Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои 13 санкции за непочитување на брзината на движење, 13 мерки за возење без возачка дозвола, една санкција за управување под дејство на алкохол, три мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор. Сообраќајните контроли продолжуваат и во ...

Чекалниците во здравствените домови во Србија се полни, бројот на пациенти е значително зголемен низ државата од почетокот на втората половина на годината, а бранот на пораст на пациенти кои имаат температура, кашлање, кивавица, чувствуваат болка во грло, се слаби и имаат симптоми слични на грип или Ковид се очекува во следните денови, пренесуваат медиумите во регионот. Според написите, главното влијание на тридемијата допрва треба да се ...

СДС и ДУИ ќе останат запаметени по неспособност кога станува збор за функционирање на системот. СДС и ДУИ покажуваат способност само кога треба да крадат. Или СДС и ДУИ се шампиони во неспособност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „По минатогодишниот колапс на Фондот за здравство, деновиве на праг е втор колапс на Фондот. Во пракса тоа значи дека граѓаните нема да можат да земаат лек на рецепт на први февруари, нема да можат да се прават исплати од ФЗО ...

ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ. Пишман аџијата Мицкоски се загуби, едно зборува, друго мисли, трето прави, истакнуваат од партијата на власт. „Прво ја проблематизираше техничката влада, потоа велеше дека ДПМНЕ нема да учествува во неа и на крај влезе во Влада со ДУИ. ДПМНЕ предложи министри за во техничката Влада а не ги гласаа во македонското Собрание, односно ги бојкотираа. Седат во техничката Влада а се прават дека не се дел од неа“, ...

Неколку лица се повредени во експлозијата што се случи синоќа во станбена зграда во Ротердам, а тројца од нив се водат како исчезнати, јавуваат холандските медиуми. 💥🔥 Zware #explosie en #brand #Rotterdam #Zuid @RTV_Rijnmond @Vr_RR pic.twitter.com/XYpb0Xu3WS — Jacco van Giessen (@jaccovangiessen) January 29, 2024 Експлозијата се случила во автомобил во гаражата под станбениот комплекс, а потоа избувнал пожар, јавува „НЛ Тајм“. Од силината на ...

Утрото ведро и студено, во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 9 степени. До четврток времето ќе биде сончево со мала до умерена ...

ЕВН Македонија известува дека без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини. Во периодот од 08.30 до 15.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците број 7, 9, 15, 63, 65, 67, 69, 73 и 100 во населба Волково во општина Ѓорче Петров, објектите на Вардартурс, Виндија, Радек, Панзеро, Калабрија, Ренотрукс, Домо Софа, Циглана Градба, Фестина, Пхоеникс Ел Фарма, Процентар Салон 29, Експанда ДООЕЛ, Фахрије Љама, Суперауто Контрол, ...

По апелот за помош од Здружението Шепи-2021, згрижен е коњот кој во близина на Плетвар беше удрен од несовесен возач и оставен на патот, извести градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. „Беше потполно мирен, се тресеше од шокот и од светлата на автомобилите што минуваа. Но, сепак ова исплашено и рането животно како да знаеше дека спасителите се тука и ќе му помогнат“, пишува Јанчев. Тој упати благодарност до сите што учествувале во ...

„На 8ми мај ќе нема кој да го изгаси светлото во СДС, со Ковачевски Македонија тоне, немаме повеќе држава. Слаби се собирите на СДС и Ковачевски кој вечерва во предвреме почната компања глумеше триумфализам, иако во себе знае дека губи 2:1“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Димитар Ковачевски. „Што се однесува на ЕУ, Македонија не се помрдна ниту милиметар кон Унијата додека се СДС и ДУИ во влада. Изминативе 7 години имавме само ...

Февруари ветува дека ќе биде необичен месец – не само затоа што е престапна година и овој февруари има 29 дена, туку и затоа што во наредните денови ќе се случат многу интересни настани поради стелиумот на планетите во Водолија. Што ни носи месечниот хороскоп за февруари 2024 година? Меркур прв влегува во Водолија – од 5 февруари речиси сите ќе доживееме максимална слобода на полето на комуникацијата. Во овој период, дури и најсрамежливите ...

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави дека Соединетите држави ќе ги преземат сите неопходни дејствија за да ги одбранат своите трупи по нападот на проиранските милитанти во Јордан кога загинаа тројца војници, а десетици беа повредени. Вчерашниот напад беше првиот фатален за американските војници од почетокот на израелската офанзива на Појасот Газа во октомври, и претставува голема ескалација на тензиите кои веќе владеат со ...

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, вечерва по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи и ги откри деталите од нивната средба. „Во нашата дискусија се фокусиравме на стратешката перспектива за 2024 година, ја разгледавме состојбата на дијалогот и разговаравме за следните чекори во нормализацијата на односите со Косово“, напиша Лајчак по средбата со Вучиќ. ...

По добиениот повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК дека на паркингот кај Милениумски Крст на Водно се наоѓаат пет лица, турски државјани, кои се изгубиле и не знаеле да се спуштат надолу откако се стемнило, од Секторот за операции и координација на ЦУК се известени дежурните од полицијата, СВР Скопје, кои веднаш тргнале со возило, известуваат од Центарот за управување со кризи. Притоа, од ЦУК им бил даден и ...

Вечерва не отвораме само промотивна канцеларија на СДСМ, вечерва од победнички Центар, од срцето на Скопје испраќаме порака: Подготвени сме, победа на 8-ми мај! Точно 99 дена до победа на изборите на СДСМ и проевропската коалиција, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на отворањето на промотивната канцеларија на СДСМ во центарот на Скопје. -Убедени сме дека граѓаните ќе ја донесат вистината одлука за нивниот животен стандард и ...

Фудбалските фанови во Грција во иднина ќе мора да ја користат државната апликација за дигитална идентификација на своите мобилни телефони за да купуваат билети за натпреварите. Тоа е една од мерките за спречување на насилството во спортот што ги принуди фудбалските клубови да ги затворат стадионите за навивачите на два месеци, до 12 февруари. Наредбата дојде откако минатиот месец настрада полицаец кој беше погоден со факел за време на ...

Актерот Ед Вествик, кој се прослави со улогата на Чак Бас во серијата „Gossip Girl“ („Озборувачка“), наскоро ќе се ожени. Тој ја запроси својата девојка, актерката и модел Ејми Џексон, а обајцата објавија фотографии од запросувањето на своите профили на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Amy Jackson (@iamamyjackson) Ед ја запросил Ејми на скијање во Швајцарија, а таа со ентузијазам го прифатила предлогот. Присутните ги ...

Военото крило на Хамас, бригадата Изадин Ал-Касам, денеска соопшти дека истрелале ракетен оган кон Тел Авив, а во попладневните часови низ централен Израел се огласија сирени за предупредување против проектили. Бомбардирањето на Тел Авив е „одговор на масакрите врз цивили од страна на ционистите“, соопшти военото крило на Хамас, алудирајќи на израелските воени операции во Појасот Газа. Новинарите во Тел Авив и Ерусалим слушнаа далечни ...

Украина и Унгарија се заинтересирани за што поскора средба на нивните лидери, изјави денеска шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак по разговорот со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. Украинскиот медиум Европејска правда пишува дека украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, исто така присутен на состанокот, изјавил дека Киев и Будимпешта се договориле да формираат комитет кој ќе подготви предлози ...

Во војната меѓу Украина и Русија, беспилотните летала играат клучна улога: битките ги добива страната со супериорна технологија за беспилотни летала. Како што војната преминува во нова фаза, руската војска започна нова офанзивна операција, а украинските сили заземаат одбранбени позиции. Во моментов, Украина се чини дека има предност во војувањето со беспилотни летала, што и овозможи успешно да ја прекине новата руска офанзива, пишува за Форбс, ...

Британскиот крал Чарлс денеска беше отпуштен од болница по тридневна хоспитализација поради зголемена простата, покажаа телевизиските снимки. Чарлс (75), кој во петокот беше примен на операција, ја поздрави толпата додека ја напушташе клиниката во Лондон и се упати кон дома придружуван од сопругата, кралицата Камила. Тој замина неколку часа откако неговата снаа Кејт, принцезата од Велс, исто така ја напушти истата болница каде што помина две ...

Проиранската група наречена Исламски отпор во Ирак ја презеде одговорноста за нападите врз три американски бази и за смртта на тројца американски воени лица, јавува Би-би-си. Самата група се појави веднаш откако Израел почна да ја бомбардира Газа како одговор на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври. Се верува дека Исламскиот отпор во Ирак е група за различни шиитски милитанти како Катаиб Хезболах, Нуџаба и Катаиб Саид ал-Шухада, кои имаат ...

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска имаше средба со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов и со претседателството на синдикатите. Како што соопштуваат од СДСМ, на средбата се разговарало за актуелните состојби во врска со пресудата на Врховен суд со која објектот на ССМ премина во сопственост на државата. Претседателот Ковачевски беше дециден дека е на страната на работниците, на страната ...

„Владата на Република Северна Македонија е легитимна, демократски избрана, стабилна, и е во сигурни раце, под раководство на Европско ориентирани партии“, велат од ДУИ. „Истотака и нашата држава е во сигурни раце и на прав пат, кон полноправно членство во Европската Унија и во стратешко партерство со Соединетите Американски Држави. Денешните пропагандистички и панични реакции на нашиот помал ВМРО ДПМНЕ служат само за за поттикнување на забуни ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 32-годишниот Н.И. од село Косевица, општина Македонска Kаменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“, извести МВР. „На 15.01.2024 во Делчево, пријавениот следел жена од Делчево, додека на 30.12.2023 тој ѝ напишал порака на социјалните мрежи со вулгарна и заканувачка содржина и телефонски ја вознемирувал“, соопшти МВР. ...

Претседателот на Собранието, Јован Митрески, денеска оствари средба со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир. На средбата беше констатирана одличната соработка која во континуитет се одржува од страна на Европската Унија, а која ќе продолжи и во периодот што следи пред одржувањето на престојните парламентарни избори. Амбасадорот Гир изрази безрезервна поддршка за новоизбраниот претседател ...

Тие се посветени, полни со љубов и знаат што се вистинските вредности. Тие се најдобрите хороскопски татковци! Концептот на татковство се промени во последните децении, бидејќи родовите стереотипи се ревидираат. Добриот татко не е хранител на семејството, туку човек кој активно учествува во воспитувањето на своите деца. А, ако сте само во фазата кога проценувате колку вашиот партнер е „материјал“ за улогата на татко, можеби не е лошо да се ...

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против 31-годишниот Е.Д., 47-годишниот Е.Ш. и малолетник, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, извести МВР. „На 24.01.2024, полициски службеници го запреле третопријавениот, кој со патничко возило „фиат стило“ превезувал осум мигранти од Сирија, а кои второ и третопријавените ги договориле и организирале да ги ...

Телото е неверојатен комуникациски систем кој постојано ни испраќа сигнали за неговата состојба и потреби. Учењето како да се разбере и соодветно да се одговори на овие сигнали е од клучно значење за одржување на добро здравје и благосостојба. Нашето тело ни сигнализира на различни начини, било да е тоа преку физички симптоми, емоционални промени или ментални реакции. Особено е важно да се обрне внимание на овие сигнали во одредени животни ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против 52-годишниот З.К. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, извести МВР. „Во септември 2022 година, додека пријавениот издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Штип, организирал набавка и внесување на хероин во затворот. На 10.09.2022, дрогата била ...

Првото рочиште за новиот стечај на кавадаречки „Еуроникел“ е закажано за в петок, втори февруари. Освен компанија доверител од Прилеп, која поднела барање за стечај за долг од 10.000 евра, минатата недела барање поднесе и Синдикатот на „Еуроникел индустри“ за долг од 3 неисплатени плати на варботените. Иницијативата од Синдикатот доаѓа откако сопственикот на фабриката, швајцарскиот фонд ГСОЛ (GSOL) ги остави без плата три месеци, а ниту ги ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
59%
1016
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
67%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
55%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
63%
1015
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.73
75%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 14ᴼ
1.21
86%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
88%
1014
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
68%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.13
62%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
55%
1014
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
7.72
76%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52