Од 1 до 13 јуни, Скопје ќе биде домаќин на единаесеттото издание на Викендот на гордоста, фестивал за квир култура, уметност и теорија. Фестивалот ќе се одржи на три локации низ градот: Музејот на современа уметност, МКЦ и КСП Центар-Јадро. Целта на фестивалот е да создаде простор за промоција на односите, афектите, идентитетските позиции, телесните стилови и сензибилитетите што од хетеронормативниот, националистички и неолиберален ...

Илјадници љубители на јапонската култура ги преполнија просториите на „Мала Станица“ и уживаа во богатата програма на фестивалот „Нихон-џи 2.0“, со кој неформалната организација Japan@mk, веќе втора година по ред, ја доближува Јапонија поблиску до локалната публика. Второто издание на фестивалот на јапонска култура, именувано како „Неонски бранови“, се одржа во саботата, на 27 мај, а целодневниот настан беше свечено отворен со говор и музички ...

На 89 годишна возраст почина руско-американскиот уметник Илија Кабаков. „Човекот кој го посвети сиот свој живот замислувајќи утопија, си замина од овој свет придружен од неговите најблиски, кратко време пред да наполни 90 години“ - извести фондацијата „Илија и Емилија Кабакови“, без да назначи каде живеел или починал. „Семејството ќе одржи приватен погреб, а неколку недели подоцна ќе има јавна комеморација.“ - додаде фондацијата. Од ...

Работилницата за книжевен превод „Без фусноти“ е наменета за млади преведувачи на почетокот на нивната кариера кои преведуваат од македонски на останатите јужнословенски јазици и на албански јазик и обратно, и кои се заинтересирани за техниките на преведување книжевни и уметнички текстови и проблеми при нивната адаптација. Работилницата ќе се одржи на 10 јуни (сабота) во 16.00 часот, во социјалниот клуб „Комитет“. На учесниците ќе им биде даден ...

Баркли Л. Хендрикс е роден во 1945 година во Филаделфија, Пенсилванија, и студирал на Академијата за ликовни уметности во Пенсилванија и на универзитетот Јеил. Популарната уметност, фотореализмот и Црната култура беа уметнички јазик и влијание на Хендрикс. Моделите ги фотографирал (и сликал) со детална прецизност и со живи бои, и често ги поставувал во контраст со неутрална или апстрактна позадина, за да го засили нивниот израз. Исто така ...

На чело на Турција и во следните пет години ќе биде Реџеп Таип Ердоган. Реизбраниот претседател уште истата вечер пред неговите приврзаници јасно најави што треба да се очекува во новиот мандат. Уште пред да бидат избројани сите гласови, претседателот Реџеп Таип Ердоган се прогласи за победник на изборите. Пред насобраната толпа во Истанбул тој им се заблагодари на сите оние кои му овозможиле земјата да ја предводи и во следните пет години. ...

Поддржувачите на Реџеп Таип Ердоган долго во ноќта ја славеа неговата победа на претседателските избори, што ќе го задржи на власт уште пет години. „Ова е победа на целата нација од 85 милиони луѓе“, изјави Ердоган по освоените 52% гласови во вториот круг. Кандидатот на здружената опозиција Кемал Киличдароглу јавно не го призна поразот, туку само кажа дека ова биле најнеправедните избори во последните години. Тој на крајот освои над два милиона ...

Црниот рид со згура од велешката Топилница сѐ уште стои. Повеќе од три години откако започна проектот за расчистување на опасниот отпад што му се заканува на градот, нема речиси никаков напредок. Техногената минерална суровина не се копа и не се извезува, а од 2019 година, откако фирмата Кепс Монт груп доби Концесија од Министерството за економија и Б-интегрирана дозвола од Општината Велес, досега се извезени помалку од 500 тони. Веќе три месеци ...

Дваесетина лица, од кои неколку члена на семејството и три новинарки од дигитални медиуми, дојдоа на денешната комеморација на легендарниот музичар Ферус Мустафов, кој почина на 22 мај на 72 години после кусо боледување. Мустафов, еден од најпознатите македонски музичари во светот, беше погребан завчера во Скопје. Мустафов ги собираше аплаузите на сцените низ цел свет, но денеска, на комеморацијата во негова чест, за последен пат му аплаудираа ...

до пред малце бев во пеколот. можам да ви средам господски места. * ѓаоло ни ора ни копа. копка. * слабо инспирација периодов. ич муза не ме лази. * имам пеперутки во стокомак. * полуден сум, полуноќ. * рани девеести да те лаат. * да се прекрстиме. не се мисли на името. * отклучок повеќе од заклучок. * колку повеќе јас, толку поголем јаз. * селфито од блиску доаѓа. * фатил политичар златна рипка и рипкава му остварила три средби. * коза мостра. ...

29/05/2023 01:54 - Окно

Сер Томас Вилијам Шекспир, трет баронет (роден на 11 мај 1966 година), попознат како Том Шекспир, е социолог од Велика Британија. Роден е со ахондроплазија - облик на џуџест раст во кој телото се формира совршено, но долгите коски на рацете и нозете не растат доволно долго. Титулата баронет ја наследил по смртта на татко му во 1996 година, но истата не ја користи. Том Шекспир се образувал на Универзитетот Кембриџ, каде во 1991 магистрирал а во ...

Откако Соединетите држави ја започнаа „глобалната војна против тероризмот“, од директни и индиректни последици предизвикани од војните умреа повеќе од 4,5 милиони луѓе. Ова го заклучи американскиот културен антрополог Стефани Савел во својот неодамна објавен извештај кој се занимава со „директното умирање“ во војните по 11 септември 2001 година. Савел е кодиректорка на проектот „Цената на војната“ на Универзитетот Браун, а во извештајот насловен ...

Во тек е вториот круг на жирирањето на престижната награда за феминистичка и ангажирана книжевност од регионот. Од првичните 150 номинирани дела од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Хрватска, шестчленото жири избра 24 дела кои ќе се борат за место во финалната седморка. Оваа година, жирито е составено од: Алма Лазаревска (Босна и Херцеговина), Иван Сршен (Хрватска), Светлана Славковска (Северна Македонија), Андреј Николаидис ...

Курт Кобејн беше познат како измачена гранџ икона со поетични текстови натопени во дисторзирана гневна музика, но препознавање на профилот како талентиран визуелен уметник доаѓа дури неколку децении по неговата смрт. Неговите слики и цртежи го одразуваат неговиот креативен и бунтовен дух, како и неговата борба со депресијата и зависноста. Некои негови дела имаа свои изложби, а други беа користени како насловници на албуми или како основа за ...

Жарко: Сакаш да биде текст или дијалог? Марко: Добро, може дијалог... Ти се... Ж: Само да не е „декалог".. М: ...свиѓаше ли тебе филмот? Ж:.. „Свиѓаше"... баш и не е неко] збор што може да ти падне на памет откако ке го гледаш 29 ПАЛМИ (особено ако си во криза на триесеттите). Инаку, се чинеше прилично растемелувачки на крајот... нели? М: Мислам дека крајот логично произлегуваше од претходниот, подолг дел од филмот во кој „ништо“ не се ...

Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА во рамките на регионалниот проект „The east side of the stage” објавува отворен повик за учество во петдневната интензивна работилница за драмско пишување со наслов „Overview effect!“ (Мотивирано од климатските промени). Некои од прашањата кои ги поставува концептот на Overview effect (Ефектот на надгледување) е „Како изгледа Земјата од вселената? Како би се чувствувале да ја видите нашата планета како мала, ...

Луј Брај е роден на 4-ти јануари 1809 година во градот Кувре, недалеку од Париз. Поради незгода ослепел уште во својата трета година, па знаењето прво го стекнувал само устно. Меѓу своите врсници се истакнувал по способноста за лесно и брзо учење, па на десетгодишна возраст добива стипендија од Кралското здружение за слепи младинци во Париз, каде што го продолжува своето образование. Во новото училиште повеќето од наставниците им се обраќале на ...

Малкумина од нас - институционално или индивидуално - се сеќаваат како изгледаше историската траекторија која нè доведе до идејата според која пет дена неделно и осум часа дневно е количина на труд соодветна за човекот (западен). Иако бројни луѓе ги дадоа животите, на самите работни места и на барикадите, за нашата замисла за трудот и работното време чија политичка димензија одамна е заборавена. Како да дошло до судбинско коинцидирање помеѓу ...

Тина Тарнер, моќната пејачка чиј рапав вокал, сексуален магнетизам и експлозивна енергија - беа елементи што ја чинеа незаборавна изведувачка во живо и една од најуспешните музичарки на сите времиња, почина во средата во Киснахт во Швајцарија. Имаше 83 години. Нејзиниот публицист ја објави веста за нејзината смрт, но не ја наведе причината. Пред неколку години доживеа мозочен удар и се бореше со болест на црниот дроб. Тарнер се впушти во ...

Според пресметките засновани на Statista Market Insights и податоците за населението на Светската банка, кинеската индустрија за мед заработила 17 долари по жител на Кина во 2021 година. Така, освен што Кина е земја која во светот произведува најмногу мед, таа е лидер и во приходите по глава на жител генерирани преку еден од најстарите и најкористени засладувачи во природата. Втора е Канада која обезбедува 9,8 долари од индустријата за мед, а ...

Оваа недела ви носиме извадоци од романите на Михајло Свидерски и Александар Русјаковски кои се натпреваруваа за наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“. која е во соработка со Окно. „Синовите на Адам“, Михајло Свидерски, „Восток“ Нозете ми се враќаат назад, ходникот никогаш не ми бил толку долг, до недоглед, тромо се движам кон вратата, во мене илјада светови се борат еден со друг, чувствувам дека ова не е нешто добро, ...

Иван Шопов Се сеќавам на возбудата кога во средно училиште во раце ми падна збирката „Еден збунет млад човек“ од Марко Петрушевски. (Цаци, фала!) Искрено им завидував на сите што имаа свој примерок, додека јас морав да се задоволам со фотокопија. Збирката ја обожаваа и оние што (барем декларативно) мразеа поезија... На неговите стихови се навраќав со насмевка. И понатаму ќе го правам тоа, само што насмевката отсега неминовно ќе содржи и тага. ...

Дозволи ми да ја ставам ракава на твоето срце да осетам како чука и моево да го ускладам со твоето дозволи ми со ракава да го чујам твоето млеко како ти шепоти од телото со ракава да дознаам дали го шепоти моето име зашто мојата крв го вреска твоето дозволи ми да ја ставам раката таму и да го почувствувам ритамот на твојата воздишка така ќе видам дали воздивнуваш по мене но колку и да се трудам не можам да те излажам ти знаеш сето ова се евтини ...

„Веќе ги дозволивме трите нешта кои не би требало да се дозволат во развојот на вештачката интелигенција“ Тегмарк вели дека бројни научници од областа на развојот на ВИ веќе со години предупредуваат дека постојат три нешта кои не би смееле да се случат. „Првото е да се научи ВИ сама да пишува кодови зашто тоа е прв чекор кон повторувачкото самоусовршување кое на вештачката општа интелигенција може да ѝ овозможи да дојде до многу повисоки нивоа. ...

На парламентарните избори кои се одржаа во неделата на 21 мај надмоќно мнозинство гласови освои конзервативната Нова демократија (НД) на досегашниот премиер Киријакос Мицотакис. Но ова мнозинство сепак не е доволно за Нова демократија веднаш да формира влада па кон крајот на јуни се очекува втор круг од изборите. Нова демократија освои 40 проценти од гласовите, двојно повеќе од левичарската Сириза со 20 проценти, додека социјалдемократите од ...

Во петокот Џевад Карахасан почина на 70-годишна возраст. Овој југословенски и босанско-херцеговачки писател, драматург, есеист и романсиер е роден во Дувно, 1953 година. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Сараево, студирал компаративна книжевност и театрологија, а докторирал на Филозофскиот факултет во Загреб. Книгите на Карахасан се преведени на дваесет светски јазици. Војната во БиХ во 1992 година го затекна на позицијата професор, подоцна ...

Нештата секогаш може да интерпретираат од аголот на гледањето на работите и да се ставаат во рамката која однапред сме ја одредиле, но нивното именување, по правило, никогаш не може да биде предмет на импровизација. Бобот е секогаш – боб, а попот – поп. Според таа логика толкувањата дека изјавите на премиерот Ковачевски коишто дојдоа како реакција на изјавите и постапките на бугарскиот лидерски двоец Радев/Јотова, се спротивни, односно ...

Најмногу го сакаше крајот на летото, есента не ја сакаше, а можеби веќе дојде есен, сеедно. На плажата стана посвежо и тој уживаше да шета покрај водата, откако ќе зајде сонцето, тогаш ја нема толпата, а водата е тишина и нечистотија. Понекогаш му се чинеше дека водата е смртоносна, па на галебите не им се спиеше или ги мрзеше да спијат. Галебите слетуваа и се нафрлаа врз него, врз неговите очи и душа, на она што остана од неговата душа, од ...

Во рамките на фестивалот за феминистичка култура и акција - ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржува во Музејот на Современата Уметност (МСУ), ќе имаме можност да присуствуваме на интересен настан (rad road talks), на кој ќе разговараат две истакнати филозофки: Сенка Анастасова и Џоди Дин. Настанот е закажан за 29 мај 2023 година, во 17 часот, а темата е интерсекционалниот хуманизам денес. Џоди Дин е американска политичка теоретичарка, филозофка и ...

Џон Мекфол е првиот пара-астронаут на Европската вселенска агенција, избран да учествува во истражување колку е изводливо некој со физичка попреченост да живее и работи во вселената. BBC News му се придружи на параболичниот лет, каде што тој ја искуси бестежинската состојба по прв пат. Во еден момент Џон Мекфол лежи на подот на леталото. Следниот момент, тој почнува да лебди нагоре, се́ уште во хоризонтална положба, навидум левитирајќи кон ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Белград

2ᴼ / 1ᴼ
2.06
93%
1022
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
93%
1022
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.99
86%
1024
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1022
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1019
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
87%
1018
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1019
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
100%
1025
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
92%
1022
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
5.66
71%
1021
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Злато

139515.92

Цинк

3.04

Рутениум

29192.88

Сребро

2159.01

Кобалт

58.42

Паладиум

54591.97

Калај

43.93

Платина

64479.52

Бакар

11.07

Алуминиум

2.95

Родиум

258813.51

Иридиум

145787.60