Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
„Окно“ во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“ и оваа година објавува фрагменти од делата кои беа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2022 година. Денес објавуваме извадоци од романите „Токсични луѓе“, на Велко Неделковски, и „Тајната за Розата Дафне“, на Благица Наумова. Претходните извадоци прочитајте ги овде. „Токсични луѓе“, Велко Неделковски, „Арс Либрис“ -Повелете, што ќе порачате? Рутинска љубезност од преморен ...
На конкурсот за текст за сликовница на тема ПОПРЕЧЕНОСТ стигнаа 43 ракописи од Македонија и Србија (25 на македонски, 18 на српски јазик): Владимир Петровиќ, Над планините Моника Стојановска, Најдобриот набљудувач на светот Мартина Дукоска, Наметната попреченост Владимир Трајановски, Еднакви Ирена Димова, Изгубен во Зборовград Дајана Сиљаноска, Лука во светот на музичките платна Маја Цветаноска и Иван Христов, Мете и планината Анита Буховски, ...
Воспоставувањето номинални социјалистички режими во 20тиот век на периферијата на капитализмот и во послабо развиените земји на повеќе начини придонесе за денешното сфаќање на социјализмот. Ако не нужно за сфаќањето, тогаш барем за првите асоцијации. Меѓу тие асоцијации дефинитивно спаѓаат индустријализацијата и индустријата. Тоа и не зачудува премногу имајќи предвид дека главна цел на социјалистичките власти во бројни периферни земји беше ...
ЗАГАТКА Од којзнае каде, над градот збувна румен пламен, распламтен како ореóл и расечен како подбивна зајачка уста крај иглолисна гора втоната в мрак, безгласен како поткината жица, густ и непрониклив како зеница, надвисната над недовршена скица што се задава како загатка, равенка со непознат почеток и крај. Но од каде и зошто е слетан тука скакулецот на стракот трева во скица што е недовршена и е загатка на погрешно место и во ниедно време?! ...
Појавата на романот „Махала“ на современиот хрватски писател Никола Шимиќ - Тонин (1961, Бусовача, БиХ) пројавува особен, сугестивен авторски ракопис. Збор е за тематски оригинална и литературно возбудлива прозна творба во која автентично, со висок литературен израз, а воедно веристички автентично, е фокусиран дел од, инаку, тројната меѓунационална војна што во Деведесеттите години на минатиот век се водеше во Босна и Херцеговина. Во нашите ...
Претставуваме 16 нови изданија на издавачката куќа Темплум. Скопски раскази После 25 години (од збирката Ден во Скопје) нова збирка со скопски раскази, во Темплум. Застапени се 66 автор(к)и. Славко Јаневски – Јован Бошковски – Блаже Конески – Мето Јовановски – Томе Арсовски – Димитар Солев – Цане Андреевски – Благоја Иванов – Душко Родев – Влада Урошевиќ – Бранко Варошлија – Михо Атанасовски – Ташко Георгиевски – Тања Урошевиќ – Оливера ...
На веста со наслов „Кинеската економија расте најбрзо на светот, годинава со рекорден пораст од 4,5 отсто“1, Апасиев цинично коментира: „Ама просечен либтард од Сорос ќе ти рече: "Брат, комунисти не знаат да водат економија"#Денгсјаопингизам“ Во 1978 година, кратко по смртта на Мао во 1976 година, кинеската влада одлучи да прекине со својата економска политика во советски стил со постепено реформирање на економијата според принципите на ...
По Втората светска војна, за време на владеење на Јозеф Сталин со Советскиот сојуз, во земјите од Источна Европа се инсталира најбруталната форма на тоталитарното владеење. По неговата смрт во 1953, за време на владеењето на Никита Крушчев и Леонид Брежнев, неколку земји од Источна Европа добија поголема автономија за дизајнирање на нивниот „комунистички пат“. Но, контролата на Москва врз овие држави, кои беа дел од Варшавскиот пакт, остана ...
Филозофското друштво на Македонија (ФДМ) е најстарото и најактивното здружение на филозофи во земјата. Основано е во 1956 година, а од 2003 година работи во својот сегашен облик и структура. ФДМ има за цел да промовира филозофијата и нејзиното изучување, како и да развива критичка мисла и дијалог меѓу различни филозофски традиции и перспективи. Доделување на наградите „Константин Философ“, кои се востановени со цел да се одаде признание за ...
Џиџи Роус Греј потекнува од Њу Јорк а живее во Лос Анџелес. Преку своите дела ја истражува нејзината трајна фасцинација со толпите луѓе. Под влијание на нејзиното воспитување и растење во центарот на Менхетен, Греј ги усовршува минливите моменти меѓу минувачите доловувајќи ја не само нивната привремена близина, туку и илузијата на поврзаност својствена за таквите чудно - интимни интеракции: „Доколку би одвоиле момент да ги погледнеме лицата со ...
И покрај многубројните институции, некои и образовни, поврзани со јавното информирање, не ретки и невладини организации кои се бават со децении со откривањето на деформациите во нивната сфера, ние и после 30 години од обидот да се воведе парламентарната демократија во земја која претходно имаше поинаков политички систем, не утврдиме постоење на некои трајни камчиња во чевелот на т.н. седма власт. Како се нашле тие каменчиња таму? Зошто досега, ...
Лора Херши (11. 08. 1962 - 26.11.2010) беше поетеса, новинарка, консултантка, популарна ораторка, феминистка и активистка на движењето за правата на лицата со инвалидитет. Родена е во Колорадо (САД). Користела инвалидска количка и како дете била заштитно лице на постер на Здружението на дистрофичарите на Џери Луис. Додека растела протестирала против сликата која здружението ја проектирало за лицата со мускулна дистрофија - тоа биле слики на ...
Не треба да нагласувам дека насловното прашање е провокација што треба да ја разоткрие парадоксалната ситуација во која библиската земја веќе долго време се наоѓа. Навистина, од една страна нам и не ни е толку лошо колку што општото (не)расположение покажува. Додуша, и оваа констатација се темели не толку на фактите за нашиот напредок и просперитет, туку повеќе на утешниот увид дека поминавме подобро од многу земји што во депресивните мугри на ...
Секако дека имаше знаци на долгиот пат кон себе: вир со валкана вода од кој не смее жедниот да пие; износени мокасини (чии ли се?) дамна заборавени во правта; свиено јаже обесено на дрен (кој и што врзувал тука?); памучна шамија со дамки од зрелите рубини на капината (на која ли Вероника е?)… Секако дека одот беше бавен, нога по нога влечејќи по ридот а пред секое око груба греда, кои треба да се спојат во крст пред да се распне секој сам на ...
Вовед Последниве три децении во многу земји во светот лицата со попреченост и нивните сојузници се организираа за да се борат против нивното угнетување и исклучување. (Дридгер, 1989; Кембел и Оливер, 1996; Чарлтон, 1998). Клуч на оваа борба беше преиспитувањето на премногу медицинскиот и индивидуалистички приказ на инвалидноста. Иако низ историјата проблемите на лицата со попреченост биле прикажувани како божествена казна, карма или морален ...
Мелиса Џонс е британска глумица и активистка која ја стекнала својата популарност во улогите на сериите Life и Coronation Street. Амбасадорка е за правата на лицата со инвалидитет и на уметноста. Се залага за подобра застапеност на луѓето со инвалидитети во филмот и во театарот. Откако завршила училиште по глума, работела на телевизија, во театар и на радио. За својот актерски и активистички ангажман наградена е со многубројни признанија. Во ...
Ахмед Салман Ружди, роден на 19 јуни 1947 година во Индија. Се смета за британско-американски писател. Неговите романи често се проткаени со историска фикција, а една од неговите главни теми се односите, миграциите и „судирите“ меѓу светот на источната и западната цивилизација, особено на индискиот потконтинент. Вториот роман „Деца на полноќ“ од 1981 година му донесе светско признание и бројни награди. Но, четвртиот е оној кој во голема мера ќе ...
Некогашниот центар халф Драган Милановиќ и голманот Жељко Њежиќ (1945-2021) на игралиштето Загребело Здраво, Гуџевиќ, овде е Миланезе, како што ме вика Миро Реде, или центархалфот Милановиќ, како што ме викаш ти. Види, да ти кажам нешто за голманите, ти си татко на еден голман, ќе имаш ти уво и слух за тоа. Ти ми раскажуваше како голманите, вратарите или тие, како да кажам, метафорички чувари на мрежите, една енциклопедија ги нарекува последните ...
Албански главен град во Северна Македонија. Тоа што градоначалникот Билал Касами така го доживува Тетово, еден од најстарите градови во Македонија, во кој се испреплетувале разни култури, е секако во согласност со неговото сфаќање како би требало да се склопуваат парчињата на колективната меморија на неговите сонародници, и на каков начин таа понатаму ќе се создава. Се разбира, од гледна точка на албанскиот наратив, преку кој албанското ...
Поминал повеќе од 10 000 километри цртајќи на улиците на Берлин, Амстердам, Лондон, Париз, Барселона, Марсеј, Венеција, Рим и Атина. Преку уметноста ги инспирира луѓето што ги среќава. - „Не е тешко да се биде уметник, ниту пак што било друго што би сакале да бидете доколку вистински верувате во она што го сакате. На тој начин ништо нема да ви застане на патот. Инвалидитетот не значи дека не можам да го живеам својот сопствен, голем живот.“ ...
Музиката е дел од мене. Исто како и ребрата, бубрезите, црниот дроб и срцето. Како мојата крв. Таа сила веќе беше во мене кога стапнав на сцената. За мене таа е неопходност – како храна или вода. Роден е на 23 септември 1930 година во Џорџија. Страст за музиката изразува од својата трета година. Детството му е обележано со тешка траума – братот Џорџ се удавил во корито за перење алишта. Реј бил единствениот сведок на овој настан и речиси целиот ...
Во продолжение на своите активности за подобрување на енергетската ефикасност и намалување на загубите на топлина во домовите, Министерството за економија ги објави условите и начинот на аплицирање за надоместување на дел од трошоците за вградени ПВЦ или алуминумските прозорци. Овој проект е дел од стратегијата за зелена економија и транзиција кон обновливи извори на енергија. За оваа намена во 2023 година предвидени се вкупно 25 милиони денари ...
Осамна, деновиве, ненадејна изјава на поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и универзитетски професор, дека имал “иновативен предлог” за приближување на ставовите на власта и опозицијата за уставни измени, со кои правата на бугарското малцинство би биле загарантирани. “Иновацијата”, доколку сме цинични би гласела: менувам идентитет за државен грб, со црвен лав на златна позадина и круна во вид на тврдина! Предлогот може да биде случајна инспирација ...
Постојат многу начини накратко да се сумира темата на најновиот роман на Џулијан Барнс, но познатото мото на Ралф Валдо Емерсон за образованието ми се чини најсоодветно, бидејќи така најмалку ќе се фалсификува и ќе се поедностави неговата комплексна структура. „Не поука, туку провокација“, забележува Емерсон во еден од неговите познати говори или обраќања кон американската јавност – тоа е единственото нешто што една душа може да ѝ ја подари на ...
Изнастинав, накај се изразболев. Не можев да работам, ај демек ќе читам, ама не помнев ни што сум прочитала. Да раскажам една смешна случка, си викам. Ама, се раздолжи некако раскажувањето, а до случката не ни стасав. Еве го првиот дел, да можам да му пишам некаква цртка на мрсулавиов ден. *** Не дека не му се радував на новиот „Градски“ и на тоалетите, ама фудбал гледам исклучуво од југ. Од вторите скали во подножјето до правоаголните отвори со ...
Маен Хамад е фотограф роден во Палестина, кој пораснал во американските предградија на Мичиген, а сега живее во Вашингтон. Кога се вратил назад во Палестина во 2014 година со себе го земал својот скејтборд. Во шесте години додека престојувал во Палестина ја документирал палестинската скејт сцена и изградил взаемна врска со заедницата која ја затекнал таму. Неговиот серијал фотографии и фотокнигата „Приземјување“ која е во фаза на подготовка го ...
„Наследство: Прозорецот“, Јордан Коцевски, „Антолог“ Транскрипција од аудиозапис на диктафон, непознат датум „Полицаецу кххззззз, јас сум...“ „Зна кој си. Шо сакаш?“ „Да ве прашам само неколку прашања.“ „То ми е јасно уше од ко те видов. Шо ќе ме прашвиш?“ „Истражував еден бизарен случај и ми требаа телефонските записи од 13 октомври 2000...“ „И шо да ти пра сеа ја? Напрај си официјално барајне“. „Направив, ги нема. Дознав дека вие сте биле ...
При занимавките со математиката на информациската теорија на интеграција, налетав на теоријата на професорот по економија Гарет Џонс: коефициентот на интелигенција на државата во која живееме многу посилно влијае на нашиот живот отколку нашата сопствена интелигенција. Секако дека индивидуалниот коефициент е показател на процесната моќ на индивидуалниот ум и тој несомнено „ѝ врши работа“ на личноста, но државниот коефициент многу претежнува за ...
Универзитетскиот професор по уставно право Александар Спасеновски смета дека можеби враќањето на старата дебата од 2014-2015 година за менување на актуелниот државен грб е еден од начините како да се овозможи земање предвид на интересите и заложбите на најголемиот дел од конзервативниот дел од државата, но истовремено да се најде начин како резултат на таквата отстапка да се дискутира со опозицијата и да се обезбеди нејзина согласност околу ...
ЅВОНО Не е тоа само силата на металниот звук што пробива пат низ долината, звук што удира помамно во нас, звук од кој сме растреперено ѕвоно, и не е само разбрануваниот одѕвон кој се одбива од стрмните спили на сплетените планински венци, од облаците надвиснати над нашите стаписани глави. Тоа е и тишината во шуплината, прегрната од ѕвоното толку силно, збиена до неподнослива густина сѐ дури не добие облик на ѕвоно, на совршено излеано бронзено ...