
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Зошто Талат Џафери не треба да биде премиер на Македонија? Прво, затоа што се избира врз основа на бесмислен закон кој нема врска со правото. Имено, техничката/привремената/пржинската влада имаше смисла во периодот на премин од власт која беше срушена од страна на граѓаните како власт во која немаат доверба и заради тоа сметаат дека не може да спроведе фер и демократски избори. Со таа цел беше предвидено привремен премиер да биде претставник на ...
Денес за премиер се поставува командантот кој беше дежурен во тетовската касарна, кога се случи најголемото предавство кај Вејце. Џафери неколку дена после масакрот кај Вејце дезертира и се приклучува на терористичката ОНА. За најбруталното злосторство врз македонската војска, ДПМНЕ го амнестира Џафери по барање на меџународната, а СДС го стави за премиер. Во име на стратешките партнери и безалтернативоста, ја дадовме државата на терористи. ...
Со 65 гласа „за“ и 3 „против“, Собранието денеска ја изгласа техничката влада, по речиси двочасовна пленарна дискусија. За избор на Владата потребно беше просто мнозинство на гласови од вкупниот број на пратеници. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за изборот на влада, иако добива дваjca технички министри. Тие обвинија дека ДУИ нема доволно пратеници, ниту број на гласови, за да се избере премиер од нивните редови. Премиер во преодната влада ќе биде Талат ...
Вечерва во Келн ќе заврши Европското првенство во ракомет. Германија и Шведска од 17.45 часот ќе се борат за бронзениот медал, а во 20.30 часот ќе започне големото финале меѓу Данска и Франција. Пред завршните борби, ЕХФ го објави идеалниот тим на првенството, во кој место најдоа двајца Германци и Данси и по еден репрезентативец на Шведска, Португалија, Австрија и Франција. Голман: Андреас Волф (Германија) Десно крило: Роберт Вебер (Австрија) ...
Унгарската екстремно десничарска партија Нашата татковина ќе има претензии за западниот регион на Украина, дом на околу 150.000 етнички Унгарци, доколку Украина ја изгуби својата државност поради руска инвазија, изјави синоќа лидерот на партијата. Водачот на Нашата татковина Ласло Торочкаи го рече ова на конференцијата на која партијата, која има шест претставници во 199-члениот парламент на Унгарија, беше домаќин на лидерите на екстремната ...
Американскиот претседател Џо Бајден го нарече Доналд Трамп губитник за време на предизборниот митинг во Јужна Каролина. Бајден потсети дека токму оваа сојузна држава му помогна на прелиминарните избори на Демократската партија во 2020 година и ја спаси неговата кампања. Прелиминарните избори на Демократската партија во Јужна Каролина ќе се одржат на 3 февруари, а се очекува победа на Џо Бајден. „Вистината е, јас не би бил тука без ...
Чави Ернандез дефинитивно донесе одлука да ја напушти Барселона на крајот од сезоната. Како што истакна, по синоќешниот пораз од Виљареал (3:5), дури и да ја освои Лигата на шампионите неговиот мандат ќе заврши во јуни. Неколку часа по објавата дека ќе ја напушти Барселона, медиумите во Шпанија започнаа да се занимаваат со темата околу неговиот наследник. Шпанските медиуми издвоија тројца кандидати. Првиот е актуелниот стратег на Болоња, Тиаго ...
Мандатарот за состав на преодната Влада, Талат Џафери пред пратениците денеска на седница на Собранието, во своето експозе, нагласи дека нема да се менува зацртанта политика на досегашната Влада, како на внатрешен, така и на надворешен план. Вети одговорна и професионална транспарентна Влада и нагласи дека нема да се дозволи нарушување на изборниот процес. Џафери говореше на албански јазик, а во еден дел и на македонски јазик. Џафери рече дека ...
Денеска (28.01.2024) од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на подрачјето на ПО Петровец – наплатна рампа „Петровец“ беше реализирана превентивна активност под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима, користи зимска опрема“. Во рамки на активноста, од страна на полициски службеници на возачите им беа поделени едукативни летоци, изработени ...
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласаат за оваа влада, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешнската собраниска седница за избор на техничка влада. Причините зошто ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа се оти смета дека не е законски премиерското место да го добие партијата која има помалку пратеници, како и партија која е поврзана со најголем број скандали во корупција. Тој рече дека верните партнери на ДУИ денес македонскиот народ го ...
Ставајќи го интересот на државата на прво место пратениците на СДСМ како прогресивна и проевропска партија, заедно со пратениците од мнозинството, ќе ја поддржи техничката Влада во македонското Собрание, рече пратеникот на СДСМ и портпарол, Дарко Каевски од собраниската говорница при изборот на техничката Влада. -Нема да дозволиме ДПМНЕ да фрли дамка на изборниот процес а со тоа и на двојната победа на проевропскиот фронт на претседателските и ...
Во католичката црквата Света Марија во Истанбул двајца напаѓачи отвориле оган кон верниците, а според првите информации на турските медиуми едно лице е убиено. Според добиените информации, пукањето се случи за време на неделната богослужба кога две маскирани лица отвориле оган во дворот на црквата. „За време на пукањето, во црквата владееше голема паника. Во областа се испратени многу полициски и медицински тимови. Напаѓачите побегнаа од ...
Собранието денеска ја почна 141. седница со единствена точка на дневниот ред избор на влада на Република Северна Македонија. Дневниот ред беше изгласан со 67 гласови „за“, без против и воздржан. Во салата имаше регистрирано 108 пратеници. Талат Џафери, мандатарот на оваа преодна влада која се формира на сто дена пред изборите за пратеници на 8 мај, вчера ја достави програмата и Предлог-составот на новата влада. Основна задача на преодната ...
На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа. Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“. Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз. Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“. Ова не е прв пат ...
Жена (28) загина кога лавина зафати тројца германски државјани на планина во Тирол. Туристката во саботата околу 9 часот со автобус со партнерот (26) и неговиот пријател (32) се упатила кон ски-центарот Кухтаи (Стубаи Алпи). Според тиролската полиција, тие сакале да се искачат на Гаискогел (2.820 метри) со скии и сплитборд и оттаму да се спуштат низ Нодрин. На врвот стигнале во 11.20 часот, а според полицијата таму врнежите од снег биле многу ...
Доказ дека Новак Ѓоковиќ носи многу пари е тоа што од Австралија опен, мораа драстично да ги намалат цените на билетите за финалето. Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ годинава остана без можност да ја одбрани титулата на Австралија опен, бидејќи Јаник Синер беше подобар од него во полуфиналето на Грен слем турнирот во Мелбурн. Изненадувачката елиминација на српскиот ас се одрази и на цените на билетите за финалниот меч, во кој за ...
Утре во Вишиот суд во Белград ќе почне судењето на родителите на Коста К.(14), кој уби девет ученици и еден обезбедувач во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар. Судењето, за кое може да се каже дека е судењето на векот, е закажано за 11 часот, а на него ќе се појават и мајката на Коста, која доаѓа од слобода, Миљана, како и таткото на Владимир, кој ќе биде изведен пред судот од притвор во ЦЗ каде што се наоѓа од масакрот. На ова рочиште треба да ...
Лука Модриќ остана на клупата на Реал во последните два првенствени натпревари. И во двата, играчите на мадридскиот гигант израмнија за да ги победат Алмерија (3:2) и Лас Палмас (2:1), што е невообичаена ситуација бидејќи Карло Анчелоти обично го става хрватскиот играч од средниот ред во игра кога тимот треба да свртете го резултатот, пишуваат шпанските медиуми утрото по победата на Реал. „Ситуацијата на Модриќ во последните денови од ...
Службата за безбедност на Украина соопшти дека открила корупција при набавката на оружје на војската во вредност од околу 40 милиони долари. СБУ соопшти дека пет лица од висок ранг во Министерството за одбрана и од страната на добавувачот на оружје се под истрага. Се вели дека претставниците на одбраната потпишале договор за 100.000 минофрлачки гранати во август 2022 година, јавува Би-Би-Си. Плаќањето било однапред, некои средства биле ...
Турскиот државјанин И.А.О.(58) починал на лет за Германија, поради што авионот итно слетал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ утринава околу 5:30 часот. Како што неофицијално дознава „Информер“, несреќниот човек патувал на релација Трабзон – Дизелдорф кога ненадејно му се слошило. -Авионот полетал од Турција, а починатиот патувал со својот син. Се сомнева дека му се слошило во тоалетот и за жал набргу починал. Поради немилиот настан, ...
СДС за да владее на поклон и ја даде државата на ДУИ и во намерата да си ги сочуваат фотелјите плаќаат скапа цена кај нивните газди во ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека цената ја гледаме и денес изразена во Талат Џафери премиер. Од друга страна нивните надежи се дека ДУИ на СДС ќе и ги собира албанските партии во коалиција, и од Косово ќе се диктира овој процес за СДС да го ублажи својот дебакл. Тоа така не оди. Јасно ...
Европскиот фронт предводен од СДСМ, заедно со граѓаните, за 100 дена, на 8 мај ќе го порази целиот хорор на Мицкоски и ДПМНЕ, се вели во соопштението на СДСМ. Најавите на Мицкоски дека работата на техничката Влада ќе биде хорор, каде што ќе се кубеле за коси говори за него. Тоа е пристапот на којшто функционира ДПМНЕ и покажува дека ништо не е сменето во оваа партија. Хоророт на Мицкоски и ДПМНЕ ќе биде поразен на 8-ми мај, се вели во ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато. Сите патни правци во државата се проодни, информира АМСМ. Оттаму нагласуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци. Од АМСМ апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, ...
Дали привезокот на ДУИ, СДС под налог на својот стопан им дојавил на 10-те лица да ја напуштат државата? Шеваљ Муареми кој сега сe наоѓа во бегство, а кој е првоосомничен може да се забележи во друштво со Талат Џафери, човекот кој треба да биде технички премиер. Починатиот Орхан Бајрами Оки кој исто така според објавеното во медиумите бил дел од групата што беше во друштво на Пендаровски. Оливер Спасовски, кој чекаше последен ден да спроведе ...
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува до почетокот на април пратениците да го изгласаат законот за нефер трговски практики. Законот се очекува да оневозможи моќна компанија да влијае врз другите компании, ќе го уреди начинот на трговија на земјоделски и прехранбени продукти, ќе ги заштити производителите, а со неговата примена, според најавите од минатата година, се очекува и дополнително намалување на цените на производите. ...
Рок-музичарот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, на 20 јануари доживеа сообраќајна несреќа во Северна Македонија, во која поради сплет на несреќни околности налета на жена која го загуби животот. Поради несреќата Ѓорѓе мораше извесно време да остане во Македонија, а потоа се вратил во Србија. По трагедијата, која го остави во шок, Ѓорѓе Давид е подготвен утре, како што пренесуваат српските медиуми, да зборува на ...
По повод празникот Свети Сава, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски упати честитка до сите припадници на српската заедница и до сите православни христијани кои го слават денешниот празник. -Ви го честитам националниот ден, празникот Свети Сава! Ви посакувам добро здравје, спокој и благосостојба. Српската заедница во земјава отсекогаш давала значаен придонес во развојот на македонското мултиетничко општество и унапредувањето на ...
На денешната конференција во организација на Паневропската унија на Македонија во хотел DoubleTree by Hilton Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на СДСМ за можна коалиција со ДУИ наречена европски фронт истакна дека тоа е криминална коалиција која во алузија и дефокус се нарекува европска коалиција а единствен заеднички интерес им е да го осиромашуваат и пљачкаат народот. ...
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика земјите донатори да го гарантираат дотекот на помош за Газа, откако неколку земји го прекинаа финансирањето на агенцијата за Палестинците поради тврдењата дека неколку нејзини вработени биле вмешани во нападите на 7 октомври. Како што се продлабочува спорот околу палестинската агенција за помош на бегалци УНРВА, тешките борби во опколениот Појас Газа принудуваат повеќе луѓе да бегаат на југ ...
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.01.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 116 мерки, меѓу кои 17 санкции за непочитување на брзината на движење, 17 мерки за управување под дејство на алкохол, 13 санкции за возење без возачка дозвола, четири мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор, осум мерки за користење на мобилен ...