Изминуваат 11 години од смртта на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. „Таткото на нацијата“, како што често го нарекуваа Глигоров, беше човекот кој успешно ја извади својата земја од југословенската федерација на почетокот на 90-тите години на минатиот век. Под негово раководство, Македонија успеа да го постигне она што ниту една друга југословенска република не успеа да го направи – мирно да ја добие независноста, среде ...

Глаголица, најстарото сочувано словенско писмо Кирилица, словенско писмо настанато врз основа на грчкиот Кога Солунските браќа Кирил и Методија во 863 година со учениците тргнале во Великоморавското кнежевство за да ја шират писменоста на словенски јазик, чија азбука ја уредиле во Цариград, на повик на славниот кнез Растислав, најпрвин го превеле богослужбеното евангелие. Подесувајќи го народниот словенски израз според книжевниот грчки, каде ...

Триесетината највпечатливи изјави од 2022, од нашата рубрика „Боли глава“, ги поделивме во пет делови. Во првиот дел се вистинските шампиони, петте најглупави изјави од македонските политички редови. Потоа следуваат најидиотските изјави на Бугари, по повод бугарско-македонскиот спор, па неколку аспирински изјави од Македонци, за истиот спор. Во четвртиот дел има неколку гледања на војната во Украина, а во петтиот дел се главоломите и аспирините ...

Емберто Еко Многу читатели купуваат книги со намера да ги читаат, за на крајот да ги остават да стојат на полицата. Статистичарот Насим Николас Талеб верува дека опкружувањето со непрочитани книги го збогатува нашиот живот бидејќи тие нè потсетуваат на сè што не знаеме. Јапонците оваа практика ја нарекуваат цундоку, и таа може да даде трајни придобивки. Сакам книги. Ако одам влезам во книжарница само да ја проверам цената на некоја книга, оттаму ...

Огромната смрека не мечтаеше да се преобрази во педесет рисови хартија, а потоа да биде наредена, исечена и поврзана... Огромната смрека не мечтаеше да се преобрази во педесет рисови хартија, а потоа да биде наредена, исечена и поврзана во страници со формат 10х15 см, на кои се отпечатени речениците на зовриениот љубовен роман под наслов Летни негувателки. И додека се сменуваа годишните доба, а стеблото одеше во висина, додека дишеше и се нишаше ...

? Прашалник пред нашите желби или извичник зад нашите морања!? : Две точки на почетокот или три точки на крајот... ? ; Точка и запирка кога се продолжува или само Голема иницијална буква секогаш кога одново и одново и одново се почнува? „Долни и горни“ наводници кога плански се влегува и се излегува од Туѓоста или само „долни„ за случајно влегување и само “горни“ за намерно излегување? -Дивис или тире ̶̶̶ за вистински спротивставености? Смеат ли ...

Човек не може да му устои на искушението во деновите на истекот на годината да не се заврти наназад и погледне длабоко во минатото, со надеж дека од недогледот ќе засјаи мислата водилка што ќе ни ја осветли непроѕирната иднина. Но погледот наназад ги издвојува само трите современи јавачи на апокалипсата што го замрачуваат целиот хоризонт, и ни наближуваат во бесен кариер, небаре ќе нè прегазат со челичните коњски копита во нивниот несопирлив трк ...

Џереми Миранда е современ американски уметник, сликар, кој последниве години е фокусиран на сликање пејзажи кои вклучуваат празнични елементи. Уметникот со седиште во Мејн, Англија, е познат по неговите дела во кои доминираат комбинации на домашниот и надворешниот свет, и елементи на носталгија, интимност и сеќавања. Последниве години Миранда создава колекција на празнични слики кои се фокусираат на новогодишни елки и украсени домови, ...

Пределот се превртува околу своето средиште - глувчарот го гледа лизгањето на ридот странично, поле во брзо кружење. И тој глувчар се превртува околу друго средиште, невидливо, црната дупка која ги чека: и глувчарот и ридот - а која ќе го вшмука целиот волумен, до местото дури што беше пред хаосот да биде створен. Превод: П. В. Норман Макејг (Norman MacCaig, 1910-1996), шкотски поет, пошироко познат по хуморот и едноставниот и достапен јазик. По ...

Извор: Дојче Веле Новата 2023 година пристигнува со прилично песимистички очекувања. Помалку од една третина (31 отсто) од испитаниците веруваат дека 2023 година ќе биде подобра од 2022 година. Спротивното мислење го делат 34 отсто, а 27 проценти веруваат дека 2023 година ќе биде иста како претходната. Ова го покажуваат наодите од истражувањето на Меѓународната асоцијација Галуп интернешнал кое традицинално се спроведува пред крајот на годината. ...

Во четвртокот вечерта нè напушти еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Едсон Арантес до Насцименто Пеле. Големиот играч беше подложен на хемотерапија откако во септември 2021 година му беше отстранет тумор на дебелото црево. Последниве недели состојбата му се влошуваше, а за жал, три дена пред крајот на оваа година стигна веста за неговата смрт. Во својата 21-годишна кариера постигна 1 283 голови станувајќи една од глобалните ...

Жолтоглаво кралче и лисесто циганче заедно живеат во поштенско сандаче! Врабица одбранила врабец од кукавица! Кукавица нападнала лавица! Кулминација во теве сапуница: врз венчаница закачиле пауница! Страчка украла прстени од венчавка! Грлица украла огрлица за препелица! Сврака растурила две брачни гнезда, два птичји брака! Грлица голтнала петлица! Трогон проголтал жетон! Трогон украл медалјон! Лисесто циганче украло ланче од нубиско страче! ...

Британската модна дизајнерка, дамата Вивиен Вествуд почина на 81-година. Во соопштението објавено на Твитер, беше соопштено од страна на нејзината модна куќа дека таа починала „мирно, опкружена со своето семејство во Клафам, Јужен Лондон”. Вествуд се прочу со нејзините контроверзни панк и њу вејв стилови во 1970-тите и стана една од најзначајните современи дизајнери во светот. Taа важеше за провокативна доајенка на британската мода која ги спои ...

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ почна со програмата „Зимски МакеДокс“, со која онлајн се прикажуваат победниците на фестивалите на четири основачи на документарната мрежа „Doc Around Europe“. Како нова иницијатива, програмата „Зимски МакеДокс“ се лансира со цел да го зголеми интересот за онлајн гледање креативни документарни филмови. Наградените документарни филмови на четири европски фестивали од мрежата „Doc Around Europe“ ...

Во средата, 28 декември, Малдинскиот културен центар во Скопје одбележа 50 години од своето постоење. Настанот кој беше посетен од илјадници души, претежно млади, но и возрасни, кои дојдоа да му одадат почит на центарот . МКЦ во 1972 година беше основан како Дом на млади „25 Мај“, а на почетокот на независноста преименуван во Младински културен центар. МКЦ со децении влијаеше врз изградбата на новата младост, во креирањето на алтернативните ...

Библиотеката „Браќа Миладиновци“ се најде на врвот на листата за остварување на локалниот интерес во културата на Град Скопје со поддршка од 5.418 илјади денари, додека Младинскиот културен центар за севкупните активности и менаџирање доби 4.908 илјади денари. За финансирање на јавните установи кои се под капата на Градот меѓу кои се Културно информативниот центар, Универзална сала, Дом на културата Кочо Рацин од градската каса предвидени се ...

Како ангел на историјата, пренесена од колумната на еден уважен автор, на електронските социјални мрежи за време на Светското фудбалско првенство во Катар со денови струеше следната приказна за достоинството и чојството, и секој што ја цитираше и парафразираше се чувствуваше одважно и гордо, небаре таа е дел од неговото сопствено искуство и подвиг: „Јохан Кројф во зенитот на својата кариера одби да оди на Светското првенство во Аргентина. ...

Да бидеш вљубен Да скокнеш незауздано и да останеш во воздухот Играјќи додека срцето три-четири пати тропнува, Потоа се спушташ полека; или се качуваш На стрма опасна карпа без помош на рацете; Или, бестелесен, грабаш и дома носиш Ружи од градината на Кралицата ‒ ова е состојбата заљубеност Украсена со она што се agilitas* и subtilitas**, Во што неколку славни љубовници везден биле успешни, Впрочем и децата тоа можат да го предосетат длабоко во ...

„Романтичен“ е еден од оние зборови што отпатуваa толку далеку од своето првобитно значење и се користи во толку многу различни контексти, што имаме впечаток дека значи речиси сè. И одите на Китс, и „Розите се црвени, темјанушките се сини“ на честитката за Денот на вљубените може да се опишат како романтична поезија. Во четиринаесеттиот век, поемата “Сер Гавејн и зелениот витез” била наречена романса; во деветнаесеттиот век, Натаниел Хоторн го ...

PrivatePrint е издавачка куќа за уметнички книги и студио за интердисциплинарни истражувања и практики во современата уметност и графичкиот дизајн од Скопје. Врз основа на премисата дека уметноста и издаваштвото се совршениот спој кога станува збор за демократизацијата на културата, особено во општества во кои на културата ѝ недостига добра системска уреденост и институционална поддршка, мисијата на PrivatePrint е да ги прошири идеите за ...

Вчера се усвои буџетот на град Скопје за 2023 година и тој ќе изнесува 6,4 милиони евра за функцијата заштита на животната средина. Доколку ги земеме предвид сите предизвици со кои се соочува Скопје со загадувањето и заштитата на животната средина и природата, планираните средства за овие области, за 2023 година не се доволни. Според анализата која О2 Иницијатива ја направи на буџетите од 2014 до последниов предлог за 2023 по однос на функцијата ...

Новогодишна приказна за бабата опсипана со бели црви. Thou go not, like the quarry-slave at night, Scourged to his dungeon, but, sustained and soothed By an unfaltering trust, approach thy grave, Like one who wraps the drapery of his couch About him, and lies down to pleasant dreams. Нема да си заминеш ноќе како некој роб накај каменолом, Камшикуван до неговата зандана, туку, поткрепен и утешен Од непоколеблива верба, ќе му пријдеш на гробот ...

Станувајќи взори да мочам, помислив дека те видов Склопчан на фотелјата со главата издигната да ме погледнеш Како што обично правеше во тоа време. Но следниот миг, Посвикнат на мракот, тука имаше само шише И крпа за лице. Доволно време сепак Љубовната одговорност да премине На мене. Особениот карактер на мртвиот Извор е на нашето чувство за жалост и загуба; Така, враќајќи се во постелата, одбивав да се сетам На она што знаев дека ми е недопрено ...

Во завршницата на 2022 година ни се заканува сериозна поплава предизвикана од крокодолски солзи од пуста севда по мечкина љубов. Оваа појава не и е непозната на нашата јавност, но овој пат емоцијата и фреквенцијата на нејзиното изразување заслужува посебно внимание. Токму заради тоа во оваа прилика ќе се осврнеме на три од најпромиментните примероци на причинетелите на овој дожд од крокодилски солзи по мечката. Првото место, секако, му припаѓа ...

Еу воведе санкции против директори на „Јандекс“ уште на почетокот на војната, што предизвика оставка на неговите клучни луѓе во раководството. Претседателот Стево Пендаровски во разговорот за емисијата „Само интервју“ на Канал 5 рече дека според она што може да го соопшти најголемиот дел од дојавите за поставени бомби во Македонија доаѓале преку рускиот интернет пребарувач „Јандекс“. Но притоа се огради околу можните испраќачи, велејќи дека тоа ...

Ен Купер, аниматорката со седиште во Лондон, е авторка на новото музичко видео за композицијата “Јас само спијам” (I am only sleeping) на Битлси. Краткиот анимиран филм ја доловува заменоста карактеристична за преминот од будност во сон, сето тоа претставено преку 1300 кадри – 1300 слики во техника масло на платно, рачно насликани од страна на Купер, споени на целулоид. Композицијата која е првично издадена во 1966 година, сега е дел од ...

Сите знаеме дека би требало да ја рециклираме пластиката. На училиште, дома и на работното место нè учат за трите Р: „редуцирај, употреби повторно, рециклирај“ (reduce, reuse, recycle). Од мали нозе учиме да ја одвојуваме пластиката од отпадот со помош на триаголникот за рециклирање и да ги изнесуваме кантите еднаш неделно зашто тоа може да помогне во борбата против загадувањето, особено загадувањето на океаните. Нè научија дека сите можеме да ...

Единствената специјализирана едиција Арго на издавачката куќа Или-Или посветена на преводи на дела од античката литература кај нас, поврзува авторски имиња со специфичен етхос, отвора простор за избор споделувајќи дела како места за мислење и начини на живот. Такви се имињата на прозаистот и беседник Лукијан од Самосата и неговата новела Вистинска приказна, која пародирајќи ги елементите на античкиот авантуристички роман денес се восприема како ...

Американското Министерство за енергетика најави епохално откритие во производството на енергија од фузија: според првите извештаи на научниците од владината Национална лабораторија Лоренс Ливермор во Калифорнија за прв пат, макар и за миг, им пошло од рака, со својата сложена и скапа машинерија да произведат повеќе електрична енергија отколку што им е потребно за да ја покренат истата. Овој напредок е од големо значење – всушност, истражувачите ...

26/12/2022 06:36 - Окно

Кога гледаш одозгора, Пената во заоблениот залив, крило е гускино ‒ Кое се оперјува... оголува... само од себе. Кога гледаш одозгора, Полето е скут, а стоговите копчиња Што за земјата го закопчуваат. Кога гледаш одозгора, Куќата е нема направа чија намена Дамна застарела. Но кога ќе се симнеш долу, Големите бранови се ледена згура и Тревиштето буи од смраден живот. Кога ќе се симнеш долу, Полето е скудна, или изобилна жетва, извор На болка во ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
55%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
67%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
41%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
59%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.79
62%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
2.68
68%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
64%
1013
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
77%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
4.63
50%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.69
54%
1013
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52