Јанис Варуфакис, поранешен грчки министер за економија кој преговараше во име на владата за време на кризата на државниот долг 2009-2018 година и основач и генералниот секретар на движењето Демократија во Европа 2025 (DiEM25) претстави мрачна прогноза за Европа во новата година, како и какви чекори треба да се преземат. "Рековме дека Европа или ќе се демократизира до 2025 година, или ќе се распадне. Не се демократизираше, па сега се распаѓа. ...

Си-Ен-Ен објави дека барањето на Трамп за итна интервенција дојде само еден ден откако Апелацискиот суд во Њујорк го одби неговото барање за одложување на изрекувањето на пресудата, што е закажано за петок. Адвокатите на Трамп наведоа дека одложувањето е неопходно „за да се спречи сериозна неправда и штета врз институцијата претседател и функционирањето на федералната влада“. Како одговор на барањето на Трамп, портпаролот на окружниот обвинител ...

Тој наведе дека изборите формално ќе бидат распишани во среда, на 15 јануари, врз основа на уставната одредба според која изборите не можат да се одржат во рок од 90 дена од завршувањето на вонредната состојба. Состојбата со елементарна непогода што ја воведе Владата по поплавите во септември минатата година е укината на 16 октомври 2024 година, а рокот од 90 дена истекува на 14 јануари 2025 година, јави агенцијата ПАП. Изборната кампања ...

Во интервју за весникот „Ју-Ес-Еј тудеј“ објавено денеска, Бајден рече дека би звучело „претенциозно“ да се каже такво нешто, но смета дека би можел да извојува победа против Трамп, а засновано на резултатите од анкетите. Пред неговата одлука да се повлече, анкетите покажуваа дека тој заостанува зад Трамп. Запрашан дали има енергија да служи уште четири години како претседател, Бајден, кој е на возраст од 82 години, рече: „Не знам“ и додаде „не ...

Ова е втор сличан случај во САД во изминатиот месец. Телата биле пронајдени во понеделникот за време на стандардна проверка по слетувањето на авионот, јавија синоќа дел од американскитее медиуми. Авионот полетал од меѓународниот аеродром Кенеди во Њујорк. Од авиокомпанијата соопштија дека се спроведува истрага за околностите под кои починатите лица се нашле во авионот. Болничарите констатирале смрт на двете лица на самото место, соопшти ...

Второстепениот суд ја прифати жалбата на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад и ја поништи одлуката на Вишиот суд во Нови Сад, со која беше одбиен предлогот да се определи притвор за Горан Весиќ, а предметот е вратен на првостепениот суд за нова одлука. Весиќ е еден од 13-те уапсени за падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени. Студентите денеска организираа протест во ...

Во ДУИ единствено се загрижени за спас од кривична одговорност на криминалците во нивните редови, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „ДУИ се свесни дека со нив е завршено. Реториката на ДУИ е веќе видена и прочитана. Нашите сограѓани Албанци не паѓаат на таквите реторики на ДУИ, затоа што знаат дека ДУИ, единствено за што се загрижени е да ги спаси од одговорност пред правосудните органи криминалците во нивните редови“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на ...

Територијата со пожарите што зафати неколку населени места во Лос Анџелес, како елитното Палисајдс, сега се удвоила. Во Палисајдс, под наредба за евакуација се 37.000 луѓе, додека приближно 15.000 објекти се под ризик да изгорат. Пожарот започна овде пред 24 часа и се прошири на 2.950 акри (1.193 хектари). Како резултат на пожарите гувернерот Гавин Њусам прогласи вонредна состојба во Калифорнија. Болничките служби се под огромен притисок да ...

Нападот со дронови летала врз индустриски објект во Енгелс предизвика голем пожар, напиша на Телеграм гувернерот на Саратовската област Роман Бусаргин, додавајќи дека едно лице е рането. - За жал, во гаснењето на пожарот загинаа две лица, пожарникари на Министерството за вонредни состојби, а уште еден е хоспитализиран, информира тој. Во Енгелс е прогласена вонредна состојба поради ширењето на пожарот, додаде Бусаргин. Украинската војска претхдно ...

Израелската армија (ИДФ) потврди дека Зијадне бил откриен во подземен тунел во Рафа, каде биле откриени и траги што укажувале на синот на Јусеф, Хамза – кој исто така беше земен како заложник – како и други разузнавачки материјали. Покрај посмртните останки на Зијадне во тунелот биле пронајдени и телата на најмалку двајца оперативци на Хамас за кои ИДФ верува дека го чувале Зијадне. Тунелот во јужниот дел на Газа, Рафа, од кој беше извлечено ...

Американскиот милијардер Илон Маск му одговори на канадскиот премиер Џастин Трудо, кој на Х претходно напиша дека „нема ни теоретска шанса“ Канада да стане дел од САД. – Девојко, ти не си повеќе гувернер на Канада, така што не е важно што ќе кажеш, му одговори Маск. Канадскиот премиер во заминување ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби „економска сила“ за да ја направи Канада 51-та ...

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека „нема ни теоретски шанси“ Канада да стане 51-та сојузна држава на САД. Набрзо доби одговор од американскиот мултимилијардер Илон Маск. „Нема ниту теоретски шанси Канада да стане дел од Соединетите Држави. Работниците и заедниците во двете наши земји имаат корист од тоа што меѓусебно се најголеми трговски и безбедносни партнери“, рече Трудо преку Х. „Девојко, ти повеќе не си гувернер на Канада, па не е ...

Барселона доби дозвола да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор за вториот дел од сезоната во Ла Лига. Врховниот совет на спортови (ЦСД) му дозволи на каталонскиот клуб привремено да ги регистрира овие играчи за вториот дел од сезоната. Конечната одлука ќе биде донесена во рок од три месеци. Горенаведеното тело го разгледува барањето на Каталонците кое се состои од 52 страници и 60 документи. Олмо и Виктор ќе можат да играат уште викендов во ...

Германија го нагласува меѓународниот принцип дека границите не треба да се менуваат со сила, изјави во средата владиниот портпарол по изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Гренланд и Канада, додека шефот на данската дипломатија рече дека Гренланд може да стане независен, но не и федерална држава во САД. „Како и секогаш, важи чесниот принцип на Повелбата на Обединетите нации и на Хелсиншкиот договор, а тоа е дека ...

Германскиот авијациски гигант Луфтханза денеска објави дека планира до крајот на годината да вработи околу 10.000 нови работници ширум светот, што е значително помалку отколку во 2024 година, кога оваа група вработи околу 13.000 работници, се наведува во соопштението на компанијата. Вкупниот број на вработени во Луфтханза треба да се зголеми дури и откако ќе се одземе бројот на оние што заминуваат, рече портпаролот. Најголемата европска ...

Претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум денеска изјави дека Северна Америка, вклучително и Соединетите Американски Држави, може да се преименува во „Мексиканска Америка“ - историското име што се користело во раните мапи на регионот - како одговор на најавата на Доналд Трамп дека Мексиканскиот Залив ќе биде преименуван во „Американски залив“. „Мексиканска Америка, тоа звучи убаво“, рече Шејнбаум, покажувајќи на мапата од 1607 година на која ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Намалена видливост од 20 до 50 метри поради појава на магла има на патниот правец Тетово – село Гајре, информира ЈП Македонија пат. Од АМСМ, пак, нагласуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги ...

Хулен Лопетеги доби отказ од Вест Хем. Искусниот шпански стратег не бележеше добри резултати оваа сезона и прашање на време беше кога ќе биде сменет. Сепак поразот од 4:1 против Манчестер Сити во последното коло од Премиер Лигата му ја запечати судбината на Шпанецот. Неговиот наследник ќе биде англискиот стратег Грем Потер, со кого лондончани веќе извесно време се во преговори. Во моментов „чеканите“ се наоѓаат на 14-тото место на табелата со 23 ...

Украина е подготвена да го пополни „секое празно место“ во Европската унија (ЕУ) и НАТО доколку Унгарија одлучи да се повлече од членството во овие организации за да се приклучи на блоковите предводени од Русија, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи. „Украина би била подготвена да го пополни празното место во ЕУ и НАТО доколку Унгарија одлучи да го напушти во корист на членството во евроазиската Заедница на независни ...

Последните податоци говорат дека следниот филм наскоро ќе го снима во Хрватска, пренесува „Варајети“ (Variety). Хамер, имено, ја добил главната улога во трилерот „Мрачниот витез“ на германскиот режисер Уве Бол. Снимањето треба да почне во Хрватска на 27 јануари. Претходно, обожавателите ќе може да го погледнат и во претстојниот каубојски филм „Граничен сад“ (Frontier Crucible), во режија на Тревис Милс. Филмот е во постпродукција, но сѐ уште не ...

По информациите дека во соседна Грција се потврдени случаи со хуманметапневмовирус од кој се регистрирани зголемен број на заболени во Кина и многу хоспитализирани, од Комисијата за заразни болести велат дека нема простор за паника и вознемиреност. Вирусот не е нов, туку прв пат бил откриен во 2001 година во Холандија случајно кај 28 деца и се работи за респираторна инфекција слична како и респираторниот синцицијален вирус. Мехмедовиќ е ...

Нагласувајќи ја важноста на каналот во историјата на Панама тој тоа го нарече „неповратно освојување“ и нагласи дека Панамскиот канал е исклучиво под контрола на Панама. -Така и ќе остане, рече тој, објави „Њујорк Тајмс“. Панамскиот министер за надворешни работи истакна дека примарна мисија на каналот е да и служи на глобалната трговија, исто така, додавајќи дека владата на претседателот Хозе Раул Мулин немала формални или неформални контакти со ...

Можам да ве уверам дека во моментов не е неопходно во ЕУ да се подготвиме за нова пандемија, изјави портпаролката на Европската комисија за социјални права и вештини, подготвеност, еднаквост, култура и здравство, Ева Хрнчирова во врска со регистрираниот прв случај на лице заболено од човечкиот метапневмовирус ХМПВ во Грција. „Свесни сме за извештаите во медиумите и за ситуацијата во Кина. Европскиот центар за превенција и контрола на болести ...

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Д.П.(25) од с.Вранештица, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 01.01.2025 околу 14 часот во близина на границата со Грција, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го затекнале пријавениот како пеш спроведува пет лица од Народна Република Кина. Од судија на ...

И овој јануари, и овој зимски преоден рок една од топ – темите е Душан Влаховиќ и неговото заминување. Факт е дека неколку клубови се заинтересирани за него, Јуве исто така нема ништо против да си оди Србинот сега или во јуни, а Влаховиќ сака останување до 2026 година кога би заминал од Јуве како слободен играч. Тој не ја прифаќа најновата понуда на Јуве за продолжување на договорот, но со далеку помала сумаи затоа има тензии меѓу двете страни, ...

- Сала полета од Техеран по интензивната работа на дипломатските и разузнавачките канали, истакна италијанската премиерка Џорџа Мелони. Новинарката на италијанскиот дневен весник „Ил Фиљо“ (Il Foglio) беше уапсена во Техеран на 19 декември, три дена откако пристигна во земјата. Таа е обвинета за кршење на законите на Иран. Италијански претставници шпекулираат дека приведувањето и ослободувањето на Сала ќе биде искористено во преговорите за ...

Неговата изјава следи по барањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој побара земјите на НАТО да издвојуваат 5 отсто од својот БДП за одбрана. - Бројките од 2%, 3% или 5% се ирелевантни. Клучно е да ги правиме неопходните чекори за нашата безбедност“, изјави Мерц за германското радио „Бајерн 2“. Мерц додаде дека Германија, иако формално ја има достигнато целта од 2 отсто, тоа се должи на специјалниот фонд формиран по ...

Мобилен тим спречи обиди за криумчарење и заплени 2.108 парчиња пиротехнички материјали што требало нелегално да се продаваат на македонскиот пазар. Пиротехничките материјали се пронајдени во автомобил со македонски регистарски таблички со кој двајца македонски државјани се пријавиле за влез во државата на граничниот премин Белановце. До надлежното Основно јавно обвинителство ќе бидат поднесени кривични пријави до сторителите заради постоење ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Н.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично ...

Во селото со 1.200 жители, Управата „им наредила“ на селаните да избегнуваат болести поради коишто може да треба итна медицинска помош. Притоа, луѓето „се задолжени“ да не се впуштаат во потенцијално штетно однесување, да избегнуваат несреќи во домаќинството, да не излегуваат од дома премногу често, да не патуваат и спортуваат, туку просто - да се одмораат. Градоначалникот Антонио Торчија изјави дека оваа уредба е донесена со цел да се откријат ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
49%
1012
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.54
57%
1011
weather icon

Загреб

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
55%
1010
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
52%
1013
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.8
50%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
2.42
65%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
45%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
46%
1011
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1011
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.24
44%
1012
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 20ᴼ
1.79
55%
1009
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52