Во духот на промена на стандардите во производните процеси, Toyota развила концепт на SUV со високи перформанси, користејќи компоненти направени со адитивна технологија на производство, односно со 3D печатач. Покрај тоа, за концептот е користена и полипропиленска смола зајакната со јаглеродни влакна. Концептот е базиран на моделот TCD од Азија ја ангажирал компанијата Mitsui Chemicals, како и нејзините партнери, да ги истражат напредните ...

Истражувачи од Универзитетот Принстон, развиле нов цементен композит инспириран од седефот, внатрешната сјајна облога на школките. Овој композит е 19 пати пофлексибилен и 17 пати поотпорен од обичниот цемент, што го прави многу подобар избор за градежни материјали. Седефот, природен материјал кој се наоѓа во школките, е познат по својата цврстина и отпорност. Се состои од слоеви на арагонит – тврд материјал, споени со мек хипереластичен ...

Летните цвеќиња се како шарен тепих кој може да го разубави вашиот двор или тераса во топлите месеци… Можеби до сега немавте шанса да засадите цвеќе, но сепак имате време да уживате во сиот шарм што можат да ги донесат летните растенија. Со разновиден избор на брзорастечки цвеќиња, можете лесно да додадете боја и живост во вашиот надворешен простор. Оплеменувањето на вашиот двор или балкон со шарени цвеќиња не само што додава естетска ...

Волфганг Стилер работи како уметник речиси 40 години. Се соочил со падот на Берлинскиот ѕид и врвот на популарната култура во Њујорк. Стилер е современ мултимедијален уметник, со своите уметнички дела кои опфаќаат скулптура, цртеж и инсталација, прикажувајќи комплициран, но суптилен интерес за телата и организмите, луѓето, преку размер, тема и материјалност. Роден во Визбаден, Германија, Стилер живеел и работел во Соединетите Американски ...

Истурениот портал формиран од природен бетон создава импозантен влез во Villa Eternal Way, куќа во Љубљана проектирана од локалното студио OFIS Arhitekti. Издигнатиот влез на објектот е референца на традиционалните словенечки структури во областа, кои подигнати над нивото на теренот поради историскиот ризик од поплави. Што се однесува до фасадите на вилата, тие се изведени од натур бетон и црна тула, како почит на црниот тресет кој е пронајден ...

Компанијата Jacob & Co, го претстави новиот часовник Bugatti Tourbillon. Станува збор за часовник кој „ги покажува достигнувањата, комплексноста и дизајнот на најновиот хипер автомобил на Bugatti, кој го носи истото име“. Има куќиште од црн титаниум, како и сафирен блок на мотор со 16 клипови исто така од титаниум. Посебно внимание привлекува анимираната секвенца од 20 секунди, која го прикажува моторот во работа. Тоа е своевидно уметничко ...

Саудиска Арабија претендира да стане најголемиот светски градежен пазар, бидејќи кралството вложува огромни пари во проекти кои имаат за цел ремонт и диверзификација на економијата, соопштила консултантската група за недвижности, Knight Frank. Се предвидува вкупната вредност на градежниот бизнис во земјата да достигне 181,5 милијарди американски долари до крајот на 2028 година, што е околу 30% повеќе споредено со 2023 година. Голем дел од таа ...

Големиот македонски сликар, самоукиот надреалист Вангел НАУМОВСКИ со самостојна изложба на слики, цртежи и графики (од колекцијата на ОСТЕН) чие отворање ќе биде денес, 27 јуни во 19:00 ќасот во галерија ОСТЕН. ателјето на Наумовски во Охрид За неговото извонредно творештвото, на Вангел НАУМОВСКИ на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО Скопје 2024 му е доделена Наградата СВЕТСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО – сосем пригодно да му се оддаде почит по повод 100-годишнината од ...

Фотографии на Пабло Пикасо и Ле Корбизје од 1949 фодина на градилиштето Unité d’Habitation во Марсеј доловуваат значаен момент помеѓу двајцата титани на уметноста и архитектурата на 20 век. Ле Корбизје, пионер на модерната архитектура, го проектирал Unité d’Habitation како револуционерен станбен комплекс кој ги отелотворува неговите идеи за функционални простори за живеење и урбанистичко планирање. Завршен во 1952 година, имал за цел да ...

Во четврток на 27. јуни со почеток во 20:00 часот, во ресторанот „Воденица“, ќе се одржи Промоција на монографијата – Приказна за големиот визионер, креатор и градител ЗАРЕ ЛАЗАРЕВСКИ, СКИ – ЦЕНТАРОТ И МАВРОВО. Оваа монографија е направена во спомен на еден човек кој несебично се посвети на изградба и преродба на својот роден крај кој неизмерно го сакаше. По повод 100 годишнината од раѓањето на Заре Лазаревски, за неговата животна определба ...

На 18. јуни, свечено беше отворена изложбата „Цртежи и скици во архитектурата“ во просторот на УК Пароброд во Белград. На мали формати, 22 x 22 центиметри, изложени се различни цртежи и скици на српски архитекти, од меѓувоените и повоените години, до современиот период. На плакатите може да се препознаат многу иконични градби од Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац или Ужице, за кои авторите зачувале цртежи од процесот на проектирање. Исто така ...

Европското фудбалско првенство кое е во тек и кое ќе трае до 14-ти јули, претендира да стане најодржливото натпреварување од овој вид досега. Активностите во насока на достигнување на овој резултат ги спроведуваат UEFA во партнерство со Германскиот фудбалски сојуз (DFB). Со цел ова спортско натпреварување на биде во склад со заштитата на животната средина, општествената одговорност и корпоративното управување (ESG), пред една година усвоена е ...

Сателитот кој го развиваа Кина и Франција, најмоќен досега за истражување на најдалечните експлозии на ѕвездите, веќе е лансиран во орбитата. Лансирањето е извршено од центарот Ксичанг во северозападната покраина Сечуан, и ќе има важна улога во астрономските истражувања, тврди Кинеската национална вселенска агенција. Станува збор за првиот астрономски сателит кој заедно го развиле Франција и Кина, иако претходно имаат заеднички развиено ...

Данска го гради најдолгиот подводен тунел во светот, кој под Балтичкото Море ќе ја поврзе со Германија. За неколку години, тунелот Фемарнбелт ќе го скрати 45-минутното патување со траект на само седум минути со воз. Цената на проектот е околу осум милијарди долари, а покрај железничкото поврзување, тунелот ќе има и автопат со четири ленти. Не само што ќе биде најдолгиот подводен тунел, туку и најдолгиот железничко – автомобилски тунел во ...

Конкорд конференцискиот центар во Алтринчам, град во близина на Манчестер, Англија, на 22 март 2024 година, не беше само домаќин на овогодишната церемонија за доделување на Цивик Траст Наградите за 2024 година, туку и на одбележувањето на 65 годишнот јубилеј од воспоставувањето на наградите во 1959 година коишто станаа значајна платформа за признавање на најдоброто во изградената средина. Континуираното меѓународното значење на платформата ...

Европското фудбалско првенство во Германија е во полн ек, а навивачите доаѓаат на стадионите од цела Европа и пошироко. Но, застарената транспортна инфраструктура во земјата се мачи да се справи со зголемениот метеж, што доведе многумина да се запрашаат дали Германија ја заслужува својата репутација за ефикасност. Здружението на фудбалски навивачи (Football Supporters’ Association – FSA) соопшти дека се „запрепастени“ поради „опасната ...

Русија и Белорусија работат на развој на повеќенаменски авион со капацитет за 19 патници. Проектот под името LMS-192 Osvey ќе го изведе „Уралскиот комбинат за цивилно воздухопловство“ (UZGA) и „558 Авио-ремонетен погон“ (558 ARZ). Белоруската компанија на проектот ќе му обезбеди производни каапцитети, додека UZGA ќе обезбеди нарачки. Се очекува првите испораки да бидат во 2030 година. Развојот на овој авион имал неколку пресвртници во текот на ...

Од Volkswagen веќе подолго време зборуваат за интеграција на ChatGPT, потег кој конечно е реализиран и ветува дека ќе го унапреди искуството на сопствениците на автомобили на германскиот бренд. Оваа технологија сега е дел од сите модели од ID семејството, но и од новиот Golf, Tiguan и Passat. Наместо со куцање, корисникот пристапува со помош на гласовен асистент, кој им овозможува на корисниците контрола над разни функции како клима уред и ...

Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ ги известува своите членови дека пристигнале две пријави во зададениот рок за кандидати за Претседател на УО на Асоцијација на архитекти на Македонија. Пристигнати се пријави од архитектите Ангел Ситновски и Валентино Константиновски. Ангел Ситновски Кандитатурите се доставени со CV на кандидатите, мотивациско писмо, предлог програми за работата на ААМ за период од 2024 до 2027 година и предлози за ...

O2 Иницијатива организра работилница на тема „Носење на урбанистички планови, закони и ризици од корупција“. Работилницата ќе се одржи во четврток, 27 јуни во 16:00 часот во хотелот „Мериот“, Скопје. Вклучете се активно во планирање на просторот во вашата населба, преку информирање за постапката на носење на еден ДУП, потенцијалните ризици од корупција, насоки како да прочитате еден урбанистички план и воочите неправилности и како да поднесете ...

Галерија ГРАЛ и Младинскиот културен центар со задоволство ве покануваат на отварањето на изложбата „Чемерски: Низ цртеж, отпосле” на македонскиот уметник Глигор Чемерски. Изложбата ќе се отвори денес, 24 јуни во 20:00 часот во Младинскиот Културен Центар. Од почетокот на 1960-тите години, па се до неговото заминување речиси 60 години подоцна, во сите преобразби на неговиот ликовен јазик, Глигор Чемерски (1940-2016) интензивно се бавеше со ...

Со оглед на фактот дека кинеските производители на батерии доминираат со светскиот пазар, а во Европа нивниот пат е „трнлив“, Кина се свртува кон други партнери. Мароко станува нивна нова база за производство на батерии за електрични автомобили. Имено, се чини дека Европа е сеуште неодлучна во која насока ќе с едвижи мобилноста во блиска иднина. Она што е познато е дека динамиката на побарувачката за електрични возила е во пад во последните ...

Шпанската компанија Iberdrola добила еколошка дозвола од Владата на Португалија за изградба на ветерен парк од 274 MW, кој би бил поврзан со постоечкиот комплекс на хидроелектрани Tâmega (1.158MW), сочинувајќи го најголемиот хибриден енергетски проект во таа земја и прв кој комбинира ветер и хидроенергија. Iberdrola се надева дека ќе ги добие сите останати дозволи и ќе започне со изградба на почетокот на 2025 година. Ветерниот парк Tâmega ...

Од почетокот на јуни, во бугарскиот град Разлог работи првиот систем за складирање ан електрична енергија од големи размери со батерии. објектот има капацитет од 25 MW/55 MWh и складира енергија од соларна електрана со капацитет од 33 MWp. Проектот е прва инвестиција во систем за складирање на електрична енергија од овој обем во земјата, најголем оперативен систем во Бугарија и еден од најголемите слични проекти во источна Европа. Системот за ...

Како идеално решение за високите летни температури, какви што моментално владеат, го претставуваме проектот наречен Thyta House, завршен минатата година на грчкиот остров Лефкада според проектот на LASSA Architects. Куќата се протега долж планински пејзаж покриен со диви растенија и маслинови дрвја, а замислена е како приморско засолништее со елипсовидна силуета која ги дефинира заедничките простори, додека спалните соби се интегрирани во ...

Пуштен е во употреба нов сквер на платото пред Општина Центар во Скопје. Станува збор за конструкција со неправилни облици, клупи, декоративно зеленило и паркинг за велосипеди која е донација од Стопанска банка АД – Скопје. Просторната инсталација е проект на архитектонското студио БМА. „Ова ново катче е место за мала пауза на минувачите или збирно место за седенки и маалски дружби. Ноќе ќе биде осветлен со што видно ќе го разубавува просторот ...

Брендот за дизајн на мебел Boss Design објави затворена кабина за седење за едно лице што ја олеснува работата и релаксацијата во раздвижените и бучни епростори со отворен план, дело на дизајнерот Aaron Clarkson. Кабината Frida се состои од минималистичко седиште кое изгледа како да лебди, кое од три страни е опкружено со наслон кој има ефект на намалување на звукот и создава чувство на приватност. Кабината за седење се одликува со издолжени ...

Со брзото воведување на системи со вештачка интелигенција (ВИ) во компаниите, многу вработени во Германија мора да се подготват за сериозни професионални промени. До 2030 година се очекува да се променат до три милиони работни места во Германија, што е седум отсто од вкупниот број вработени, покажува најновото истражување на глобалниот институт McKinsey – MGI. Сценариото на експертите на McKinsey претпоставува забрзано воведување на системи за ...

Американскиот технолошки гигант Apple работи на нов дизајн на своите уреди, кој вклучува рекордно тенок модел на iPhone, кој би се појавил на пазарот во наредната година. Станува збор за моделот iPhone 17. Ова доаѓа по неодамнешното претставување на уредот со дебелина од само 5mm. Apple смислил како повторно да ги направи своите уреди потенки, со додавање на нови важни функции, па така меѓу првите уреди со ултратенки куќишта ќе бидат пуштени во ...

Кина доминира во експанзијата на сите главни технологии за енергетска транзиција на глобално ниво. Според податоците на Глобалниот совет за енергија од ветер, во 2023 година, оваа земја пуштила во погон ветерни електрани на море (офшор) со вкупен капацитет од 6,3GW, што е 71% од вкупниот новоизграден капацитет на светот. За Европа, минатата година била рекордна со 3,8GW нов капацитет во ветерни паркови на вода. Холандија е заслужна за половина ...

Скопје

-2ᴼ/-2ᴼ
1.03
93%
1013

Белград

5ᴼ/3ᴼ
9.77
69%
1001

Софија

-2ᴼ/-4ᴼ
1.03
90%
1012

Сараево

3ᴼ/3ᴼ
4.27
63%
1010

Љубљана

2ᴼ/0ᴼ
1.54
96%
989

Атина

15ᴼ/12ᴼ
0.89
69%
1013

Тирана

9ᴼ/9ᴼ
3.6
66%
1010

Подгорица

14ᴼ/13ᴼ
2.19
57%
1009
Currency

61.525

Currency

58.3471

Currency

73.9826

Currency

38.0152

Currency

41.9161

Currency

66.2135

Currency

8.11403

Currency

0.57959

Currency

0.37941

Currency

0.52651

Currency

1.6957

Currency

0.6922

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

497606 $

Рутениум

15369 $

Калај

28 $

Сребро

991 $

Злато

85886 $

Бакар

8 $

Паладиум

32604 $

Платина

30990 $

Родиум

147909 $

Цинк

95961 $