Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Некој сериозно манипулира со вработените во Филхармонија на Северна Македонија, и ова веќе сериозно мириса на вмровштина. Оваа постапка, жолти ленти, е типично вмровска постапка да се первертираат приказните на затвореното општество и тоа што некогаш беше нивни трејдмарк, сега да му се „закачи“ на некој друг. Жолтите ленти не се ништо друго освен трагично сеќавање на едно затворено, класутрофобично, хомофобично и мразачко општество, односно ...
Зошто некои историски личности ги памтиме по инвалидитетот, како на пример Хелен Келер, додека инвалидитетите на другите се потполно избришани од сеќавањето, како во случајот со Роза Луксембург – останува нејасно. Но неспорно е дека стекнувањето инвалидитет имало пресудна улога во животниот пат на Роза – инвалидитетот бил нејзина влезница во академскиот свет. Роза Луксембург била петто и најмладо дете на еврејско трговско семејство од Полска. ...
Рива Лерер е американска сликарка, писателка, професорка и активистка во областа на попреченоста. Родена е во 1958-та година во Синсинати, Охајо, со спина бифида поради која поминала низ мноштво операции во текот на нејзиниот живот, започнувајќи во нејзиното рано детство со цел да го направат нејзиното тело повеќе „нормално“. Бидејќи поминала значителен дел од своето детство во болница, таа добила интимен поглед во механизмите на медицината кој ...
Го препрочитувам веројатно најдоброто големо книжевно дело напишано на планетата Земја во 21 век, феноменалниот автобиографски роман на Ѓорѓе Лебовиќ „SEMPER IDEM“, и во финалето налетувам на метафора толку силна и толку болно вистинита, што застанав во читањето, буквално засркнат и со замаглен поглед, преплавен од асоцијации и сеќавања. Пред самиот крај на романот (прекинат од смртта на писателот и покус за последните три поглавја), Лебовиќ ...
Јутјуберот Стефан Лазаров кој после своето интервју со Драган Павловиќ - Латас пред два месеци предизвика бурни реакции, продолжува со истиот тип содржини. Јутуб „инфлуенсерот“ Стефан Лазаров пред две недели направи интервју со контроверзниот српски криминалец, Кристијан Голубовиќ, од кого бараше во детали да му ги раскаже кривичните дела кои ги направил – како се пресметувал со „најлошите Албанци“ во и вон затворот, која е разликата меѓу ...
Отвореното писмо на Институтот за иднината на животот во кое се бара шестмесечна пауза во развојот на вештачката интелигенција го потпишаа илјадници влијателни личности вклучувајќи го Илон Маск. Потписниците ги загрижува тоа што лабораториите за вештачка интелигенција „влегоа во неконтролирана трка“ за развој на сè помоќни системи кои никој, вклучувајќи ги нивните креатори, не може да ги разбере, предвиди или контролира. Како да се објасни овој ...
Процесот на иселување не ги одминува и селата на Осогово кои се испразнети, па затоа овошките беа оставени без грижа. Македонското еколошко друштво (МЕД), заедно со јавното претпријатие за заштита на Осогово, започна проект за зачувување на старите овошни сорти во овој крај. Во соработка со професорот по овоштарство д-р Тошо Арсов, започната е инвентаризација и картирање на старите овошни дрвја и дефинирање на мерки за нивно зачувување и ...
Градот е концепт. Неговата физичка големина и богатство не значат ништо, ако нема концепт. Секој што живее во еден град, треба тоа да го заслужи, треба да знае што може и што треба да му даде на еден град, и што може да очекува од него. Еден од најубавите градови на светот е воедно е еден од најкомплексните човечки (колективни) зданија. Безбројни генерации на луѓе ги испреплетоа своите судбини со овој пулсирачки гигант кој се простира на два ...
„Окно“ во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“ и оваа година објавува фрагменти од делата кои беа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2022 година. Денес објавуваме извадоци од романите „Столб што пее“ на Томислав Османли, и „Солзите на Анастасија“ на Даница Пеовска. Претходните извадоци прочитајте ги овде. „Столб што пее“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“ - Колку долго ги познававте моите родители, сер Вилијам? - О, долго... ...
Заврши и светското првенство на богатите. Финалниот натпревар траеше подолго од кој било досегашен и во него Аргентина стана првак на светот. На пенали. Натпреварот едвај беше завршен, а разно-разни умни глави, сѐ стручњак до стручњак, натпреварот го прогласија за најдобар воопшто. Овие денови се накотија купишта такви мудреци. Натпреварот во кој за речиси 150 минути игра беа постигнати шест гола од игра, од тоа половина од пенал, не може да ...
Србија се претвори во експрес-лонец со систематски избегнувања на демократските реформи. Во право е премиерката на Србија Ана Брнабиќ кога реагирајќи на двата последователни масовни убиства, вели дека не може да се каже дека системот потфрлил. Не потфрлил системот. И тоа како е жив и опасно долго функционира преку разни власти, кои како да ја осудиле земјата никогаш да не го дочека крајот на транзицијата. Денес сите сме затекнати од најморбидни ...
Промоција на поетската книга „Живот на меѓукат“ од Јовица Ивановски, ќе се одржи во четврток (11 мај), во Културно-информативниот центар. Во четврток (11 мај) во 20 часот, во Културно информативниот центар, во изложбениот салон „Империјал 1“, ќе се одржи промоција на поетската книга „Живот на меѓукат“ од Јовица Ивановски. Ова е неговата осумнаесетта збирка поезија и првата по добивањето на наградата „Браќа Миладиновци“ за книгата „Човек“ (2019). ...
Скопје беше домаќин на седмото издание на HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ, на 7-ми мај 2023 (недела), со почеток во 10 часот пред Градската арена „Борис Трајковски“ и е една од најпосетените и најзабавните трки во земјата. Целта на трката е да се збогати понудата на квалитетни трки во Скопје, како и да се подигне свеста за активен живот на населението. Трката е отворена за сите возрасни категории и нива на подготвеност, а должината на трката беше 10 ...
Исказ на уметницата Целиот живот сум уметница. Сакам да бидам ангажирана во светот на многу нивоа. Кога сликам се чувствувам жива. Ангажирана. Предизвикана. Наоѓам смирување во тоа што можам да се задлабочам во светот околу себе преку процесот на сликање. Мојата посветеност на работата бара бестрашност, издржливост, енергија и реално присуство. Сепак, бидејќи сум уметница со инвалидитет, сликањето отсекогаш беше борба. Не можам да го отфрлам тоа ...
Лоис Кејдан (Lois Keidan) е соосновачка и бивша раководителка (од 1999 до 2021 г.) на Агенцијата за развој на живата уметност (Live Art Development Agency) во Лондон. Се занимава со истражување, архивирање, со модели на професионален развој, поттикнувајќи проекти и иницијативи за развој на практиките и дискурсите за живата уметност во Лондон и на меѓународно ниво. Агенцијата за развој на живата уметност ги развива live art практиките и ...
Во 2023 година, ПРВО ПА ЖЕНСКО ќе го одбележи своето единаесетто издание со програма посветена на интерсекцискиот феминизам и новите дефиниции за моќта, кои порачуваат: „Во новата деценија од постоењето на нашето ПРВО ПА ЖЕНСКО, зачекоруваме со зборовите на Одри Лорд: „Индината на Земјата веројатно зависи од вештината на жените да идентификуваат и развијат нови дефиниции за моќта и нови начини за поврзување преку различностите.“ Фестивалот ќе ...
На 6-ти мај се одржа крунисувањето на кралот Чарлс III. Поканите за крунисувањето беа дизајнирани од Ендру Џејмисон - хералдичар чии дела се инспирирани од витешката тема на легендата за Артур. Оригиналот на поканата е нацртан рачно во акварел и гваш техника, а репродукцијата испечатена на рециклирана хартија украсена со златна фолија. Централниот елемент на дизајнот е Зелениот човек: древна митска фигура од британскиот фолклор која означува ...
„Мона Лиза“ на Леонардо Да Винчи е едно од најпознатите уметнички дела во светот, познато по својата убавина, како и по мистеријата околу идентитетот на моделот и локацијата насликана зад неа. Извор на дебата со векови, селото Понте Буриано, предградие на Арецо во регионот Тоскана во Италија, е толку убедено дека мостот зад Мона Лиза е Понте Буриано што го направија клучна карактеристика на нивната локална туристичка кампања за добредојде во ...
За frondescence, ombrophilous, petrichor, apricity, и патот во Скопје, на суд. Psithurism или радувањето на брезовото frondescence, цапајќи по ombrophilous тревишта, обидувајќи да надушам petrichor, ловејќи ги ретките мигови на apricity Априлот дојде и пројде, а јас не пишав ништо, затоа сега во два наставци (првиот склепан и на денот на македонскиот, па затоа и у patois, пошо секој јазик шо држи до себе мора да го има), за да покриеме некои од ...
Татко ми беше отелотворување на либерален поединец. Иронијата е во тоа што беше и доживотен марксист. За да живее мораше да им го продава својот труд на шефовите на челичарницата во Елефсина. Но секоја пауза за ручек ја поминуваше лутајќи во отворениот двор на Археолошкиот музеј, уживајќи во новооткриените древни стели кои покажуваа дека античките технологии биле многу понапредни отколку што се мислело. Од работа се враќаше околу 17 часот и по ...
„Окно“ во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“ и оваа година објавува фрагменти од делата кои беа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2022 година. Денес објавуваме извадоци од романите „Времето пред приказната“, на Митко Маџунков, и „Наследство: Прозорецот“ на Јордан Коцевски. Претходните извадоци прочитајте ги овде. „Нема шума без волци“ Велко Неделковски, „Пагома Прес“ Обѕирно тропкање по дрвена површина. Потоа настојчиво ...
Седам копчи на сунцу (Седум конци на сонцето) на Драгана Младеновиќ е најдобро оценетиот ракопис на конкурсот за текст за сликовница на тема попреченост. Текстот на Младеновиќ на мошне креативен и духовит начин го парафразира мотивот на Храбриот кројач, познат од бајките. Во современата бајка на Младеновиќ Храбриот кројач е слеп, а повеќето актери имаат некој проблем: некои принцези и принцови се во инвалидски колички, некои актери имаат штаки, ...
Град Скопје ја заврши реконструкцијата на улицата „Френклин Рузвелт“ на потегот од крстосницата со булевар„Партизански одреди“ до крстосницата до булевар „Илинден“. Но и покрај реконструкцијата, оваа важна сообраќајница во центарот на Скопје остана без обезбедена велосипедска патека, а на многу места едната сообраќајна лента е нефункционална затоа што има паркирани автомобили. Реконструкцијата на „Рузвелтова“ без да бидат изведени велосипедски ...
Изложбата на Институтот за костуми го преиспитува делото на Карл Лагерфелд (1933–2019). Фокусирајќи се на стилскиот речник на дизајнерот, изразен во естетските теми кои постојано се појавуваат во неговиот моден јазик од 1950-тите до неговата последна колекција во 2019 година, поставката во центарот на вниманието ја поставува уникатната работна методологија на дизајнерот роден во Германија. Еден од најтрајните стилски интереси на Лагерфелд беше ...
- Вашето најрано сеќавање за книгата и за читањето? - Како и кај сите други автор(к)и од мојата гутенберговска генерација, моите најрани сеќавања за книгите се поврзани со приказните од сликовниците, често печатени во формат помал и од џебен нотес, богато илустрирани и со куси текстови. Се сеќавам на витрината во која беше заклучена школската библиотека во големиот ходник, чијшто волшебен клуч го имаше една од наставничките, а јас бев во ...
На саемот на книгата 2023 можете да ја набавите првата македонска графичка новела (стрип) која е направена со помош на вештачка интелигенција. Се работи за графичка новела направена според романот „3 минути и 53 секунди“ на Берт Стајн/Бранко Прља која за прв пат ќе можете да ја видите и набавите на Саемот на книгата (штанд на Антолог) од 4 до 10 мај во Арената „Борис Трајковски“. Ова дело беше во финале за „Роман на годината“ 2015, преведено е ...
Сара Бернар била силна и комплексна личност, најпозната глумица на својата доба, а нејзиното име продолжило да биде синоним за гламур и драма дури и за оние кои никогаш не ги гледале нејзините филмови и фотографии. Понекогаш нарекувана мајка на сите диви, Сара Бернар била позната по екстравагантниот, блескав стил, речиси исто како и по глумечкиот талент. Сепак, била многу повеќе од глумица. Била сликарка, скулпторка и писателка, како и способна ...
Секој трет адолесцент изјавил дека има симптоми на депресија. Многу поголема е веројатноста девојчињата да пријават симптоми на депресија во споредба со момчињата – дури шестпати повеќе. Околу 42 отсто од адолесцентите пријавиле дека доживеале умерени до сериозни симптоми на анксиозност, а пројавиле и повисок интензитет на суицидални мисли како последица на депресијата и стравот од ковид-19. Ова го покажало истражувањето на УСАИД, УНИЦЕФ и ...
Нека ми биде дозволено изговорот за настанувањето на овој текст да го оправдам со тоа што го кажал Фернандо Песоа: сѐ е достојно за труд, ако душата не е ситна. Tudo vale a pena se a alma não é pequena. Тоа е извадок од песната „Португалско море“. Во таа песна младиот поет Песоа му поставува прашање на морето дали е вредно за трудот да се поднесуваат сите маки за тоа да стане португалско. И песната ја завршува така што заклучува дека Бог на ...
Изразот „лице во лице“ воедно подразбира интимност но и конфронтација. Во Меѓународниот центар за фотографија тој израз е позајмен како наслов на изложба која ги претставува портретите на уметниците фотографирани од Тацита Дин, Брижит Лакомб и Катрин Опи. Во фокусот на групната изложба е феноменот наречен „портрет на уметникот.’ Кураторка е Хелен Моулсворт, а субјекти се авторитети како Пети Смит, Маја Ангелоу и Џоан Дидион кои имаат практика на ...