Прометот во индустријата, вкупно, во октомври годинава во однос на истиот месец лани, е зголемен за 5,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во октомври годинава во однос на октомври минатата година, бележи пораст кај Капитални производи за 24,1 процент и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,2 проценти, а опаѓање кај Интермедијарни производи, освен ...

Власта помпезно најави укинување на персоналниот данок во ИТ секторот од 1 јануари 2023, но сега молчи пред доаѓањето на новата година, иако идејата беше да се стимулира оваа дејност заради задржување на овие работници во земјата. Замислата беше да се намали данокот на личен доход од 10 на 0 отсто за програмерите, ИТ-администраторите и останатите вработени во информатичката дејност, со цел да се поддржи дигитализацијата како четврта индустриска ...

Инфлацијата во Франција поттикна ново зголемување на минималната плата, која, автоматски, ќе се зголеми за 1,81 отсто во јануари, соопшти денеска Министерството за труд, јави дописникот на МИА. Минималниот нето месечен износ од 1 јануари 2023 година ќе изнесува 1.353,07 евра. Тоа е месечен пораст од 24 евра, а за 84 евра повеќе во однос на 1 јануари 2022 година – зголемување од 6,6 отсто за една година, соопшти Министерството за труд. Во бруто, ...

Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, најави намалување на цената на електрична енергија на регулираниот пазар за малите потрошувачи, бидејќи како што вели актуелните цени се причина за затворање на голем број на економски субјекти. Индустриската струја вообичаено е поскапа од таа за домаќинствата, а од 1 јули нејзината цена уште повеќе се зголеми во однос на таа за домовите. Владата прави напор во делот на малите потрошувачи да има ...

Најголемиот дел од работниците се на договори на определено работно време и тоа им е познато на сите. Истото го потврдуваат и податоците на Агенцијата за вработување која води статистика за зановањето на работниот однос на луѓето коишто биле вработени во дадената година. На пример, во 2021 година од невработените лица, 83,757 биле вработени на договор на неопределено работно време, а 116,062 лица биле вработени на договор на определено работно ...

Владата прави компромиси и му помага на приватниот сектор, но и тој треба да одговори соодветно, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во коментар на реакциите дека во услови на криза е дополнителен трошок обврската за двојазични етикети којашто е во сила со новиот Закон за заштита на потрошувачите. Знаеме за потешкотиите во приватниот сектор, но сметам дека навистина покажавме во целиот период на кризи дека соодветно ...

Железници Транспорт на РСМ АД Скопје напладне повторно доби струја, откако изутрината ЕВН поради долг за неплатени сметки ги исклучи од мрежата објектите на државното железничко претпријатие кај депото во скопско Лисиче и во Велес. Информацијата дека повторно има струја ја потврдија од ЖРСМ Транспорт, од каде велат дека прекинот на напојувањето со струја не се одразил на одвивањето на железничкиот собраќај, иако постоеше таква опасност со огле д ...

Најголемиот дел од работниците се на договори на определено работно време и тоа им е познато на сите. Истото го потврдуваат и податоците на Агенцијата за вработување која води статистика за зановањето на работниот однос на луѓето коишто биле вработени во дадената година. На пример, во 2021 година од невработените лица, 83,757 биле вработени на договор на неопределено работно време, а 116,062 лица биле вработени на договор на определено работно ...

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски оствари официјална посета на Општина Стара Пазова, Војводина, како дел од делегација предводена од градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски. Посетата се реализираше со цел воспоставување на поблиска соработка меѓу општините и меѓу бизнис заедниците со цел унапредување на локалниот економскиот развој. “Општините се најблиску до граѓаните, ние имаат најголемо ...

Мексико е земјата во која се убиени најмногу новинари во 2022 година, се вели во најновиот извештај на Репортери без граници (РСФ). Во извештајот на РСФ се документирани алармантни докази за киднапирања, напади и апсења на медиумски работници, а во периодот од почетокот на јануари до 1 декември 2022 година се регистрирани 11 убиства на медиумски работници од земјите од Латинска Америка, односно приближно 20 отсто од вкупниот број на убиени ...

Мрежата за заштита од дискриминација денеска ќе одржи онлајн конференција насловена „Предизвици, успеси и научени лекции од спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација 2020-2022″. Во изменинатиот период Мрежата направи мониторинг над спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и од страна на Народниот правобранител. – Резултатите ...

Исклучена е струјата на „ЖРСМ Транспорт“ АД во депото во Лисиче во Скопје и во објектите во Велес, поради долг за електрична енергија кон ЕВН, потврдија за МИА од железничкото претпријатие. Оттаму најавуават дека исклучувањето на струјата ќе повлече и прекин на сообраќајот што ќе се случи откако ќе биде потрошена нафтата во возовите. Без објектите каде е исклучена струјата, појаснуваат, не може да функционира претпријатието, бидејќи тука се ...

Подготвил: Бобан Илијевски Компаниите го завршуваат четвртиот квартал, а со тоа доаѓа и пресекот на состојбата и планирањето на буџетот за идната, 2023 година. Оваа година ни покажа дека сопствениците на компаниите мораат да бидат многу пофлексибилни од претходно кога се во прашање буџетите. Со војната во Украина настапи голема инфлација, а поскапе речиси се: од градежни материјали до канцелариски материјали. За енергенсите и храната да не ...

И по 16 години од стечајот на фабриката „Медицинска пластика“ во Тетово, нејзините работници се уште ги чекаат 30-те плати и неплатени придонеси за 5 години. Од таа причина денеска го кренаа гласот пред фабриката каде што работеа, дури велат дека ги купиле акциите за да не банкротира, а сега оваа фирма се продава за 5 милиони евра од лицата кои ништо не вложиле во неа. „Овде има еден момент при што приватизацијата е направена во криминална форма ...

За некој да се вброи во средна класа треба да има приход два и пол пати поголем од тоа што го придонесува во потрошувачката кошничка. Наједноставно кажано, оние кои поголемиот дел од заработката ја трошат на потрошувачката кошница – не припаѓаат на средната класа. Така, вашите приходи и расходи лесно можете да ги ставите на хартија и да смислите „решение“ за оваа загатка, бидејќи концептот на средна класа со текот на времето станува се ...

Реакција на Здружението на вработени во сектор игри на среќа “САКАМ ДА РАБОТАМ“ за иницијативата на Антикоцкање од Тетово за локален референдум Здружението на вработени во секторот игри на среќа „САКАМ ДА РАБОТАМ“ одамна изразува сомневања за вистинската улога на неформалното Движење „Антикоцкање“ од Тетово. Секоја нивна иницијатива е деструктивна и има за цел да предизвика штети по државниот Буџет. Во услови на финансиска неизвесност и ...

Се воведуваат нови кривични дела: родово базирано насилство, фемицид, полово вознемирување, а нападот на новинар или друг медиумски работник ќе се смета за напад на службено лице, за што е предвиден затвор до 10 години. Ова е дел од измените на Кривичниот законик, кои во Комисијата за европски прашања добија 8 амандмани – усогласени и изгласани од сите пратеници и прифатени од Министерството за правда. Фемицидот, насилството против жените и ...

Владата на вчерашната 109-та седница го утврди дополнетиот Предлог на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година. – Дополнетиот Предлог на Буџетот претставува нов интегрален текст во којшто Владата ги вгради прифатените амандмани, по комисиските расправи во Собранието каде што беше разгледуван и со потребните измени и дополнувања предложени од Министерството за финансии, информираа од владината прес-служба. Post Views: 44 ...

Во енергична и мотивирачка атмосфера со многу позитивна енергија денес, во „Музејот на македонската борба“ во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор на „Жена на годината 2022” (www.zenanagodinata.mk), во рамки на конференцијата „Жени претприемачки“. Изборот на победничките се одвиваше во неколку фази. Најпрво, во онлајн номинирањето кое беше отворено за целата домашна јавност учествуваа 402 луѓе, а дамите со ...

Во октомври и во ноември годинава, клуч на врата ставиле 707 компании, покажуваат податоците на БизнисМрежа.мк. Споредбата со истите месеци од минатата година покажува дека деловната битка ја загубиле повеќе правни субјекти. Имено, во октомври и во ноември лани, клуч на врата ставиле 634 фирми.Така, годинешниов биланс за претходниве два месеца покажува раст на згаснати компании од 11,5 %. Ако затворањето на компаниите е сликовит начин за ...

– Комора на трговски друштва за геодетски работи и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, потпишаa Mеморандум за соработка со цел позиционирање и унапредување на улогата на инженерската професија за постигнување на поширок општествен напредок. Со документот се утврдуваат начелата за взаемни активности во различни области на соработката. Меморандумот за соработка го потпишаа м-р Кристинка Радевски, Претседател на Комората на ...

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека намалување на цените на основните прехранбени производи ќе почнат да се намалуваат од следната недела, кога ќе бидат потрошени залихите што ги имаат во магацините и кои што се набавени по поскапа цена. Бектеши и владата се договорија со производителите на храна да ги намалат цените за најмалку 10 отсто откако ќе бидат префрлени на поевтина струја од 1 декември. „Во нивните магацини имаа залихи на ...

Можеби би можела да дојде во Франкфурт, еден од најважните финансиски центри во светот? Не, вели Џесика Џејмс, Германија не доаѓа предвид. За да најдеш работа таму, треба да научиш германски – и тоа е тешко. „Исто така, Германија е доста строга кога станува збор за издавање визи. Слушнав дека Германците се прилично строги кон луѓето со потемна кожа и воопшто со имигрантите. Затоа, младата банкарка сака да емигрира во Холандија. „Луѓето се ...

Во 2022 година ширум светот биле уапсени 533 новинари, најмногу во последните 30 години, објави организацијата Репортери без граници (РСФ) во својот годишен извештај. Годинава се зголемил и бројот на убиени новинари – 57, најмногу поради војната во Украина, се наведува во денешното соопштение на невладината организација за слобода на медиумите. Половина од апсењата на новинари се однесуваат на пет земји, Кина (110), Мјанмар (62), Иран (47), ...

Планот на Министерството за финансии за трошење на парите од државната каса е пред пратениците, а документот кој ги содржи деталите за парите кои државата планира да ги собере, но и да ги потроши во текот на следната година, ќе се разгледува на пленарна седница. На врвот на листата со најголем буџет е Министерството за финансии – Функции на државата, сектор задолжен за нормално функцонирање на институциите во државата. За него се планирани 1,2 ...

Во вторникот Илон Маск ја загуби титулата за најбогат човек на светот, која ја презеде Бернар Арно, претседател и извршен директор на француската модна куќа Луј Витон Моите Хенеси (LVMH). Арно (73) се најде на врвот на листата на милијардери на Форбс со нето богатство од 191,2 милијарди долари, додека Маск е на второто место со 185,1 милијарди долари. Маск, 51-годишниот извршен директор на Tesla, SpaceX и Twitter, го држи првото место од ...

Група поранешни вработени на Твитер кои ја тужат компанијата се огласија во четвртокот, тврдејќи дека масовните отпуштања на новиот сопственик Илон Маск во компанијата предизвикале повеќекратни прекршувања на работничките права. „Вистински луѓе беа погодени од ова, имам семејство, имам деца за издржување“, рече поранешниот инженер на Твитер, Врен Туркал за време на прес-конференција во Сан Франциско. „Сè што бараме е праведност“. Друг поранешен ...

Глобално, луѓето се согласни дека најдобар американска град за живеење и работа е Мајами, Флорида. За многумина, тој е можеби најдобриот град на светот. Официјално, оваа топ дестинација во Јужна Флорида го зазема 12-тото место на листата на 50 глобални градови кои се најдобри за доселениците од странство, според истражувањето на InterNations, спроведено на повеќе од 12,000 испитаници. Инаку, InterNations е релевантна онлајн заедница на ...

Предлог Законот за Средно стручно образование е изготвен од страна на работна група и истиот следната недела ќе биде достапен на владиниот ЕНЕР систем, со цел сите заинтересирани чинители да дадат свој придонес кон креирање на најдоброто законско решение, согласно определбата на МОН за транспарентно и отчетно работење, а истовремено за изготвување на модерна и европска легислатива за дефинирање на стручното образование и обука во земјава. За да ...

Швајцарскиот прехранбен концерн „Нестле“ најави вложување 40 милиони швајцарски франци во отворање на нов производен погон во западна Украина. „Нестле“ е една од ретките меѓународни компании кои најавија нови вложувања во Украина по почетокот на руската инвазија во февруари годинава, забележува Ројтерс. „Ова е важен потег на „Нестле“, преземен во многу предизвикувачко време за Украина“, рече главниот извршен директор на „Нестле“ за пазарот на ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
55%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
60%
1013
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1016
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.0
56%
1014
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 15ᴼ
1.03
75%
1016
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
60%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
64%
1012
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 19ᴼ
2.68
54%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.13
62%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
59%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52