
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во ноември изнесувале 51.714 денари и се за 200 денари зголемени во однос на октомври, а за 1.490 денари во споредба со септември. Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, за храна во ноември биле потребни минимум 19.518 денари, а за режиски трошоци 12.983 денари што е повеќе од половина од синдикалната минимална кошничка. Останатите средства, односно 3.668 денари се ...
Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ поевтинуваат за 2,00 денара по литар, а малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси. Нова цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 81,00 за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 83,50 денари. Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и натаму ќе се продава за 84,50 денари, ...
Вториот робот за измолзување, набавен преку проектот на Бимилк и УСАИД чија цел е модернизација и унапредување на млекопроизводството во Македонија, пристигна кај корисникот – фармата „Млекопромет” од Мусинци која ќе биде една од првите фарми во Македонија што со инвестицијата од Битолска млекара ќе применува современа технологија во примарното млекопроизводство. Целта на модернизацијата на малите и средните фарми во Македонија и примената на ...
Во рамки на проектот за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција и интернационализација, проект што го имплементира Стопанската Комора на Македонија во соработка со УСАИД, на прес-конференција во Битола информира за изработката на квантитативна анализа за идентификување на извозните можности и потенцијали на македонската економија. Професорот Дарко Лазаров посочи дека користат современа научно-истражувачка и стручно-апликативна ...
Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавачот во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен во компанијата на неопределено или определено време. Оваа година К-15 треба да биде 12 740 денари и мора да се исплати до ...
Знам дека сум досаден, но морам, бидејќи уште од самиот почеток си дадов на себе обврска да ги таргетирам клучните проблеми. 90 % од младите сакаат да се иселат од државата. Ова го констатира новото истражување коешто пред некој ден беше презентирано на конференцијата која ја организираше Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во рамките на европскиот проект „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и ...
Сите сакаат да ја дознаат тајната на долговечноста, а вистината е дека луѓето теоретски можат да доживеат и до 150 години и што е уште поубаво, не постои максимална старост. Ова било потврдено од едно истражување. Имено, истражувачите тврдат дека постои граница на човечкиот век. Но едно е теорија, а друго пракса. Во теорија би можеле да живееме долго. но во пракса не живееме толку долго, со исклучок на одредени поединци. Анализирани се податоци ...
Европската агенција за лекови денеска соопшти дека нејзината работна група за итни случаи заклучила дека двовалентната РНК вакцина против Ковид може да ја користат невакцинирани деца и возрасни. Регулаторот наведува дека овие вакцини се однесуваат на оригиналниот сој, како и на подваријантите Омикрон БA.4 и БA.5. Вакцините од компаниите Фајзер, Бионтек и Модерна моментално се одобрени само како засилувачи во Европската унија. Post Views: 44 ...
Словенечката општа болница во Градец доби нов робот, кој заедно со својот претходник им помагаат на вработените во физички захтевните задачи. Станува збор за ист робот како тој што веќе се користи во болницата, а е донација на компанијата Viptronik и австриски Sumetzberger. Моментално и двата роботи се наменети за превоз на фармацевтски материјал, а вредноста на дпнацијата е неколку илјади евра. Новиот автономен робот по изгледот и по ...
Од вкупно регистрирани 474 јавни основни и средни училишта во државата, за снабдување со субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ продажба“ се пријавиле 309 училишта со вкупно 869 броила и тие од 1 декември веќе се снабдуваат со струја по цена од 95 евра за мегават час. Од вкупно 70 регистрирани водостопански и комунални претпријатија кои работат со пумпни или пречистителни станици, се пријавиле 51 субјект со вкупно 738 броила и се ...
Владата, на вчерашната седница донесе Одлуката за користење на неискористените средства од Посебниот фонд за подобрување на условите за вработување и работење на инвалидните лица и за финансирање на мерки за вработување на евидентирани невработени лица, откако во врска со ова, беше разгледана Информацијата од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Неискористените средства од Посебниот фонд за подобрување на условите за ...
„PepsiCo“ отпушта вработени во седиштето на своите оддели за храна и пијалоци во Северна Америка, што е знак дека корпоративното стегање на ременот се протега надвор од технологијата и медиумите, според извори на „Wall Street Journal“ запознаени со ова прашање и документи разгледани од изданието. Стотици работни места ќе бидат укинати, изјави еден од изворите. Отпуштањата се одразуваат на северноамериканскиот бизнис со пијалоци на компанијата, ...
Новите лаборатории за контрола на квалитетот, истражување, развој и за регистрации се организирани на простор од 400 м², во производствениот сегмент за козметички производи на локалитетот во Ѓорче Петров. Добропознатите брендови на „Алкалоид“ – Becutan, Sattwa, Young derm, Black up, Gloss – произведени со примена на строгите принципи за добра производствена и лабораториска пракса, отсега ќе добијат нови лабораториски капацитети за контрола и за ...
Платите во приватниот сектор се многу поголеми од јавниот сектор. Имате ИТ компании каде што најниската плата е околу 600-700 евра за почетник, а понатаму согласно работното искуство на младите, платите се многу поголеми, истакна министерката за труд и социјална политика Тренчевска на новинарско прашање околу заминувањето на младите од земјава поради корупцијата, политичките игри и висината на платите како најчести причини. Таа најави скорешно ...
„Продолжува расправата по амандманите на Комисијата за финансирање и буџет, а СДСМ и понатаму ги одбива предлозите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои се на барање на граѓаните“ изјави Дафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ. Таа посочи дека „во текот на изминатите денови се закануваат дека ќе го поништат изгласаниот амандман со кој на вработените во јавната администрација е предвидено да им се зголемат платите за 15%. Амандманот поднесен на ...
Продолжува блокадата на крстосниците кај Мавровка, Црвен Крст и на Илинденска кај потегот од фонтана до СЦ „Борис Трајковски“ откако автобусите на приватните превозници останаа паркирани и утринава. Приватните автобуски превозници на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ веќе втор ден протестираат со блокади на три важни сообраќајни точки во Скопје. Тие очекуваат решение за нивните барања, односно да се подмири или евентуално да се почне подмирувањето ...
Од активистички и државни организации и институции кои се борат за благородни цели како што се здравјето на луѓето, животните и планетата, би било логично да се очекува да ги поздрават вестите кои покажуваат дека во светот се случуваат поместувања за кои се залагаат. Исто така, би било очекувано дека во време загадено со штетни лажни вести и дезинформации да се залагаат за вистински факти и нивна објективна презентација. Но, за жал, искуствата и ...
Младите луѓе сакаат флексибилно работно време, работа од далечина и услови за квалитетен живот по нивна мерка, а државата треба поактивно да ги вклучи во носењето одлуки и креирање политики со цел да имаме мотивирана младина да остане во земјата – ова се дел од заклучоците од втората јавна дебата посветена на подигање на јавната свест за младинската невработеност во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи ...
Синдикатот на Полиција во Македонија- СПМ упатува апел до сите пратеници во Собранието на Република Македонија, без разлика кој го има поднесено анандманот, берем еднаш да се обединат и да подржат покачување на платите во Полицијата во 2023 година. Со тоа да покажат и докажат дека и сега Полицијата им е потребна. “Затоа почитувани пратеници, дадете подршка на овој анандман и допринесете за покачување на платите во Полицијата за 10%, иако сметаме ...
Американските интернет гиганти отпуштаат илјадници работници. Со отказот, многу од нив ја губат и американската виза. Со тоа, пред се луѓето од Азија се соочуваат со животен проблем. По две и пол години, дојде крајот за Суџата Кришнасвами на Твитер. Таа се пожали на отказот на мрежата LinkedIn. Таа додаде дека ја сакала својата работа и колегите и дека е горда на тоа што го работела. „За жал, работодавачот не возврати на љубовта. „Мета“ ...
Во светот, за жал, женскиот труд сѐ уште се цени помалку од машкиот, а и на менаџерските позиции жени има помалку отколку мажи. Порталот Пари, со цел да го мотивира женското претприемништво, ги открива имињата на 10 дами кои се стопроцентни управителки на компании. Податоците покажуваат дека тие лани успеале да изменаџираат компании кои направиле вкупна добивка од над 24 милиони евра, при што сите компании работеле подобро отколку во ...
Во вечерашното гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител министерот за локална самоуправа кажа дека владата има инструменти како да ја тргне блокадата но тој инструмент е насилно тргање на автобусите. „Владата има инструмент како да ја тргне блокадата но тој инструмент е насилно да ги тргнеме автобусите од улица. Се анализира состојбата има и елементи за некаков тип забрана. На пример раскрсницата на Црвен Крст директно го попречува ...
Поради забавувањето на рекламирањето, економските грижи и напори за преоѓање на стриминг, многу големи медиумски компании биле доведени во „режим на намалување на трошоците и давање на откази“. Новинските организации, ТВ мрежите, филмиските и телеввизиските студија и гигнати од индустријата на забавата отпуштиле стотици работници само во текот на изминатата недела, вклучувајќи ги CNN и Paramount Global. На традиционалните компании од светот на ...
Ќе биде воведено, но не треба да биде избрзано. Овој став во вчерашното гостување во Топ тема на Телма го искажа директорката на УЈП Сања Лукаревска околу прогресивното оданочување. Таа откри дека кога во Владата ги направиле првите анализи, увиделе дека ефектот од таквиот модел, со две прогресии кој требаше да биде воведен, не би бил позитивен. „Кога ја направивме анализата за структурата на данокот на личен доход увидовме дека имаме најголем ...
Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи и заменик претседател на СДСМ рече дека во предлог Буџетот за 2023 година е прифатено барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за викенд без ДДВ. Од една страна сакате да го наполните буџетот, а од друга страна ќе има Викенд без ДДВ, зошто е тоа така, ја праша новинарката Лупевска, на што Лукаревска рече дека тоа е барање од страна на опозицијата кои како што рече го побарале тоа на прес ...
Тркалезна маса за Програмата за поддршка на конкурентноста на малите и средните претпријатија (МСП) во Северна Македонија денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) и Делегацијата на Европската Унија во Скопје. На тркалезната маса е најавено присуство на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на претставникот на ЕБОР во земјава, ...
Како и сите предлог Буџети на министерствата, така и предлог буџетот за земјоделство за 2023 година е развоен, базиран на мерки за поддршка на земјоделците, антикризни мерки за одржливо и зголемено домашно производство на земјоделски производи и храна во услови на криза, капитални инвестиции и модернизација на земјоделството на среден и на долг рок, информира премиерот Димитар Ковачевски презентирајќи ги деталите од буџетот за овој сектор. ...
како како – Најдено е едно животно кое е уништено, иако е донесено од друго село. Наше барање е да се испитаат свињите, да не се уништуваат зашто 99 проценти од свињите се здрави. Ние самите сме свесни, ако се појави нешто, тогаш самите ќе пријавиме и ќе дозволиме уништување на свињите, изјави Владан Станојковски, заменик-претседател на месната заедница село Тромеѓа. Одгледувачите добиле информација дека од среда ќе почне уништувањето на ...
Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството. Доколку, некои од граѓаните/корисници во категориите опфатени со овој закон, не се во списокот, а сметаат дека ги исполнуваат условите можат да поднесат ...
Цените на угостителските услуги во ноември годинава, во однос на истиот месец лани се зголемени за 17,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Кумулативно, во периодот јануари – ноември годинава, во споредба со истиот период од 2021, цените се повисоки за 11,9 отсто. Во ноември годинава, пак, во споредба со претходниот месец, цените на угостителските услуги се зголемени за 0,1 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано ...