Министерот за економија, Крешник Бектеши, нема конкретно објаснување зошто корисниците од првиот и вториот блок за кои ветуваше дека ќе добијат пониски сметки за струја, за декември многумина се пожалија дека добиле безмалку двојно повисоки сметки. Ги повика сите кои се сомневаат во сметката да се пожалат во Регулаторната комисија за енергетика. „Јас не верувам дека има зголемување на цените повеќе од тоа што го утврди Регулаторната комисија ...

Триесет и осумгодишен тетовец вчера во 11 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавил дека бил измамен од 37-годишниот Д.А. од Република Турција со кого пред десетина дена се договориле да му набави производни машини од Турција и на кого во три наврати му дал пари, извести СВР Тетово. Според пријавеното, тој ниту ги добил машините, ниту му ги вратил парите, а веќе и не му се јавувал на повиците. Се преземаат мерки за расчистување и документирање ...

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 11 часот и 30 минути, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово, извести СВР Тетово. „Тие се сомничат дека пред неколку дена во Скопје противправно одзеле патничко моторно возило „хонда“ и без регистарски ознаки и дозвола го управувале. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, а возилото му било вратено на неговиот 35-годишен сопственик А.Ј. од ...

Хрватската полиција вчера рано изутрина добила дојава дека 82-годишна жена била пронајдена мртва во стан во месноста Булевар во Задар со повреди кои укажуваат на насилна смрт. Во станот е пронајдено и американско куче Стафордшир, сопственост на член на семејството, а како што пишува Задарски.хр, станува збор за животното на внукот на починатата старица, пренесува Јутарњи лист. На местото на настанот полициски службеници извршиле увид додека за ...

На 30 јануари 2024 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата на Комитетот беше одлучено каматните стапки да останат исти. Така, каматната стапка на ...

„Два дена премиер Талат Џафери, два дена парадирање наместо работа. Ако првиот ден Џафери со паркирани службени возила го чекаа пред кафеани на плоштад во пешачка зона, вториот ден тој отиде на прослава организирана по повод неговата функција во Форино“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „И додека Џафери парадира, СДС и Ковачевски мора да молчат, затоа што тие го изгласаа во Собрание. СДС и Ковачевски свесно ја ...

Зинедин Зидан е без работа откако во мај 2021 година по вторпат ја напушти клупата на Реал Мадрид. Зизу од тој момент е на одмор, одбивајќи понуди од националните тимови на САД, Бразил, Алжир и неколку европски великани. Зидан гсе надеваше дека ќе ја преземе Франција, но таа можност отпадна откако актуелниот селектор, Дидие Дешан го продолжи договоротдо 2025 година. Прашање е кога Зидан ќе и се врати на тренерската работа, а според медиумите ...

Иако се уште нема јавна информација за издадена Дозвола за градба, веќе започнува оградувањето и подготовка на просторот, известува Левица – Карпош. „Работниците им потврдија на нашите активисти дека навистина станува збор за изградба на спорниот објект и дека инвеститор е фирмата на Фатмир Етеми. Она за што предупредувавме, се оствари – урбаната мафија не застанува во своите намери да профитира од секој метар општинско земјиште!“, велат од ...

Од страна на ОЈО Скопје донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица. Две службени лица, медицински и организациски директор од 2017 до 2022 година на Клиниката за радиотерапија и онкологија, како и за тројца доктори онколози, извести обвинителката Ана Гоговска-Јакимоска. Од страна на Јавното обвинителство, до Основниот кривичен суд, судија на претходна постапка поднесен е предлог за определување мерки на ...

Министерството за економија ќе подели 4 милиони евра на домаќинствата за клима –уреди за да ги намалат сметките за струја и да придонесат за енергетска ефикасност. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека програмата годинава е изменета и проширена согласно барањата на граѓаните. „Од утре ќе објавен јавен повик преку кој Министерството за економија ќе дели ваучери со вредност од 25.000 денари по домаќинство за домаќинствата кои живеат ...

Францускиот ракометар ракометар Беноа Кункуд заврши во притвор поради обид за силување во ноќен клуб. Кункуд беше дел од француската репрезентација која во неделата го освои европското злато победувајќи ја Данска во финалето. „Доцна во ноќта, понеделник кон вторник, францускиот репрезентативец наводно во пијана состојба ги соблекол панталоните и се обидел сексуално да нападне млада жена“, објави „Лекип“. Играчот на полски Киелце бил запрен од ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Н.Е. Фатос Река. На состанокот се пренесени честитки од премиерот на Албанија, Еди Рама, за изборот на премиерот Џафери на претседателската позиција во Владата, како и за изборот на новата Влада. Нагласени се исклучително добрите односи помеѓу Северна Македонија и Албанија, како значаен пример за ...

ССМ во текот на вчерашниот ден испрати барање до сите координатори на пратеничките групи и до претседателот на Собранието за овозможување на Синдикатот како претставник на работниците да учествува во процесот на донесувањето на законот за административните службеници. „Наша критика е тоа што не сме вклучени во процесот. Синдикатите не се вклучени во донесувањето на овој закон иако имаме сериозни забелешки кои ги доставивме до сите координатори ...

Во однос на предлог законот плата во плик, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов кажа дека за жал биле дел од работната група која изготвувала такво законско решение. „Меѓутоа законското решение кое планираат да го спромнат преку предлог на Владата до Собранието и легализацијата на плаќањето во плико и враќањето на пред 2009 година во општеството во Македонија, односно работниците да ги направиме модерни робови на кои ќе им плаќаме ...

Новото име на списокот на повредени играчи во фудбалскиот клуб Барселона е Жоао Феликс. Португалецот на последниот тренинг се здоби со повреда на скочниот зглоб и според првите прогнози ќе отсуствува околу три недели. Тоа значи дека ќе биде во трка со времето за првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Наполи на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Португалецот оваа сезона за Барселона игра на позајмица од Атлетико Мадрид. ...

Вчера полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода С.Ф.(36) од с.Суводол, демирхисарско. Имено, во ОВР Демир Хисар Н.С.(41) од с.Суводол пријавила дека била опожарена влезната врата од нејзиниот продажен објект во с.Суводол, а по преземени мерки и извршените оперативни проверки било констатирано дека сторител е С.Ф.. Во службен разговор тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе следува ...

Преку континуирани инвестиции во опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром. Ова градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски го потенцираше при посетата на основното училиште „Блаже Конески“ во чии рамки беше промовирана нова опрема со која се овозможува технички унапреден и дигитализиран образовен процес во основното училиште „Блаже Конески“ Станува збор за набавка на опрема која вклучува 4 нови смарт-табли со ...

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити беше во посета на Универзитетската клиника за урологија по повод 500-та трансплантација на бубрег во јавното здравство. „Денеска сме во посета на Клиниката за урологија по повод одбележување петстота трансплантација на бубрег во јавното здравство. Во декември успешно се изведе јубилејната трансплантација на бубрег кај 25-годишна пациентка која била во тешка состојба. Особено ми е драго што по ...

Пожар денеска избувна во термоелектраната Такетојо во префектурата Аичи во централна Јапонија, објави нејзиниот сопственик ЈЕРА, додавајќи дека работата во централата е прекината. Јавниот радиодифузен сервис НХК претходно објави дека се слушнала експлозија, а очевидци забележале црн чад како се издига од термоцентралата. Црн чад излегуваше од котларата на термоцентралата, а покрај неа гореше транспортер за јаглен, јави НХК. Пожарникарите биле ...

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев предложи јапонските власти да извршат самоубиство доколку не го поддржат неговиот став за спорните Курилски острови. „Оние самураи кои се чувствуваат особено тажни можат да ги завршат своите животи на традиционален јапонски начин, со харакири. Ако се осмелат, се разбира“, напиша тој на „Икс“. Пораката од поранешниот руски претседател дојде откако јапонскиот премиер Фумио Кишида одржа говор во ...

38-годишниот Ведран Батарило исчезна пред една недела во Слиема, Малта, каде што работи за француска компанија. Ведран е родум од Славонски Брод. Според страницата на Националниот регистар на исчезнати лица, тој исчезнал на 23 јануари. Тоа беше последен пат кога комуницирал со семејството, а потоа тие веќе не можеле да дојдат до него. Висок е околу 180 сантиметри, со кафена коса и кафени очи, со цврста градба и има тетоважа на градите. По него ...

Во изложбениот салон на Галеријата Матица, кој се наоѓа во непосредна близина на Министерството за финансии, на 1 февруари, четврток, ќе се отвори нова ликовна продажна изложба на значајни македонски творци од различни генерации. Ќе бидат изложени дела на: Боро Митриќески, Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Петар Хаџи-Бошков, Газанфер Бајрам, Илија Аџиевски, Вангел Наумовски, Ордан Петлевски, Симон Шемов, Павле Кузманоски, Димитар Малиданов, ...

Вчера во 17.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 42-годишниот Н.А. од Велес, извести МВР. „Тој се сомничи дека околу 17.30 часот со употреба на сила и подесен алат влегол во црква на улица „Благој Ѓорев“ во Велес и одзел пари. Кај него биле пронајдени парите и биле вратени во црквата, како и предметот со кој го извршил делото“, соопшти МВР. Тој бил приведен во полициска станица, за настанот бил известен ...

Јавноста во Саудиска Арабија жестокот удри по селекторот на фудбалската репрезентација, Италијанецот Роберто Манчини, поради непримерниот гест на вчерашниот осминафинален натпревар против Јужна Кореа во Купот на Азија. Имено, пред крајот на пенал серијата Манчини замина во соблекувалната. Неговиот потег предизвика гнев кај саудиската јавност, која смета дека е неприфатливо тоа да го направи селекторот. Во осминафиналето на азиското првенство, ...

„Ништо од најавите на ДПМНЕ. Уште на првиот ден од мандатот како технички министер за внатрешни работи на ДПМНЕ Тошковски призна дека неможе да го реши проблемот со издавањето пасоши“, велат од СДСМ. „ДПМНЕ до пред само неколку дена велеа дека Спасовски не можел да го реши проблемот, дека МВР не работело со сите капацитети, дека со закон ќе интевенирале за да се пролонгира важењето на старите пасоши. Од прв ден како влегоа во техничката Влада ...

„Иако енергетската криза ги изнесе на површина слабостите на државните енергетски капацитети поради негрижата на сите власти, очигледно е дека Владата на СДС и ДУИ, без никаква стратегија и научен пристап, продолжува со погубните политики. Последниот чекор во низата катастрофални политики на владата во заминување е донесувањето на Инвестицискиот план за забрзана транзиција од јаглен, со кој Владата ноншалантно се обврзува да го затвори РЕК ...

„После долги 7 години мое лично соочување со политички прогон и малтретирање од страна на т.н. независно или „како пупка отворено“ обвинителство и судство, пред мене имам чисто досие. Во овој момент, после сите нивни сценарија кои пропаднаа, јас гордо можам да кажам дека повторно сум слободен граѓанин на Република Македонија!“, напиша на социјалните мрежи Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Сите овие години одлучив да молчам додека тие ...

Лос Анџелес Лејкерс, во 49. натпревар сезонава го забележаа 25.пораз. „Езерџиите“ загубија во Атланта со 138:122. Лејкерси играа без Ентони Дејвис и во ниту еден момент не можеа да им парираат на домаќините, кои на крајот рутински забележаа победа. Лидерот на Лејкерси, Леброн Џејмс, потврди дека оваа сезона ништо во тимот не оди според планираното. „Можеме да добиеме секого во оваа лига и од секого можеме да загубиме. Исто така може да се деси ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.918 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 34,52%, а 65,48% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 53,73%, кон Итната медицинска помош 33,73%, а кон пожарникарите 8,24% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ...

Интервју со Миљан Жарковиќ, Менаџер за корисничко искуство во Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп Слушањето на потребите на корисниците е всушност водење грижа за нив. Што подразбира тоа за вас како компанија и зошто е од толку голема важност? Позитивното искуство на секој еден потрошувач е многу, многу значајно. Кога брендот прави сѐ за да осигура дека патувањето на потрошувачите е беспрекорно, пријатно и прилагодено на нивните потреби, се ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
6.17
56%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
53%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
41%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
52%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.15
47%
1011
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
55%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
62%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1013
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
53%
1012
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
4.63
59%
1013
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
7.72
47%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
7.2
50%
1013
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52