Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Фотомонографијата „Огледало во Македонија“ од Нил Фолберг ќе биде промовирана на 19 јуни (понеделник), со почеток во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Промотор на книгата ќе биде професорката Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а модератор – Бисера Бендевска, уредничка во „Арс Ламина“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од ...
Првата карикатура ја објавил на 17 години, што значи дека сатиричните цртежи на Предраг Кораксиќ Коракс, кој го прослави својот деведесетти роденден, повеќе од седум децении ни ја осветлуваат главно темната општествена и политичка реалност и се важен корективен фактор на сите власти кои од тоа време владееле во Југославија и Србија. Со своите карикатури „испрати“ многу влади и претседатели, уште од Тито, преку Милошевиќ кој на специфичен начин ...
Откако ѝ забрани на Русија да учествува на Евросонг и го исклучи Петроград како домаќин на финалето на фудбалската Лигата на шампионите, Европската унија денес воведе уште пожестоки санкции кон Русија поради влезот на нејзината армија во Украина. Според претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Европската унија одлучи да забрани подготовка и конзумирање на руска салата на нејзина територија. - Веќе не можевме со скрстени раце да гледаме ...
Првото издание на Стрип Трип Фестивал Скопје започнува утре (17 јуни) во Младинскиот културен центар, а ќе трае до недела (18 јуни). Програмата за првиот фестивал посветен на стрипот ветува дискусии и презентации за најнови домашни и регионални стрип изданија, изложби на стрип цртачи, работилници за цртање стрипови за деца, џем сесии и најважно, како што велат организаторите, берза на стрипови. Деталната програма може да ја погледнете во ...
- Праска од Македонија сака да пее во англиски бенд. - Како свирач? - Не, како peach. - Продадена душа, на англиски? - Sould. - Човек што има среќа во газот? - ИзметЌар. - Намачкај се помада! - Зошто? - Па за да се помадиш. - Во огледало сум поубава отколку на слика. - Прати ми го огледалото. - Те сакам. - Не е до тебе, до мене е. - Зошто му раскинала? - Зашто ѝ бил вишoк во врската. - Што истурив од шишево?! Ми замириса на ...
Републиканците се усовршија во создавањето кризи за свртување на вниманието на јавноста од реалната криза на нашата доба и фактот дека малубројна дружина на врвот ги цеди приходите, богатството и моќта на повеќето Американци. Да ги погледнеме лажните стравови што ги разгоруваат републиканците: Воук Гувернерот на Флорида и претседателски кандидат Рон Десантис објави „војна против воук културата“. Непосредно по избрзаното лансирање на својата ...
Би започнал со суштинската, можеби предвидлива, но и незаобиколна забелешка дека, имајќи ги предвид местото и времето во кое живееме, ова е скапоцена книга за нас. Во малечкото море од книги што ги разлистуваме и читаме секојдневно „Премин во времето“ е дело што зближува светови. Преводот и објавата на оваа книга кај нас е автентичен просветителски чин: по прочитот на оваа книга се чувствувам не само побогат, туку и поблизок до самиот себе. ...
Јадро - Асоцијација на независната културна сцена ја упатува оваа реакција до Министерството за култура и Град Скопје за итно решавање на проблемите на претставниците на независниот сектор во културата: • Министерството за култура итно да објави конкурс за Програмата на Креативна Европа, • Град Скопје итно да ги објави резултатите од конкурсот за проекти во 2023 година, и • Министерството за култура навремено да врши исплата на надоместоците за ...
Со големата ретроспективна изложба на дела од постојаната колекција на АРТ ПОИНТ - ГУМНО од с. Слоештица, Демир Хисар, што ќе биде поставена во преубавиот Офицерски дом во Битола, центарот го отпочнува чествувањето на 20-годишното креативно делување. Поминаa точно две декади откако германскиот уметник Хубертус Хес претвори дел од старата дрвена ограда на чардакот во „Ангел чувар“ на гумното во Слојштица. Со ова, симболично отпочна делувањето на ...
Илеш Шпиц Гевгелија е важно место во моето детство. Брат ми Хазбо во 1960. година дома праќаше писма со печат од поштата во Гевгелија. Тој отиде во Македонија на младинска работна акција. Го градеше автопатот „Братство-единство“, делницата Нова Смоквица – Гевгелија, 14 километри. Во младинската работна бригада „Јела Јовановиќ“. (Јела Јовановиќ е сестра на Ристо Јовановиќ, првоборецот од Сјеница, неа ја заклале четниците.) Кога и да поминам ...
Попрецизниот наслов на прилогов би можел да биде: Типографијата и стрипскиот приказ на женската шашардисаност. Или: Менталното здравје и стилските средства на стрипот. Итн. Стрипот е чудесен медиум, мошне комплексен, мошне синтетичен, како и филмот. Битни се ликовите, цртежот, текстот, ракурсите, монтажата, дизајнот (вклучувајќи ја тука и големата важност на типографијата)... Слично како во филмот. Со време во стрипот се создаваат и своевидни ...
„Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, Влада Урошевиќ, „Арс Либрис“ Никола постојано имаше чувство дека не се сами во куќата: далеку некаде, во некој оддалечен дел во кој никој не живееше, ќе тропнеше некоја врата, скалите ќе зачкрипеа како некој да се искачува по нив, низ полутемниот ходник ќе се лизнеше некоја миговна сенка, оставајќи го зад себе одвај чујниот одек ...
Се тресеше гората, ама ни глувче не се роди и карванот замина, а само кучињата останаа да лаат. Ова е епилогот на најбесрамното покачување на функционерските плати, откако со претставка до Уставниот суд, на 21 март беше укината замрзнатата основица, па тие пораснаа за фантастични 78 отсто. Актот почна со наводна изненаденост на функционерите од одлуката на Судот, па дел од министрите се снебиваа дека не е во ред среде економска, енергетска и ...
Нацијата мора да го изедначи националното со вистината. Дионисиос Соломос (грчки поет) На 4 мај оваа година заседанието на бугарското Народно собрание почна со декларација во чест на Гоце Делчев, поднесена од пратеничка на „Промената продолжува – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), втората коалиција по број на гласови освоени на последните парламентарни избори. На изненадување на многу симпатизери на оваа коалиција, декларацијата звучи ...
Бојан Ѓорѓиов од Чашка е дипломиран одделенски наставник, магистер по Менаџмент во образование, работи како наставник, а земјоделството како гранка го научил и простудирал од неговите родители. „Произведуваме расад пипер и домати веќе 30 години, па така како мал покрај нив се што сум гледал сум го запамтил, работиме исклучиво со проверени хибридни семиња. Со цвеќе ова ни е 4 година како произведуваме и тоа пролетно саксиско цвеќе. Семиња ...
Последниве месеци моето име и социјализмот често се појавуваат заедно во весниците. Еден пријател ми вели дека насловните страници ги споделувам со бејзболот, господинот Рузвелт и полициските скандали во Њујорк. Поврзувањето со таквите вести не ме прави особено среќна, но мило ми е што толку луѓе се интересираат за мене и за образовните достигнувања на мојата учителка, госпоѓата Мејси (Ен Саливан). Дури и озлогласеноста може да се претвори во ...
Не поминаа ни 24 часа откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на лидерската, а потоа и на прес конференцијата изрази став од кој произлезе дека во принцип немаат ништо против уставните измени под одредени услови и гаранции, на сцената стапија јастребите, радикалното крило, џингоистите во ВМРО-ДПМНЕ. Тие сега, олицетворени во ликовите не Антонијо Милошоски и Александар Николоски, го презедоа наративот, исплашени дека им паднаа во вода сето она што со години ...
И оваа година со 120 дела на автори од 30 земји од светот ќе се одржи Меѓународниот фестивал на алтернативна фотографија во Македонија. Изложбата ќе биде во Мултимедијалниот Центар – Мала Станица, во Скопје, на 16 јуни во 20:00 часот. Како што посочуваат организаторите ова е единствена можност кај нас да се видат неверојатно храбри, експериментални и естетски издржани дела од најразлични фотографски техники, од едноставни цијанотипии до ...
Последниве години бројни научници се занимаваа со проценки за количината микропластика во океаните, но колку всушност се стари овие честички? Одговорот на ова прашање ни го донесуваат истражувачите од Универзитетот Кјушу од Јапонија и хемиската корпорација Асахи Касеи. Тие го анализирале нивото на оксидација на пластиката на северот од Тихиот океан, а во комплексните пресметки ги вклучиле и факторите на животната средина како што се изложеноста ...
Со нескриена радост ве информираме за промоцијата на терминолошкиот речник ФИЛОЗОФИЈА. Со појавата на овој речник долгогодишните усилби на македонската филозофска заедница за еден систематски, опсежен и консеквентен терминолошки речник доаѓаат до своето заокружување. Речникот е дел од макропроектот „Македонска научна и стручна терминологија“ на Лексикографскиот центар „Георги Старделов“ на МАНУ. Двотомниот лексикографски речник ФИЛОЗОФИЈА го ...
Зад нас е една динамична, а според температурите летна седмица, во контраст со претходниот веќе подолг период на поларни политички температури, поларизирано сивило и политички ставови кои се разликуваат како што се разликува денот од ноќта. Интересно е што двете најголеми партии од македонскиот блок после средбата на лидерите, која за волја на вистината има потенцијал да биде „историска“, објавија дека „силно светнал ден“. СДСМ оваа летна зора и ...
Пренесено од Дојче веле Изгледа сосем веројатно дека на Македонија ѝ треба да го изнедри својот Никола Коперник за тој да ѝ укаже и докаже дека светот не се врти околу неа. Тоа може да изгледа како невозможнa мисија, но, сепак, не е неостварлива. Како стојат работите? Многу нешта беа напишани и анализирани по навидум спектакуларната средба на двајцата клучни политички играчи во Клубот на пратениците во средата (7.06). Од неа произлезе еден ...
По мајската средба на Г7 во Хирошима, претседателот Џо Бајден изјави дека очекува „затоплување“ на односите со Кина. Меѓутоа, и покрај неодамнешните билатерални средби на неколку официјални лица - и надежите на министерката за финансии Џенет Јелен дека наскоро ќе отпатува во посета на Кина - односите помеѓу двете земји се сè постудени. Наместо да настапи затоплување, студената војна премина во ледена фаза. Одржувањето на самитот ја интензивираше ...
Приказната за комичарот во депресија во претставата „Веќе не ни смешно“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, ги преполни сите пет досегашни изведби на сцената во Театар Комедија. Оваа претстава во која границата урнебесно смеење од „црн хумор“ и истовремено брутално соочување со аномалиите на денешницата кои се однесуваат на хуманоста, кризата на меѓучовечките односи, карикатуралната стварност, е како чекорење по жица. Интересот што го предизвика ...
Бројна прилепска публика и почитувачи на театарската уметност вчера присуствуваа на отворањето на 57-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ на платото пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Фестивалот годинава се одржува под мотото „Враќање дома“. Предвестие на официјалниот дел беа живите статуи на „Театроск“ и настапот на скомрахите во изведба на студентите на Факултетот за драмски уметности од Скопје. ...
Балканскиот рис е една од најретките големи мачки на планетата, со популација од помалку од 50 единки, од кои најголемиот дел, околу 40 живеат во Северна Македонија, а останатите се сретнуваат во Албанија и Косово. Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), балканскиот рис го рангира како критично загрозен, а најголемиот дел од опасностите за неговиот опстанок се дело на човекот. Сечата на шумите заради изградба на патишта или други ...
Отворен повик за учество на групна виртуелна изложба VR Studio 2023. Повикот е отворен за: - уметници и креативци, индивидуалци или колективи, - на возраст до 35 години, - кои работат или имаат интерес во нови уметнички медиуми и дигитална уметност и - кои живеат и работат во Северна Македонија. Апликацијата треба да се состои од предлог концепт за виртуелно уметничко дело, кој ќе содржи краток опис на идејата и мотивацијата за реализација, како ...
Младински образовен форум и Радио МОФ утре, на 9-ти јуни 2023 година во Младински културен центар (МКЦ), со почеток во 14:00 часот, официјално го започнуваат дванаесеттото издание на Настанот за социјален активизам ENGAGE. Присутните ќе можат да слушнат инспиративни говори од домашни и странски активисти за друштвените мрежи како средство за промени, поезијата како отпор против патријархалните норми, за тоа како младите уметници се борат против ...
Деновиве повторно се актуелизира улогата на граѓанското општество во Македонија, по повикот од највисоко државно ниво до европските донатори да ги „секнат“ парите за невладини организации и медиуми кои „работеле против Европа“, односно „против европските интеграции на земјата“. Ова барање се актуелизира по околу една година, кога се вжештува дискусијата околу уставните амандмани. Па да погледнеме што вели ЕУ за граѓанското општество и за ...
Повели седни до мене ако имаш г'з. Полна сум со разбирање, затоа нема место за тебе. Ако сакаш да придонесам, допри нос. Работи ли бомбата? - Така-така. Пламти па ватри. Бирај: Една слика ил ја да збора?! Кога мислам дека сум смешна - халуцинизам. Одбранбен смеханизам. Кој ме фатил за збор, ми извадил муабет. Биравте непостоечки кривец. Сам ако не си направиш муабет, на луѓето нема да им текне да те остават раат. Да бев помалце мазохист ќе ...