Новите извештаи зборуваат дека Apple се обиува да ја искористи идејата за стаклен страничен панел на iPhone уредите и да ја примени на „стаклен“ MacBook Pro, кој би имал и екран чувствителен на допир. Претходно се шпекулираше дека Apple има намера да го претстави MacBook Pro со екран на допир во 2025 година, но сега работите одат многу подалеку. Апликацијата за патентот под името Electronic Device ја претставува идејата за овој модел на MacBook ...

Растот на капацитетите за производство на електрична енергија од солар и ветер во Хрватска, заедно со гасењето на погоните на мазут, во последните неколку години значајно го измени електроенергетскиот микс. Хидроелектраните на почетокот на годината имале удел од 36,5% во вкупниот капацитет на мрежата, односно 1,87 GW, со дополнителни 281 MW во реверзибилни електрани. Следен е ветерот со 1,14GW. Електраните на природен гас имаат вкупно 886 MW. ...

Во рамките на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Smart Solutions - авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, ќе се одржи Autodesk предавање во живо – првиот настан од низата БИМ активности оваа година. Предавачи на овој настан ќе бидат Трајче Стојанов (ЗВЕИ) и Газменд Ајруловски (Intelligent Network Solutions) и ќе бидат одржани три предавања. Агенда на настанот: 09:30-10:00 – регистрација и кафе за ...

Во близина на живописниот град Bocas Town na Bocas Del Toro, Панама се наоѓа импресивното одморалиште Nayara Bocas del Toro. Овој хотел е извонреден пример за релаксирачка иновација и безвременска елеганција, а проектот го потпишува архитектот Андреас Бренес. Секоја вила зрачи со извонредност, обезбедувајќи совршено скроено засолниште за релаксација и уживање. Nayara Bocas del Toro нуди не само одмор, туку и незаборавно искуство. Само чекор ...

EPIQ кулата во Кито, Еквадор, е дело на данското архитектонско студио BIG, и претставува значајно достигнување во областа на современата архитектура. Оваа импозантна градба, висока 101 метар, се состои од наредени L- облици кои се сретнуваат во центарот на конструкцијата, со што се создава единствена целина. Соработката со развојниот тим на Uribe Schwarzkopf од Кито, довела до создавање на кула која се наоѓа во непосредна близина на урбаниот ...

Граѓаните кои ги интересира што ќе се гради во нивната околина не можат да добијат ваква информација, бидејќи не им е достапен Централниот регистар на плански документи. Често се менуваат и просторно-урбанистичките планови, најмногу во корист на градителот, па граѓаните понекогаш не можат да го видат проектот пред изградбата. Со цел да се промени оваа практика, во Крагуевац, Србија пуштена е во употреба дигитална платформа „Биди дел од планот“ ...

Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН), ја усвои првата глобална резолуција за вештачката интелигенција (AI), со цел да ја поттикне заштитата на личните податоци, надзорот врз AI и заштитата на човековите права. Во оваа необврзувачка резолуција, која е предложена од страна на САД, а поддржана е од 122 земји, се преговарало три месеци. Резолуцијата е последна во низата иницијативи кои ги превземаат владите ширум светот со цел да го ...

Во овие неколку реда, ви претставуваме едно често користено решение за изведба на водонепропусност на вкопаните делови кај станбените објекти. Системот „Бела Када“ е препорачан од експертите на Адинг и применет во многу случаи и секогаш се докажал како ефикасен и долгорочен штит против продорите на вода во подземните делови од овие конструкции. Изградбата на објекти во развиени и густо населени градски средини често условува тесен ископ на ...

SolarMente е основан во 2020 година во Шпанија од страна на холандскиот инженер Драјер и програмерот од Франција Гардриније. Овој стартап со седиште во Барселона, применува нетрадиционален модел за финансирање на инстаирањето на фотоволтаици за домаќинствата. Со цел да мотивира што поголем број граѓани да користат соларна енергија, воведена е услугата на исплата нa инвестицијата на рати. Оскаровецот и докажан борец за заштита на животната ...

Во Индија се гради најголемата електрана во светот. Нејзината површина е пет пати поголема од Париз, а видлива е и од вселената. Ќе произведува доволно електрична енергија за напојување на една Швајцарија. Огромна соларна и ветерна електрана ќе ја претвори неплодната солена пустината на работ на западна Индија во еден од најважните извори на чиста енергија на планетата. „Тоа е толку огромен проект што веќе и не сметаме“, вели Саган Адани, ...

Ревитализацијата на паркот на плоштадот Моравија во Брно, Чешка, е проект спроведен од студиото Consequence forma архитекти. Завршен во 2022 година, ќе прерасне во модерен и еколошки простор, кој вклучува инфраструктурни елементи сино-зелени, еколошка одржливост и барања за биолошка разновидност, заедничко создавање и инклузивност. Плоштадот се наоѓа во историскиот центар на вториот по големина град во Чешка. Лоциран на многу посетена ...

При изборот на материјали за изработка на мебел во нашиот дом, меѓу првите што ни паѓаат на ум се добро познатите плочести материјали – иверица и МДФ-плоча, или народски познато како медијапан. Тие се избираат поради достапноста, прифатливите цени, лесната обработка и привлечниот изглед. Но, дали би дале шанса на „сировата“ шперплоча? Кога ќе го слушнеме зборот „шперка“ или „шперплоча“, сè уште постои стереотип дека се работи за евтин градежен ...

Едно од најважните и најинтегралните парчиња мебел во канцеларијата е канцелариското столче затоа што поголемиот дел од денот таму го поминуваме пишувајќи или извршувајќи задачи. Но, што е со дизајнот на стол или системот за седење кој не се фокусира само на работни задачи? Што е со модерното решение за седење кое служи како удобен и кохезивен простор за соработниците – место каде што можат да седат, да работат и да разменуваат идеи едни? ...

Необични, оригинални балкони на фасадите ширум светот привлекуваат вниманието на минувачите и го дефинираат карактерот на зградата. Освен што обезбедуваат функционалност и дополнителен простор, благодарение на нивниот оригинален дизајн тие можат да станат и вистински уметнички дела, кои го дефинираат идентитетот и карактерот на зградите. Погледнете десет фантастични фасадни решенија со балкони избрани од Dezeen, кои се како скулптури во ...

Плоштадот и туристичката канцеларија на градот Пиодао се рехабилитирани и реконфигурирани од архитектонското студио Бранко дел Рио. Градот, кој се наоѓа во Сера до Акор, во централна Португалија, се карактеризира со своите шкрилести куќи и тесни, стрмни улици. Плоштадот Конего Мануел Фернандес Ногуеира, во долниот дел на градот, е единствениот отворен, рамен и чист простор што служи за пристап, меѓутоа, со текот на годините овој простор бил ...

Швајцарската жеелзница (SBB) објави дека за прв пат извршила тестирање на „далечинско управување“ на локомотива, истакнувајќи истовремено дека резултатот од тестот е позитивен. Компанијата соопшува дека засега не планира да користи автоматизирани локомотиви за превоз на патници, туку за одредени работи кои се поврзани со одржување на тунели и префрлање на возовите од спореден колосек на појдовна пруга. Овој тест спаѓа меѓу првите во Европа кои ...

Русите ја градат првата нуклеарка во турција, а по се изгледа ќе ја градат и втората. Турските енергетски стручњаци предупредувааат дека Анкара не треба премногу да се потпира на Русија, посочувајќи ја често Германија во тој контекст како негативен пример. Во април 2023 година, Ердоган го славеше стартувањето на првиот од предвидените четири реактори на првата нуклеарна електрана во Турција со зборовите: „Турција сега влегува во лигата земји ...

Во со сонце преплавената рамнина Карапинара во Турција, неодамна е завршена централната контролна зграда на енергетската компанија Kalyon Enerji според проект на оистанбулската архитектонска фирма Bilgin, симболизирајќи ја одржливата човечка инвентивност и колективната цел кон неутрална јаглеродна иднина. Опкружена со огромно поле на соларни панели, оваа зграда е дефинитивно повеќе од обичен работен простор. На ниво на фасадата, структурата е ...

Сасаки е архитектонско биро задолжено за трансформацијата на Wilmington Boardwalk, лоцирана во Сан Педро, Лос Анџелес, САД. Градското јадро продолжи да расте во последниве години поради проширувањето на пристаништето и неговите операции, што доведе до тоа да стане најпрометното пристаниште во Северна Америка и важен извор на економска виталност. Новиот проект е продолжение на првата фаза од проектот, Wilmington Waterfront Park, завршен во ...

Приклучи се на бесплатен демо час онлајн на Zoom „Вовед во графички дизајн со Кирил Гагачев”, каде што ќе има можност да дознае кои се принципите на графички дизајн и зошто се од суштинска важност во процесот на визуелната комуникација. Целта на предавањето е да се разберат основните принципи на графички дизајн и како тие се применуваат во практика. Часот ќе се одржи на 25. март 2024. година со почеток во 18 часот. ...

Проектот „Енергетска ефикасност во зградите на јавната управа во Србија“, ќе придонесе во обновата и обезбедувањето на одржливо, ефикасно и сигурно снабдување со енергија на избраните јавни згради ан територијата на Србија. Очекуваните резултати од проектот се 35 јавни згради, кои после реконструкцијата ќе станат значително енергетски поефикасни, поставување на 125 згради и изведба ан првата зграда со скоро нулта потрошувачка на енергија. ...

Со цел подобрување на инфраструктурните врски помеѓу Србија и Босна и Херцеговина, неодамна е одржан состанок фокусиран на низа клучни проекти кои ќе ја обликуваат иднината на регионалната интеграција и рзвој. Еден од проектите кој е планиран е обнова на пругата Белград – Сараево. Покрај овој проект, презентирани се и амбициозни планови за изградба и реконструкција на важни делници од автопатиштата кои би требало да го олеснат прекуграничниот ...

Огист Роден е најголемиот феномен во историјата на скулптурата, рекол еднаш Иван Мештровиќ за својот современик и едно време сограѓанин. Мештровиќ не е единствениот кој со воодушевување ги впивал делата на францускиот скулптор Огист Роден. Великанот на вајарството се смета за основач на модерната скулптура, кој за време на животот бил окарактеризиран како „модерен Микеланџело“ и влијаел на генерации уметници, од Пабло Пикасо до Хенри Мур. „За ...

Архитектите на Louis Joyner извршија реставрација на кулата на црквата Колумбо, во Индијана, САД. Постоечккиот објект, дело на дуото Елиел и Еро Сааринен во 1942 година, се смета за прва црква во модерен стил во Соединетите Држави и национален историски споменик од 2000 година. Доказите рефлектирани во црквата од претходните реконструкции овозможуваат да се добие увид во структуралните проблеми со кои се соочувала низ годините. Во 2019 година, ...

Во текот на два дена, украинските дронови ги напаѓаа рафинериите за нафта во Русија, оштетувајќи 12% од капацитетите за преработка на нафта. Прво беше предизвикан пожар во една од најголемите рафинерии за нафта во Русија, Rosneft JSC Ryazan во близина на Москва. Работата на помалата рафинерија за нафта Novoshakhtinsk на југот на Ростовската област е запрена исто така по нападот со дронови, а сериозна штета е направена и во рафинеријата на ...

Европа се загрева највеќе од сите континенти, и тоа два пати побрзо од глобалниот просек. Европската агенција за животна средина ја објави првата студија за проценка на климатските ризици во Европа. Итно е потребно да се реагира на 21 од вкупно 36-те наведени ризици. Рапидното загревање на Европа ја загрозува енергетската и прехрамбената безбедност, екосистемите, инфраструктурата, водните ресурси, финансиската стабилност и здравјето на луѓето на ...

Клупите во Копенхаген се речиси еден метар повисоки отколку што треба, а луѓето масовно прашуваат зошто. Одговорот на тоа прашање е всушност важно предупредување. Доколку шетате низ Копенхаген, сигурно ќе ги забележите многу високите јавни клупи кои ги красат улиците. Клупите се подигнати 85 сантиметри повисоко од оние на кои сме навикнати, но зошто? „Според ОН, глобалното ниво на морето ќе се порасне до еден метар пред крајот на векот и тоа ...

Објектите од постземјотресната обнова на Скопје после 1963 година, меѓу кои и извонредни примери кои претставуваат икони на тоа време, моментално се наоѓаат во различна состојба, поради недоволно и ненавремено тековно одржување и природните (атмосферски) влијанија. На кои начини поединци активно учествуваат во оживувањето на објектите од модерната архитектура преку свои иницијативи и активизам, и какво влијание имаат врз свеста на јавноста за ...

Саудиска Арабија продолжува со досега невиден градежен бум, најавувајќи го проектот „Гидори“, кој претставува визија за иднината и претвора значаен дел од пустината во луксузно одморалиште во кое особено ќе уживаат љубителите на голфот. Проектот „Гидори“ ќе биде сместен во ридовите на заливот Акаба, каде во моментот во тек е изградбата на неколку големи проекти. Проектот е дело на компанијата Aedas, а ќе вклучува 200 вили за одмор и ...

Можеби најсоодветниот трибјут на делото на Оскар Нимаер (1907 – 2012), архитект кој целиот свој век го помина борејќи се против прави агли, лежи токму во тоа што, на 103-годишна возраст, тој можеше да црта само со брановидни, криви линии. Овој титан на архитектурата, кој ја креирал Бразилија и најславниот апостол на Ле Корбизје, на 104 годишна возраст имал потреба од асистенција и помош во неговата несигурна и бавна прошетка низ своето биро, ...

МВР-билтен

22 минути - МИА

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
1.54
58%
1009

Белград

11ᴼ/9ᴼ
2.57
58%
1009

Софија

11ᴼ/8ᴼ
2.06
51%
1011

Сараево

10ᴼ/10ᴼ
2.12
52%
1011

Љубљана

10ᴼ/4ᴼ
2.06
79%
1000

Атина

15ᴼ/11ᴼ
6.71
80%
1005

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
2.06
62%
1009

Подгорица

13ᴼ/11ᴼ
1.54
50%
1010

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

552 $

Никел

585498 $

Рутениум

24115 $

Калај

34 $

Сребро

910 $

Злато

76574 $

Бакар

8 $

Паладиум

32379 $

Платина

29904 $

Родиум

151607 $

Цинк

90429 $