Очекуваме одличен изборен резултат, во првиот круг граѓаните го направија вистинскиот избор, а сега во вториот очекуваме разликата да се зголеми во наш прилог, порача Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, по затворање на гласачките места. „Очекуваме голема победа. Знаеме дека граѓаните очекуваат резултати, решенија и нова енергија. Ние таа доверба нема да ја изневериме. Македонија уште еднаш покажа зрелост, достоинство и демократска ...
Во 19 часот избирачките места во Македонија, на коишто имаше втор круг гласање за градоначалници, ги затворија вратите, по што започна пребројувањето на гласовите. Право на глас во вториот круг на Локалните избори имаа 1.013.375 гласачи, додека во Град Скопје право на глас имаа 474. 304 избирачи. Изборниот ден помина во мирна атмосфера,со поединечни инциденти, како агитирање или прекршување на изборниот молк на социјалните мрежи. До Јавното ...
Општина Чучер-Сандево го доби својот нов градоначалник во вториот круг од Локалните избори 2025. Кандидатот на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Бајовски, оствари сигурна победа над својот противкандидат од СДСМ. Според конечните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), со 100% обработени избирачки места, Бајовски освои 53,78% од гласовите, односно 2.905 гласа, додека кандидатот на СДСМ, Сашко ...
Сакам да објавам една важна вест – голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по убедливата победа на локалните избори. -Ако некој се сомневаше, народот покажа дека Македонија е повторно твоја. Ви благодарам мој народе. Ова е заедничка победа, ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина. Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите ...
„Очекуваме огромна победа во секоја општина во која имаме кандидат за градоначалник. Очекуваме убедлива победа во Скопје“, рече тој. „Знаеме дека граѓаните очекуваат резултати, ние таа доверба нема да ја изневериме. Од утре продолжуваме со работа, со уште поголема посветеност и одговорност“, додаде Манасиевски. Тој ги оцени изборите во вториот круг како фер и демократски избори. „Македонија имаше европски избори после долго време. Со гордост ...
На крајот од овој значаен изборен ден можеме со гордост да кажеме дека Македонија уште еднаш покажа зрелост, достоинство, и демократска свест, истакна членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски на првата прес-конференција по затворањето на избирачките места. - Денес нашата држава помина низ мирни, фер и демократски избори кои се гордост за секој наш граѓанин. Им упатуваме огромна благодарност на сите граѓани кои излегоа на гласање и ја ...
ВМРО-ДПМНЕ со прва прес конференција по затворањето на избирачките места од вториот круг локални избори 2025 година. Валентин Манасиевски кажа дека изборите биле фер и демократски, без инциденти, и дека очекува голема победа на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. „На крајот од овој изборен ден, можеме со гордост да кажеме дека Македонија уште еднаш покажа зрелост и демократска свест. Нашата држава мина низ мирни, фер и демократски избори, кои се гордост ...

