Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Зошто би се запрашала нешто таа виртуелна ава, раздувана и однесена од временските ветришта, зошто сè уште би се употребувал поимот левица, кој веќе одамна нема никаква препознатлива содржина, зошто би постоел збор за нешто што не само што веќе не постои, туку и предизвикува недоразбирања и заблуди со самото спомнување? Секој ден исчезнува по некој животински или растителен вид, по некој јазик, по некој занает. Богатите се од ден во ден сè ...
Пејачката Аструд Жилберто почина на 83 години, а ќе остане запаметена по интерпретација на легендарната песна „Девојката од Ипанема“. До средината на 1960-тите, нов „чип“ го освои светот на музиката. Велат дека вака – „нова карактеристика“ или „нов стил“ – зборот „босанова“ е преведен од португалскиот жаргон. Босанова е родена на пресекот на два (на прв поглед, толку различни) жанрови – американски кул џез (од „кул“ – „ладно“) и страсни ритми на ...
Ова го пишувам во Граб, последното село од општината Нови Пазар во правец на општина Ивањица. Граб е селото во кое се родив. Во куќата во родното село имам едно сопче и во него голема сталажа со книги. Книгите се набавувани во осумдесеттите години, само понекоја на сталажата е додадена подоцна. Меѓу книгите, на средината од сталажата и на средина на полицата, на метар височина од подот, одамна стојат наредени, во должина од половина метар, ...
Ајде да го деконструираме наративот дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената патриотска партија која стои на браникот на националните интереси на народот во држaвата кој ги опфаќа: Македонците, Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите, Хрватите, Еѓипќаните, Бугарите и сите останати. Што добиваме и што ќе добиеме од инаетчискиот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ: Изолација наместо интеграција. Ова не е празна флоскула колку и да сакаат од ВМРО-ДПМНЕ и толкувачите ...
„Ние“, Ана Стојаноска, „Арс Либрис“ „Тој не е за тебе“, гласот му се пробиваше низ попладнето. „Зошто“, не успеав да го изговорам прашањето докрај зашто ме прекина и пред да ја дозатворам устата во обид да го формулирам прашањето.„Едноставно e помал од тебе дванаесет години“. „Да беше обратно немаше да биде проблем“, одговарам додека отпивам од кафето. „Да, да беше обратно може немаше да биде. Ама ние не сме во Њујорк, во Скопје сме и тука сѐ е ...
„Еластично насилство“ е изложба која нуди поинаква перспектива на чинот, последиците и асоцијацијата за семејното и физичкото насилство врз квир мажите кај коишто изразувањето на секуалната ориентација и ненормативниот родов израз се видливи уште од рана возраст. Како референца во своите дела, Јосифовски ги користи насилните ситуации кои датираат од неговото детство. Во процесот на уметничко истражување поврзано со подготовката на оваа изложба, ...
Модерната политичка теорија тврди дека социјалната инклузија се гради врз темелите на еднаквата морална вредност на сите луѓе. Идеалот за универзално општество, од една страна, го нагласува тоа што е заедничко за сите луѓе, а од друга страна бара еднаков третман, во смисла дека законите и правилата се нечувствителни кон индивидуалните и групните разлики. Сепак, општествената феминистичка критика укажува на тоа дека реалноста е поинаква: и покрај ...
Европската еврејска асоцијација (ЕЈА) на 14 мај одржа годишна конференција во Порто, Португалија, каде усвои резолуција во која се бара антисемитизмот „да се третира одвоено од другите облици на омраза и дискриминација“. ЕЈА исто така ги повикува „другите еврејски организации да ја отфрлат интерсекционалноста“ - концептуална рамка која категоризира разни групи како привилегирани или угнетени. Оваа асоцијација смета дека „антисемитизмот е ...
На тротоарот на улицата Орце Николов во скопско Дебар Маало поставена е канта која зборува и ги опоменува минувачите да не го фрлаат ѓубрето кај ќе стигнат. Интерактивната канта за отпадоци е поставена од Центарот за современи уметности со цел да се подигне свеста кај граѓаните за правилно одлагање на отпадот. „Се надеваме дека опоменувајќи ги граѓаните, но и надлежните на ваков креативен и по малку хумористичен начин ќе успееме барем малку да ...
Во читачка писменост, односно во читање со разбирање, Македонија со освоени 442 поени се најде под меѓународниот просек кој изнесува 500, покажа најновата ПИРЛС 2021 меѓународна студија(Progress in International Reading Literacy Study), која беше објавена неодамна. Последен пат македонски ученици учествуваа во ПИРЛС во 2006 година, а она што загрижува е што бројот на освоени поени и тогаш и сега е ист – 442, што е индикатор дека за 15 години, ...
ПРВО ПА ЖЕНСКО е фестивал за феминистичка култура и акција и има за цел да ги промовира и поддржи феминистичките уметнички пракси, да го засили женскиот глас и да ја поттикне дебатата за родовата рамноправност и социјалната правда. Во 2021 година, ПРВО ПА ЖЕНСКО ја трансформираше својата изведувачка програма во платформа за едукација и продукција во полето на изведувачките уметности насловена ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ. Со поддршка од The ...
Во читачка писменост, односно во читање со разбирање, Македонија со освоени 442 поени се најде под меѓународниот просек кој изнесува 500, покажа најновата ПИРЛС 2021 меѓународна студија (Progress in International Reading Literacy Study), која беше објавена неодамна. Последен пат македонски ученици учествуваа во ПИРЛС во 2006 година, а она што загрижува е што бројот на освоени поени и тогаш и сега е ист – 442, што е индикатор дека за 15 години, ...
Во книгата „Добри и бесни: Револуционерната моќ на женскиот гнев“ Ребека Трејстер ги повикува читателите да изгуглаат име на било која од моќните жени кои се во политиката, особено оние кои ја предизвикуваат моќта на белите мажи и нивниот авторитет, па така ќе наидат на низа на жени кои се емотивни и врескаат. „Најдобар начин да се дискредитираат овие жени е да се прикажат како непривлечни. Чинот на жената која e сигурна и го крева својот глас ...
Пренесено од Дојче веле Сведоци сме на драматични настани во регионот, кои се производ на глобалната геостратешка криза. Прекршувањето на копјата помеѓу Русија и „западот“, повторно, во значаен дел, се одвива преку Балканот. Во обид да го стабилизираат регионот, да спречат понатамошни ескалации и проблеми, НАТО и ЕУ се во (релативно) координиран обид да ја забрзаат евроинтеграцијата на земјите-кандидати. Од друга страна, во обид да им создаде ...
Добитниците на главната награда „Златна трига“ на претходното издание на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор, Филип Јовановски и Ивана Васева, годинава се кураторски тим на изложбата „Градот како сцена“ на Националниот павилјон на Република Северна Македонија на квадриеналето, кое ќе се одржува од 8 до18 јуни 2023 во Прага, Чешка. Преку делата на уметниците Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт Идризи, ...
Реџеп Таип Ердоган со добиени 52,18 проценти од гласовите победи во вториот круг на турските претседателски избори одржани на 28 мај и влезе во третата деценија од своето владеење - на власт дојде уште во 2003 година како премиер. Кандидатот на здружената опозиција Кемал Киличдароглу од кемалистичката ЦХП освои 47,82 проценти, а изборите ги карактеризираше како „нејнечесни“. Ердоган во победата го впрегна целиот државен апарат, а контролира и ...
По кусо боледување на 69-годишна возраст почина карикатуристот, историчар на уметноста, куратор и ликовен критичар Лазо Плавевски. Тажната вест ја потврдија и од Музејот на современата уметност-Скопје. Нивната објава ви ја пренесуваме во целост. Со длабоко жалење ја известува јавноста, нашите пријатели и поддржувачи дека по кусо боледување, нѐ напушти нашиот драг колега и пријател Лазо Плавевски. Лазо Плавевски e роден 1954 година во Скопје. Во ...
Освен претседател на држава, потпретседател на влада или нешто такво, денес е најдобро да се биде писател кој пишува за животот во тоталитаризмот. Со тоталитаризмот нема неизвесност. Уште ако темата е животот во комунизмот, е тогаш, што и да напишеш, тоа е просто осудено на успех. На преведувања, на просветлувачки турнеи, на гламур! Ние, децата на југословенскиот социјализам, не сме ни знаеле дека живееме во комунизам, никој никогаш тоа не ни го ...
Се разбира, за мене претставува големо задоволство одлуката на жирито токму мојот роман да ја добие високата награда - да биде прогласен за „Роман на годината“. Оваа награда, низ своето дваесет и четиригодишно постоење, се стекна со значајно реноме: таа несомнено, секоја година, го побудува интересот на јавноста и станува своевидно мерило за температурата на нашата книжевна клима. За мене посебна тежина на наградата ѝ ја дава фактот што, од ...
Новите истражувања покажуваат дека историските докази за бакнувањето досегнуваат 4 500 години во минатото, односно повеќе од илјада години порано од она што се сметаше досега. Научниците Троелс Панк Арбол и Софи Лунд Расмусен неодамна објавија статија во угледното списание Nature. Врз основа на прочување записи со клинесто писмо на глинени плочки тврдат дека бакнежите биле вообичаени во древна Месопотамија, односно на териториите на денешните ...
Тринаесеттиот Филозофски филмски фестивал оваа година ќе се одржи во периодот од 2 до 9 јуни во Скопје, во Кинотеката на С. Македонија и во летното кино „Мирно лето“. Отворањето на Фестивалот ќе биде на 2 јуни (петок) со почеток од 20.00 ч. во Летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката, со музичкиот перформанс „Букршлиев/Мирческа Свират Колтрејн“ на Филип Букршлиев и Андреа Мирческа и македонската премиера на „Некрстени денови“ (Ballad of Piargy, ...
Единаесеттото издание на Викендот на гордоста Скопје се отвора на 1 јуни во 20:30 часот во МСУ, со изложбата „Сеќавајќи се на иднините“ (Remembering Futures) на познатиот уметник Карол Раѓишевски. Фестивалот ќе трае од 1 до 13 јуни во Музејот на современа уметност, МКЦ и КСП „Центар-Јадро“, а овогодишниот тематски фокус е КВИР-ХРОНОПОЛИТИКИ: Историја, афекти, утопии. Проблемите што ќе ги адресира годинашното издание тргнуваат од мноштвото ...
Изразот „европски вредности“ се користи толку често што веќе почнува да го губи своето значење. Изразот „европски вредности“ се користи толку често што веќе почнува да го губи своето значење. Би навел еден интересен пример за тоа што содржи во себеси овој израз, а кој со мене го споделија мојот драг професор Георги Каприев и неговата животна сопатничка проф. Антоанета Дончева. Точно го помнам местото и времето на разговорот – Летната школа на ...
„Број 77“, Мирјанка Селчанец, „Андриано“ Замина девојката по улицата „ЈНА“, откако повторно ѕвонеше на вратата од семејството Тодорови. На „ЈНА“ виде десетина големи станбени згради, во кои живееја воени лица. Беа во урнатини. Истата слика ја виде лутајќи и по улицата „Илинденска“, па на плоштадот „Слобода“, плоштадот „Маршал Тито“... Тука го догледа прво лустерот што висеше во Големата сала од Офицерскиот дом каде таа пееше предминатата есен, а ...
Тала Мадани е американскa современa уметница со иранско потекло која е најпозната по своите фигуративни слики, кои содржат комични и гротескни сцени. Во нив често се појавуваат средовечни ќелави крупни мажи чиј либидинален хаос предизвикува пустош во било која ситуација во која ги поставува таа. Тоа се мали катастрофи кои истовремено се забавни, нежни и страшни. “Моите ликови си играат на начин кој е несоцијализиран. Но тоа не е обвинување туку ...
Што сакаш да бидам кога ќе пораснеш? Те знам, крушко, уште кога беше круг. Cogito ergo sumljiv. Те знам, библиотеко, уште кога беше библија! Можев да ти бидам и сегашна и идна, ама ти сакаш вчерашни. Наречи ме идеалист, но мислам дека си глуп. Му го отворив срцето со виолински клуч. Одвај се извлеков; му влегов во едното уво, му излегов од другото. Нема зошто да ти се лутам, и јас ќе си се качев на глава да можев. Ваква сум пошо немам извод ...
Европската опсерваторија за дигитални медиуми ЕДМО (edmo.eu) објави анализа „Правата во време на конспирации и лажни вести: дезинформации против LGBTQ+ во ЕУ“. Во анализата на мрежата за проверка на факти на ЕДМО се истакнува дека „Погрешните информации и дезинформациите насочени кон LGBTQ+ заедницата се едни од најприсутните и најконзистентните во Европската Унија“. „Се чини дека лажните вести на оваа тема стануваат се поподмолни, со неосновани ...
Народот Бајау живее во водите на југоисточна Азија, немаат своја држава, не гледаат во часовник и не слават родендени. Секој ден се во вода речиси по пет часа, ловат риба уште од осум години, а слезенките им се двапати поголеми од просечен човек. Некои сметаат дека таканаречените номади всушност еволуирале за да живеат на море. Точното потекло на овој народ не е познато. Знаеме дека се етничка група со малајско потекло и дека веројатно се ...
Томас Квастхоф е роден со инвалидитет како последица на употребата на лекот талидомид кој го користела мајка му како лек против утринска мачнина. Талидомидот предизвикал факомелија, вродено пореметување кое се карактеризира со недостаток на делови во рацете или нозете. Првата година од животот ја поминал во гипс, за да му се исправи десното стапало кое било свртено наназад. Следните шест години бил во резиденцијална установа за деца со ...
Во 2022 година се случи голем напредок за конечна декриминализација на личната употреба на дроги вклучително и на канабисот. Имено здруженијата ХОПС- Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини преку свои претставници учествуваа на седниците на работната група формирана од Владата на Република Северна Македонија која работеше на законските измени и нивниот предлог за допрецизирање на членот 215 од Кривичниот законик со цел јасна примена на ...