Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Кога ќе помислите дека нешто е невозможно, само сетете се на симпатичното пресреќно распеано лиценце на Нијаз Јусуфи во неделата на стадиончето во Кавадарци. И на Грне, онаков созреан, голем и исцрпен, како еден по еден ги гушка играчите, речиси задушувајќи ги во градите. Или на Бајо, дотеран за пригодата, како со раширени раце успорено чекори по тревата, како во некој старовремски филм во кој на крајот доброто победува. Некој би рекол дека ...
Мочуриштето Белчишко Блато е дом на 85 видови птици, или една третина од вкупниот број видови во земјава, 224 растителни видови, како и 33 видови цицачи или 37 отсто од вкупниот број во земјата, меѓу кои и видрата. Денеска овде беа одбележани Денот на Натура 2000, најголемата мрежа на заштитени области во светот, која покрива една петина од територијата на Европа и Светскиот ден на биолошката разновидност. Белчишко Блато е дел од Емералд мрежата ...
Голем дел од овие фигури се појавуваат и во старите и во новите приказни, а некои успеале да си обезбедат сигурно место во историјата. Па да ги погледнеме вештерките - и древни и/или од модерната историја кои сите би требало да ги знаат. И покрај тоа што овие вештерки (веројатно?) немале магични моќи, тие сигурно живееле некогаш во историјата. Морничаво! Изобел Гоуди Оваа шкотска вештерка е посебна бидејќи се исповедала за своето маѓепсништво ...
доjдов порано на закажаниот состанок со еден пријател таа седеше на соседната маса и додека го чекав погледите ни се сретнаа па така, се запознавме се бакнавме се засакавме ни беше супер, но Ирена не беше подготвена за долга врска, за големото вкотвување, сакаше да види што има после мене раскинавме, за два месеца ја видов со друг, па со трет ама дојде момент и таа осети потреба да застане крај некого, а тој некој се погоди да биде оној мој ...
Не се сеќавам како се запознавме со Марче. Во Универзитетска библиотека или ви кафана? Марче му беше прекар на Марко Петрушевски. Прекарот укажува на отвореноста, искреноста, на детето во него, што до последните денови не се изгуби. Тогаш беше „љубител на добрата капка“, како и јас, но не се здруживме поради тоа туку поради хуморот, насекаде што го гледавме. Не беше тоа обичен хумор, со вицеви и досетки, туку хумор со фантазија, со измислување. ...
Ако продолжи неконтролираниот развој на вештачката интелигенција (ВИ), воден од конкуренцијата помеѓу компаниите, ако не паузираме за да ги одредиме насоките и регулациите за нејзиниот развој, би можело да ни се случи таа да нè надвладее и истисне како што Хомо сапиенсот ги истиснал неандерталците, предупреди во неодамна објавениот разговор физичарот и истражувач на вештачката интелигенција Макс Тегмарк. Отворено писмо за мораториум на развојот ...
Желки, јагули, пајаци, птици, рипки, но и лавови, волци, мечки, рептили, змии… голем број диви животни се предмет на нелегална трговија преку македонските граници, но и внатре во земјата. Овој криминал, иако многу често поминува под радарот на институциите, медиумите и јавноста, сепак од година во година станува сè поприсутен, а во институциите веќе постојат документирани случаи на шверц или обиди за нелегално пренесување или продавање диви ...
Посветено на Ферус Мустафов 13 март 2018, Пазин Во околината на Куќата за писатели во Пазин ечеше плочата „A Love Supreme“ на Џон Колтрејн. Соседите не ја препознаваа музиката, но набрзо сфатија дека вревата доаѓа токму од куќата. Нивното трпение и толеранција траеја околу половина час, но потоа еден од соседите се упати кон Куќата и заѕвони на ѕвончето. Му отвори гостинот, односно привремениот домаќин, 30-годишниот писател од Македонија. Беше ...
Во многу демократии ширум светот настапува la lutte finale, „последната и одлучна тешка битка“. Незаборавниот стих од рефренот на старата социјалистичка химна, Интернационалата, добро опишува поголем дел од современата демократска политика. Кога ја најави својата кампања за претседателските избори во 2024 година, Доналд Трамп на своите следбеници им рече дека пред нив е јасен избор - или ќе му обезбедат победа или „нашата земја ќе биде засекогаш ...
PrivatePrint studio е асоцијација за интердисциплинарно истражување и пракса во современата уметност, основана во 2018 година. Целите на студиото се насочени кон научно и интердисциплинарно истражување и пракса во современата уметност и култура, со посебен фокус на уметничките книги како модел за современа уметничка пракса, гледана во поголем социокултурен контекст. Активностите на студиото вклучуваат организирање на изложби, публикации, ...
Таки Павловски, македонскиот сликар почина на 84 годишна возраст, на 18-ти мај, во својот сон. Роден е на самиот почеток на Втората светска војна во с. Желин (Костурско) и се смета себе како „дете на прогонот и вечниот немир“. „Моето детство беше растргнато, разграбено, уништувано. Тоа беше време на војни и прогони.“ Одлучувачките моменти за определност кон уметноста како животен повик, биле соочување со сликите на Димитар Пандилов и изложбата ...
Вториот дел од скопскиот градски парк пред земјотресот беше како прашума: имаше делови натскриени со крошни што правеа долу влажен самрак среде ден; имаше езерца и канали што беа плавени речиси секоја година, та во нив опстојуваше една цела барска биоценеза; имаше ливади што се шаренееја секое лето од милијарди разнобојни пеперутки; имаше на вардарските брегови вирови длабоки и мрачни, врбјаци густи, речни островца на кои неретко ќе видевме диви ...
пред некоја вечер, влегувам во New Age седнувам на маса, порачувам пијачка и чекам чекам да се случи нешто гледам наоколу многу луѓе исто како мене седат и ја пијат својата пијачка и чекаат чекаат да се случи нешто и вие што ја читате оваа песна чекате да се случи нешто во неа. барате нешто нешто посебно, да ве возбуди, да ве удри. веднаш ќе ви кажам, залудно чекате ништо нема да се случи во оваа песна. се смешкате, не ми верувате, си велите, ...
Кери Барнел е британска глумица, авторка и ТВ водителка. Напиша бајка за вила со едно крило која потоа ја изведуваше на театарска сцена. Зад себе има низа семејни претстави и ударни телевизиски емисии. Во 2009 година почна да води детски емисии на Би Би Си, што предизвика бурни реакции кај родителите: се жалеа дека еднораката водителка ги плаши децата. Со поддршка на организациите за права на лицата со инвалидитет продолжи да води детски емисии ...
Четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“, во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“, почнува вечерва на Мала сцена во Филхармонија. Фестивалот ќе трае до 20 мај. Организаторите на фестивалот најавија најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови музички изданија. „Ми се чини дека нашиот фестивал полека почнува да добива облик, па и да стои на сопствени нозе. Четврто издание, најквалитетна и ...
Документарецот „Се издигнуваме“ кој ја следи приказната на бендот Делта 7, чии членови имаат ментални инвалидитети е виден од милионска публика откако му е доделена престижна филмска награда. Делта 7 е рок бенд кој неодамна го објави својот деби сингл, The Jungle. Тие како и сите останати рокери - сакаат да бидат гласни. Самите ги пишуваат сопствените песни кои често содржат политички пораки. Нивната заразна хипнотичка музика е инспирирана од ...
„Окно“ во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“ и оваа година објавува фрагменти од делата кои беа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2022 година. Денес објавуваме извадоци од романите „Мастилна мапа“ на Марија Ралповска, и „Пештера“ од Максим Ристески. Претходните извадоци прочитајте ги овде. „Мастилна мапа“, Марија Ралповска, „Арс Либрис“ „Дваесет и деветти мај. Мојата интуиција ми кажува дека има нешто смрдливо околу ...
Лила Милиќ (Трансформа): Почитувани пратеници, претставници на граѓанските организации и претставници на дипломатскиот кор, 17-ти мај – Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата се одбележува несекаде низ светот со многу добра причина. Омразата кон оние кој отклонуваат од традиционалните норми и од сѐ она што е „општо прифатено“ е многу реална, вистинска и честопати се материјализира не само во стигма и дискриминација, ...
Отсекогаш сум мислел дека Марко Петрушевски ги гледа нештата попрецизно и појасно од она што можеби другите ги гледаат. И можеби таа негова проникливост го доведуваше да биде во позицијата на која ние останатите поретко се осмелуваме да застанеме. Длабок и аналитичен (и кога се зборува за него, ова навистина не се флоскули), но на непретенциозен, духовит начин. Беше од оние луѓе кои секогаш ќе се одлучат и најсериозните работи да ги раскажат со ...
Пред неколку дена почина Марко Петрушевски, поет, филмски творец, критичар, есеист, радио водител, преведувач... Еден од најинтересните и најнеобичните ликови во нашиот град. Во продолжение пренесуваме три негови песни и кратката творечка биографија. Дeновиве на Окно ќе објавиме и други работи од неговото творештво. Марко Петрушевски (26.11. 1975. ‒ 13.05. 2023.) Поетската збирка, „Еден млад збунет човек“, ја објавил во 2001 година и ја добил ...
Во целата историја на човештвото не се случило да разбереме некоја непознаница без да ја доведеме во врска со нешто познато. Веројатно на првите луѓе им било најтешко, но сепак, тргнала работата. Таа природно би требало да се одвива на експоненцијален начин, таква е природата на освојувањето на знаењето: денес 2, утре 4, задутре 8, па 16… Ако ги погледнеме математичките методи од Стара Грција од V век пред новата ера, на пример, тогаш би требало ...
Самоуката Лорен дела Рош живее во Сент Луис, Мисури, и започнала да се занимава со уметност и со развивање на својот талент после поттикот од нејзините пријатели, кои исто така биле уметници. Своето прво дело го изложила во Модерн Тајмс кафулето во Минеаполис 2012 година. Денес нејзините дела се во колекциите на „Музејот за уметност на Северна Дакота“ и „Институтот за уметност“ во Минеаполис, како и во бројни приватни колекции. „Моите фигури ...
Во чест на Светскиот ден на културните различности, кој се одбележува секоја година на 21 мај, Хелсиншкиот комитет за човекови права го приредува настанот „Турлитава – заедно е послатко“. Настанот ќе се одржи на 19 мај 2023 година во Паркот на франкофонијата – Мобилна галерија, со почеток во 16:00 часот. Целта на настанот е да се поттикне интеркултурниот дијалог и да се надминат предрасудите и стереотипите помеѓу различните етнички групи во ...
Со мали прекини, од депресија страдам уште од времето кога бев тинејџер. Некои од овие периоди беа крајно исцрпувачки - завршувајќи со самоповредување, повлекување (кога со месеци бев затворен дома, осудувајќи се да излезам само за да ги уверам пријателите дека сè уште сум жив или за да купам минимални количества храна кои ми беа потребни), и време поминато на психијатриско одделение. Не можам да речам дека се опоравив, но со задоволство можам ...
Теодор Богоевски, советник на претседателот на Владата за лица со попреченост, својата повеќегодишна заложба за креирање на стратегии и политики за општествено унапредување и интегрирање на лицата со попреченост го сублимираше во книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“. делото ќе биде промовирано на 18 мај во 12 часот во „Музејот на современа уметност“. Овој сеопфатен труд во книгата е систематизиран темелно, од неговата лична ...
Додека во Северна Македонија сé уште не слегнала прашината од тешките зборови на „контроверзниот“ владика на МПЦ ОА, Петар, кој феминизмот и родовата еднаквост ги прогласи за изопаченост, и предвиде „апокалиптично сценарио“ во кое на нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост, а веќе до ушите на јавноста во државава стигнаа слични обвинувања од патријархот на, сега веќе ...
Читајќи го најновиот роман на Сали Руни, Прекрасен свету каде си, на многумина читатели и читателки ќе им биде необично повеќекратното споменување на едно, денес, не толку познато име. Ејлин, еден од двата главни женски лика, која работи како помошник-уредник во едно книжевно списание во Даблин, во својата скромна библиографија може да го вклучи напишаниот „Есеј за романите на Наталија Гинзбург“. Претпоставувам дека на голем дел од читателите ...
Сер Артур Чарлс Кларк (16.12.1917 - 19.03.2008) е британски писател и иноватор. Тој и Исак Асимов важат за најпознати писатели на научна фантастика, но за разлика од него Кларк се држи цврсто до науката и нејзините реални хипотези и дострели. Главните теми на неговите романи и раскази се истражувањето на универзумот, времето и местото на човекот во вселената, како и можните последици на човековите контакти со вонземските интелигентни форми. ...
Ајде да не звучам од самиот старт на оваа колумна, како вечен нихилист и песимистички дефетист, и да кажам дека од „оваа дупка не бидува држава“, за да не „плукам“ по земјата што неизмерно ја сакам, ќе бидам попрецизен: од ова племе од народ, не бидува државотворна нација. Просто неверојатно е, невозможно, вие година и половина по добивањето на условениот почеток на преговорите со Европската Унија, кои во практика треба да значат трансформациска ...
Добро, Истанбул беше мој град уште пред воопшто да биде изграден олимпискиот стадион Ататурк, уште кога постоеше Инону, домчето на мојата турска екипа Бешикташ. Бешикташ, инаку, биле и соколи на Ататурк, зашто, знаете, во Истанбул, како и во Бразил, нема неутрални. Можеби мој град е Монтевидео, или Сантјаго де Чиле, или Лусака, којзнае. Треба да се провери. Во меѓувреме, мој град, покрај Скопје, е само уште Истанбул. Или поточно, според рангот: ...