Најсмртоносниот пожар во историјата на Калифорнија ги проголта домовите на многу холивудски ѕвезди. Остана само пепел од луксузните домови на Џон Гудман, Ентони Хопкинс, Парис Хилтон и многу други. Апокалиптичните пожари го зафатија богатиот кварт Пацифик Палисадес во вторникот, брзо се проширија во околните предградија бидејќи силните ветрови носеа жар и остатоци на сите правци. Жителите побегнаа, а потоа нестрпливо ги очекуваа вестите за ...

Заминувањето на Кристијано Роналдо во Ал-Наср на крајот на 2022 година започна бран на заминувања на големи ѕвезди во Саудиска Арабија. Ова беше особено видливо во летото 2023 година, а сега оваа лига е многу добро следена и за почит, и секако подобра од многу европски лиги. Дали сето тоа ќе потоне како што беше случај во Кина или Саудиска Арабија ќе успее да изгради нешто подолгорочно, останува да видиме. Јасно е дека засега се се сведува на ...

Доналд Трамп Џуниор, синот на новоизбраниот американски претседател, на својот профил на Икс го коментира страшниот пожар кој го зафати Лос Анџелес. Споделувајќи фотографии од наслови на медиуми тој тврди дека противпожарната управа на Лос Анџелес ѝ донирала дел од својата опрема на Украина. „Еве видете, па секако дека противпожарната управа на Лос Анџелес ѝ донирала дел од своите залихи на Украина“, обвини тој. Трамп Џуниор ги обвинува властите ...

Сите се откажаа и извинија за Груби, само СДС не се извини зошто со години му дозволија да краде. И ДУИ и Тетовскиот Универзитет сите се дистанцираат од криминалецот и бегалец Артан Груби, сите освен СДС, изјави Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. СДС покрај ДУИ се највеќе виновни зошто на Македонија воопшто и се случи Груби. Да не беше нивната желба за власт по секоја цена или ќе воведоа постапка против Груби, или воопшто немаше да ...

Министерството за внатрешни работи сооппшти дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID. -Никогаш да не споделувате лични податоци, банкарски информации или лозинки преку телефон. Доколку се сомневате дека сте биле жртва на ваква измама, веднаш да го пријавите случајот во најблиската полициска ...

Цените на становите во Македонија бележат значителен раст во изминатите години, но и покрај тоа, тие сè уште се пониски во споредба со соседните земји. Оваа разлика ги привлекува странските инвеститори и нашинците кои работат во странство да купуваат недвижности токму тука. Според Народната банка, цените на становите од 2010 година досега се зголемени за 54%. На годишно ниво, цените во третиот квартал од 2024 година се повисоки за 8% во споредба ...

Првиот човек во здравството, Арбен Таравари информира дека нема одговорност кај докторите во врска со смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника во Скопје, на средината на декември. Ова го покажува извештајот кој Таравари го прочитал во понеделникот. -За среќа, професионалците констатираа дека докторите немаат никаква грешка. Можеби болеста си го направила своето, може подоцна е донесено детето, но констатирано е дека за среќа, нема ...

За да го зачува стратешкото партнерство на Албанците од Македонија со Соединетите Американски Држави и да докажат дека Албанците нема да бидат заложници на ничиј криминал, бараме ДУИ да донесе формална одлука за исклучување на Артан Груби од членство во партијата, соопштија од Коалицијата „Вреди“. – Досегашните изјави на господинот Али Ахмети и господинот Бујар Османи за принципиелност и транспарентност останаа само на ниво на празни зборови. Ги ...

СДСМ никогаш повеќе нема да дозволи да биде ставен во истата рамка или да биде подреден на кoja било партија, особено не на ДУИ. Коруптивната стигма која со години ја носи оваа партија е нешто од што јасно и недвосмислено се дистанцираме. Нивната реторика и постојаното подигање на етнички тензии како алатка за политичко делување е неприфатлива и опасна. Таквите политики немаат место во нашето мултиетничко општество“, изјави претседателот на СДСМ ...

Либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) соопшти дека ќе побара „итна парламентарна дебата за неодамнешните објави“ на сопствениот на Икс, Илон Маск на оваа социјална мрежа и дали со нив се прекршуваат одредбите за умереност на содржините од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА). Според претседателката на РЕ, Валери Ајер, Европа не може да биде слепа пред намерата на Маск да се меша во демократските процеси во ЕУ. Дебата за оваа прашање ...

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами денеска изјави дека е уверен дека повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го признава Гренланд како дел од Кралството Данска, но нагласи дека неговата реторика може да биде дестабилизирачка. - Знаеме од првиот мандат на Доналд Трамп дека длабочината на неговата реторика и понекогаш непредвидливоста на тоа што го изјавува можат да бидат дестабилизирачки, рече Лами во интервју за ...

Ѕвездениот Холивуд е „пократок“ за уште еден брак. Убавата актерка Џесика Алба и нејзиниот сопруг, филмскиот продуцент Кеш Ворен ставија точка на бракот – дознава американскиот интернет портал „TMZ“. Двојката неодамна се раздели и поднесе барање за развод - по речиси 17 години брак. Тие се венчаа во мај 2008 година и имаат три деца: ќерките Хонор (16) и Хевен (13), како и синот Хејс (7). TMZ ја објави оваа вест како ексклузивна, но не ја ...

Објавувањето на номинациите за Оскар е одложено поради разорните пожари во Лос Анџелес, а соодветно на тоа е продолжен и периодот на гласање за филмовите кои ќе влезат во потесниот круг. Имено, Академијата за филмски уметности и науки изрази загриженост за многу свои членови погодени од пожарите, особено во областа Пацифик Палисадес каде бројни познати личности ги загубија своите домови. Според тоа, објавувањето на номинациите за 97. Оскари сега ...

Губењето може да биде непријатно искуство што нè поттикнува да ги преиспитуваме сопствените способности и волја. Без разлика дали се работи за губење натпревар, губење  расправија или неуспех да се постигнат целите, сите ние имаме различни начини да се справиме со чувствата на неуспех. Сепак, има луѓе кои особено тешко го прифаќаат поразот; тие го гледаат како личен предизвик кој ги мотивира секогаш да бидат чекор понапред од другите. Еве ...

Манчестер Сити веќе е во конкретни преговори за напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш, според Скај Спортс Германија. „Граѓаните“ се подготвени да платат меѓу 40 и 50 милиони фунти за Египќанецот. Претставниците на Мармуш вчера беа во Манчестер. Самиот играч сака трансферот да се реализира, но се уште не е сигурен дали сака тоа да се случи сега или на лето. 25-годишниот напаѓач постигна 13 гола од почетокот на сезоната во Бундеслигата. ...

Венко Филипче по еден месец одмор се појави во јавност со интервју и тоа пишано. Одговорот кој го чека јавноста е дали ова интервју е дадено од: А. Топлиот Дубаи на концерт на Харис Џиновиќ? Б. Во авион летајќи со индиската компанија Вистара? В. Или на пат до Струмица од службениот автомобил даден од компанијата со замрзнат имот Зобек? Вака реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на интервјуто на лидерот на СДСМ Венко Филипче за Независен. Му препорачуваме да ...

Според првичната истрага на Израелските одбранбени сили (ИДФ), војниците биле погодени од голема експлозивна направа која експлодирала во тенк за време на операциите во Беит Ханун. Уште тројца израелски војници загинаа, а неколку беа ранети во одвоени борби во изминатите два дена, а Израел загуби 401 војник во досегашната копнена офанзива против Хамас во Појасот Газа, според официјалните податоци. Најмалку 45.936 Палестинци се убиени, а 109.274 ...

Домаќини на средбата се американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД, генерал Чарлс Браун, а меѓу останатите на неа ќе присуствуваат и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. Според најавата, состанокот ќе биде можност да се разговара и да се координира понатамошната воена поддршка на Украина. ...

На неколку денови пред Нова Година во познатиот локал “Кај Столе” во Кочани сопственост на С.Г. од Кочани во вечерните часови неговиот син Д.Г. физички нападнал гостин во локалот, известуват граѓаните на социјалните мрежи и го повикуваат ОЈО и МВР да реагира на снимката. При нападот, тврдат дека гостинот се здобил со телесни повреди. Видеото објавено на Курие снимено од случајни минувачи кои биле сведоци на немилиот настан, со детален опис ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го пофали тимот за победата над Атлетик Билбао и пласманот во финалето на шпанскиот Суперкуп. „Мислам дека заслужено победивме. Во некои периоди не доминиравме како и обично, но среќен сум. Наша цел беше да стигнеме до финалето, а освен тоа не примивме гол“, изјави Флик. Тој беше запрашан за Ламин Јамал, кој беше заменет на средината на второто полувреме. „Ламин Јамал? Секогаш се фокусирате на него, но правилно ...

Едно од најчестите прашања за време на празниците беше како да пиете вино, а да не страдате од главоболка следниот ден. Научниците долго време ги истражуваат причините за овој проблем, а најновото истражување конечно дава некои одговори. Постојат четири основни механизми преку кои алкохолот предизвикува главоболки: дехидрација – алкохолот делува како диуретик, што може да доведе до губење на течности; ацеталдехид - токсичен нуспроизвод на ...

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Костадинов ги поддржува изјавите на новозибраниот претседател на САД Доналд Трамп за Канада и Панамскиот канал, и наведува дека е потребно и Софија јавно да излезе со барање за припојување на Македонија и Јужна Бесарабија кон Бугарија. - „Претензиите на Трамп кон Канада се целосно оправдани. Нема ништо пологично и понормално од две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и, во ...

Полицијата во последните два дена на различни локации уапси двајца мажи барани со централни потерници. Во првиот случај, интервентната полиција на 7 јануари уапсила 32-годишник од Скопје за кого имало испишано централна потерница за издржување на затворска казна од две години. Во вториот случај, пак, полицијата вчера уапсила 29-годишен маж баран со централна потерница, осуден за пуштање во продажба на наркотични дроги, за кого била изречена ...

Лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да објави претензии за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија. Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Костадинов ги поддржува изјавите на новозибраниот претседател на САД Доналд Трамп за Канада и Панамскиот канал, и наведува дека е потребно и Софија јавно да ...

Генералниот суд на ЕУ за првпат пресуди дека Европската комисија мора да плати отштета на германски државјанин поради непочитување на сопствените прописи за заштита на податоците. Судот утврди дека Комисијата ги префрлила личните податоци на германски државјанин во САД, без соодветни заштитни мерки, и му наложи на главниот извршен орган на ЕУ да му плати отштета од 400 евра. Германски државјанин ја користел опцијата за најава на Фејсбук на ...

Лидерот на канадската конзервативна партија Пјер Полиевр би можел да биде наследник на премиерската функција на Џастин Трудо, премиерот на Канада во заминување. Конзервативната партија со месеци води пред либералите во анкетите, па се очекува тие да можат да формираат нова влада по следните избори, пишува Би-Би-Си. Полиевр е познат по својата визија за мала влада и ниски даноци, а како студент своите идеи за „здравиот разум“ во политиката ги ...

Маск, најбогатиот човек на светот и близок соработник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, минатиот месец ја поддржа германската антиимигрантска партија пред изборите закажани за февруари и постојано ја коментираше британската политика, барајќи од Стармер да поднесе оставка. Маск, наводно, размислува за начините на кои тој и неговите сојузници можат да ја дестабилизираат владата на Лабуристичката партија, барајќи информации за ...

За време на посетата на Бас на Турција се очекува да се разговара за најновите случувања во Сирија и операциите против ДАЕШ („Исламска држава“) и ПКК/СЗН (Работничка партија на Курдистан/Сили за народна заштита). Џон Бас беше амбасадор на САД во Турција од 2014 до 2017 година. Стејт департментот објави и дека Бас се очекува да разговара за ситуацијата во Сирија на средби со високи турски претставници, јавуваат турските медиуми. Бас се очекува да ...

Новиот Кривичен законик е завршен и чека мислење од Европската комисија по што ќе биде доставен во владина и собраниска процедура, а новиот закон за Судски совет треба да биде донесен до јуни годинава. Работна група работи и на измени и дополнувања на Законот за јавно обвинителство, а пристапено е и кон изработка на нов Закон за судска служба, Закон за кривична постапка и кон завршување на деценискиот процес за кодификацијата на граѓанското ...

Повеќе од 130.000 луѓе беа принудени да се евакуираат поради пожарот, додека ветровите дополнително придонесуваат за ширење на пожарот. Најтешка е ситуацијатао во една од најбогатите населби во САД, Пацифик Палисадес. Актерот Били Кристал и неговата сопруга Џенис за Еј-Би-Си Њуз изјавиле дека ја изгубиле куќата во таа населба. -Зборовите не можат да го опишат обемот на уништувањето. Чувствуваме тага за нашите пријатели и соседи кои исто така ги ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
76%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
1.03
78%
1011
weather icon

Загреб

15ᴼ / 11ᴼ
2.57
66%
1010
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
81%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.05
74%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.52
80%
1011
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.45
61%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
94%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
84%
1012
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
0.45
77%
1009
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
0.51
59%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52