Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Си појдов така на гости кај мајка ми во Дебар Маало - класика, кафе, колачи, муабет. Ама наместо мирис на кафе, ме дочека - арома на гомна. Не претерувам, цело Дебар Маало корне како подземна изложба на фекалии. Нашиот подрум поплавен, шахтата - полна со канализациска вода. Се јавивме во Водовод, дојдоа луѓето, сериозни. Констатираа дека не е само нашата шахта - туку и сите други во маалото, до раб на излевање! Демек, колективна смрдеа, ...
Страшниот предмет во ќеларот Српскиот онирички писател Миленко Пајиќ еднаш го прашал славниот скопски фантаст Влада Урошевиќ: - Го памтите страшниот предмет што стоеше во некој ќелар кај „Јоле“? - Се разбира. Предметот лежеше на патос, во собиче на крајот од долгиот ходник кој завршуваше со лажна врата - прецизно одговорил Влада Урошевиќ. - Кој и да дојдеше таму и да го видеше предметот, ќе речеше „Ужас!“, и се враќаше во кафеаната со ококорени ...
Патријархатот не бира возраст Кога удира на мали години, тој шиба отсечно, па нагло ги сосекува тековните емотивни процеси. Посебно кога станува збор за ожалостеност или оплакување. Зашто, машки (деца) не плачат. И што прават децата на кои им е одземена можнооста да изразат болка, тага, гнев? Тие замолкнуват, односно занемуваат. Во таква состојба го затекнуваме малиот Наим, до пред некоја година годиначе, а сега сираче без мајка, но со татко. ...
Начинот на кој луѓето доаѓаат до сопствената вистина може да послужи како еден вид на методско, епистемолошко сечиво – налик на Окамовото – што ги дели луѓето на планетава на две групи. Во првата се оние што до нивната вистина доаѓаат со магиско мислење, односно со верба, и нив условно, за потребите на овој оглед, можеме да ги наречеме „верници“. Во втората група се оние што до вистината доаѓаат на потежок начин, со рационално и критичко ...
Во Мобилната галерија ЦАЦ Скопје (Парк на Франкофонијата), Македонскиот центар ИТИ/Продукција вечер и утревечер ќе има проекција на три експериментални видео театарски проекти проследени со отворени модерирани дискусии со креативната екипа која ги создава. Публиката ќе може да ги проследи видеата „Destination: Skopje-Gabrovo“ (2020), „The PCR Song“ (2021) и „KRIEG/ACINSELAK“ (2024). Покровители на настанот се Мобилна галерија ЦАЦ Скопје, ...
Анастас Вангели е важно име во истражувањата на односите помеѓу Кина и државите што настанаа по распадот на некогашната СФРЈ. Неговите истражувања тој ги преточи и во книга која деновиве ја промовира низ регионот. Со интервјуто за Рес публика во кое го опсервираме кинеското влијание, добивме продлабочена анализа за тоа колку Кина навистина е заинтересирана за регионот и колку тоа им создава главоболки на ЕУ и САД. „Колку и да е драматична ...
Закани со масовни депортации, укинување на правото на протест, третирање на демонстрантите како терористи, воведување закон за богохулење на мала врата, затворски казни за навредливи слогани и твитови, подем на етнонационалистички приказни за припадност. Голем дел од денешните државни политики и политички дискусии е проткаен со духот на антилиберализмот, кој го стеснува просторот за човековите права и различното мислење, како и за поединците и ...
Увод Ви ги претставуваме овие куси лекции како вовед во лаканијанската анализа, без да веруваме дека психоанализата може да се пренесе и научи на ваков начин, исклучиво преку читање; особено не преку читање на брутално редуцирана и поедноставена форма на едно крајно комплексно психоаналитичко учење. Психоанализата пред сè се учи искуствено: низ лична психоанализа, во која директно се чувствуваат ефектите на сите овие апстрактни, а често и ...
Галеријата гротескни ликови што Трамп ја собра во Шарм ел Шеик, египетското одморалиште, синоним за луксуз и деспотизам, покорно го славеше „мирот на Блискиот Исток“. На неговата изведба на римскиот цар Нерон ѝ недостасуваше само тогата. Каков „мир“? Претходно истиот ден, во Ерусалим, Нерон ја прогласи „победата“ обраќајќи им се на своите варварски помошници и донатори кои го бодреа во Кнесетот: „Го правиме најдоброто оружје во светот и имаме ...
Политичката офанзива на европската радикална десница доби нов ветер во грб откако американскиот претседател Доналд Трамп на 18 септември најави, а на 22 септември и го формализираше прогласувањето на „Антифа“ за терористичка организација. Што всушност Трамп и неговите сојузници подразбираат под „Антифа“ – воопшто не е јасно. Се разбира, „Антифа“ е само кратенка од „антифашизам“, а во Америка и Европа постојат стотици меѓусебно неповрзани ...
По успешната септемвриска програма исполнета со активности за млади, Јуроп хаус ја продолжува есенската културна и едукативна програма во Кочани. Во текот на октомври, програмата ќе се реализира во соработка со Националната установа Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани како и со “SupportKochani”, со цел да се придонесе кон културниот живот во градот и да се овозможат нови содржини за граѓаните. Октомвриската програма ќе опфаќа три претстави: ...
Сè што се случуваше во Израел последниве две години се прекрши во Кнесетот на прославата за завршувањето на војната. Тоа беше оргија на ласкање, суетност, опиеност и негирање. Освен огромната радост поради ослободувањето на заложниците, новото поглавје не донесува ништо ново: гледајте колку сме прекрасни, не гледајте никого освен нас. Опиеноста од победата прерасна во надменост: колку сме убави ние Израелците. Гласот на просветлените Израелци, ...
По повод претстојните локални избори направивме листа со извадоци од програмите на кандидатите и советничките групи во кои се спомнува урбан велосипедизам. Како и на претходните локални избори, целта на овој документ беше да одговори на прашањето - што ни ветуваат кандидатите за подобруваање на урбаниот велосипедизам. Во рамките на локалните изборни програми за Град Скопје и неговите општини, јасно се истакнува еден заеднички стратешки пристап ...
Претставата „Малата Фрида“ во режија на Аница Томиќ, а во изведба на Градскиот театар „Жар птица“ од Загреб, Хрватска ја освои Гран П“ наградата на 4. Издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, што се одржа од 15 до 18 октомври 2025. Претставата е топла, духовита и со визиелно раскошна сценографија и костими, раскажува приказна за тешките денови на малата Фрида Кало, која им зборува на децата на јасен и ангажиран ...
40 фотографии снимени во културниот центар „Јадро“ на 11 и 12 октомври 2025. Содржините на вториот и третиот ден на десеттата, јубилејна, „Друга приказна“ - Марија Арсенкова (Скопје) разговараше со Мила Јовановиќ и Александар Кендришиќ, членови на студентското движење во Србија (Нови сад - Белград); - Ивана Хаџиевска (Битола) го претстави трудот Арпад Лебл во Битола (1936) - една предисторија на локалниот антифашизам; - АНТИФАШИЗМОТ ДЕНЕС - 80 ...
Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп објавува отворен повик за учество на второто издание на пичинг-форумот „Драмолетање“, кое ќе се одржи за време на 60. издание на фестивалот во јуни 2026. По успешното прво издание на форумот „Драмолетање“, кое овозможи простор за афирмација на нови автори и современи драмски текстови, продолжуваме со нов циклус посветен на развивање на македонската современа драма и поврзување на ...
Замислете две различни сцени на сексуално заведување и активност. Во првата, запознавам некого во кафуле; изгледа дека си се допаѓаме еден на друг и долго разговараме. Се договараме утре повторно да се видиме. За време на нашиот следен состанок, продолжуваме да зборуваме на општи теми – филмови, музика, политика, екологија – но веќе се чувствува сексуална привлечност. Кога едниот од нас ќе го преземе ризичниот чекор и ќе предложи секс, другиот ...
На 21 октомври (вторник), во фоајето на Националната опера и балет во 19 часот, ќе се одржи долгоочекуваниот мултимедијален настан „Дон Кихот во Скопје“. Концерт, премиера на македонско дело, изложба на уметнички слики и скулптури, како и промоција на книга, го чинат овој разновиден проект инспириран од култната приказна за славниот витез Дон Кихот на Мигел де Сервантес. Светска премиера ќе доживее Концертот за пијано, гитара, наратор и камерен ...
Со настап на реномираниот полски пијанист Анджеј Јагоџински и неговото трио вечерва започнува 44. издание на Скопскиот џез фестивал, кој и оваа година нуди богата програма со врвни музички имиња и придружни културни настани. Главната концертна програма ќе се одржува во Националната опера и балет (НОБ), додека документарните филмови ќе се прикажуваат во Кино Фросина при МКЦ. Реномираниот полски пијанист Анджеј Јагоџински и неговото трио, познато ...
На Западот му се заканува бауч – баучот на работничката класа која остана без свој политички претставник. Заведени од песната на сирените на „третиот пат“ – Бил Клинтон, Тони Блер и Герхард Шредер – силите на левиот центар веќе со децении се откажуваат од јазикот на класната борба. Во желбата да се прикажат како сигурни, ефикасни и одмерени менаџери на капиталистичкиот систем, се откажаа од говорот за експлоатација и го занемарија вродениот ...
Фото-кино клуб “Козјак” од Куманово, во соработка со Котур Филм и Кафе, овој четврток (16 Октомври 2025), со почеток во 20 часот ќе прикаже ревија од осум филма во времетраење од 2 часа. Ова ќе биде прв пат ФИЛМАЈ фестивалот на краток филм (oрганизиран од кумановскиот клуб) есенски да се претстави во Скопје, и тоа токму во просториите на Котур, место познато по филмски проекции и културни настани. ФИЛМАЈ фестивалот, кој постои од 2019 година, ...
„Постојат два видови политичари,“ рече Тони Блер во 2012 година, „креатори на реалноста и менаџери на реалноста.“ Додека повоената политика, според него, пред сè е работа на добро управување, изградбата на нов поредок бара повеќе креативност — „и во економијата и во надворешната политика“. Со таа задача може да се справи само посебен тип визионерски лидер. Повеќе од десет години подоцна, Блер ги здружи силите со Доналд Трамп, главниот „креатор ...
На 22 октомври ќе се одржи дванаесетчасовен мултимедијален фестивал „Хаус оф Три“ (House of 3) на три сродни и препознатливи локации во центарот на Скопје — во „Три Кичен & Бар“ и во ноќните клубови „Клуб 1212“ и „Станица 26“. „Хаус оф Три е повеќе од фестивал — тоа е синергија што ги спојува луѓето. „Идејата започна пред три години сосема спонтано, од желбата да направиме место, каде што музиката, уметноста и локалните брендови ќе се ...
Марија Корина Мачадо е лидерка на десната опозиција во Венецуела, која бара со странска – американска – воена интервенција да се собори избраниот претседател Мадуро. Со други зборови, таа е најблиска сојузничка на Трамп, кој со месеци ги потопува венецуелските бродови под изговор дека шверцуваат дрога во САД. Бројот на жртвите веќе надмина сто, бидејќи американското оружје едноставно ги уништува бродовите. Венецуелските власти тврдат дека сите ...
„Друга приказна“ е регионален книжевен фестивал (за мали фикции). Првото издание беше од 28 до 30 јуни 2016 во Мобилната галерија во Паркот на франкофонијата во Скопје. Главната тема беше Книжевноста и активизмот. Учествуваа педесетина луѓе, од кои петнаесетина од регионот. Цели на фестивалот се: популаризација на книжевноста; преиспитување на улогата на книжевноста во општеството; преиспитување на жанровските граници, на релациите меѓу ...
Младите луѓе и жителите на урбаните подрачја ширум светот сè почесто им се обраќаат на ВИ четботови (програми за разговор засновани врз вештачка интелигенција) наместо на професионални терапевти. Тоа особено е изразено во Кина и САД. На кинеските социјални мрежи корисниците ревносно ги објавуваат своите разговори со четботови во кои се обидувале да ги зауздаат анксиозноста, депресијата, да ги решат проблемите во врските итн. На популарната ...
Вторникот, 7-ми октомври, беше втората годишнина од бруталниот напад на Хамас од 2023-тата година, во кој беа убиени околу 1.200 Израелци, најголем дел цивили. Во меѓувреме се одвиваше, и сè уште се одвива, морбидна одмазда, во која израелската војска уби 67.000 Палестинци, од кои 18.500 деца. Дополнителни 167.000 Палестинци се ранети, што значи дека вкупно секој десетти жител на Газа е убиен или ранет. Многу е веројатно реалните да бидат ...
Од 9 до 11 октомври 2025 година, македонската публика ќе има можност да ги погледне три понови словенечки филмови на Денови на словенечки филм во Кинотека. Фестивалот ќе биде отворен во четврток, на 9 октомври, со долгометражниот филм „Спасение за почетници“ (2024), во режија и сценарио на Соња Просенц. Филмот на хумористичен и трагикомичен начин ги истражува современите општествени прашања, во реимагинација на „Теорема“ од Пјер Паоло Пазолини: ...
На комеморацијата за Чарли Кирк во Аризона на 21 септември неговата вдовица му прости на убиецорт, но не и на Трамп, кој го опиша Кирк како „мисионер со благороден дух во голема, голема мисија“. Потоа продолжи: „Не ги мразеше своите противници. Им посакуваше сè најдобро. Тука не се согласував со Чарли. Јас ги мразам моите противници и не им го посакувам најдоброто.“ Оваа очигледна недоследност е клучна карактеристика на трамповскиот универзум. ...
Елена Меснер темава ќе ја претстави во недела на фестивалот „Друга приказна“ во „Јадро“ во Скопје. Зборникот „Жените и партизанската уметност е дело“ на Елена Меснер, Кристина Берета, Горан Лазичиќ и Маркус Гуницер. Елена Меснер годинава е гостинка на фестивалот „Друга приказна“. Во продолжение го пренесуваме предговорот кон книгата. Автентичниот феномен на партизанската уметност и културните практики во рамки на Народноослободителната борба ...