
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Вработените во финансии сепак ќе добијат повисоки плати. Но, кои сектори и за колкав процент ќе се знае откако ќе се допрецизираат законите за буџети и за систем на плати во јавниот сектор. Министерот Бесими вели дека не се откажува од сопствената иницијатива, вработените во министерството да бидат вреднувани како и останатите сектори кои изминатиот период добија покачувања. Вчерашниот протест на вработението во Министерството за финансии, ...
Преструктуирањето на нашата економија е предизвик на кој се нафати и на кој успешно работи оваа Влада и со гордост можам да кажам дека овој процес е веќе започнат и се движи во добра насока, при што само во минатата година имаме 560 милиони евра странски инвестиции и стотици поддржани домашни компании изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на ...
Само во Македонија се случува во последните години, стечајни управници со над 70 години да водат милионски предмети и да ги одложуваат па затоа со Законот за инсолвентност сите стечајни управници кои имаат над 64 години нема да може да го преполагаат испитот за добивање лиценца за работа, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека согласно Законот за инсолвентност, сите стечајни ...
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро реагира на недоличниот и дрзок односот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кон новинарите на денешната прес-конференција во Владата, на која тој ги нападна новинарите. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро реагира на недоличниот и дрзок односот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кон новинарите на денешната прес-конференција во ...
Новото истражување на Стопанската комора на Виена го потврди постоењето на голем дефицит кога е во прашање квалификувана работна сила. Тоа, секако, не е новост, но проблемот се продлабочува. Само на виенските компании во следните три до пет години ќе им бидат потребни 55,000 квалификувани работници. Резултатот на анализата за потребните образовни кадри покажал дека побарувачката ги опфаќа сите образовни кадри: од занаетчии, преку виши училишта, ...
Компаниите „Ибердрола“ и „Просолија енерџи“, кои се занимаваат со производство на соларни панели, ќе ја градат најголемата фотонапонска централа во Европа и петта најголема во светот. Како што соопшти компанијата „Ибердрола“, за изградбата на централата е добиена и согласност од Португалската агенција за животна средина (АПА), ќе има моќност од 1.200 мегавати и ќе вработува 2.500 луѓе, а се очекува да започне со работа во 2025 година. Соларната ...
Компании, најверојатно од сите сектори, кои за време на енергетската криза оствариле дополнителни профити од просекот во последните 3-4 години, ќе бидат опфатени со т.н. данок на солидарност, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Оценката кои правни субјекти ќе плаќаат ваква дополнителна давачка, ќе оди преку УЈП, односно преку доставувањето на завршните сметки. Детали за ова законско решение кое вчера доби „зелено светло“ од ...
Дел од вработените во Клинички центар „Мајка Тереза“ покренаа иницијатива до Градоначалничката на Град Скопје, до Советот на Град Скопје и до Директорот на ЈП Градски паркинг Скопје за да се реши проблемот со паркирањето во кругот на Клиниките. Деновиве се собираат потписи, а се очекува наскоро иницијативата да биде доставена до надлежните. Вработен на скопските клиники и претходно сподели за хаосот во овој дел. -Никој од Градски Паркинг Скопје ...
Шведскиот производител на апарати за домаќинство Електролукс одлучи да го затвори производството во унгарската фабрика Нирегихаза на почетокот на 2024 година поради очекуваната послаба побарувачка во период на висока инфлација и високи каматни стапки. Фабриката во Нирегихаза произведува фрижидери и вработува околу 650 работници. Компанијата објави дека, поради прекинот на производството во Унгарија, ќе резервира трошоци за реструктуирање од ...
Два ипол часа се проверувал видео надзорот во „Идризово“, вели, Стојановиќ и додава дека новите тројца суспендирани не се одговорни само за бегството, туку и за функционирањето на целата зграда. -Што точно се случило, не би знаел да кажам, но затворот е добро обезбеден со камери, ѕидови, жици и единствен начин да се излезе е со медицинска помош или со поддршка на дел од вработени, изјави Стојановиќ во емисијата „Топ тема“. Post Views: 2 ...
Во Словенија има хроничен недостиг на работна сила во одредени индустриски гранки, бројот на барања за вработување на странци е зголемен за три пати од 2016 година, но проблем се долгите процедури за добивање на потребните документи, пренесува РТВ Словенија. Со 12 отсто учество на странска работна сила, Словенија е над европскиот просек, а Стопанската комора на Словенија посочува дека Словенија има потреба од работници од странство, и ниско и ...
Сојузот на синдикати смета дека со вчерашното бришење на одредбата за зголемување на платите во Министерството за финансии за 30 проценти, ресорниот министер Фатмир Бесими свесно прави кривично дело по член 166 од Кривичниот законик. Укажува дека одредбата за зголемување на платите Бесими сам ја донел и ја бранел и е должен да ја спроведе. Во пресрет на првото рочиште пред Основниот граѓански суд Скопје, по тужбата на ССМ против државата, ...
Македонија останува без работна сила. Цели семејства се иселуваат во странство во потрага по подобар живот, а некои европски држави ги зголемуваат квотите за работници од Балканот. Македонските компании бараат итно олеснување на процедурите да увезат работници од Бангладеш и Далечниот Исток. Пред шест години Дафина од Струмица одлучила да ја напушти Македонија. Потрагата по подобар живот била причина да замине во Германија, каде сега работи во ...
Седумнаесет месеци вработени во општинското основно музичко училиште во Струга немат земено плата, објави Алсат. Плата нема за наставниците кои работат во училиштето од неговото отворање, но и за оние кои се примени во меѓувреме. Училиштето беше помпезно отворено, во ек на изборната кампања во септември 2021, но на отворањето ниту локалната власт на чело со Рамиз Мерко ниту присутните министри, не кажаа дека немаат обезбедено ниту финансии ниту ...
PayPal во вторникот објави дека планира да отпушти околу 2.000 вработени, или приближно 7% од својот персонал, што ја прави најновата технолошка компанија која објави значителни кратења на работни места во последниве месеци во услови на поширока економска несигурност. Во меморандум до персоналот кој ги најавува отпуштањата, извршниот директор на PayPal, Ден Шулман, се осврна на „предизвикувачкото макроекономско опкружување“ и рече дека ...
Хрватското Национално биро за статистика ги објави најновите податоци за платите на граѓаните Податоците што неодамна ги обелодени Националното биро за статистика во својот редовен извештај фрлаат ново светло на состојбите во Хрватска, особено кога тие се анализираат во контекст на поблиското и подалечното опкружување. Па, така, и покрај на моменти поинаквото мислење кај добар дел од хрватските граѓани, сепак, просечната исплатена нето-плата по ...
Министерството за труд и социјална политика го крчка новиот закон за работни односи, кој е усогласен со директивите на европското законодавство. Со законските измени, како што велат од ресорното Министерство, треба да се обезбедат повисоки работнички права, кои ќе бидат дел од новите колективни договори, ќе се овозможи флексибилно работно време, работа од дома, неполно работно време, се скратува работењето на определено работно време и бројни ...
Членовите на Синдикалната организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во која членуваат вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, на 9 февруари 2023 ќе стапат во штрајк поради ниски плати, соопшти Сојуз на синдикатите на Македонија. Како што се наведува во известувањето, ова е првпат во 56-годишното постоење на МАНУ вработените во Секретаријатот и стручните единици да стапат во штрајк. -Причина за ...
Штрајкови, протести и борби за работнички права. Вака накратко може да се опише ситуацијата во Европа и светот во изминатиот период. Во Велика Британија се чини дека сите штрајкуваат. Последните информации од медиумите велат дека штрајкуваат половина милион вработени. Најголемиот дел од нив во јавниот сектор. Причината за штрајкот е инфлацијата и работните услови. Работниците бараат да им се зголемат платите. Поради ниските плати штрајкуваа и ...
Работниците во Шпанија наскоро ќе земаат поголем минималец. Шпанија го зголеми минималецот на 1.080 евра. Се наведува дека имаат 14 исплати годишно. Премиерот Педро Санчез најави дека владата годинава ќе ја зголеми минималната плата за осум отсто. Вкупно годишната минимална плата ќе порасне на 15.120 евра. Премиерот вели дека ова е само почеток, во подобрување на положбата на работникот. „Со ова исполнуваме едно од нашите ветувања, за кое ...
На предлог на Министерството за економија, Владата го усвои новиот Предлог закон за инсолвентност. Согласно Предлог законот сите стечајни управници ќе бидат принудени повторно да полагаат испит за да се стекнат со важечка лиценца за стечаен управник откако Законот ќе биде изгласан во Собранието и ќе стапи на сила. Предлог Законот предвидува и дека на сите стечајни управници кои што ќе навршат 64 години ќе им престане со важност лиценцата за ...
Актерите и театарските работници во Грција, организирани од нивните здруженија и федерации од денеска почнаа 48-часовен штрајк во знак на протест против предлог-законот на Владата што се однесува на нивниот сектор, објавија грчките медиуми. Од федерациите сметаат дека со новиот закон платите на актерите нема да се одредуваат од колективните договори, туку од Владата, но и дека се деградираат нивните дипломи и квалификации. Post Views: 19 ...
Во Британија денеска се одржува најголемиот штрајк во последната деценија, а околу половина милион луѓе штрајкуваат поради платите, работните места и условите за работа. Во штрајкот се вклучени членови на седум синдикат, а од протестот се погодени училиштата, универзитетите, возовите и автобусите. Штрајкуваат повеќе од 100.000 членови на синдикатот за јавни и комерцијални услуги (ПЦС), вклучувајќи го и персоналот на граничните служби на ...
Франција се соочува со втор бран протести и штрајкови против планот на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. МВР соопшти дека на протестите имало повеќе од 1,27 милиони луѓе, што е значително поголема бројка од пред 12 дена, јавува Би-би-си. Осум клучни синдикати учествуваа во штрајкот, кој ги прекина училиштата, јавниот транспорт и рафинериите за нафта. Синдикатот CGT соопшти дека ...
Протест на вработените во Министерството за финансии. Вработените во Минситереството протестираат бидејќи не го добиле ветеното покачување на платата од 30 отсто, како што беше предвидено. -На крај на денот, Министерство за финансии е столбот на една држава. Тие се одговорни да креираат политики, но тие се и чувари на средствата на државата и мора соодветно да мотивираме луѓе да останат во Министерство за финансии. Затоа, искрено, јас имам ...
Бројот на работниците во индустријата лани во декември во однос на истиот месец во 2021 година, е зголемен за еден процент. Во периодот јануари-декември минатата година, пак, во однос на истиот период од 2021 година, е намален за 0,9 проценти. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи опаѓање од 4,3 ...
Новиот закон за систем на плати во јавниот сектор е на јавна расправа до 15 февруари. Претпоставките за новата пресметка, заедно со растот на минималната плата, кој според законската регулатива треба да се случи во март, се влезени и во Буџетот за 2023 година. Податоците покажуваат дека во сегашниот буџет за плати и надоместоци има речиси 27 милиони евра повеќе отколку што имаше во ребалансираниот буџет за 2022 година. Порталот Пари со ...
Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. -Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се намалува за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, соопшти ...
Во Клубот на пратеници денеска се одржа јавна расправа за новиот Предлог закон за работни односи на која од страна на претставниците на Министерството за труд и социјална политика беа презентирани клучните новини во новото предлог законско решение, пред претставниците на адвокатската комора, адвокати, судии, јавни обвинители, професори и експерти по трудово право, претставници на здружение на млади правници и здружение на трудово и социјално ...
Германија е на раб на рецесија, а стабилизирање на економијата ќе има напролет. Блумберг анализира дека ризикот од рецесија во Германија се зголеми по ненадејната стагнација на производството во четвртиот квартал. Падот на производството од 0,2 отсто значи дека намалувањето во периодот до март би предизвикало рецесија во Германија. Цените на суровините на големо паднаа од рекордно високо ниво. Инфлацијата ќе стагнира порано отколку што се ...