Крајот на кусиот 20 век, кој траеше од 1914 до 1991 година, беше проследен со незамислива експлозија на културно-историската супернова, што најдрастично експлодираше во главите на жителите на постсоцијалистичките земји, но направи вистински русвај и во мозоците на луѓето од целиот „развиен“ свет и пошироко. Оваа когнитивна експлозија ослободи невидени пропагандни и дезинформациски енергии што ги кренаа високо во стратосфера буквално сите ...

Од денот на трагедијата во Кочани власта на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го води јавниот дискурс околу прашањето „Кој ја издал лиценцата на дискотеката“ – за да го одвлече вниманието од централното прашање: „Кој и за чиј интерес во МВР го толерира ’Пулс’ 13 години“. Затоа, да се потсетиме на прашањата што веќе трета недела во (медиумското) следење на истрагата се запоставуваат. На пример, за улогата на Агенцијата за обезбедување која го контролира бројот ...

11/04/2025 12:34 - Окно

Три-четири, понекогаш и пет пати месечно, денот го поминувам во кревет, со мигрена, несвесна за светот околу себе. Речиси секој ден од секој месец, помеѓу овие напади, чувствувам ненадејна иритација и наплив на крв во мозочните артерии, што ми кажува дека мигрената доаѓа, а потоа земам некој лек за да ја забавам нејзината појава. Да не земав лекови, ќе можев да функционирам нормално можеби секој четврти ден. Физиолошката грешка наречена мигрена ...

Ги слушав и ги читав изјавите на раководните од Тораница за излевањето на отпадни води во Крива Река и дефинитивно го прогласувам оваа држава за умрено. Зошто? 1.Од дефект на цевки на јаловиште дојдовме до јамска вода (вода која се собира при процесот на експлоатација на руда). 2. Официјалните независни анализи на рибарите од ЗСРК Мрена и општината се нерелевантни за рудникот, ама и за министерството. 3. Рудникот ќе си плател казна со ценкање и ...

Употреба на документарниот филм како едукативна алатка во формалното образование е силна мисија на Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“. Оваа децениска посветеност резултира со бројни успеси, а новитет во едукативната програма на „МакеДокс“ е „Некстас“, платформата за наставници кои се стремат да поттикнат критичко размислување кај младите луѓе и се подготвени да иновираат со нови аудиовизуелни средства во наставата. Во ...

На крајот од својата педесет и осма седница во петокот, UN Human Rights Council усвои две резолуции презентирани од Државата Палестина, со кои се потврдува незаконитоста на израелските колонијални практики на окупираната палестинска територија, вклучително и источен Ерусалим, и се поддржува неотуѓивото право на палестинскиот народ на самоопределување. Резолуциите беа усвоени според точката седум од дневниот ред на Советот, која се однесува на ...

Жртвите од пожарот во Кочани не се 61, туку 256 луѓе. Еве зошто. Повеќето луѓе мислат дека зборот жртви, „casualties“ подразбира „убиени“ или „мртви“, но зборот има пошироко значење и ги опфаќа сите настрадани, сите загуби, односно сите повредени, убиени или онеспособени луѓе од некој инцидент, непогода или воен конфликт. „Casualties“ (настрадани) често се користи при проценка на штета од војни, несреќи или природни непогоди, бидејќи дава ...

08/04/2025 03:17 - Окно
-

„Мојата филозофија, господине претседателе, вели дека странците сакаат да нè ограбат, а нашата задача е ние да ги ограбиме нив пред тие да нè ограбат нас“. Со овие зборови тогашниот министер за финансии на САД го уверуваше претседателот дека дошло време да се изведе голем удар врз глобалната економија. Според зборовите на еден од луѓето на претседателот, целта била да се предизвика „контролирано распаѓање на светската економија“. Тоа не се ...

Одиме во крајности. Таква е средината. Не е точно дека политичарите не прават ништо за нас. Нè прават будали. Се обидовме да разбереме зошто власта нè третира како идиоти. Ќе разберевме да не бевме идиоти. Пописот покажа дека сме малобројни, изборите дека сме малоумни. Сите се против нас. И ние. Сите гласаа против нас. Само ние бевме воздржани. Такви сме по природа. И по општество не сме подобри. Ми рекоа да ја гледам големата слика. ...

Во Драмскиот театар во Скопје, на 9 април со почеток од 20 часот, Театар Пи хуманитарно ќе ја изигра претставата „Ние, луѓето“ во чест на настраданите и повредните во националната трагедија во Кочани. Приходот од продажбата на билети ќе биде уплатен на хуманитарна сметка за донации. „Следната светска војна веќе е во тек, авион се урива на непознат остров, при што група деца остануваат одделени од другиот дел од светот. Слободни се, слават далеку ...

Интервју со министерката за култура на Словенија, Аста Вречко, историчарка на уметност чии интереси се словенечката и југословенската уметност од 20-тиот век. Вречко паралелно ја развивала академската и политичката кариера. Предава на Катедрата за историја на уметност при Филозофскиот факултет во Љубљана и е една од основачките на Левица, со искуство во уметничко-културни институции и проекти, како и во јавна политичка работа со широк спектар, ...

Не глумете душебрижништво кога целта ви е само криење на вистината. Цензурата на тагата и траорорноста нема да им помогне на жртвите; само ќе ја скрие големината на трагедијата, со што на луѓето ќе им се отежне да стигнат до правдата. Доста терате политички пропагандни преку наводна некаква осетливост и „тага“. Тагата е вистина и крик, човече! Тагата е плач. Тагата не е тивка и невидлива. Тагата е емпатија; кога ја гледаш кај друг те прави и ...

На една од дебрифинг сесиите со професионалните помагачи во трагедијата што ја погоди целата наша заедница, на прашањето што најмногу ве погоди, имаше најразлични и многу болни одговори. Еден од нив беше: „Најмногу од сè ме погоди третманот на децата и младите во заедницата, нивното последно, невидливо место во оваа заостаната и во секој поглед нестабилна, небезбедна, рудиментарно груба и негрижлива средина“. Токму тоа последно место што одамна ...

Пренесено од Дојче веле Вчера американскиот потпретседател Џеј Ди Венс отиде на Гренланд, на местото каде што не го сакаат, и каде што неколку часа пред слетувањето на неговиот авион во американската воена база, беше формирана новата гренландска влада која веднаш им порача на САД да ги тргнат рацете од островот. Изјавите што ги даде Венс од воената база не се само неоколонијалистички, туку изгледаат и прилично застрашувачки за светскиот ...

04/04/2025 01:08 - Окно
-

Tjeerd Royaards (1980) е холандски карикатурист кој живее во Амстердам. Син е на лекар и медицинска сестра, и внук на архитектот Кис Ројардс (1906-1970) и на уметницата и илустраторката Ренсина тен Холт (1914). Магистрирал политички науки на Универзитетот во Амстердам. Од 2008 година е (политички) карикатурист. Најпрвин објавувал во холандските дневни весници NRC Next и De Volkskrant, германскиот весник Handelsblatt, францускиот неделник ...

Коалиција Маргини се обрати во врска со најновите измени и дополнувања на Законот за основно образование и Законот за учебници, со кои, како што велат, се озаконува дискриминацијата и насилството, а се бришат темите за сексуално и репродуктивно здравје и родова еднаквост. Обраќањето на Коалиција Маргини го објавуваме во целост: „Додека умираат деца во рушевините на корумпираниот систем со децении, додека семејствата тагуваат, а луѓето прашуваат ...

Ако емотивните манипулации од типот „протести може да се злоупотребат“ е „аргументот" против протести, тогаш Македонците треба да се збогуваат со какви било протести за било што. Сепак сме народ со просечно IQ 80, што значи дека пола од тие се под тоа ниво, а пола се над. Тоа што познавам паметни луѓе, за жал ми создава илузија дека сепак во Македонија е можно да се смени нешто на подобро. Меѓутоа... Пола сме со IQ под 80. Па така има логика што ...

Студирав на Факултетот за новинарство при Московскиот државен универзитет. Имавме воена насока. Во атмосфера на тајност нè учеа за посебна борбена пропаганда – вештината на сеење раздор во редовите на непријателот со помош на дезинформации и манипулација на свеста. Ви велам, тоа е застрашувачка работа. Не се шегувам. Борбената или „црна“ пропаганда дозволува секакво искривување на вистинските факти за решавање на пропагандните проблеми. Ова е ...

Токсичната машкост е директен напад врз основното човеково право на почит и на безбедност: во домот, на работното место, или каде било. Токсичната машкост има две лица: препотентност и агресија, од една страна, и малодушност и кукавичлук од друга. Овие две лица се во суштина едно и исто: препотентноста може за миг да се преобрази во тесноградост, и обратно. Токсичната машкост е обично надмена, и тогаш има потценувачки однос кон другите (кон ...

На 4 април со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“. Гостинот од Италија, Марио Меникаљи ќе диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на ...

Во текот на зимата под влијание на ниските температури, морската вода на Арктикот замрзнува и во март се достигнува максимумот на арктичкиот морски мраз во текот на една година. Сепак, овој годишен максимум, по оваа зима, е најнизок досега измерен, откриваат податоците на Американскиот национален центар за снег и мраз (NSIDC). Минатата недела, морскиот мраз на Арктикот се простираше на површина од 14,3 милиони квадратни километри. Тоа е за 1,3 ...

Воената инвазија на Русија врз Украина од 24 февруари 2022 година, го засили широкиот спектар на тактики за манипулација со информациите користени од Кремљ, вклучително и градењето дезинформациски наративи кои постојат уште од 2013 година, се наведува во најновиот извештај на Европскиот екстерен акциски сервис за ФИМИ во 2024 година (манипулации со информации и опструкции од странство). Според извештајот, руските манипулативни напори се всушност ...

Пред и после сè, Хамас останува. По 17 крвави месеци, Хамас останува. По стотици убиени израелски војници и илјадници убиени жители на Газа, Хамас останува. По огромните разурнувања, споредливи со бомбардирањето на Дрезден на крајот од Втората светска војна, Хамас останува. По сите израелски ветувања дека ќе го уништи, Хамас останува. Всушност, Хамас е единствениот што останува во Појасот Газа. Мораме да го прифатиме тоа и да извлечеме ...

Благодарение на корумпираните политики на сите партии - вклучително и особено на ВМРО - умреа 60 луѓе, најголем број деца. Во време кога се бара целосна промена на системот, кога луѓето се потонати во трауматична и таговна колективна емоционална состојба, и сите прашуваат како се дозволи некој да убие толку многу деца, како е можно да имаме таков срам од Собрание, ВМРО со Антонио Милошоски и група „пратеници“ предлагаат во Собрание повторно ...

Се придружуваме кон барањата на градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој на денешната прес конференција бара кривична одговорност од Булмак 2016 по повеќе основи за излевањето од рудникот Тораница на 14 март во Крива Река, кога се излеа голема сива маса која потполно ја замати Крива река и Тораница. Дента примероци од водата земаа од риболовниот клуб МРЕНА Крива Паланка, а општината земала примероци следниот ден, за разлика ...

Се придружуваме кон барањата на градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој на денешната прес конференција бара кривична одговорност од Булмак 2016 по повеќе основи за излевањето од рудникот Тораница на 14 март во Крива Река, кога се излеа голема сива маса која потполно ја замати Крива река и Тораница. Дента примероци од водата земаа од риболовниот клуб МРЕНА Крива Паланка, а општината земала примероци следниот ден, за разлика ...

Се навршија речиси две недели од трагедијата во Кочани, а Собранието уште ги одложува своите седници, меѓу кои и седницата за пратенички прашања. Неприфатливо и неодговорно е пратениците да не одржуваат седници во време на ваква трагедија кога граѓаните очекуваат одговори, кога треба да се анализира системот и да се договараат следните чекори што би можеле да ги преземе Собранието во рамките на своите надлежности. Хелсиншкиот комитет за човекови ...

Луѓето мислат дека очигледното мора да е и вистинито, но грешат. Така, на пример, очигледно е – и само по себе разбирливо – дека случајот е секогаш случаен, но тој речиси никогаш не е рамнодушен кон сопствената реализација, и најчесто внимателно ги одбира своите прилики. Среќниот случај, големите откритија во науката, на пример, секогаш ги фаворизира подготвените умови, научниците што веќе го имаат потребното знаење и истражувачко искуство ...

Стотици илјади луѓе секој ден излегуваат на улиците на градовите низ Турција во знак на протест против неодамнешното апсење на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу. Протестите, кои започнаа на самиот ден на апсењето, на 19-ти март, во суштина се насочени против автократскиот режим на долгогодишниот претседател Реџеп Таип Ердоган и претставуваат најмасовен израз на народно незадоволство уште од милионските демонстрации во истанбулскиот ...

Кога тие ги пакуваат куферите, ние ја полниме улицата. Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието. Не затоа што немаме што да правиме. Туку затоа што имаме што да кажеме, велат од граѓанското движење „Кој е следен?“, кое на 29 март, сабота, од 12 часот организира собир наречен „Народно собрание“. „Зошто се собираме пред Собранието? Затоа што не молчиме. Затоа што имаме барања што не може да чекаат. Затоа што демократијата не оди ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
49%
1018
weather icon

Загреб

22ᴼ / 15ᴼ
0.51
63%
1019
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
67%
1020
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.14
58%
1020
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.54
92%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.63
64%
1013
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
78%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
69%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
0.0
54%
1020
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
50%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
61%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052