Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Сите мои зборови туѓи се звуци од дамнешни договори сите мои зборови издишување се при умирање и одекнуваат во врисокот на новороденче сите мои зборови имаат корени на кои не им се знае почетокот сите мои зборови слуз се преточена од уста в уста на страсни љубовници сите мои зборови отпадоци се од минати назначувања сите мои зборови крици се на диви преиначувања сите мои зборови позајмици се од север и југ сите мои зборови избегале од пославните ...
Одлуките на задужбините на неколкумина книжевни имиња делови од добро познатите дела да бидат изменети и прилагодени на моменталниот сензибилитет разгореа жестока дебата во книжевниот свет и меѓу читателите: дали треба да се ажурираат класиците и, ако е потребно, како да се направи тоа. Од романите на Агата Кристи исфрлени се изразите како „ориентално“, „Цигани“ или „домородци“, а преработените верзии од книгите на Ијан Флеминг од серијалот за ...
Веќе долго имаме четботови кои се во состојба да водат вешти разговори, да ги препознаваат основните намери на соговорникот и да одговараат на прашања според однапред поставени правила и податоци. Нивните капацитети драматично се зголемени последниве месеци, што во многу кругови предизвика загриженост и паника. За системите на вештачката интелигенција кои наместо студентите ќе пишуваат домашни задачи е кажано доволно. Но прашањето кое бара ...
Џудит (Џуди) Хјуман е меѓународно признаена застапничка за правата на лицата со попреченост и според многумина родоначелник на движењето за правата на лицата со инвалидитет. Хјуман беше во првите редови на големите демонстрации за правата на лицата со попреченост, помогна да се донесе законодавство за правата на лицата со попреченост, основаше национални и меѓународни организации за застапување на правата на лицата со попреченост и беше на ...
Во склоп на долгорочниот проект Arts Hub, Ве покануваме на 11 април (вторник) во 19:00 часот да ни се придружите на првата Отворена средба за вклучување на уметничката и локалната заедницата. Идејата на овие отворени средби е поттикнување на дискусија и размена на идеи со заедницата со цел идентификување на локалните проблеми и потреби. На отворената средба е поканет секој кој сака да се вклучи во продуктивен дијалог кој ќе води кон нови и свежи ...
Се збра сѐ живо, и православно и муслиманско во земјава, сѐ живо што се смета себеси за верник, вознемирени и усојузени, против безбожниците кои застанаа зад еден бенигнен повик двете најголеми религии во земјава да не се провоцираат взаемно со наметливо звучно засилување на своите пеења, молитви и повици. Се чини дека едно вакво однесување имплицира став од типот „не ме интересира во што веруваш ти, ова е единствената можна вистина та ќе ја ...
Џудит (Џуди) Хјуман е меѓународно признатa застапничка за правата на лицата со попреченост и според многумина родоначалник на движењето за правата на лицата со инвалидитет. Хјуман беше во првите редови на големите демонстрации за правата на лицата со попреченост, помогна да се донесе законодавство за правата на лицата со попреченост, основаше национални и меѓународни организации за застапување на правата на лицата со попреченост и беше на високи ...
Често ги слушаме фразите „еднакво општество за сите“,„еднакви можности за сите“; зборот „инклузија“ се користи на сите страни, но, ми се чини дека сѐ уште доминираат предрасудите и неприфаќањето на сѐ што е ново и различно. Македонското општество, како и креаторите на културни политики во земјава, имаат интересен и комплициран однос кон џезот, од создавањето на државата до денес. Во рамки на СФРЈ, се применуваше таканаречениот агитпроповски ...
На годинешното издание на „Авицена женска трка“, се натпреваруваа 3000 учеснички, кои ја истрчаа рутата од 3км која почна на бул. Илинден кај фонтаната Лосос. Оваа е најмасовно посетена трка во неговите единаесет изданија, а Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје, изрази дека не само што е среќна поради масовноста туку и желба таа бројка да расте во нејзините наредни изданија: „Ги поканувам сите заинтересирани да се пријават и земат ...
Премиерот на земјата што најбргу влезе во ЕУ и која експресно стана дел од Шенген и евро зоната, Андреј Пленковиќ, проба вчера дел од тоа искуство да го пренесе во Македонија, во смисла – ова што ви го кажувам е реалноста, а не теориите за членство во Европската унија. И, многу се намачи да ја прати таа порака во политичките кругови во земјата и во јавноста, остварувајќи средби со сите што можат да имаат влијание на одлуката. Главната порака на ...
преземено од Дојче веле Како што ќе поминува времето со нашава рашомонијада на патот кон ЕУ, особено врзано со неприродната дихотомија околу уставните измени, ќе се намалува просторот за „фемкање“ и ќе се кристализира еден релативно бинарен избор: или ќе треба да ги прифатиме и донесеме уставните измени вака како што се поставени, без многу промени, или ќе треба унилатерално да ги прекинеме преговорите со ЕУ, и најверојатно да чекаме една до две ...
Оваа банкарска криза е поинаква. Всушност, сегашната криза е многу подлабока од онаа од 2007-08. Тогаш пропаста на банките кои пропаѓаа една по друга можевме да им ја припишеме на распространетите измамнички дејства, предаторското кредитирање, заговорите на агенциите за рангирање, сомнителните банкари и на уште посомнителните финансиски деривати – а сето тоа беше последица на демонтирањето на регулаторниот режим за време на мандатите на ...
„Колку вие Албанците сте многу хомогени, се држите заедно. Алал да ви е. Така треба!Види ги овие нашиве, очи ќе си извадат едни на други! За ништо не можеме да се договориме“, беа коментарите на една учесничка Македонка која ги упати кон друг учесник Албанец на една скорешна обука. Учесникот Албанец зачуден одговори дека всушност тој го мисли истото за Македонците, односно дека Македонците се многу хомогени и дека многу се држат заедно. И ...
Два пати неделно пред пролет да почне застанував овде и бранев на голов: фудбалот, за душата на младото момче, значеше битка со болот. Зад викетот, денес, секој мајски викенд, со коскобран и палка сум веќе: о, глеј го синот на болки: на крикет пробува да биде среќен. И ќе пробувам уште; од тоа штета нема: да се чуди човек колку малку смеа ги држи коските на луѓето над земја наместо под неа. Препев: Виктор Јованоски Алфред Едуард Хаусман (Alfred ...
Во резиденцијата на Европската Унија на 5 април беше отворена изложбата „На работ на зборовите“ во која се опфатени дела на шест современи македонски уметници што ја разгледуваат врската меѓу зборовите, јазикот, комуникацијата и општеството. Како дел од низата активности на Делегацијата на ЕУ со цел да се слави јазикот, особено македонскиот јазик и литература, во резиденцијата на ЕУ е поставена изложбата „На работ на зборовите“. Изложбата ги ...
‒ Што си, бе, ти? ‒ Ништо, никој и ништо. ‒ Прашав – што си, полжаву низаеден! ‒ Ништо. Обично, никакво ништо!... ‒ Што е, како да ми се двоумиш, некако, а? ‒ Никако... Господарке! ‒ Хмм... Добро, робу. Добро, полжаву! ‒ Да! ‒ О, да!... ‒ А-а, ах... ‒ Боли? Боли, боли... Сакаш да боли! Нели? Што си ти сега? ‒ Благодарен... ‒ Што? ‒ Благодарен! ‒ Добро кученце, добро... ‒ Фала ви, господарке!... ‒ Доста! На колена! ‒ Оф!... ‒ Така, така... Земи ...
Минџа-минѓуша (позната и како транџа-нинџа) на клупа во парк седнала крај тртка-тртица и тртос-тртарош, кои се исплашиле и избегале. *** Минџа-минѓуша на клупа во парк им задала загатка на курчо-пиздач (познат и како кривец), и ташак-пимпач (познат и како куротресина): „Што е тоа: Тврдо-свиткано, во девојка пикнато; чеша и знае да биде мака, ама таа го сака.“ „Појма неаме, може три опции“, рекле курчо-пиздач и ташак-пимпач после десет секунди ...
Една стара теорија на заговор за временски патник се појави повторно во медиумите во земјава. На 27.03.2023 неколку портали објавија наслов: „Маж од иднината се вратил во 1995 година и го снимал мечот на Тајсон со мобилен телефон“. Но, во текстот не се наведуваат никакви докази за ова тврдење. Напротив, во видеото старо 6 години, се вели дека мечот е најверојатно снимен со рана верзија на камкордер. Инаку, оваа теорија на заговор беше ...
-Вашето најрано сеќавање за книгата и за читањето? „Чук и Гек“, од Аркадиј Гајдар, во издание на „Кочо Рацин“ од 1960. Сè уште ја имам дома. Уредник на изданието е Мето Јовановски, а редакцискиот колегиум го сочинуваат Славко Јаневски, Матеја Матевски, Бранко Пендовски и Ацо Шопов. Приказната почнува со мала тепачка помеѓу двете братчиња Чук и Гек, а завршува со фанфари од љубов кон СССР. -Која книга би ја нарекле книга на вашето растење? ...
Споменикот на Ќосето поставен пред судската палата беше еден од симболите на колачката политика и тефтер судиите на која се потпираше режимот на Груевски. Јасна беше тогаш пораката на Груевски со Ќосето пред судот – или си со мене или си под ножот на Организацијата. Дојде Шилегов и во 2018 година му ги мавна клоците. „Споменикот на Андон Лазов Ќосето беше дивоградба и затоа Град Скопје го отстрани, а на негово место ќе засадиме дрво на човекови ...
Приказната за легендарниот кинески поет Ќу Јуен завршува трагично. Живеејќи за време на деструктивниот период на завојувани страни кој траел од 481 до 221 п.н.е., Ќу Јуен важел за влијателен писател и политичар, кој бил протеран од кралот Хуаи на династијата Чу и последователно, поминал голем дел од својот живот, патувајќи низ земјата работејќи на своите стихови. Сепак, животот во егзил не му годел на поетот, што предизвикала состојба на длабока ...
Во Брисел е пролет и Европската унија е во замав. Нејзините лидери и институции ги разбуди војната во Украина. „Војната нè потсети што всушност е Европа“, ми зборуваа луѓето за време на неодамнешната посета на главниот град на ЕУ. Популарната теорија вели дека европските интеграции напредуваат преку криза. Навистина, понекогаш е така, а понекогаш не. Само најтврдите евро-оптимисти би можеле да тврдат дека европското единство навистина зајакна во ...
„Окно“ во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“ и оваа година објавува фрагменти од делата кои беа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2022 година. Денес објавуваме извадоци од уште два романи. Претходните извадоци прочитајте ги и овде. „Само Бог простува“, Анде Јанков, „Антолог“ На излогот од кафе-книжарницата Метаноја висеа неколку наслови на книги, за кои Виктор досега не беше слушнал. Секако, широкото познавање на ...
За познавачите на состојбите во градежништвото обидот на градоначалникот Герасимовски да го реши проблемот со дивоградбите преку нивна конфискација не само што не е реален, туку не го ни начнува евентуалното решение. Архитекотот проф. д-р Мирослав Грчев во интервју за Локално, посочува дека деценискиот проблем со дивоградбите е многу поголем и исклучително сложен, а произлегува од апсурдноста на нашиот правен поредок во кој бесправните градби ...
Излогот на бутикот гледа кон главната калдрма на гратчето и воопшто не изгледа привлечно. Изложните стакла се скромни, замачкани, одамна неизбришани. Она што ја разбива монотоноста на глетката однадвор е една барбика оставена на средината од излогот на бутикот, која изгледаше како да е ставена таму како трофеј. На влезната врата од бутикот висеше знак на кој пишуваше турска роба. Внатре претежно се продаваа фармерки и тексас палта. Секое парче ...
Како да е прегазен со кочија на доселеници во бегство Мртов кос лежи на римскиот пат, во парченца. Оној кој отсекогаш бил овде, и никогаш не заминал. Ветрот направил едра од перјето на птицата. И така можеше да забележиш како е оставен отстрана Пред полудените хорди, врз тлото срушениот брат. Било од Дакарците, Хуните, монголските коњи, Тој отсекогаш бил одвлекуван од близината на своето гнездо. И тоа беше тоа. Без долготрајните смртни агонии. ...
Во Македонија, која се смета за унитарна држава, се поделени мислењата дали земјата функционира како официјално двојазична или не. Во зависност како кој ги толкува нештата. Успехот во упорноста на туркањето на „јазичниот балансер“ во општеството, како што деновиве можеше да се слушне, е неоспорен, така што, меѓу другото, „имаме три парламенти во регионот што сега се водат на албански јазик“. На сајтовите на некои министерства, или на ...
Мерките од програмата ИПАРД се повеќе стануваат актуелни во јавноста и меѓу бизнисмените. Но колку всушност сме запознати што точно претставува ИПАРД, кој може да ги користи овие средства и каква е процедурата да се инвестира со помош на овие грантови. Она што најчесто се коментира кога ќе се спомне ИПАРД или било која поддршка од државата е, дека тешко се доаѓа до овие пари, односно паушални изјави кои најчесто се резултат на недоволна ...
Музејот на современата уметност – Скопје Ве поканува на отворање на 14.Биенале на млади уметници со наслов „Будења“ (Awakenings) на 6 април (четврток), во 20 часот. Куратори на изложбата се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски. На изложбата ќе земат учество 38 млади уметници од земјава и од странство. Изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура на Р.С. Македонија, и со поддршка на Амбасадaта на Кралството на Шведска ...
Информативните напади се составен дел на модерното војување. Кремљ системски се обидува да ја попречи мотивацијата и на украинската војска и на цивилното население. Информативните напади и психолошките операции имаат за цел да го дестабилизираат општеството, да ги деморализираат луѓето и да го туркаат воено-политичкото раководство на погрешни одлуки, анализира украинскиот Центар за стратешки комуникации и информациска безбедност. ...