Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Фото-кино клуб “Козјак” од Куманово, во соработка со Котур Филм и Кафе, овој четврток (16 Октомври 2025), со почеток во 20 часот ќе прикаже ревија од осум филма во времетраење од 2 часа. Ова ќе биде прв пат ФИЛМАЈ фестивалот на краток филм (oрганизиран од кумановскиот клуб) есенски да се претстави во Скопје, и тоа токму во просториите на Котур, место познато по филмски проекции и културни настани. ФИЛМАЈ фестивалот, кој постои од 2019 година, ...
„Постојат два видови политичари,“ рече Тони Блер во 2012 година, „креатори на реалноста и менаџери на реалноста.“ Додека повоената политика, според него, пред сè е работа на добро управување, изградбата на нов поредок бара повеќе креативност — „и во економијата и во надворешната политика“. Со таа задача може да се справи само посебен тип визионерски лидер. Повеќе од десет години подоцна, Блер ги здружи силите со Доналд Трамп, главниот „креатор ...
На 22 октомври ќе се одржи дванаесетчасовен мултимедијален фестивал „Хаус оф Три“ (House of 3) на три сродни и препознатливи локации во центарот на Скопје — во „Три Кичен & Бар“ и во ноќните клубови „Клуб 1212“ и „Станица 26“. „Хаус оф Три е повеќе од фестивал — тоа е синергија што ги спојува луѓето. „Идејата започна пред три години сосема спонтано, од желбата да направиме место, каде што музиката, уметноста и локалните брендови ќе се ...
Марија Корина Мачадо е лидерка на десната опозиција во Венецуела, која бара со странска – американска – воена интервенција да се собори избраниот претседател Мадуро. Со други зборови, таа е најблиска сојузничка на Трамп, кој со месеци ги потопува венецуелските бродови под изговор дека шверцуваат дрога во САД. Бројот на жртвите веќе надмина сто, бидејќи американското оружје едноставно ги уништува бродовите. Венецуелските власти тврдат дека сите ...
„Друга приказна“ е регионален книжевен фестивал (за мали фикции). Првото издание беше од 28 до 30 јуни 2016 во Мобилната галерија во Паркот на франкофонијата во Скопје. Главната тема беше Книжевноста и активизмот. Учествуваа педесетина луѓе, од кои петнаесетина од регионот. Цели на фестивалот се: популаризација на книжевноста; преиспитување на улогата на книжевноста во општеството; преиспитување на жанровските граници, на релациите меѓу ...
Младите луѓе и жителите на урбаните подрачја ширум светот сè почесто им се обраќаат на ВИ четботови (програми за разговор засновани врз вештачка интелигенција) наместо на професионални терапевти. Тоа особено е изразено во Кина и САД. На кинеските социјални мрежи корисниците ревносно ги објавуваат своите разговори со четботови во кои се обидувале да ги зауздаат анксиозноста, депресијата, да ги решат проблемите во врските итн. На популарната ...
Вторникот, 7-ми октомври, беше втората годишнина од бруталниот напад на Хамас од 2023-тата година, во кој беа убиени околу 1.200 Израелци, најголем дел цивили. Во меѓувреме се одвиваше, и сè уште се одвива, морбидна одмазда, во која израелската војска уби 67.000 Палестинци, од кои 18.500 деца. Дополнителни 167.000 Палестинци се ранети, што значи дека вкупно секој десетти жител на Газа е убиен или ранет. Многу е веројатно реалните да бидат ...
Од 9 до 11 октомври 2025 година, македонската публика ќе има можност да ги погледне три понови словенечки филмови на Денови на словенечки филм во Кинотека. Фестивалот ќе биде отворен во четврток, на 9 октомври, со долгометражниот филм „Спасение за почетници“ (2024), во режија и сценарио на Соња Просенц. Филмот на хумористичен и трагикомичен начин ги истражува современите општествени прашања, во реимагинација на „Теорема“ од Пјер Паоло Пазолини: ...
На комеморацијата за Чарли Кирк во Аризона на 21 септември неговата вдовица му прости на убиецорт, но не и на Трамп, кој го опиша Кирк како „мисионер со благороден дух во голема, голема мисија“. Потоа продолжи: „Не ги мразеше своите противници. Им посакуваше сè најдобро. Тука не се согласував со Чарли. Јас ги мразам моите противници и не им го посакувам најдоброто.“ Оваа очигледна недоследност е клучна карактеристика на трамповскиот универзум. ...
Елена Меснер темава ќе ја претстави во недела на фестивалот „Друга приказна“ во „Јадро“ во Скопје. Зборникот „Жените и партизанската уметност е дело“ на Елена Меснер, Кристина Берета, Горан Лазичиќ и Маркус Гуницер. Елена Меснер годинава е гостинка на фестивалот „Друга приказна“. Во продолжение го пренесуваме предговорот кон книгата. Автентичниот феномен на партизанската уметност и културните практики во рамки на Народноослободителната борба ...
Во целата сапуница околу затворањето на загрепското кино „Европа“ во 2019 година, еден непотребен рефрен на Борис Т. Матиќ можеше да им засвири во уши дури и на неговите најверни поддржувачи и поддржувачки од здружението „Zagreb Film Festival“, кое управуваше со киното во претходната деценија. Настапувајќи јавно против одлуката на тогашната градска власт да не му го продолжи закупот на ЗФФ, Матиќ во повеќе наврати предупреди дека слушнал оти на ...
Сега можете да се одвиткате! Пак одиме нагоре! Да РАСВЕТЛИМЕ малку, и да потсетиме на КАРАКТЕРОТ на овдешната партија Левица: - Во 2016 г. Левица одбива да коалицира со здружената опозиција на СДСМ за да се бутне режимот на Груевски. Разликата беше тесна, ВМРО на Груевски победи со 2 мандати - онолку колку што Левица ќе освоеше ако не настапеше самостојно. Со таа одлука, Левица ефективно ги заштити Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од пораз (овозможувајќи ...
„Живеј со стил – поддржи различности“ – Крива Паланка домаќин на патувачка изложба на 32 портрети на лица со уникатна мисија На 07 октомври, во Градскиот музеј во Крива Паланка, ќе продолжи патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“. Ова е веќе петтата изложба, во серијата изложби, која ќе се одвива во уште два градови низ Македонија, во организација на Здружението Икуалити, која има за цел преку 32 портрети на лица со ...
Во Градскиот музеј во Крива Паланка на 7 октомври ќе продолжи патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“. Ова е веќе петтата од серијата изложба, која ќе се одвива во уште два градови низ Македонија, во организација на Здружението „Икуалити“, а има за цел преку 32 портрети на лица со попреченост да раскаже моќна приказна и да ја промовира интеграцијата преку славење на човековите вредности. „Патувачка изложба претставува културна ...
Потпишувањето на капитулацијата на Германија на крајот од Втората светска војна Веста дека италијанските партизани го фатиле и убиле Бенито Мусолини, основачот на фашизмот, стигнала во Хитлеровиот бункер во Берлин на 29 април 1945 година. Ден претходно, под грмежот на гранатите на Црвената армија кои ја разурнувале зградата на Канцеларијата над бункерот, Хитлер го издиктирал својот политички тестамент. На Германија ѝ ја вратил политичката ...
Дури кога партизанската уметност ќе ја погледнеме од меѓународна перспектива, го сфаќаме нејзиното вистинско значење; во неа можеме да ги согледаме важните револуционерни тензии од дваесеттиот век. Негативното пишување за партизанското движење, во деведесеттите и подоцна, беше дел од своевидниот националистички ревизионизам. Дури и во Сојузот на борците постоела тенденција партизанската борба да се интерпретира како национална борба, а ...
Секој од четирите текстови поместени во книгата „Драмолетање“ носи специфичен авторски глас и отвора простор за ново сценско истражување – од интимни прашања, преку социјални и политички теми, до хумор и апсурд. Со оваа книга не само што ја претставуваме новата генерација драмски автори, туку и поставуваме темели за идни соработки и нови претстави – рече Петар Антевски, приредувач на изданието „Драмолетање“, во продукција на Македонскиот народен ...
Трамповата приватна анексија на Газа, под менаџерска управа на Тони Блер, претставува услов на САД и Израел за запирање на геноцидот во Газа. Тоа мора да се одбие веднаш! Планот на Трамп и Нетанјаху би бил смешен доколку не беше толку опасен за светскиот мир. За прекин на геноцидот, Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху го бараат следново: 1. Палестинците мора да се откажат од сите политички и човекови права и да ја прифатат анексијата што ќе ја ...
Автомобилот во Македонија е светост. Нешто како златното теле во филмскиот класик на Сесил Б. Демил, „Мојсеј“. Пред да се појави, сите беа изгубени. Откако се појави, сите скроз полудеа. Земјава е сиромашна. Отсекогаш и била. Не е тоа нешто од кое што би требало да се срамиме. Слабата економска моќ, сепак, со себе носи и одредени начини на функционирање. Многу од нив се заборавени или потиснати, но денес се испоставува дека биле вистински ...
Деветтото издание на фестивалот „Текстилијада“ ќе се одржи на 4 и 5 октомври во Штип. Се работи за фестивал кој со текот на годините прерасна во значајна платформа за култура, активизам и граѓански дијалог, со посебен фокус на работничките права и социјалната правда. Организиран од „Гласен Текстилец“, овој настан има за цел да создаде простор за критичко размислување, инспирација и заедничко дејствување околу најважните предизвици со кои се ...
„Сива зона“ е едукативна електронска игра наменета за средношколци, чија цел е подигнување на свеста за корупцијата и последиците од неетичките избори. Таа беше промовирана на настан во Netaville, каде присуствуваа 70 средношколци од школите во град Скопје, а воедно се одржаа и две панел дискусии. Учесниците зборуваа како едукативните електронски игри можат да бидат алатка за општествени промени, а се говореше и на тема „Младите како креатори – ...
Скопското кафе и филм „Котур“денеска (понеделник, 29 септември) го започнува седмото издание на фестивалот на филм и музика „Ѕирни“, кој ќе се одвива до 6 октомври. На фестивалот ќе можат да се проследат филмови со интернационална и национална селекција, 48-часовниот филмски предизвик, специјална проекција во чест на Илинденка Петрушева, концерт на „Луфтханза“ пред Домот на АРМ, интервјуа, изложби, вкусна храна и внимателно селектирана музичка ...
На кратко: 1. Уште едно ограничување во врска со сродните права, повторно од Croatia Records, се појави при поставувањето на песната „Нели го видовте Асанеја“ на јутјуб каналот на БужАр на 28 септември 2025 година. 2. И овде е погрешен насловот на песната на плочата објавена од Croatia Records – „Нели го видовите“. Грешка има и во насловот на плочата – „Тешка бешете нашата разделба“ 3. Плочата на која се реферира за издавачките права е LSY-62259 ...
Десеттото издание на КРИК фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, продолжува со критичкото промислување на овогодишната тема „Преобразба“. Есенското издание почнува со предавањето на секогаш провокативниот и поттикнувачки германско/хрватски филозоф и теоретичар на социо-културните деликатни и актуелни случувања и теми, Борис Буден. На 30 септември (вторник) со почеток во 19:00 часот, во Националната Галерија, Чифте Амам, ...
Во сопственост на нашето семејство има портрет од Миро, на кој тој изгледа младешки, весело, со партизанска капа на главата, насмеан во камерата. Тоа е професионална, ефектна фотографија. Направена во студио, а не на терен или во акција. Јас ја знаев уште од дете, но дури многу подоцна дознав дека тоа лице му припаѓало на кројач. Мене секогаш ме потсетуваше на американски филмски актер, а не на експлоатиран текстилен работник и партизан – толку ...
На денот кога светот ја призна палестинската држава, заедно со Алекс Либек се упатив во едно оддалечено палестинско село на истокот од Западниот Брег. Претходниот ден во селото се случи вооружен грабеж на десетици овци од страна на доселеници што дојдоа од новиот маахаз во близина. На денот на отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации и „Конференцијата за две држави“, десет западни земји ѝ се придружија на долгата листа држави што ...
Во киното „Фросина“ во МКЦ во Скопје вчера беше отворен 13. „Џифони Македонија“ – Филмскиот фестивал за млади кој се одржува до 1 октомври и во него ќе учествуваат над 400 младинци. Амбасадор на Италија во земјава, Паоло Палминтери, на синоќешното свеченото отворање рече дека фестивалот „Џифони Македонија“ е посебен, затоа што ги става младите во центарот на вниманието, правејќи ги вистински учесници. „’Џифони’ се роди во Италија пред повеќе од ...
Од 10 до 12 октомври 2025, во културниот центар Јадро во Скопје. Искористивме десет карикатури на генијалниот американски уметник Бил Вајтхед како графички материјал за нашата кампања за собирање пари за десеттото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“. Во продолжение можете да ја видите програмата на фестивалот, десетте картички, и линкот каде што имате можност да го уплатите вашиот прилог за „Друга приказна“, почитувани читател(к)и на ...
Се наоѓаме во глобална Камена доба. Невооружени млади луѓе во Карипското море беа бомбардирани со ракети. Некои од нив беа Колумбијци. Прогон, затворање и депортации на милиони мигранти; бомби кои убија околу 70.000 луѓе во Газа; целосна негрижа за климатските промени – сето тоа има иста причина. Кога зборуваат за миграциите, тоа им е само изговор, за богатите општества – богати, бели и расистички – да можат да се гледаат себеси како супериорна ...
Госпоѓо претседателке на Генералното собрание, Аналена Бербок, Господине генерален секретар Антонио Гутереш, Почитувани шефови на држави и влади и претставници на земјите-членки собрани овде, Ова треба да биде момент на прослава за Обединетите нации. Создадени на крајот од војната, Обединетите нации го симболизираат највисокиот израз на стремежот за мир и просперитет. Но, денес, идеалите што ги инспирираа нејзините основачи во Сан Франциско се ...