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.89
60%
1010
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
94%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
84%
1011
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
0.45
77%
1008
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
0.51
59%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52